дома блог страница 5217

Чудотворно место во прегратките на планината Селечка: Манастир Св. Димитрија во с. Селце

Blagoprijatni_cuvstva_naviraat_na_pragot

Бујната гора го загрнала силно манастирот Свети Димитрија во подножјето на планината Селечка кај селото Селце на неколку километри од градот. Никнал на ретко убаво место, а во околината се и малите црквички Света Петка и Свети Илија. Обиколен е со четири свети и лековити води, кои се распоредени како крст. Светилиште не е само за жителите на селото Селце, туку и на бакалите и трговците, на сите граѓани. Храмот е чист, дотеран со нова фасада. Нема век. Граден е во 1933 година. Еден е од поновите куќи Господови. Во олтарот стои иконата на Мајката Божја. Таа е најстаро дело. Датира од 1908 година. Камбанаријата ја варди црквата 58 години. Необично е што во Божјиот дом секоја недела или празник се палат 33 кандила, колку што имал години Исус Христос. Посебност е и Денот. Покрај Свети Димитрија, се слави Ѓурѓовден. На тој сведен, црквата е предадена на граѓаните пред повеќе од девет децении.

Свештеникот Темелко Блажески вели дека, пред Свети Јован Крстител традиција е прилепските жени да доаѓаат да месат и печат слатки кравајчиња кои ги раздаваат за Тајане-бојане.

2

– Манастирот е посетен, оти е блиску до градот. Се изгради и асфалтен пат и пристапот е лесен. И старото излетничко место Шаторов камен во близината ги мами луѓето да стават нога во манастирскиот двор, до новите конаци, до црквата, да се помолат, да запалат свеќа и да се напијат од ладните камен води. Манастирот влече и постари и помлади, оти, како некогаш, а и сега, е место за изведување на еднодневни екскурзии во природа на основците и средношколците. Црквата е обновена и внатре и надвор. Народот помага и не штеди. Дадена е виза да се поставуваат нови икони од еден уметник во исти големи димензии. Постепено ќе се дотера и дворот и комплексот ќе се претвори во атрактивно катче за одмор и за лете и за зиме. Во конаците не е дозволено да се прават гозби и да се свири музика, да се вијат ора и чочеци. Може да се седне, да се напие човек кафе, да руча, да се напие чаша вино или ракија и да се предаде на Божјата убавина и природниот спокој – вели свештеникот Блажески.

 

3

Огромниот двор не е уреден. Проектот е готов, материјалот е собран и ќе се уредува да дишат заедно со конакот на два ката со 15 соби, бањи, трпезарија. Погледот од балконот е доживување. Се  голта со око дел од убавините на Селечка Планина за душата да се успокои. На соочувањето со красотата, никој не може да остане рамнодушен, туку да блика радост. Комлетната физиономија ќе се добие со ѕидање на оградата од собраниот камен.

– Иако е в планина, манастирот нема  доволно вода.  За задоволување на зголемените потреби, ќе се донесе наскоро со поголем зафат – објаснува отец Темелко.

Искреност и духовност зрачи од манастирскиот комплекс.

Чудотворни води

 

4

Четирите чешмички, Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна вода, се верува дека се чудотворни. Според легендата, некој се разболел и сонил дека треба да дојде да се измие со водичката. Од неа оздравел и ја подигнал Средочна чешма во 1971 година. Се раскажува дека прилепчанка не можела да остане во блажена состојба. Сонувала дека треба да појде во манстирот и тој ќе í “подари” дете. Срамежливата жена го посетила храмот и родила здраво дете. Вакви случки има многу во манастирот Свети Димитрија.

ИЗВОР: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

Со кој хороскопски знак вашата врска би била невозможна мисија?

1

Бикот нема да може со Стрелецот затоа што е премногу активен и премногу амбициозен за него, на Близнаците на нерви ќе им оди филозофирањето на Јарецот, а Девицата со својата практичност ќе ја задуши нежната Риба.

Погледнете во продолжение детално, со кој хороскопски знак не би требало да помислите да влезете во врска.

Овен и Бик

Овенот има екстремно силна волја, а Бикот е тврдоглав. Ниту едниот, ниту другиот „нема да се поместат ниту милиметар“ во нивните барања. Еднаш кога Овенот ќе сфатаи дека нивната приказна е готова, ќе сака колку е можно понезабележително да излезе од врската, но Бикот постојано ќе го тормози со барања одново да му објасни зошто.

