дома блог страница 5116

Пензионер од Тетово силувал жена: Соблечи се гола или ќе те обесам на лустер!

Пензионер од Тетово е осуден на затворска казна од една и пол година оти со ќотек и со закани принудувал сограѓанка на секс. Основниот суд во Тетово го огласи А.Љ. за виновен за кривичното дело силување, објавува ВЕСТ.

150818_dx_rapeculture_top-jpg-crop_-promo-xlarge2

Според пресудата на Судот, обвинетиот тетовец за средбата изнајмил куќа под кирија. Тој и оштетената претходно се познавале. На денот кога ја силувал, таа се сретнала со него и, според исказот на сведок, заедно заминале од нејзиното работно место со автомобил. Според пресудата, обвинетиот пензионер со употреба на сила и закани дека ќе ја убие, ја терал оштетената да имаат секс.

Таа се противела, но тетовецот продолжил да и` се заканува. Ја удирал со клоци и со тупаници по главата и по телото и и` наредил да се соблече гола. Откако повторно го одбила, обвинетиот и` се заканил со зборовите: “Соблечи се гола или ќе те обесам на лустер”.

По ова, се вели во пресудата, ја удрил со силен удар со тупаница во слабината и брутално и` ги соблекол алиштата. Ја фатил за рака и насила ја одвел во една од просториите во куќата, ја фрлил врз креветот и игнорирајќи ги нејзините молби да ја пушти, и` ги раширил нозете и` ја силувал.

По настанот, жената побарала лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, а потоа го пријавила случајот во полиција. Обвинетиот негирал пред Судот дека ја силувал. Тој се бранел дека бил во врска со неа, а ја тепал затоа што сакал да ја оттргне да не работи во кафе-бар. Според вештакот и медицинската документација што е дел од материјалните докази, кај оштетената критичниот ден биле констатирани свежи повреди во вид на нагмечување на главата и на телото. Од овој и од останатите материјални и вербални докази, Судот ја утврдил фактичката состојба за настанот. И оштетената до детали го опишала настанот пред Судот.

Доказите, се вели во пресудата на Тетовскиот суд, потврдиле дека обвинетиот употребил сила и закани и телесно ја повредил оштетената. При одмерување на казната, Судот имал предвид дека обвинетиот пензионер е оженет човек, татко на три деца и дека досега е неосудуван.

Жени, денеска оваа светица исполнува само една желба, доволно е само…

fewgrweokahgeotht

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост. Мајка ѝ , штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.

Света Текла се смета како „стардалница“ меѓу жените и исто така нивна заштитничка. Во народот се верува дека денеска дамите кои одат во црква и искрено ја замолат светицата ќе им биде исполмета една желба ако е искрено и длабоко ја поскауваат и веруваат.

ВИДЕО: Хорор во живо…предозиран пар ќе ви даде одговор зошто „НЕ“ за дрога

Во Мемфис деновиве случајни минувачи забележале како еден пар се однесува откако претходно, мажот и жената се предозирале со хероин.

 

droga-640x320

На снимката може да се слушне како авторот на видеото се смее, а се смеат и останатите кои што го снимаат предозираниот пар.

Еден корисник дури сето тоа го пренесувал во живо на својот профил на Фејсбук, иако може да се претпостави и дека можно е да е загрозен животот на луѓето.

Агонијата траела се додека еден моторциклист не ги забележал и не повикал полиција и итна помош.

Авторот на видеото својата постапка ја објаснил како неопходна затоа што било „потребно на децата да им се укаже на опасноста од консумирањето на дрога“.

 

Прилепскиот театар гостува на раномиран фестивал во Сараево

ajstajnovite-sonista

Со претставата ,,Ајнштајновите соништа,, од Лајтман, во режија на Слободан Унковски, театарот ,,Војдан Чернодрински,, гостува на реномираниот и престижен фестивал МЕСС во Сараево кој се одржува по 55 пат. Претставата, која е копродукциски проект со театарот ,,Навигатор Цветко,, ќе биде изведена во недела на 9 октомври во Сараевскиот воен театар. Драматизацијата на текстот е на Русомир Богдановски, музиката на Златко Ориѓански, а костимограф  е Роза Трајческа – Ристовска.

Во претставата играат – Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески.

Ова е второ претставување на прилепскиот тетаар на интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Претходно беше со ,,Тапани во ноќта,,  во режија на Мартин Кочовски, со која беа освоени три награди.

 

Отворена изложбата „За слобода и независност“

Вчера вечер во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ бидеше отворена изложбата „За слобода и независност“. На изложбата беа претставени 20 фотографии, а истата беше отворена од амбасадорот на Унгарија во Македонија г.н Ласло Иштван Дукс заедно со градоначалникот Марјан Ристески и г- Ѓуласомоги, заменик шеф на мисијата.

