дома блог страница 5118

Кој спречуваше македонскиот народ да ја дознае вистината за следењето на ВМРО?

Директорпт на ДАРМ, Филип Петровски, промовирајќи ја едицијата „Црните страници на УДБА“ во издаваштво на ДАРМ, во емисијата на Јанко Илковски – Јади Бурек, потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како партија била следена и обработувана од страна на УДБА уште од самото нејзино формирање во 1990 година, кое следење продолжило и во наредните 10 години од независноста, т.е. се до периодот на министерувањето на Павле Трајанов со МВР.

tom8-640x906

-Суштината е дека самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ е забележано во аналите на тајната полиција. Еве прво што ми текнува од досијето на Црномаров каде што имаме детален извештај на УДБА за формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и тоа е месец дена по формирањето на партијата, значи некаде во летото 1990 година. Практично имаме 3-4 страници еден темелен извештај, наведено е дека во салата присуствувале на основањето на тој комитет 970 луѓе и она што е значајно се гледа дека оперативците на Тајната полиција биле внатре во салата, зошто затоа што изјавите кои што ги давале при формирањето на тој ОК учесниците, своите ставови кои ги изнеле на бина се темелно и внимателно забележани, сите имиња на учесници се наведени во тој извештај,  објаснува Петровски.

Петровски дополниелно заклучува :

-Тоа покажува дека од самиот старт на формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, таа е под сериозен надзор на Тајната полиција, подоцна се следат сите првенци на ВМРО-ДПМНЕ, но се следи и седиштето. Седиштето е поместено во 8 -от Том на почетокот, тоа е она што го кажав на самиот почеток на емисијата еден поголем извештај, односно збир на документи, каде што буквално  може да се види дека и против седиштето на партијата, но и Претседателот тогашен, Потпретседателот и видните членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се водело детално анализа, истрага на комплетното делување, тоа не престанало за жал ни 98 година.

Во текот на интервјуто Петровски истакнува дека СДСМ , како наследничка на СКМ за какова се прогласува е директна насладеничка и на злосторствата на оваа партија.

-Партијата СДСМ  се прогласи за наследник на партијата што ова го правеше на СКМ. Се разбира они сакаа да бидат наследник, ради тоа што тие сакаа да го присвојат  имотот , но присвојувајќи го имотот и прогласувајќи се за наследници на оваа структура што вака се пресметуваше со чистата македонска мисла, они се наследници и на злосторот и токму поради тоа и треба да се извинат за тој злостор, тоа е многу сериозна работа која што верувај нема да ја премолчат, само уште не им е јасно што има внатре, вели Петровски.

Петровски открива и досега необјавени факти и вели дека 10% од популацијата на Македонија своевремено била следен од УДБА.

-Во 1965 година имало најмалку 137.000 досиеја во Републиката отворени и водени за личности, од кои некој од досиејата биле активни повеќе од 20 години, што значи од 45-65 луѓето биле водени, ако земеме дека Македонија имала тогаш околу еден и пол милион жители, доаѓаме до фрапантна бројка дека 10% од населението било водено во досиеја, таму се заклучени и установени потврдени значајни прекршувања на човековите права, значајно навлегување на Тајната полиција во целиот општествен живот и тоа е за нас е аргумент кој неможе да го оспори никој бидејки сега е веќе историски документ, извештајот е 50 години стар. Извештајот е произведен од тогашниот систем, за самиот систем,  додава тој.

Ваквата едиција со факти и документи , не пројави интерес кај некој од медимумите кои се блиски до СДСМ, за нив тоа што 10% од македонската популација била следена, македонската политичка емиграција била ликвидирана и тоа што била загушена желбата за независна Македонија на великаните како Ченто, Доцев, Брашнаров и други дејци е маргинален настан, кој не заслужува внимание.

Имено Оливера Трајковска, во својата емисија Топ Тема на Телма, од 29 Септември се обиде да направи некаква паралела на  германската служба „Штази“ која уништувала илјадници досијеа по паѓањето на Берлинскиот ѕид со УБК во Р.Македонија, обидувајќи се да ги поткрепи претпоставките на СЈО за наводен криминал во власта на ВМРО-ДПМНЕ. Со своите тези Трајковска се обидува да ги поткрепи претпоставките на СЈО, кои во целост се совпаѓаат со ставот на СДСМ.