Бик и Стрелец

Постојат денови кога Бикот би сакал да се одмора дома, да се ислежува на софата и да ужива во добар филм. Но тоа нема да биде можно со стрелецот што нема да може да седи мирно дома. Стрелците едноставно се премногу активни за Биковите, постојано бараат интелектуален стимуланс што Бикот нема да може да им го даде затоа што едноставно сака да се одмори. Освен, тоа Стрелците не ги доживуваат нештата премногу сериозно што на Бикот просто ќе му оди на нерви.

Близнаци и Јарец

Ова е рецепт за катастрофа. Тоа ќе го добиете кога ќе споите знак што е полн со живот и кој што ужива во игрите, забавата и разговорите со знакот што е познат како екстремен работохоличар што сака да го испланира секој детал. Јарците едноставно не се спонтани, а тоа ќе им оди на нерви на Близнаците.

Ракови и Водолија

Раковите сакаат да бидат дома со семејството, без многу промени. Водолиите се пак со слободен дух и сакаат да владеат со светот. Ракот нема да биде задоволен ниту кога Водолијата ќе почне да го опоменува за грешките, затоа што Ракот, секако, ги нема.

Лав и Скорпија

Ако Лавот сака комплименти, тогаш тропа на погрешна врата. Скорпијата нема да му ги даде. Прво ќе се шегува со него, а Лавот тоа нема да го поднесува. За да бидат заедно, Лавот мора да се чувствува центо и важно. Освен тоа, Лавот знае дека е шарманте и привлечен што на Скорпијата нема во никој случај да и’ се допадне ако се земе во предвид нејзиниот љубоморен карактер.

Девица и Стрелец

Ниту едниот, ниту другиот во оваа врска несакаат да се обврзуваат. Но Стрелецот сепак е премногу опуштен за една Девица. Ако не и’ се јави неколку дена се ќе биде готово.

Вага и Девица

Девицата ќе ја критикува Вагата поради што таа ќе почне да се сомнева во себе си. Но, со оглед на тоа што и Вагата е идеалист и таа ќе сака да ја менува Девицата. Тоа неможе долго да трае.

Скорпија и Овен

Експлозивна, интензивна и мошне борбена врска се создава кога ќе ги споите овие два знака. И двата знака мора секогаш да бидат во прави, мора да имаат чувство на контрола и мошне се одлучни. Ниту еден од нив нема на другиот да му даде можност барем малку да биде доминантен и затоа оваа врска уште од почетокот е осудена на пропаст.

Стрелец и Јарец

Јарецот ќе го ограничува Стрелецот и нема да му даде многу да се забавува. Освен тоа, меѓу овие  два знаци воопшто нема сексуална хемија.

Водолија и Бик

Бикот е премногу практичен, материјалистички ориентиран и конзервативен знак додека Водолијата е боемска душа во целост која правилата не ја интересираат. Бикот ја задушува и ја ограничува Водолијата која неможе да дише од него и затоа брзо ќе побегне.

Риби и Девица

На оваа нежна душичка во Зодијакот и треба партнер што ќе ги разбере нејзините деликатни емоции, а не некоја здраворазумска Девица на која сето тоа ќе и’ оди на нерви. Можеби и ќе успеат на кратки патеки, но на долги патеки тоа претерано ќе ја гуши Рибата.

Ќе ве насмее до солзи: Модерната верзија за Пепелашка (ВИДЕО)

pepelaska

Кога бевме деца сите ја сакавме приказната за Пепелашка, денес оваа бајка доби и модерна верзија, погледнете.

 

Победашите во поход по три бода во пелагониското дерби: Се ветува 150% ангажман и посветеност

13680465_10210169630861219_4014084098719882224_o

Во пресрет на неделното пелагониско дерби од 1-то коло на новиот 25-ти шампионат на Првата лига, денес во ФК Победа беше организирана прес конференција.

На средбата со новинарите своите размислувања околу текот на подготовките, очекувањата од сезоната и од дербито со Пелистер ги изнесоа шефот на стручниот штаб Дарко Крстески и еден од најискусните првотимци Александар Крстески.

“Подготовките протекоа во најдобар ред. Мене најбитно ми беше во овој дел да не загубиме ниеден од играчите, да нема потешки повреди и со мали повреди сите сме доволно и одморени и спремни за првенството. Тешкиот распоред на почетокот дополнително на размрда и мислам дека за в недела ќе бидеме максимално подготвени”, истакна тренерот Дарко Крстески.

