дома блог страница 5238

Teковни активности во ООУ “Блаже Конески” – Прилеп за новата учебна година

Од ООУ “Блаже Конески” не информираа за тековните активности и подготовки за новата учебна година во централното училиште и подрачното училиште во населбата “Варош”.

2016-07-22-11223

Во централното училиште: Училиштето е темелно исчистено.
Се реконструираат две училници за потребите од наставата. Просторијата по ФЗО, се адаптира за потребите на најмалите- првачињата, за успешен почеток на учебната година 2016/2017 год, а пак просторијата од првачињата се адаптира во просторија за по ФЗО, за да учениците имаат полесен пристап до балон салата и тековно да се обезбедуваат термини за реализација на часови по ФЗО.
Понатаму, се обработуваат зидовите со абрип и гипс картон, за да се покрие фасадната цигла во ходникот на приземје, затоа што истата е тешка за одржување и во значителна мера ќе се подобрат хигиенските и техничките услови во училиштето. Проектот е на ЈП за ПУП- при Локалната Самоуправа на општина Прилеп, а проектот училиштето го работи од сопствени средства.
Се заменуваат светилките во паркот и ќе се наместат рефлектори дадени на користење од Секторот за енергетска ефикасност при Локалната Самоуправа на општина Прилеп, за да се осветли просторот околу балон салата и училиштето.
Аплицирано е со проект за обнова на фасадата и партерно уредување на дворот во централното училиште, за средства од Секторот за финансии при Локалната Самоуправа на општина Прилеп.

2016-07-22-11222

2016-07-22-11210

2016-07-22-11218

2016-07-22-11221

Во подрачното училиште во најстарата градска населба Варош: Се местат компјутери и цела опрема во сите училници, добиени од МОН, преку Проектот “Компјутер за секое дете”, за да учениците имаат еднакви можности за учење и надградба на нивните знаења. Секоја училница има инсталирана комјутерска инсталација.

2016-07-18-11192

2016-07-18-11193

Се очекува реализација на проектот за Партерно уредување на дворот во училиштето во Варош, кое беше реконструирано и каде беше наместено централно парно греење на течно гориво во 2013 год – средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп, во висина од 2.000 000 денари.

Проектот е изработен од ЈП за ПУП и поддржан исклучиво од градоначалникот на општина Прилеп г-н Марјан Ристески.

Се очекуваат согласностите до реализација на инфраструктурните зафати во двете училишта.

2016-07-18-11197

2016-07-18-11189

ФФМ започна со реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп

1

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од Уефа и „Хет трик 4“ програмата за развој, официјално ги започна активностите за изградба и реконструкција на нов модерен и квалитетен фудбалски терен со природна трева, како и поставување на рефлекторско осветлување на стадионот „Гоце Делчев“, активности кои се дел од проектот за подобрување на фудбалската инфраструктура во општините во Македонија.

3

2

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе претрпи сериозни инвестиции и ќе добие услови какви што заслужуваат тимовите, гледачите и репрезентацијата.

Со потпишаниот договор за регулирање на меѓусебните односи при изведување на работи меѓу ФФМ, општина Прилеп и Уефа, Федерацијата има обврска да изгради најмодерен терен со дренанжен систем по највисоките стандарди на УЕФА, како и поставување рефлектори за осветлување. Општината треба да изгради покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион.

4

5

„Во име на Фудбалската федерација на Македонија сакам да порачам дека се радуваме на заедничкото градење подобра иднина на македонскиот фудбал. Со помош на Уефа, нашата Федерација е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, а изградбата и реконструкцијата на петте репрезентативни стадиони во нашата земја се потврда за тоа. Ако во тоа имаме поддршка од локалната самоуправа и државата, тогаш можеме да осигураме убава иднина за нашиот фудбал, а посебно за младите спортисти и репрезентативните селекции“, изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија веќе ги заврши своите активности поврзани со изградбата на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА на стадионите во Тетово и Битола.

Повеќе настани ја одбележаа инфраструктурната експанзија во општина Прилеп

32

Со увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, Никола Груевски заедно со неговите соработници вчера ја посетија општина Прилеп каде што оствари средба со жителите и изврши увид на неколку инфраструктурни работи кои се во тек.

Тој нагласи дека, „Шпанската компанија „Констракшн Рубау“ (Цонструцционес Рубау) ќе ја изведува првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Јавното претпријатие за државни патишта е потпишан договор вреден 31,8 милиони евра со изведувачот на градежните работи. Првичната етапа од реализацијата на овој пат го вклучува сегментот од Фаришка до Дреновска клисура во должина од 10 километри, која треба да биде завршена во рок од 24 месеци. Експресниот пат ќе биде широк 12,4 метри, со по една главна лента од 3,5 метри и дополнителна помошна лента од 2,5 метри во секој правец.

