дома блог страница 5115

Оваа девојка ја киндапирале и ја чувале како робинка цели 18 години: Нема да верувате како таа изгледа сега

screenshot_1-30

На 10 јуни 1991 година, малата Џејси Ли Дугалд се упатила кон автобуската станица како би отишла на училиште. Но тогаш здогледала како и се приближува автомобил. Тоа бил Филип Гаридо, нејзиниот киндапер.

kidnapovana-djevojcica-2

Во наредните 18 години, Џејси живеела како робинка и родила две девојчина. Кога била пронајдена и ослободена, полицијата останала шокирана од условите во кои живеела.

Џејси е родена на 2 мај 1980 година. Таа била многу блиска со својата мајка Тери Пробин и помладата сестра. Тој ден таа подготвила ручек за на школо и ја носела својата омилена маица која и ја поклонила нејзината мајка.

kidnapovana-djevojcica-4

Нејцзиниот очув ги видел киндаперите. Забележал како една жена излегла од автомобилот и го присилува девојчето да влезе внатре. Тој пробал да ги следи со велосипедот но не успеал.

Џејси сега е слободна и живее со својата мајка и нејзините две ќерки.

kidnapovana-djevojcica-5

ДЕВЕТТИ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “ЈАМАЈКА”

14610776_10208977188881357_402963815_n

Турнирот е во чест на Павле Кочоски чиј живот прерано згасна.

Во негова чест и спомен деветта година по ред, неговите другари и пријатели го организираат овој меморијален турнир во мал фудбал “Јамајка”. Овој  турнир од година во година е се подобар и поорганизиран, а организаторите се надеваат дека за скоро време ќе прерасне во еден голем спортски настан.

Турнирот започнува на 15 октомври во сабота, во салата од основното училиште “Добре Јованоски”. Натпреварите ќе продолжат до 20 октомври во салата “Македонија”.

 

 

 

Какви трикови користат трговците за да продадат стар производ?

srjfdagdfgdsfgdf

За разлика од европските маркети во кои на посебни гондоли храната пред истекот на рокот на траење се продава по цена пониска и од 70 проценти, кај нас трговците, посебно оние малите, користат разни трикови за да продаваат стари производи и најчесто успеваат во тоа.

Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото – За да изгледа посвежо, во месото се додава лимонтус и витамин Ц, кои на вештачки начин го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се мачкаат со чај од камилица, за да го изгубат непријатниот мирис.

Светлото и зачините ги прикриваат маните на месото – Во некои месарници, фрижидерите имаат црвено светло за на купувачите да им делува дека месото само што излегло од производство. Месото кое веќе почнало да ја менува бојата и да се суши од стоење, месарите го ставаат во зачини и го продаваат како мариниран специјалитет, а најлесен начин да се продаде старото месо е од него да се направат плескавици или ќебапи.

Вода и лед за зеленчукот – Зеленчукот, а најмногу зелената салата и зелката, трговците ги прскаат со вода во која има малку детергент за садови, за да изгледа посјајни и посвежо. Овошјето и зеленчукот трговците најчесто ги чуваат на мраз за подолго да изгледаат свежи, а се случува и да ги премачкаат со тенок слој на масло, за да делуваат сјајно.

Отворен ден во Општина Прилеп по 22-ри пат

1

Претставници на НВО, ученици од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, велосипедисти, бербери, тутунари, навивачите од навивачката група „Мајмуни“, денеска беа само дел од присутните гости кои ја посетија општина Прилеп по 22 пат и зачекорија по црвениот тепих.

5

Започнувајќи од холот на Општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општо-правни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, Шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект, најмногу по барање на граѓаните.

2 4 6 7 8

 

Втор по ред “Поштенски маратон” во Прилеп

3

Вториот по ред Поштенски Маратон во Прилеп ќе се одржи во недела, 9ти октомври.
Организаторите на маратонот ги канат сите маратонци и рекреативни тркачи од Вашата редакција да се пријават и да земат учество во маратонот со пријавување на веб страната на маратонот www.postalmarathon.com.
Освен што ќе се рекреираат, тие ќе се вклучат во хуманитарните активности на
организаторите, бидејќи оваа година секоја котизација од пријавените тркачи ќе
биде донирана на фондот на Црвениот крст за помош на поплавените подрачја во
Македонија.

Во прилог ви ја прикажуваме  и агенда на маратонот:
8:00 часот – почеток на детска забавна трка од 1км. ( пешачки премин на
градски булевар Гоце Делчев, спроти плоштад Александрија)
8:30 часот – старт на рекреативна трка (5km), маратонска трка (42km) и
полумаратонската трка (21km) ( пешачки премин на градски булевар Гоце Делчев,
спроти плоштад Александрија)
13:00 часот – доделување на медали за победниците од сите трки
13:30 часот – прес – конференција на која ќе се обратат Градоначалникот на
Прилеп, директорот на Македонска Пошта АД и победниците во маратонската и
полумаратонската трка. ( Општина Прилеп, прес центар )
14:00 часот – журка со домашни музички артисти и диџеј (Плоштад
Александрија)

Изгореа три дуќани во Битола

На ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ вчеравечер околу 21 часот во Битола од засега непознати причини избувнал пожар во киоск за печење пилиња, а од кој биле зафатени уште два дуќани.

