Прилепската музичка група “Тhe Hounds” утре понеделник, 08.08.2016, со почеток од 10:00 часот на градскиот плоштад во Прилеп, организираат хуманитарен настан, за настраданите во страшните поплави што вчера вечер го зафатија главниот град.
По повод верскиот празник Св. Пантелејмон, кој е на 9-ти август и е храмов празник на новоизградента црква „Св.Велемаченик Пантелејмон“, во дворот на Градската Болница „Борка Талески“ во Прилеп, денеска се изврши осветување, на црквата. Со чинот на осветувањето чининачалствуваше митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско новозеландски г.Петар во сослужение со прилепското архиерејско намесништво ,поддржано со хорското пеење на хорот „Св.Петка“. Црквата „Св.Велемаченик Пантелејмон“, е со димензии 10 на 7 метри. Таа е еден од трите верски храмаови што последните неколку години се изградени во Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески наскоро најави осветување на уште една црква, на влезот во Прилеп, во близина на Могилата, која го носи името на Свети Наум Охридски .
Инаку, темелите на црковниот храм „св.Велемаченик Пантелејмон“, во кругот на прилепската болница беа поставени, на 19-ти април 2012 година. Идејата за нејзина изградба беше втемелена уште пред четири години, во деталниот и генералниот урбанистичка план на општината, по барање на верниците. Црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и лекарите, со донација од општинскиот буџет и многу верници, кои на различен начин помогнаа и придонесоа за нејзината изградба и за нејзиното, големо осветување.
[Best_Wordpress_Gallery id=”334″ gal_title=”Avgust2″]
Заблуда е дека војската е само за мажи, напротив, во другите земји жените војници се сосем нормална појава. Иако често се смета дека жените војници се исти како мажите и дека не личат на жени, тоа е тотална будалаштина. Поради тоа се одлучивме да ви претставиме некои од најубавите жени војници кои успеавме да ги пронајдеме. Овие девојки и жени гордо ги бранат своите земји и се вистински убавици.
Се работи за потонатиот брод “Costa Concordia” kој на 13-ти јануари 2012 година, превезувајќи 4200 патници потона.
Потонувањето на овој брод е една од најголемите бродски катастрофи што некогаш се случила, дури поголема и од Титаник. Причините се комбинирани грешки помеѓу капетанот и посадата на бродот. Како резултат на тоа загинаа 32 лица.
Погледнете како изгледа внатрешноста на бродот откако е извлечен:
А.Г.
Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила, а пријавени се починати- удавени и исчезнати лица.
За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа: крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.
Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров кон Стенковец.
На 07.08.2016 година до утринава во 8.30 часот примени се 22 повредени лица во скопските клиники, починати лица до овој момент имаме 15 и досега се пријавени 6 исчезнати лица.
Џес (21) од Флорида се однесува како бебе: носи пелени, пие од шишенце, си игра…Според неа тоа е нејзиниот начин за борба со депресијата со која се соочува поради тешкото детство.
Џес и Дејвид од Флорида се многу необичен пар.
Џес сака да носи пелени, да пие од шишенце, да спие во креветче и се однесува како бебе. Нејзиното момче Дејвид (24) целосно ја поддржува, пренесува „Дејли Меил“.
Џес била сексуално злоставувана кога имала две години и поради тоа и денеска се бори со депресијата и нападите на паника.
Денеска е Јутјуб ѕвезда поради својот необичен стил на живот.
Дејвид кој себе си се нарекува “татенце“ изјави: Многумина ме нарекуваат педофил и ја исмеваат Џес, но јас сето тоа го игнорирам“.
„Знаеме дека не правиме ништо лошо“ – додава Дејвид.
„Играњето на оваа улога е моето бегство од реалноста и на тој начин можам повторно да бидам бебе и да имам невино детство и да се однесувам како што сакам“ – изјави Џес.
„Можам да бидам разиграна, детинеста и слатка, таква сум и по природа. Да имав нормално детство, таква ќе бев“ – додава Џес.
Парот е во врска веќе четири години. Објаснуваат дека тука не станува збор за сексуален фетиш туку за стил на живот.
„Немаме сексуални односи кога играме улоги иако многумина мислат дека за тоа станува збор“ – изјави Џес.
„Го сакам Дејвид и го сакам тоа чувство на заштитеност. Секогаш можам да се потпрам на него. Играњето на улоги не зближи“ – додава Џес.
„Најдобриот дел од сето ова е што можам да се грижам за Џес. Ова нема никакви сексуални конотации. Мене ме прави среќен, неа ја прави среќна и не правиме ништо лошо“ – изјави Дејвид.
Габриела Шо, психолог кој е специјализиран за помош на луѓето кои се злоставувани во деството изјави: „Иако се чини необично, не е нешто што го немам претходно видено. Сите жртви на свој начин се борат со тешкотијата и депресијата. Ако тоа и помага и ако изјавува дека никогаш не била посреќна, тогаш ова е вистинскиот метод за неа.
Питомците при Институтот тенкови и воени возила во Омск, одржаа натпревар во брзо расклопување и склопување на џипот УАЗ-3151 и поставија рекорд.
Возилото беше расклопено за само една минута и 30 секунди, а за составување потребни беа две минути.
Рекордот бил дел од меѓународниот натпревар на армиски инженери „Ребмат“, кој се одржал во Омск, Русија на 5-ти Август. Тимот бил составен од 11 луѓе, а по поставувањето на рекордот, тие направија победнички круг во автомобилот.
УАЗ-3151 е модерна верзија од легендарниот советски УАЗ-469 камион. Масовното производство започна во 1972 година, а заврши во 2003 година.