Вистината за тивкиот убиец на 21-от век: Се’ за Дијабет тип-2

Дијабетесот – шеќерната болест денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст. Шеќерна болест е група на метаболни заболувања каде се среќава покачен шеќер – хипергликемија, поради тоа што бета Лангерхансовите острвца на панкреасот не продуцираат доволно инсулин или поради тоа што клетките во организмот не реагираат на инсулинот. Последица на модерниот стил на живот е зголемениот број надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои особено се издвојува вишокот на килограми.

image003

Угоеноста е еден од водечките дијабетогени фактори, што сведочи фактот дека околу 60 % од заболените дијабетичари се угоени.  Кај угоените личности, со текот на времето, се намалува осетливоста на бета-клетките на  панкреасот на зголемените концентрации на инсулин во крвта, а освен тоа се намалува и бројот на инсулински рецептори во целните клетки, што резултира со намалена испорака на шеќер во клетките и појава хипергликемија.

image001

Трите главни типа дијабетес мелитус се: дијабетес тип 1, дијабетес тип 2 и гестациски дијабетес.

Карактеристики на дијабетес тип 2 кај угоени лица. Дијабетес тип 2 е метаболно нарушување кое се карактеризира со високо ниво глукоза во крвта поради инсулинска резистенција или релативна инсулинска дефициенција. Преваленцата на дијабетес тип 2 е тесно поврзана со појавата на угоеност. Од особена важност,  е податокот во кој речиси 80 % од заболените од тип 2 дијабетес се со прекумерна телесна тежина со предоминантна распределба на масното ткиво во абдоминалната регија, т.е. околу стомакот и колковите. Самата појава на угоеноста предизвикува одреден степен на инсулинска резистенција.

Тивкиот убиец на 21ви век- Дијабетис Тип-2. Преoптоваруваќи го телото со премногу шеќери,  клетките на панкреасот се измачуваат да произведат повеќе имсулин се до моментот кога ќе се изморат со тоа што настанува пред дијабетната состојба. Во тој момент настанува состојба во која клетките на панкреасот се откажуваат но и клетките што се хранат со глукозата веќе не сакаат да ја примат затоа што сме ги презаситиле… Од овој проблем страда многу голем број население, но ние не сме ни свесни за тоа, и кога проблемот се одолговлекува ние имаме Фамозен Дијабет тип-2, кој не сме го наследиле туку сами сме си го привлекле.
image002

КАКО ДА ГО СПРЕЧИМЕ?!
Со сменувањето на неколку дневни навики би го избркале, и тоа ЗАСЕКОГАШ! Физичката активност е број 1 навика која треба да ја вметнеме, контролирањето на тежината со внесување на повеќе овошје и зеленчук, сирова храна, риба, јаткасти производи, цели зрна, обарена наспроти пржена храна, помалку црвено месо со голем број маснотии, вода и тоа многу вода, исфрлање на газираните пијалоци, откажување од цигарите…
Да запомниме здравите навики се најлесниот дел од животот доколку сме мотивирани, а таа мотивација да ја црпиме од нашите најблиски, од убавината во животот, која може да ја имаме доколку сме здрави и витални.

 

Пишува: Марина Релушкоска

Авторот на текстот е дипломиран Нутриционист

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.