13667833_10210169630821218_4713285248283849888_o

“Првите натпревари, без оглед со кој противник играш, секогаш се доста тешки, а овдека дополнителна тежина на натпреварот става фактот дека се работи за пелагониско дерби. Сите знеме дека дерби натпреварите сепак се специфични и во нив никој не ужива во убавината, туку се става акцент на борбата да се дојде до бодовите, затоа што сите сакаат новата сезона да ја започнат со победа. Сите сме максимално подготвени и ќе дадеме се од себе да започнеме со победа во недела во Битола. Меѓу нас и Пелистер нема некои тајни. Добро се познаваме, знаеме со каков играчки кадар располагаат, но мора да се каже дека оваа екипа е доста засилена во однос на минатогодишниот состав, со 10-12 проверени квалитетни прволигашки фудбалери. Така да, нема нималку да биде лесно. Како секој прволигашки натпревар и секое дерби, ќе биде тешко, но да се надеваме дека ние од дербито ќе го однесеме целиот плен”, истакна Александар Крстески

13679958_10210169630901220_1746479019918986364_o

“Со Пелистер добро се познаваме, знаеме како играат и кој систем го играат. Во повеќе наврати сум кажал дека мене ме интересира само мојата екипа, а ниту еден противник. Ставаме акцент на нашата игра. Одиме во Битола каде не чека пеколен натпревар. Се надевам дека и од Прилеп од нашите љубители на фудбалот ќе имаме завидна поддршка. Тоа беше и целта на клубот, гледачите да дојдат, да го проследат натпреварот и навиваат за нас. Несомнено дека не очекува тежок натпревар, а ние сме малку окуражени од тој последен натпревар со Пелистер, а одигравме и во Банско така да добро се познаваме. Ние мора да дадеме максимум. Ако е потребно 120%, ние треба да извлечеме и дадеме 150%, за да остварме добар резултат, а добар резултат во 1-во коло како домаќини се 3-те бода во Битола… Новајлии сме во лигата. Добро е што ги задржавме сите играчи, добро се познаваме меѓу себе, со одредени играчи чии квалитети се вклопуваат во нашата игра. Посебно Цветаноски и Аломеровиќ. Имаме доста млади играчи на кои ќе им треба максимална подршка од плејадата постари играчи. За амбициите е рано, ќе играме максимално на сите натпревари со голема дисциплина, ако ни се укаже шанса да избориме пласман во горниот дел би било добро, но реален би бил пласман во средината на табелата”, додаде шефот на стручниот штаб Дарко Крстески.

Пелагониското дерби Победа-Пелистер се игра в недела од 17,30 часот. Влезници во предпродажба ќе можат да се купат денеска (сабота) на плоштадот во центарот на Прилеп, по цена од 60 денари, а во недела пред почеток на натпреварот во Битола, на стадионот под “Тумбе кафе”, по цена од 100 денари.

Поради нив ќе ја следите Олимпијадата, дури и ако не сакате спорт – ВИДЕО

Олимписките игри во Рио започнаа во средата, па месец август е во знакот на спортските случувања. Освен натпреварувањата, внимание привлекуваат и убавите спортистки.
untitled

На Јутјуб објавено е “мотивациско видео” koe демонстрира поради што оваа Олимпијада ќе ја следат дури и оние кои не ги интересира спорт.

Погледнете:

А.Г.

Oружјето за терористите во Сирија доаѓа од балканска држава:За една година извезени огромни количини оружје во Саудиска Арабија!

Саудиска Арабија со својата ултрамодерна воена техника се појави како купувач на Црногорските резерви на непотребна муниција и оружје. Договорите биле направени преку моќен Црногорски брокер со оружје, а самиот договор веќе се дискутира дека е сомнителен бидејќи се поврзува со непочитувањето на санкциите кон Либија.

vojnik_mp5

Од минатиот август, Црногорската одрамбена индустрија (МДИ) извршила извоз на 250 тони муниција и 10.000 анти-тенкоски системи во Саудиска Арабија, која нема историја на купување на коистени Источно-Европски оружја во Советски стил.

Орудието кое е предмет на извоз одговара на она кое минатата година МДИ го откупи од Црногорската армија кое се продаваше како вишок и непотребна резерва.

Износот на трансакцијата е 2.7 милиони евра во оружје и муниција, со што Црна Гора на големо се вклучува во извозот на оружје од Балканот и Источна Европа до Саудиска Арабија и Заливските земји, кое на крајот завршува во рацете на терористите во Сирија, Либија, Ирак, Јордан.

Трговската база на ОН отркива дека во периодот од Август 2015 до Мај 2016 година, во Саудиска Арабија од Црна Гора се извезени 32 тони анти-тенковско орудие и 250 тони муниција, вклучително и муниција за против-воздушна одбрана и минофрлачки гранати.

