дома блог страница 5243

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ТРИ УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

32-702x336

Денес започна асфалтирањето на три улици во општина Кривогаштани со што населените места Обршани, Бела Црква, Воѓани и Кривогаштани ќе добијат целосно нови асфалтирани улици, кои досега се наоѓаа во лоша состојба.

11

Општина Кривогаштани преку Светска Банка успеа да обезбеди 12.000.000 денари, со кои средства се ќе се асфалтираат трите улици во должина од 2334 метри, од кои населените места Бела Црква и Воѓани ќе се поврзат со асфалтна улица во должина од 765 метри, додека населените места Обршани и Кривогаштани ќе добијат две улици, во должина од 875 односно 694 метри.

 

 

Започна реконструкцијата на тревникот на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп – ФОТО+ВИДЕО

13706374_10208573927057119_1201046570_n

Денеска се отпочна со реконструкцијата на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Активно се работи на промена на тревникот и на создавање на потребните услови за одигрување на квалитетни натпревари на повратникот во Прва лига, екипата на Победа.

Претходно на крајот од октомври месец 2015 година, градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, потпишаа договор за донација за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“. Според тој договор стадионот ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари. Планирано е и хортикултурно уредување околу стадионот и изградба на паркинг простор. Исто така планирано е овој фудбалски терен да добие и соодветни трибини, соблекувални како и осветлување, за да може на него да се играат и ноќни натпревари. Покрај градскиот стадион „Гоце Делчев“, ќе се градат и други фудбалски терени во градот. Со овие инвестиции Прилеп станува општина со најдобра спортска инфраструктура во Македонија која во иднина ветува дека повторно тука ќе се раѓаат ново спортски таленти.

13735504_10208573926817113_1313125768_n

13714566_10208573926657109_1384184540_n

 

Центарот за јавно здравје известува: Водата во Мермерното езеро делумно добра за капење

1111

Центарот за јавно здравје даде виза за Мермерното Езеро

 

Откако се порасна популарноста на Мермерното Езеро, Центарот за јавно здравје даде зелено светло за капење. Според испитувањата, водата е делумно добра. Недостаток е што нема доволно кислород и е малку заматена. Сепак, капењето е на одговорност на граѓаните, поради немањето овластено лице за одржување на хигиената, но и безбедноста на капачите. Затоа се апелира да не се загадува езерото и да се внимава да не се загрози својата или нечија друга сигурност.

Водата во езерото ќе се испитува секои 15 дена.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

ВИДЕО – Повеќето луѓе би го фрлиле стариот бојлер: Погледнете што овој човек направи од него

111111111111111111111111111

За време на реновирањето, многу работи од домот завршуваат во отпад. Овој човек го реновирал својот дом и го заменил стариот бојлер. Но, наместо да го фрли, тој одлучил да направи нешто генијално од него.

Кога ќе го видите крајниот резултат, веројатно никогаш на старите работи нема да гледате со исти очи!

Погледнете го видеото:

А.Г.

 

Дали Аца Лукас од Прилеп си замина со полициски мотор?!

252525

Големиот балкански шоумен Аца Лукас откако го исполни Прилеп до последен метар квадратен со луѓе, на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016”, си направи и фотографија со полициски мотор.

На својот фејсбук профил Aца Лукас напиша “Запишите ми број”.

Ние се прашуваме дали пејачот си замина од Прилеп со полицискиот мотор!? 🙂

A.Г.

Атрактивната прилепчанка Викторија Луческа ја освои титулата “Мис eлеганција”

1111111111

Прилепчанката Викторија Луческа се закити со титулата “Мис елеганција” на натпреварувањето “Мис Адриатик” во Хрватска.

Викторија престојуваше во Хрватска изминатиот период во луксузниот ресорт „Марина Фрапа“ во Рогозница, а финалниот избор се одржа на 15-ти јули.

ФОТО – Спектакуларен и до сега невиден во Прилеп огномет за крај на фестивалот на пивото

_DSC3488Markukule

Овогодинешниот 14-ти по ред “Пиво Фест 2016” во Прилеп повторно го красеше перфектна организација. Локалната самоуправa на Општина Прилеп приреди уште едно неверојатно шоу и забава за сите генерации. Без никаков инцидент и несакани случувања се одвиваше фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, а шлагот на таа прекрасна и посветена работа беше спектакуларниот огномет, кој цели 10 мин го осветлуваше небото над градот.

_DSC3497Markukule

_DSC3472Markukule

_DSC3481Markukule

_DSC3485Markukule

_DSC3489Markukule

_DSC3495Markukule

ГАЛЕРИЈА – Четврта вечер Пиво Фест: Силни впечатоци и одлична забава!

[Best_Wordpress_Gallery id=”321″ gal_title=”pivofest7″]

ФОТО – Марјана блескаше на последната вечер на Пиво Фест како никогаш до сега

_DSC3144Markukule

Овогодинешниот Пиво Фест го одбележа и Марјана Станојковска со прекрасните креации кои ги носеше на себе и гаќичките кои не ги носеше.

Сепак последната вечер Марјана блескаше на фестивалската сцена, облечена во бело со длаболко деколте, таа ги маѓепса сите наоколу.

_DSC3137Markukule

_DSC3132Markukule

_DSC3133Markukule

Аки Ракимовски и Парни Ваљак приредија сензација на последната вечер од Пиво Фест – ФОТО

_DSC3591Markukule

Последната фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016” ја одбележа супер енергичниот настап на легендарните Парни Ваљак. Илјадната публика уживаше на старите и нови хитови и заедно со Аки ги пееше во еден глас.

Момците од групата беа пресреќни што своите 40 години постоење ги одбележаа во Прилеп со еден ваков голем концерт, или како што неколку пати Аки кажа “Преубаво е да си дома”.

Oна што ја фасцинираше публиката беше енергијата на Аки Ракимовски, кој не престана да скока по целата сцена, човекот живее во нова младост.

_DSC3541Markukule _DSC3544Markukule _DSC3556Markukule _DSC3595Markukule _DSC3596Markukule _DSC3599Markukule _DSC3603Markukule _DSC3605Markukule

_DSC3607Markukule _DSC3610Markukule _DSC3616Markukule _DSC3638Markukule _DSC3639Markukule