дома блог страница 5117

НОВА СКОПСКА АТРАКЦИЈА: Прошетка по краците на крстот на Водно за 1 минута

SONY DSC

На Милениумскиот крст монтиран е нов лифт и со тоа, објектот е влезен во завршна фаза, односно на истиот се привршуваат работите околу инсталирањето на изолацијата и партерниот дел, вели за КУРИР директорот на ЈСП-Скопје Игор Јанушев.

SONY DSC

 

Лифтот е набавен од „СОДИМАС“-Франција и ќе биде сервисиран од страна на производителот.

-Во блиска иднина се очекува лифтот да стапи во функција, кој ќе има можност да ги превезува посетителите до самите краци на крстот, од каде што во присуство на официјални лица, ќе можат да се движат по нив. Времетраењето на возењето би било од 50 – 60 секунди, носивоста на кабината ќе биде до 800 килограми или до 10 лица, додава Јанушев.

Оттука на посетителите ќе им се овозможи прекрасен пејсажен поглед кон Градот.

Во склоп на самиот комплекс на Милениумскиот крст е предвиден и ресторан, кој ќе биде лоциран на базичниот дел на објектот.

 

Вистината за тивкиот убиец на 21-от век: Се’ за Дијабет тип-2

Дијабетесот – шеќерната болест денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст. Шеќерна болест е група на метаболни заболувања каде се среќава покачен шеќер – хипергликемија, поради тоа што бета Лангерхансовите острвца на панкреасот не продуцираат доволно инсулин или поради тоа што клетките во организмот не реагираат на инсулинот. Последица на модерниот стил на живот е зголемениот број надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои особено се издвојува вишокот на килограми.

image003

Угоеноста е еден од водечките дијабетогени фактори, што сведочи фактот дека околу 60 % од заболените дијабетичари се угоени.  Кај угоените личности, со текот на времето, се намалува осетливоста на бета-клетките на  панкреасот на зголемените концентрации на инсулин во крвта, а освен тоа се намалува и бројот на инсулински рецептори во целните клетки, што резултира со намалена испорака на шеќер во клетките и појава хипергликемија.

image001

Трите главни типа дијабетес мелитус се: дијабетес тип 1, дијабетес тип 2 и гестациски дијабетес.

Карактеристики на дијабетес тип 2 кај угоени лица. Дијабетес тип 2 е метаболно нарушување кое се карактеризира со високо ниво глукоза во крвта поради инсулинска резистенција или релативна инсулинска дефициенција. Преваленцата на дијабетес тип 2 е тесно поврзана со појавата на угоеност. Од особена важност,  е податокот во кој речиси 80 % од заболените од тип 2 дијабетес се со прекумерна телесна тежина со предоминантна распределба на масното ткиво во абдоминалната регија, т.е. околу стомакот и колковите. Самата појава на угоеноста предизвикува одреден степен на инсулинска резистенција.

Тивкиот убиец на 21ви век- Дијабетис Тип-2. Преoптоваруваќи го телото со премногу шеќери,  клетките на панкреасот се измачуваат да произведат повеќе имсулин се до моментот кога ќе се изморат со тоа што настанува пред дијабетната состојба. Во тој момент настанува состојба во која клетките на панкреасот се откажуваат но и клетките што се хранат со глукозата веќе не сакаат да ја примат затоа што сме ги презаситиле… Од овој проблем страда многу голем број население, но ние не сме ни свесни за тоа, и кога проблемот се одолговлекува ние имаме Фамозен Дијабет тип-2, кој не сме го наследиле туку сами сме си го привлекле.
image002

КАКО ДА ГО СПРЕЧИМЕ?!
Со сменувањето на неколку дневни навики би го избркале, и тоа ЗАСЕКОГАШ! Физичката активност е број 1 навика која треба да ја вметнеме, контролирањето на тежината со внесување на повеќе овошје и зеленчук, сирова храна, риба, јаткасти производи, цели зрна, обарена наспроти пржена храна, помалку црвено месо со голем број маснотии, вода и тоа многу вода, исфрлање на газираните пијалоци, откажување од цигарите…
Да запомниме здравите навики се најлесниот дел од животот доколку сме мотивирани, а таа мотивација да ја црпиме од нашите најблиски, од убавината во животот, која може да ја имаме доколку сме здрави и витални.