Поточно, досега се испорачани 10.000 „Зољи“, 56 минофрлачи, 500.000 минофрлачки гранати и друга муниција.

 

ФОТО: Карлеуша без градник ги распамети фановите

Јелена Карлеуша е позната по тоа што сака да ги поместува границите и да провоцира, било да е прашање стилот или нејзината музика.

 

jel-640x640

Погледнете ја оваа фотографија која Карлеуша ја објави без градник и ги воодушеви фановите.

1jel5-640x859

НЕЗАБОРАВНА: Еве како денес изгледа Мортиша од популарниот филм “Семејството Адамс”

mortisa-andelika-hjuston-foto-profimedia-1424810945-619890-696x398

Семејството Адамс е група на ликови кои ги осмисли и ги нацрта американскиот карикатурист Чарлс Адамс од 1938 до 1988 година. Тие претставуваат сатира на американското семејство.

Ако барем еднаш сте го гледале филмот “Семејството Адамс”, личноста на која сигурно се сеќавате е Мортиша, која и денес изгледа екстравагантно.

1

Анџелика Хјустон е глумицата Мортиша од филмот “Семејството Адамс”. После 3 децении, Анџелика изгледа сјајно, но и понатаму е екстравагантна.

2

3

 

Тажна исповед: На жената и платив одмор во Париз, а погледнете таа што направи…

2gdktkqturbxy9iodkwnze1mzc4zjixnjlhndhlowrhnmq0yju2mju1zc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjb

На жената и го платив одморот во Париз, а не се ни сомневав дека тоа ќе го злоупотреби и дека никогаш повеќе со трите ќерки нема да ми се врати назат.

Вака за српски Блиц ја започнува потресната исповед Иван Николиќ (30), ветеринар од околината на Обреновац, кој преку ноќ останал без семејството.

И дадов туристичка согласнот за да ги носи децата, бев пресреќен што и овозможив повеќе од две недели да бидат во Париз. За времен на одморот беа во станот на нејзината баба Вера, и ден пред да се вратат Милена ми испрати порака дека не сака да се врати во Србија, и дека сака развод, а децата да останеле кај неа, раскажува Иван.

Милена од Иван избегала со сите три ќерки: Андријана (4), Ивона (3) и најмалата Анастасија која има две години.

Сепак утредента Милена (23) ми испрати порака дека е во сигурна куќа, дека и е жал, но дека никако не може да излезе од таму. Ме молеше да дојдам по неа, па се договоривме таа да го напушти тоа место на 17 јули, а јас да ја чекам во станот на нејзината мајка Снежана и сите заедно со децата да се вратиме во Србија, вели Иван.

Милена е инаку родена во Франција и израснала во Домот за незгрижени деца, бидејќи нејзината мајка ја напуштила кога таа имала 2 години.

Кога отидов кај Снежана во Париз, таа само ми ја покажа пораката на Милена: „Имав судење и сместена сум на адреса за која ништо не можам да ви кажа. Тебе Иван кога ти реков да не доаѓаш не ме послуша, а сега убаво врати се назат во Србија. Децата нема да ги видиш, а бројот ќе го блокирам и така никогаш нема да ме добиеш.

Ќе се осветува црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон„

_MG_8139

В недела, прилепчани ќе присуствуваат на осветувањето на уште еден божји храм, црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“, во кругот на болницата.

„Ова е трета црква која се осветува во Прилеп кои се изградени во поседните неколку години„ – вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ги поканува сите верници да присуствуваат на овој несекојдневен чин, осветување на црква.

_MG_8138

Чинот на осветувањето ќе започне во 7,00 часот, а со него ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски, г.Петар, во сослужение со прилепското архиерејско намесништво. Осветувањето на црква е посебен и значаен чин затоа е пожелно верниците да се запознаат со него, „Оти црква еднаш се осветува“ вели архиерејскиот намесник, протојереј, Благоја Станкоски.

_MG_8138

Од иницијативата, до спроведувањето на активностите за градба и уредување на црквата св.Пантелејмон во кругот на болницата изминаа четири години и денес таа е наша света гордост велат од Иницијативниот одбор за изградба на овој храм.

Темелите на црковниот храм „Св.Великомаченик Пантелејмон“, во кругот на прилепската болница беа поставени на 19-ти април 2012 година. Идејата за нејзина изградба беше втемелена уште пред четири години, во деталниот и генералниот урбанистичка план на општината, по барање на верниците. Црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и лекарите.

_MG_8148

_MG_8145