13

Груевски заедно со градоначалникот на Марјан Ристески извршиja увид во градежните активности на новиот канализациски систем во Прилеп, којшто се гради со средства од ИПА фондовите и 30-процентно учество на Владата на Република Македонија.

11

Груевски и Ристески го посетија и прилепското село Големо Коњари каде се градат улици и плоштад со средства обезбедени преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој. Во моментов се направени улици со програмата на Агенцијата од 2013 година, а наскоро ќе почнат и со новата програма од 2015 година. За реконструкција на улиците во селото и за изградба на канализација, пречистителна станица и нов плоштад се вложени околу 30 милиони денари. Во Коњари се изградени 800 метри нови улици.

27

28

29

30

Градоначалникот Ристески најави дека за годинава е планирано да се изгради и детска градинка за што веќе се обезбедени средства, а претходно било реновирано и основното училиште. Наскоро ова населено место ќе добие парк и плоштад.
При вчерашната посета беа најавени и нови 350 вработувања во јавното здравство од страна на министерот Никола Тодоров за време на посетата на прилепската болница. Процедурата е почната, се чека согласност од министерството за финансии, а до крајот на месецот ќе биде објавен и оглас. Во завршна фаза е и проектот за набавка на нови дигитални мамографи. Од планираните 11, 10 веќе се инсталирани во исто толку болници низ земјава.

19

14

15

16

17

18

До крајот на годината ќе заврши и реконструкцијата на болницата во Прилеп, која чини 70 милиони денари. Досега комплетно се реновирани две одделенија. Паралелно набавена е и нова опрема.
При посетата на ОУ „Добре Јованоски“ каде во полн ек е новата спортска сала, беше посочено дека во изминатите десет години реконструирани се над 450 училишта во РМ и вложени се над 50 милиони евра во подобрување на образовната инфраструктура во земјава.

24

20

21

22

23

„Ние имаме континуирани вложувања во реконструкција на училиштата во Македонија. Тоа ни е една од главните активности. Огромен број училишта се веќе реконструирани, а сега започна третата фаза во која се реконструираат последните 20 од предвидените 60 училишта за реконструкција за годинава, посочи Груевски во својата изјава за новинарите.

Прецизира дека во општина Прилеп во изминантите 10 години се реконструирани сите училишта.
„Некаде е променет покривот, некаде подот, некаде целосно училиште, некаде се обновени тоалетите, некаде дограмата… Во Прилеп нема училиште во кое во овие десет години немало поситна или покрупна интервенција односно целосна или делумна реконструцкија, посочи Никола Груевски.

Нагласи дека реконструкцијата и обновата на училиштата во Македонија останува една од главните определби во програмата на Владата на РМ.

 

„Чалгија – во срцето на старата Прилепска чаршија“

1

Граѓаните на град Прилеп вчера вечер, имаа можност да уживаат во звуците на македонската чалгија која беше дел од културното лето на Општина Прилеп. Филип Шурбевски Езгија Трио е вокално инструментален состав кој ја негува македонската традиционална чалгиска музика. Формиран е во 2011 година.
Ова е специфичен состав не само поради инструментите кои се застапени,туку и поради музичкиот стил кој е различен од другите, а препознатлив сам по себе. Иако овој стил на изразување е во изумирање, овој музички состав е со цел да ја врати македонската чалгија што во извесен период беше заборавена, а е карактеристичен и препознатлив белег на македонската музика низ вековите која живеела на овие простори.
Во репертоарот има застапено македонски песни и ора во звукот на македонската чалгија.

2
Овој состав има настапувано на разни свечености, приеми, емисии, општински кутурни лета, на повеке манифестации. Покрај овие настапи би ја издвоиле концертната турнеја во Њујорк и Њу Џерси – САД каде што одржа неколку концерти во познати сали.

Членови на составот се:

Филип Шурбевски – тарабука
Ристе Апостолов- виолина
Митко Наумовски- Џумбус

Вчерашниот настап го имаа на плоштадот под Градскиот саат.

ФОТО: Пајак на ПОЦ сруши бандера

1-2

Пајак на Паркинзи на општина Центар денеска додека кревал непрописно паркиран автомобил оштети бандера.

Инцидентот се случил во близина на средното училиште „Методија Митевски – Брицо“.

Погледнете…

2-1

3-1-640x400

ФОТО: Ѕид на соораќајниот срам

„Пребаравме се нема трага од таткото и синот” – потрагата продолжува уште позасилено

fwegherjhrtjd

Седми ден сме на терен, го пребаруваме секое место, секоја педа, секое камче, уморни сме но нема да престанеме со потрагата. Иако за жал сега нема никаква трага ниту глас од таткото и синот кои се загубија, потрагата и понатаму интензивно трае.

Ова за Дневник го изјавува Рефик Пајковски, командирот на Полициската станица Ростуше, која трага по 78-годишниот Љубомир Мицевски, и неговиот син, 50-годишниот Сашо од Скопје, кои се загубија во падините на Бистра.