 

Пишува: Марина Релушкоска

Авторот на текстот е дипломиран Нутриционист

 

 

Млад талент кој веќе остава трага во македонското актерство: “Секој лик го играм како да ми е прв и последен”- Интервју со Илија Волчески

Актерската кариера ја започнува многу рано. Уште на 6-годишна возраст започна да ја восхитува публиката и да го развива својот талент, па неговото присуство на сцената на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” е неопходно. Илија Волчески е вистински актерски виртуоз, секогаш посветен, актер со големи соништа и желби, како и неповторлива енергија и спремност за акција.  

4

Кога заплови во актерските води и што е тоа што те освои да ја одбереш актерската професија над дргугите?

Прв пат запловив во актерските води кога имав 6 години. Имаше аудиција за претставата “Оливер Твист” во НТ “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Забележаа моите дома и наставникот по одделенска настава дека има “нешто” во мене. Се што сум учел на училиште сум кажувал на “поинаков” начин. Ми објаснија што е тоа театар и аудиција и што треба да правам. Аудицијата помина успешно. Бев едно од децата од сиропиталиштето. Имаше мал “проблем”. Не знаев да читам, па мораше татко ми да доаѓа на почетокот на пробите за да го чита текстот за мене, а јас да го одглумам. И така почна во мене да се шири заразата за театар и зеде голем замав што другите професии не ги ни гледав. Сакав да станам актер.

Наследен ли е актерскиот ген во тебе или го  стекна благодарејќи на напорна работа и учење?

Татко ми кога бил основно и средно учикуште играл во прилепскиот театар, но сепак сега е професор, не е актер. А јас, од друга страна, и сум работел и сум учел. Проценете вие до што е.

3Раскажи  ни подетално како се движи твојата актерска кариера до сега, чии се театарски штици грмеле под твоите нозе и што сметаш дека е  твој најголем отскок до сега?

Како што кажав предходно, се почна кога имав 6 години. Мојата прва претстава е “Оливер Твист” во режија на Петар Димоски. Потоа имаше уште една аудиција за претставата “Снежана и седумте џуџиња”. И таа аудиција помина успешно за мене. Потоа следеше мојата прва претстава за возрасни “Уште една за по пат” во режија на Кирил Петрески. Па потоа следеа “Петар Пан”,  “Волшебникот од Оз”, “Добриот великан”, “Приказна за војникот” во која ја играв главната улога и со оваа претстава освоивме Гран при на ДАФ Кочани, Гран при на фестивалот “Лица без маски” во Скопје и најдобра костимографија и сценографија во Уб, Србија. Следеа уште неколку претстави, а мојата последна претстава пред да се запишам на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје беше “Мангите пијат чај”, во режија на Коле Ангеловски. Потоа следеше моето запишување на Факултетот за Драмски Уметности. Една недела траеше приемниот испит, во кој имаше тест од општа култура, писмена работа, проверка на ритам и слух, рецитација, монолог, импровизација, самостојни вежби, вежби со партнер/и… Беше тоа недела која ќе ја паметам целиот мој живот и која за среќа заврши успешно. Првата година на факултетот ми беше најтешка. Адаптирање во нова средина, нови луѓе, колеги, по цел ден и цела ноќ вежби и проби и плус морав да учам за да ги полагам предметите од четврта година во гимназија, затоа што се запишав на факултет после завршувањето на трета година гимназија. Две години во една, но сепак се исплати. Имавме забрана во прва година за играње претстави, снимање, разговори со медиуми, па потоа продолжија да се нижат нови проекти во прилепскиот театар како “Швејк во втората светска војна” во режија на Мартин Кочовски, која ми се смета како официјално моја прва професионална претстава по запишување на факултет и затоа нема да го заборавам тој процес и тоа искуство кое ми дојде како отскокнувачка скала. Потоа следеа “Буре барут”, “Сон на летната ноќ”, “Човекот е човек”, “Кирил и Методиј, who are you”, “Човекот кој не знаеше да каже не”, “Ајнштајновите соништа”, “Обѕрни се во гнев”, “Figurae Veneris Historiae”… Се надевам дека оваа низа ќе продолжи да се шири уште многу. Овие претстави ми донесоа и учевство на многу фестивали во државата и надвор од неа како Македонски Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински”, EX PONTO- Љубљана, MESS- Сараево, BITEFF Белград и уште многу други низ балканските земји и Европа, каде сме освојувале и доста награди.