Но сега кога се обелоденети над 13.500 страници оригинални досиеја, на лица кои се бореле за независна Македонија, во кои се гледа на каков ѕверски начин биле уништувани нивните судбини, да молчи и да нема коментар, за судбините уништени од претходниците на СДСМ.

 -По падот на берлинскиот ѕид и падот на Штази, 600 милиони фрагменти или претворени во конфети досиеја се искинати од службата, во неможност тоа да го прават апаратите, ги нарекуваат хартиените волци на Штази. Значи оние кои ги правеле досиејата сега седнуваат да ги скинат затоа што премногу брзо и за нив нестварно пред очите паѓа се. Подоцна успеваат компјутерски инжинери, да ги состават сите тие фрагменти со најневеројатна технологија и околу милион и седумстотини илјади германци се пријавуваат од тие составени одново досиеја да ги видат записите за сопствените животи, таа епизода временски некако завршува со тој труд и чувство на германското општество на некој начин да им се одолжи на луѓето кој што биле жртви во стратниот процес, македонската тајна полиција, забрехтано го отпочнува истиот процес. Дали ние сега ќе сведочиме на хартиени волци кои ќе кинат се од тоа што останало таму или ќе успееме да стигнеме низ некаков систем сепак да дојдеме до вистинските одговори во колкава мерка животите на луѓето биле во посед на службите и колкава е штетата направена што е направена од таквиот процес, вели таа.

До каде одела налудничавоста на УДБА се  гледа и од примерот со Пратеникот Илија Димовски, кој на својот фејсбук профил објави дека преку едицијата дошол до информација дека бил следен уште од својата 16 година.

ilija

Но ништо од ова не мотивира  ниту еден медиум под контрола на СДСМ/Сорос да ја поздрави  едицијата „Црните страници на УДБА“ и изрази интерес за истата. Нејасно е на што се должи ваквиот мрак во овие медиуми

Спасов: Отворањето на 140 градинки ќе овозможи нови 2.000 работни места

Над 2.000 работни места ќе се отворат за стручен кадар, негователки, готвачи кои ќе се ангажираат во градинките и кои ќе се грижат за растот, развојот, едукацијата на децата со отворањето на новите 140 градинки, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во денешното гостување во емисијата „Бројки“ на Радио Слободна Македонија.

received_10209232139952030

Спасов истакна дека so новиот проект со кој планирано е отворање на 140 детски градинки ќе се реши деценски проблем.

-Ако земеме во предвид дека во ’90-тите години воопштво не беше инвестирано, а до 2006 речиси ниту една градинка не беше изградена се соочуваме со проблем во Градот Скопје и другите градови, а се повеќе и во рураралните места каде се јавува потребата да се зголемува бројот на градинки. Со намалувањето на невработеноста се зголемува бројот на родители кои имаат потреба од нови капацитети за сместување на децата. Листи на чекање се големи и се одлучивме да промовираме и започнеме со реализација на овој голем проект. Со овој проект ќе се отворат нови 18.000 места за згрижување на децата, посочи Спасов.

Тој исткна дека одредени општини во однос на други имаат поголема потреба од отворање на нови градинки.

-Градинките ќе бидат распределени на цела територија на Република Македонија со фокус на главниот град, на секоја од општините особено каде има долги листи на чекање, како на пример Центар, Струмица, Куманово, Аеродором, Ѓорче Петров кои имаат најголеми листи на чекање. Во овие општини најбрзо ќе се започне со инвестиции, објасни Спасов.

Новите градинки се поделени во четири модели согласно потребите, односно градинки за згрижување на 50 дечиња, од 100 до 120 деца, од 200 до 250 и од 300 до 35 дечиња.

Ансамблот “Танец” гостува во Прилеп

tanec-vo-prilep-novo

Душата на Македонија, Симболот на македонската култура и уметност, Амбасадорот на македонскиот фолклор – Ансамблот Танец оваа година ќе биде дел од настанот 11 –ти Октомври.

10 октомври со почеток во 20.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“, Ансамблот „Танец“, Ве кани на незаборавен целовечерен концерт.

Зaедно да одбележиме 75 години од Ден на македонското револуционерно востание и шест децении од Ансамблот Танец.

Бидете и Вие дел од овој несекојдневен настан.

Влезот е слободен!

