дома блог страница 5114

Голема крводарителска акција на навивачката група “Мајмуни”

14610664_10208869470746749_434747612_n

По повод 30-годишнината од постоењето, навивачката група “Мајмини” во понеделник 10.10.2016 организира голема крводарителска акција.

Сите хумани граѓани кои сакаат да спасат нечиј живот ќе имаат прилика тоа да го сторат од 9 до 16 часот во домот за култура “Марко Цепенков”.

Вечерта пак, во 19:30 часот за време на големиот огномет по повод прославата на 11-Октомври, од навивачката група најавуваат голем спектакл. Нивните членови ќе запалат 150 факли(стробови).

ВИДЕО: Избегната катастрофа на аеродромот во Прага

161008037-2_xl-696x398

На аеродромот во Прага “Вацлав Хавел”, снимени се обиди на слетување на авион од Пекинг.

На видеото се гледа нишање на авионот Боинг  737-430 за време на слетувањето. Авионот се  приближува на пистата а потоа удира и повторно полетува.

Пилотот се бореше со силниот ветар па беше приморан дури на два  пати да го слетува  авионот.

МАРКУКУЛЕ.МК

Ноќен живот во Гевгелија: Маркукуле втор викенд во македонскиот Лас Вегас (07.10.2016)

[Best_Wordpress_Gallery id=”378″ gal_title=”ГевгелијаНоќен2″]

Mакедонска фолкерка измамена од најблиските: Братучетка ми заби нож во грб

Фолкерката Елена Јовчевска деновиве е во центарот на вниманието откако против туристичката агенција каде што била вработена е поднесена кривична пријава за злоупотреба на клиенти и измама, пишува „Вечер“.

elena-1

Имено, агенцијата, која инаку била во сопственост на нејзина прва братучетка од Прилеп, кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година континуирано до месец август, отпочнала со вршење на услуги при што со лажно прикажување дека е овластена да продава промотивни авиокарти по цени далеку поевтини отколку реалните, без да ги поседува потребните дозволи – сертификати за организирање на авиопревоз – ИАТА сертификат, и без да склучува какви било договори за соработка со авиопревозници, примала парични средства од граѓани кои ги уплаќале на жиро-сметката на фирмата.

На ваков начин нечесната братучетка на Елена оштетила петнаесетина субјекти од кои едно е правно, а останатите се физички лица и притоа се стекнала со противправна имотна корист од 1.613.446 денари.

Јовческа вели дека е шокирана од целиот настан и се уште не може да сфати како блиска роднина можела да и наштети до таа мера, водена од алчност и желба за брза и нечесна заработка. Таа веќе поднела тужба против осомничената прилепчанка.

– Приказната е многу долга и МВР веќе работи на целиот случај. Бев вмешана во нечесни игри, но, исто така, сум и многу оштетена од мојата блиска роднина. Затоа само ќе кажам, Господ да не чува од роднините и од лажните пријатели, тие во кои многу веруваме, најдобро знаат да ни забодат нож во грб. Преку мојот професионален ангажман во дијаспората од страна на моја роднина која работи со туристичка агенција бев замолена околу мое заземање за промоција на агенцијата во дијаспората. По извесно време ми беше понудено да бидам и пријавена како агент во агенцијата и без размислување прифатив. Намерите и причините за да бидам ангажирана од страна на управителот на туристичката агенција ги дознав подоцна, откако моите родители и лично јас не добивме билети за кои имавме извршено уплата, а потоа и поради фактот што мои пријатели од странство ме известија дека не ја добиле услугата за која платиле. Веднаш побарав да видам што се случува со сметката на агенцијата и откако видов дека станува збор за измама случајот го пријавив во полиција. До денес сите оние кои ми пристапуваат како оштетени ги упатувам во Основното јавно обвинителство во Прилеп каде е заведена постапка по кривична пријава од МВР против управителката на агенцијата –  вели фолкерката за „Вечер“ и додава дека поради ова претрпела непроценлива штета во однос на кариерата.