1

Имаш ли  некоја омилена улога, некој лик што ти бил особено драг за глума?

Секој лик носи своја убавина и свој предизвик. Не би можел да издвојам кој лик точно. Кон секој лик пристапувам како да ми е прв и последен, тотално отворено, искрено и чисто. Тоа е една од причините зошто оваа професија е толку интересна и неизвесна.

Актерите секогаш имаат по некоја интересна анегдота, кои се случуваат при долгите и напорни проби, како и при патувањата. Имаш ли ти некоја анегдота која би ја издвоил за нас?

Со многу смеа го одговарам прашањево. Да, има анегдоти колку што сакате. Би ја издвоил таа кога во претставата “Човекот кој не знаеше да каже не”, при крајот, има повеќе кратки сцени кои траат по 30 секунди, најмногу минута, а меѓу тие сцени има тотален мрак и во мраковите треба да направиме промени како со сценографија така и со нашите позиции. Се слчувало повеќе пати да погрешиме, но на една од пробите при еден од мраковите, сите актери кои бевме на сцената, а бевме 8, направивме различна сценографска и мизансценска(движење на сцена, пат) промена, секој онака како што мисли дека треба и следи. Направивме промена и кога се запали светлото само еден колега ја имаше погодено точната промена за следната сцена. После тоа пробата заврши затоа што смеењето победи.

Ти си дел од актерската група во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”. На што работите моментално и што за скоро можат да очекуваат прилепчани на сцената?

Пред околу една недела излезе премиерата на претставата “Figurae Veneris Historiae” во режија на Наташа Поплавска и текст на Горан Стефановски. А сега, се подготвуваме за нашето патување во Сараево на интернационалниот МЕСС Фестивал со претставата “Ајнштајновите соништа” во режија на Слободан Унковски, текст Ален Лајтман и драматизација на Русомир Богдановски.

5

Илија кои се твоите желби, што е твоја главна цел за време на твојата актерска кариера?

Имам многу желби и многу цели. Ги поставувам постепено, но мојата најголема желба нема да бидам скромен, а тоа е да заиграм во некој холивудски филм со Johnny Depp, колку и да звучи ова смешно и наивно.

Недостигаат тв драмите, нови македонски тв серии. На што се должи тоа и зошто се помалку ги гледаме актерите на телевизиските екрани?

За да се направи било каков проект без разлика дали телевизиски или театарски или филмски е долга процедура и не баш така едноставна. Сите актери, особено ние младите, чекаме шанси кои пред се ни се потребни за искуство и за стекнување на нови контакти и пријателства. Се надеваме на подобро во иднина.

Какви се перспективите на прилепското актерство, како функционира  сегашната размладена екипа и дали ви недостигаат постарите колеги?

Тоа е едно хемиско соединение со нераскинлива врска. Стари искусни и млади ентузијасти- добитна комбинација, барем кога е во прашање прилепската актерка екипа. Секој од секого учи нешто ново на секоја проба, на секоја претстава. Си помагаме едни со други, се поддржуваме и што е најбитно сето тоа функционира. Не знам како да го објаснам тоа. Ние го чувствуваме, а очигледно и вие штом ми го поставивте прашањето.

2

За крај кажи ни кои се предностите на  актерската професија и кои придобивки ги имаат актерите во општеството?