 

pozar-3-640x449

Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Битола. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Расте бројот на загинати: Ураганот усмрти 478 лица

haiti-640x294yj56u56u56

Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се зголеми на 478 лица, по добивањето на информации од оддалечени области, кои поради тропската бура беа отсечени од светот.

Со брзиот пораст на бројот на загинатите различни владини агенции даваат различни податоци.

Според претставници на локалните служби за цивилна одбрана ураганот усмртил најмалку 478 лица.

Централната служба за цивилна одбрана на Хаити, која има потреба од подолго време за да ги ажурира податоците, соопшти за смртта на најмалку 271 луѓе.

Околу 61.500 луѓе се уште се сместени во засолништа.

По опостушувањето на Хаити, ураганот Метју помина утрово над источниот брег на Флорида со силни пропратни ветрови, кои достигнуваат до 195 км/ч, и поројни дождови

Рано утринава туристичките центри и градовите на полуостровот во југоисточниот дел на САД потонаа во мрак, а по улиците немаше автомобили во движење. Улици, по кои течат реки вода, беа „украсени“ со гранки и други остатоци, пренесува БТА.

Метју благо ослабна вчера навечер – е на на 5 од петстепената скала на Сафир-Симпсон – но се уште е многу опасен, предупреди американскиот Центар за набљудување на ураганите.

 

Најавена програмата во чест на „11 Октомври“

2

Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција ги покани прилепчани заедно да го прослават претстојниот 11 Октомври. Во својата изјава градоначалникот Ристески, им го честита Денот на народното востание на Р.Македонија на сите граѓани и истакна дека Македонија секогаш била на страната на развојот и напредокот.

1

По повод 11 Октомври предвидени се низа манифестации и натани за сите вкусови во градот под Марковите кули.

 

11 ОКТОМВРИ, 2016 ГОДИНА

07-09 oктомври, 2016

19.00 Интернационален фестивал „Ѕвездички“– НУЦК  „Марко Цепенков“

08-10 oктомври, 2016

16.00 Меморијален ориентационен натпревар „Пеце Атанасовски“- ООУ „Кочо Рацин“

09 oктомври, 2016

08.00 Прв поштенски маратон 2016, Булевар „Гоце Делчев“

10.15 Турнир во џудо – спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“

11.00 Натпревар во стандардни и латино-амерички танци А и Б лига- ООУ „Кочо Рацин“

10 октомври, 2016

09.00-14.00 Крводарителска акција– 25 години навивачка група „Мајмуни“-НУЦК „Марко Цепенков“

11.00 Медиумски настан по повод завршувањето на проектот ENERGYNET – СОУ „Кузман Јосифовски-Питу“

12.00 Формирање на македонското знаме –балетски перформанс, Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

 

Централна манифестација

Камена бина, плоштад Александрија

 

18.30 Настап на солисти од детскиот хор „Мали Ангели“ 

19.00 Изложба на Васил Василев – Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“

19.15 Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески

19.30 Огномет

19.40 Концерт на Воениот оркестар на АРМ

20.30 Концерт на Ансамблот „Танец“ во  НУЦК „Марко Цепенков“

22.00 Проекција на филм – Кино Мис Стон

 

11 Октомври, 2016

09.30 Положување на цвеќиња на спомениците на: „Методија Андонов Ченто“, „Кузман Јосифоски – Питу“ и на Могилата на непобедените

10.00-14.00 Изложба на рачни изработки „Килимијада“,  плоштад кај Градскиот саат

10.00-15.00  Tuning Car Show – Булевар „Гоце Делчев“

10.00-15.00 Изложба на воена опрема и оружје – Булевар „Гоце Делчев“     

11.00 Вело настан „Со стари велосипеди низ улиците на Прилеп“

 

 

ВИДЕО: Во срцето на ураганот: Авион навлезе во бурата која ја пустоши Америка

ewgfrwhgtejhryk

Иако ураганот Метју предизвикува големо внимание поради ужасните последици кои ги остави зад себе, има такви која својата доза на адреналинска инекција ја добиваат токму бркајќи ги ваквите бури. Така на Твитер се појави видео од еден копилот на авион кој бил во центарот на разбеснатиот ураган Метју.

Погледнете како изгледа…

 

Доделени дипломи на учесниците во јавната програма за образование на возрасни

Во организација на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Центарот за образование на возрасните – Скопје и во координација со локалната самоуправа, денеска со пригодна свеченост беа доделени 60 дипломи на лица за дооформување на средно стручно четиригодишно образование за возрасни. СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, ова е втор пат како е избрано како спроведувач на јавни програми за образование на возрасни.

_mg_9389

„Првиот пат обучивме 100 кандидати, а овој пат 150 кандидати и тоа по 50 кандидати од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Нашето училиште првиот пат беше едно од четирите училишта во РМ кои даваа вакви услуги т.е. обуки на возрасни, за да вториот пат програмата се рашири и има повеќе училишта даватели на вакви обуки за возрасни“ посочи Влатко Бутлески професор по стручни предмети во СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп.

_mg_9393 _mg_9356 _mg_9357 _mg_9366 _mg_9370 _mg_9374
Градоначалникот Ристески ги поздрави присутните и програмата, посакувајки им на учесниците соодветно користење на стекнатата диплома.