received_10209239134566891

ЗА СЛОБОДА И НЕЗАВИСНОСТ

Покрај убавината и естетиката, уметноста поседува и една посебна карактеристика која ја прави уште поуникатна. Тоа е способноста да поврзува, да зближува. Оваа изложба поврзува два народи кои историски можеби и никогаш не биле поврзани, но затоа пак делат исти истории и сведоштва од минатото. 23-ти Октомври, како датум е подеднакво значаен и за Македонија како и за Унгарија. На овој ден во двете земји се празнува борбата и желбата за слобода и независност. Ако за Македонија 23-ти Октомври се празнува денот на македонската револуционерна борба, истиот тој ден во Унгарија се празнува денот на унгарската револуција. На тој ден пред точно 50 години млади студенти, поддржани од своите професори и останати интелектуалци ја започнуваат револуцијата против тогашниот Советски Сојуз и комунистичкиот систем. Иако нивната радост траеше многу кратко поточно 14 дена, сепак гласот на оваа револуција одекна надалеку и беше насловна страна на тогаш а и денес светски најпознати медиуми. Во оваа изложба ќе ги запознаеме и таканаречените херои од Буда, кои што ги жртвувале своите животи за слободата на Унгарија. Покрај хероите во оваа изложба се споменати и оние кои се директно и индиректно виновни за смртта на преку 2.500 Унгарци и задушувањето на востанието. Востанието за жал по почетниот успех беше загушено, но сонот и желбата за слобода и демократија не беа. Тие се остварија во 1989 година кога со падот на комунизмот и овој ден беше прогласен за национален празник.

received_10209239146327185

Со оваа изложба се надеваме дека уште повеќе ќе ги зближиме народите од Македонија и Унгарија потсетувајќи ги дека и двата делат жална но многу богата историја.

ЦК „Марко Цепенков“ оваа изложба ја реализираше во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп.

ТРАМП: Не ме интересира колку сте болни, излезете и гласајте да го победиме злото !

donald-tramp-amerika-politicar-milijarder-600x400

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, на собирот ги повика граѓаните да гласаат.

“Не ми е гајле колку сте болни, не ме интересира дали сте добиле најлоши вести на лекар. Нема врска, издржете до 8 ноември. Излезете и гласајте”, рече Трамп на собирот во Невада.

Покасно додаде дека се шегува и се обиде да ги утеши болните.

Трамп е познат по контроверзните изјави, а со своите говори веќе одби дел од потенцијалните гласачи. Можно е ова да било само обид да направи пресврт во изборната трка, во која, спрема последните резултати на анкетите тој губи.

МАРКУКУЛЕ.МК

 

 

ИСТРАЖУВАЊЕ: На жените им е потребно повеќе сон бидеќи нивниот мозок е покомплициран

women1

Жените ширум светот се израдуваа на резултатите кои беа добиени на истражувањето: На жените им е потребно повеќе сон отколку на мажите, бидеќи нивниот мозок е покомплициран.

Можеби не изгледа многу но на жените им е потребно 20 минути повеќе спиење секоја вечер, за да се справат со оптоварувањата кои ги носи секојдневието. Според истражувањето, мозокот на жените може да се справува да решава неколку задачи во еден момент додека мозокот на мажите го нема овој капацитет во таа мера.

Меѓутоа не треба да се создава генерална слика кога се споредуваат женскиот и машкиот мозок. Овие резултати го претставуваат просекот.

МАРКУКУЛЕ.МК

Што ќе се случи со светот доколку сите луѓе исчезнат 3 години ?

wallpapers-680x383

Дали сте се запрашале, што ќе се случи со нашата планета доколку сите луѓе исчезнат ?

Сигурно е дека ќе нема струја бидеќи електраните нема да работат, милиони домашни животни крави, прасиња, кокошки ќе бидат пуштени во дивина. Патиштата најверојатно ќе се претворат во реки, зградите ќе почнат да се рушат, а сепак ќе остане уште нешто, пластиката.

Она што ќе остане од луѓето е пластиката, пластиката како наследство.

МАРКУКУЛЕ.МК

Прилепската гол машина со погодок ја врати Македонија во игра за бодови

ilija-nestorovski-sport184-1

Илија Несторовски конечно му ги отвори очите на раководните луѓе на клупата на македонската фудбалска репрезентација. Прилепчанецот е стартер вечерва на вториот меч против Израел од квалификациите за Светското првенство во Русија, што моментално се игра на фудбалската арена “Филип Втори” во Скопје.

Несторовски веднаш ја оправда довербата и со прекрасен погодок во 63-та минута од натпреварот, ја врати нашата репрезентација во игра за бодови во овој натпревар.

Гореше возило во близина на градската болница во Прилеп

14610780_1134108426683721_1369266794_n

Денеска околу 14:30 часот се запали возило Фиат Пунто во близина на градската болница во Прилеп. Од очевидци дознаваме дека возилото било управувано од женско лице кое паркирало на кратко пред неколкуте дуќани.

За миг возилото започнало да испушта густ чад. Еден од сопствениците на дуќаните и возач на автобус кој случајно поминувал  со помош на противпожарни апарати, за кратко го спречиле опожарувањето на возилото, но непосредно пред да пристигне противпожарната единица, возилото сепак се запалило.

Пожарникарите за брзо време го неутрализирале пожарот и спречиле поголема штета.

Очевидци говорат дека причината за опожарувањето на возилото е спој во електриката на возилото, поради неисправен систем со плин.

14568937_1134311043330126_387188601_n

14569056_1134108313350399_909959832_n

14593390_1134108316683732_689972666_n

14610797_1134108360017061_1144187668_n

14619989_1134311046663459_378715539_n

14620040_1134108346683729_2031985749_n