Како актери мора да имаме познавање од се. Со работењето на нови улоги/ликови се среќаваме и со нови информации. Пример треба да играте војник од втората светска војна кој дезертирал, така да и покрај тоа што сме учеле по историја, ние мораме да навлегуваме многу подетално и да бараме информации кои ќе ни помогнат при градењето на ликот. А тука се и нашите предиспозиции и познавања или таленти надвор од актерството. Спортот и музиката се најдобри пријатели на актерот. На тоа поле, морам да им се заблагодарам на мојот професот по кларинет Драгољуб Бузески и на мојот тренер мајстор по карате Ахил Јаков кои се пред се фантастични и важни ликови во мојот живот, а исто така и фантастични професори, педагози и психолози и благодарение на нив, многу полесно и подобро се снаоѓам со физичките, музичките и психичките способности на сцената и надвор од неа. Сето ова нема да изгледа добро ако не се тука моите колеги, роднини и пријателите кои ме поддржуваат во се, а најмногу им сум благодарен на моите родители.

 

Подготви: Александар Георгиоски

 

Интернационален детски фестивал „Ѕвездички“ 2016

6422-zvezdicki-2016-960x600-13

Привршуваат подготовките за новото издание на интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“, што од 7 до 9 октомври ќе се одржи во Прилеп.
На фестивалот ќе настапат учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Италија, Малта, Русија, Белорусија, Литванија… Ќе има две полуфинални вечери, кои ќе се одржат на 7 и на 9 октомври и финалето е на 9 октомври на сцената на центарот за култура „Марко Цепенков“.

6422-zvezdicki-2016-960x600-1

6422-zvezdicki-2016-960x600-2

„Фестивалот „Ѕвездички“ е единствен интернационален детски фестивал во Македонија, организиран од „Естрада мултимедија центар“. Се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата-учесници нови ѕвездички. Основна цел на фестивалот е да создаде цврсти пријателски врски меѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги оживее во практиката принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики меѓу децата од целиот свет. Фестивалот е замислен како големо шоу во кое децата од повеќе држави имаат можност да ги покажат своите способности. Фестивалските денови се вистински празник за децата бидејќи сѐ на овој фестивал им е подредено ним, посочи Марјан Катароски, директор на фестивалот.

6422-zvezdicki-2016-960x600-5

6422-zvezdicki-2016-960x600-6

6422-zvezdicki-2016-960x600-8

Градоначалникот Марјан Ристески кој денес во просториите на локалната самоуправа, оствари средба со ѕвездичките посочи дека овој настан од година во година станува се помасовен и интернационален.

6422-zvezdicki-2016-960x600-20

Во изминатите години победници на фестивалот беа многу ѕвездички, кои беа најдобри и на други детски фестивали, како Дестини Чукуниери од Малта, која победи на Детската евровизија, како и нашата Антонија Гиговска.

6422-zvezdicki-2016-960x600-14

Автор: Каролина Мицеска

По седми пат фестивал на медот во Прилеп

27

Во Прилеп по седми пат се одржува Фестивал на медот во организација на пчеларското здружение „Братство“. На штандови на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ деновиве изложуваат повеќе производители на мед од речиси сите краишта на државава. Овој фестивал е своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезиите и преставува одлична можност за избор и дегустација на пчелните производи кои се своевидна лек – исхрана.

[Best_Wordpress_Gallery id=”377″ gal_title=”Pcelari”]
Фестивалот беше свечено отворен од страна на градоначалникот Марјан Ристески кој уште еднаш ја подвлече важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните во следните три дена да го искористат присуството на многуте излагачи на пчелни производи и да дегустираат и изберат од широката понуда на мед .

ГОЛЕМА ГУЖВА ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СДСМ, А МАЛКУ МЕСТА?!