Покана за одбележување на националниот празник “11 Октомври” 2016 година

6420-pokana-960x600-1

По повод “Денот на востанието на македонскиот народ” или “Ден на народното востание на македонскиот народ”, познат како 11- Октомври, општина Прилеп и оваа  година ги поканува сите граѓани со пригодна програма да го одбележиме денот кога започнало востанието против фашистичкиот окупатор.

 

СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ПРИЛЕП

img4114

По повод државниот празник 11-Октомври,,  булеварот “Гоце Делчев” на  10-ти Октомври ќе биди забранет за сообраќај за сите возила со почеток од 18.00 часот. Поради тоа автобусите од Јавниот градски превоз-Прилеп  последно сообраќање ќе им биде во 17.30 часот од почетните постојки.
Во  вторник  на 11-Октомври автобусите од градски превоз ќе сообраќаат по вонредната (неделна) линија.

Со почит

Јавен Градски Превоз

Со низа свечености одбележан патрониот празник на СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп

dsc_0209-copy

По повод 02.10.2016г., патрониот празник на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп, на 03.10.2016г. во народниот театар ,,Војдан Чернодрински “, во 15 часот се одржа Свечена академија. Своите постигнувања и заложби, учениците ги претставија пред многубројната публика, составена од професори, родители и ученици. А со своето присуство не почести и градоначалникот на општина Прилеп, г-инот Марјан Ристески, советникот од МОН за образование, г-инот Марјан Матракоски, како и директори од прилепските средни и основни училишта. Во пригодниот говор, нашиот директор г-нот Дејан Димоски го објасни значењето на овој датум, а учениците ги прикажаа своите способности преку разновидни содржини: драмски претстави, музички изведби, рецитации, мјузикли и модерни балети.

dsc_0434-copy

dsc_0219-copy

dsc_0222-copy

dsc_0231-copy

dsc_0325-copy

dsc_0342-copy

dsc_0349-copy dsc_0360-copy

dsc_0392-copy

dsc_0397-copy

dsc_0431-copy

Ова е причината поради која е забрането да се фотографирате насмеани на пасошот

Сите нови пасоши содржат чип во кој се чуваат биометриски информации за вас кои се добиени од фотографијата. Токму тоа е главната причина зошто фотографијата на овој документ не треба да се смеете ниту да носите очила.

 

pasos-640x480

Всушност, таа фотографија ги скенира и клучните карактеристики на вашето лице, како што се растојанието меѓу очите, од врвот на носот до брадата.

Се што ги крие овие делови, како што се очила за сонце, или широка насмевка, ја смалува ефикасноста за користење на алгоритмот, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.

 

ВИДЕО: Бебе со необична фризура стана хит на интернет

378024B.TIF

beba-kosa-frizura-mama-majka-dete-600x450

Видео на бебе старо само 2 месеци ја воодушеви светската јавност , а социјалните мрежи се исполнети со коментари за малиот Џуниор.

Неговата мајка вели дека поради неговата фризура, неделното купување во продавница трае цели два часа бидеќи многу луѓе ги запираат за да се сликаат. За да го спречи тоа, таа му става капа но тој тоа не го поднесува и брзо ја отстранува.

Мајката Челси Нун вели дека малиот Џуниор имал долга коса уште по раѓањето.

Челси понуди 58 милиони евра за Кулибали

kalidoukoulibaly-cropped_pmmmo5wc1x521ctuujr22zqi1

Целиот транфер период, сенегалскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер во англискиот гигант Челси.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека клубот добил понуда од 58 милиони евра за Кулибали во последните денови од трансфер периодот.

Наполи одби да го продаде сенегалецот кој го продолжи договорот до 2021 година.

” Во последните денови од трансфер периодот добив понуда од 58 милиони. Конте ќе рече дека тоа не е вистина, но тој понуди 30, потоа 40 и на крај 58 милиони евра”, изјави Де Лаурентис.

” За ова повторно ќе зборуваме другата година”.

 

ФОТО: Пред 9 години го одржа последниот концерт, да се потсетиме на Тоше Проески кога бил мал

На 5 октомври 2007 година Тоше Проески го одржа последниот концерт на Градскиот стадион.

tose-proeski-mal

По неговата смрт секоја година, како и оваа, фановите се собираат во негова чест и со мобилни телефони прават ѕвездено небо, исто како на неговиот последен концерт.

Денеска низ социјалните мрежи кружи фотографијата од нашата прерано почината поп легенда, на која тој е малечко дете.