Тие тргнале да берат печурки и се загубиле. Се јавиле кај најблиските да кажат што се случило, но им се испразнила батеријата, а од тогаш полицијата и спасувачките екипи се на терен.

– Вклучени се кучиња трагачи, го пребаравме секое место, има многу расцепи од каде би можеле да се симнат да најдат излез. Специјалците не се вклучени поради други акции, а ќе побараме да се вклучат и хеликоптери, вели тој за Дневник.

Според командирот, секоја дупка, грмушка, камче е приказна за себе, и затоа интензивно трагаат по таткото и синот да не пропуштат некој детаљ. Истрагата ќе била олеснете ако мобилните имале сигнал.

Ердоган си ја призна грешката

erdogan (1)

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува  БТА, вчера призна дека имало значителни пропусти во работата на разузнавањето пред обидот за воен преврат и затоа вети брзо преструктурирање на вооружените сили.

Во своето прво интервју по објавување на вонредната состојба во земјата Ердоган рече дека е можно да се направи нов обид за преврат, но тоа ќе биде многу потешко затоа што сега властите се многу внимателни.

– Јасно е дека имаше значителни пропусти и недостатоци во нашето разузнавање, нема смисла тоа да го кријам или одрекувам, рече Ердоган во својата палата во Анкара.

Претстојната средба на Врховниот воен совет, закажана за 1 август, на која ќе се изврши надзор врз вооружените сили, можно е да биде пролонгирана за една недела, за подобро да се разгледа нивното преструктурирање.

Врховниот воен совет го сочинуваат премиерот, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

– Тие заедно работат на ова прашање и многу скоро ќе се појави новата структура, во која ќе биде внесена свежа крв, рече Ердоган.

Британската агенција наведува дека претседателот изгледал спокоен и концентриран за време на целото интервју, но неговото обезбедување внатре и околу пространиот комплекс било засилено. Во градините на палатата биле разместени специјални полициски единици, а на патиштата, што водат до палатата, биле направени импровизирани контролни пунктови, вклучувајќи и камион за смет, што го блокирал пристапот до комплексот.

Ердоган изјави дека нема пречки вонредната состојба да биде продолжена и по завршувањето на трите месеца, доколку тоа биде неопходно. Тоа на неговата Влада ќе и овозможи да преземе брзи мерки против поддржувачите на превратот и на претседателот и владата ќе им овозможи  да го заобиколат Парламентот во исфрлањето нови закони, вклучувајќи ги и оние со ограничувања на правата и слободите, доколку ги сметаат за добри.

Ердоган кажа дека движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого го смета за мозокот на обидот за преземање на власта, ќе биде третирано како уште една сепаратистичка терористичка организација, какви се и курдските вооружени групи, со кои државата се бори веќе три децении.

Керим меѓу првите тројца кандидати по првиот круг од гласањето за нов генерален секретар на ОН

kerim

Македонскиот кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим после првиот круг гласање во Советот за безбедност влезе во најтесниот круг заедно со Антонио Гутјереш од Португалија и Данило Турк од Словенија.

Во изборот за наследник на првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун од регионот се пријавени Вук Јеремиќ, некогашниот шеф на српската дипломатија, поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пушиќ, некогашниот премиер на Црна Гора Игор Лукшиќ.

Во трката за позицијата генерален секретар на ОН се и генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова од Бугарија, администраторката на Развојната програма на ОН Хелен Кларк од Нов Зеланд, министерката за надворешни работи на Аргентина Сузана Малкора, шефот на словенечката дипломатија Мирослав Лајчак, некогашниот шеф на молдавската дипломатија Наталија Герман и поранешниот извршен секретар во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Кристијан Фигуерес.

Изборот меѓу 12-те кандидати ќе трае долго се до октомври и ќе биде сложен.

 

Од „Покемон Гоу“ заработил речиси 8.700 евра

Ако мислевте дека оние кои играт „Покемон Гоу“ се безработници, кои од тоа немат никаква полза, не сте во право.

 

pokemon-gou

Имено, Покемон лудилото почна на некои да им носи заработувачка, а таа и не е баш мала.

Станува збор за продажба на Покемони преку иБеј. Играчите кои достигнале повисоко ниво сега им продаваат Покемони на оние кои немале толку среќа или амбиции во „ловот“.

Британскиот весник „Дејли Телеграф“ објави дека еден играч од Брајтон од продажба на Покемони успеал да заработи речиси 8.700 евра.

Имјаќи предвид дека оваа заработката е оставрена само со неколкудневно „типкање“ на мобилниот, многумина почнаа да размислуваат дека оние кои по цел ден „ловат“ Покемони, можеби и не се толку луди.

„Покемон Гоу“ за кусо време станаа вистински глобален феномен, а компанијата „Нинтендо“ по издавањето на оваа игра двојно ја зголеми својата вредност.

Викендов сончево и топло, од понеделник дожд

sonceee2

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температура, а особено топло ќе биде за време на викендот. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.

Во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.