14593299_10209233563107608_1822126856_n

По најавата дека СДСМ на своите листи ќе има и претставници од албанската заедница, Шарената револуција, ДОМ, ДС, ЛДП, Ром, претставник на Турците, Бошњаците, многу малку места останаа за нивните членови. Тоа предизвика “гужва пред голот” на СДСМ и голем интерс за малкуте места. Треба да се знае и фактот дека на овие избори 40% од листите треба да бидат составени од припаднички на понежниот пол.

 

Најавите за двојазичност и преговорите за федерализација со БЕСА ќе бидат “жежок костен” за кандидатите на пратеничките листи. Извори од опзицијата сведочат дека само во еден ден во Прилеп има повеќе од 10 апликации за оваа функција.

 

ВИДЕО: Постојат ли сирени? Водата исфрли непознато суштество на плажа

mrtva-sirena-620x350-696x398

На брегот на плажата во Норфолк водата исфрли непознато бизарно суштество што личи на сирена. Пол Џонс на социјалните мрежи постави видео на ова митско суштество, а за два дена видеото има 15.000 споделувања.

“Денес на плажата пронајдовме нешто што личи на леш од мртва сирена” напиша тој.

На видеото може да се види тело на суштество во фаза на распаѓање. Тоа личи на човек но има и перка од риба.

МАРКУКУЛЕ.МК

ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО: Змиски отров во допир со човечка крв

screenshot_2-25

Се смета дека околу 100.000 луѓе во светот умираат од каснување на змија. Со толку висока стапка на смртност, нема да се изненадите зошто каснувањето од змија е фатално и ништо не можете да сторите во врска со тоа.

Змијата на видеото е раселова отровница. Отровот на оваа змија е толку силен што може да убие за неколку секунди.

МАРКУКУЛЕ.МК

Драматично предупредување од Москва: Русија очекува нуклеарна војна со Западот!

rkghdjfghsfhdfg

Руска телевизија објави загрижувачко предупредување за можна нуклеарна војна со Западот, откако тензиите во Блискиот исток се искачија на највисоко ниво досега.

Ѕвезда, национална телевизија со која управува руското Министерство за одбрана, минатата недела објави дека „шизофреничарите од Америка го „острат“ нуклеарното оружје за Москва“, пишува британски Метро.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша одредба која го суспендира договорот помеѓу Русија и САД за располагањето со плутониумот.

vladimir-putin-foto-ap-1450112740-804103

Руски официјални лица минатата недела потврдија дека се градат подземни скривалишта во кои собира 12 милиони луѓе, доволно во нив да се смести целата популација на Москва.
Русија се судри со западните сили поради политиките во Сирија, каде ја обвинуваат за бомбардирање на цивили, поради што САД ги прекина преговорите со Москва.
И Русија и членките на НАТО се способни да започнат нуклеарни напади бидејќи имаат повеќе од 1.500 боеви глави.

 

Прилепчанец најнов член на семејството милионери на ДВЛМ

ДВЛМ октомври го започнува со убава енергија. По поддршката на Иџе на легендарната патека Енцо и Дино Ферари во Имола, се радуваме на најновиот добитник. Последниот кој го збогатува семејството среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е Стојче В од Прилеп. Тој освои 1.385.647 денари во Спорт Лаиф Треид Прилеп 4.

viki

Во придружба на семејството, во просториите на ДВЛМ, денес пристигна најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Тој ја освои најпосакувана добивка во износ од 1,385, 647 денари во Прилеп, кај деловниот соработник на ДВЛМ- Спорт Лаиф Треид. Неговиот среќен ден е 05 октомври 2016. По работа, Стојче посакал малку забава, па се упатил на вистинското место. Во 16:51 го добил сигналот кој во прв момент го збунил, но веднаш потоа сфатил дека ја добил најпосакуваната добивка. Досега добивал помали добивки, а на оваа се израдува целото семејство. Уште веднаш започнаа со плановите за тоа како ќе се трошат парите, а прв кој ќе си го добие својот дел од тој колач е неговото синче.

1viki

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 15 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 20.489.607 денари. Покрај нив, освоени се и 1840 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 13.795.267 денари.