– Штетата која ја трпам јас е непроценлива, пред се, поради мојот професионален ангажман преку кој ја градам сопствената кариера на музичката естрада која на ваков начин ми е нарушена, а потоа и поради материјалната штета која лично мене и на моето семејство, како и на пријателите им е причинета од таквото работење на агенцијата. Во постапката која следува јас и сите оние кои се оштетени ќе бараме утврдување на одговорност и надомест на штетата која на сите ни е причинета – заврши Јовчевска, која веќе има договорено неколку настапи во Австралија, а за Нова година ќе ги забавува нашинците во Мелбурн.

Дали Фејсбук ќе уништи многу врски и бракови со оваа нова опција на тајни разговори?

Фејсбук отвори нова можност за разговори на Messenger. Имено од сега ќе можете да водите тајни разговори, а содржината на истите ќе може да ја читате само вие и оној на кој сте му ја пратиле.

received_10209248290395781

Фејсбук уште минатата недела најави дека планира постепено да им овозможи на корисниците нова опција – тајни разговори. Опцијата ќе биде достапна за корисниците на Android и iOS.

Како што е случајот со WhatsApp, тајните пораки значат дека е невозможно трета страна да ви го прочита разговорот, па дури и ако тоа е самата компанија.

Во случајов, ниту самиот Facebook нема да може да ја открие содржината или да ги контролира разговорите меѓу две лица.

Клучната разлика е во тоа што преку Facebook Messenger тоа е возможно само ако самите го побарате.

Тајните разговори се активираат на следниов начин:

Го прегазил па побегнал – страшна несреќа во Прилеп

policijajeti9uyt874yt8iy54hoity45y4

Во 11 часот и 15 минути во Прилеп на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода во која  комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач, удрило во велосипед управуван од 77-годишниот Љ.Т. од Прилеп, по што камионот го напуштил местото на настанот.

Во незгодата Љ.Т. се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во Градската Болница во Прилеп каде му била укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа на полицијата.

 

ФОТО – Новите 654 полициски службеници дадоа свечена заклетва: Прилепчанец првенец на генерацијата

Во Центарот за обука во Идризово, со чинот на положување свечена заклетва, беа промовирани новите 654 полициски службеници од генерацијата 2015/2016 година.

14593334_10208981707554321_2058799490_n

Новите припадници на полицијата во изминатата година поминаа низ ригорозни тренинзи и обуки, за денес пред присутните 3-4000 посетители да дадат свечена заклетва.
Заклетвата младите полициски службеници ја дадоа пред врвот на Министерството за внатрешни работи.
На свеченоста говор одржа и првенецот на генерацијата Марко Јосифоски од Прилеп.

Со нивното вработување во МВР во залог ги добиваат сите успеси постигнати во минатото и сиот углед на полициската униформа кои го стекнале генерациите пред нив.

14608194_10208981707194312_1310151701_n
14625346_10208981716874554_1632975289_n
14625522_10208981707474319_1711119833_n
14642738_10208981716754551_286414240_n
14642931_10208981707394317_256057054_n
14643176_10208981707234313_151937233_n
МАРКУКУЛЕ.МК

Не фрлајте ги овие вреќички, тие вредат злато

Вреќичките со силика гел можат да имаат повеќенаменска примена, иако до сега сигурно повеќето од вас ненамерно ги фрлале!

 

silk-640x480

Малите вреќички со силик гел ги добивате секогаш кога купувате нови чевли, торби и слично. Наместо да ги фрлате, искористете ги бидејќи тие навистина можат да ви помогнат, а еве и како.

Имено, можете да ги ставите во кутија со алат, во торба во која носите работи за теретана или торба каде го чувате вашиот фотоапарат бидејќи тие ја спречуваат насобраната влага.

Ставете неколку вреќички во ормарот каде што ги чувате крпите, во ќесата за украси за елката бидејќи така ќе изгледаат како да се нови.

Држете ги покрај ветробранското стакло и така ќе спречите негово замаглување, ставете ги во несесерот со шминки за тие да останат свежи, држете ги во фотоалбумот за фотографиите да изгледаат како нови. Држете ги во близина на смеките кои сакате да ги посадите за да останат свежи.

Решете се од лошиот мирис на старите книги така што во книгите ќе ставите вреќички од овие пакувања.

Откри кој владее со светот, па се случи трагедија – Говорот поради кој Кенеди беше убиен

Многумина веруваат дека говорот за медиумите и тајните организации кој американскиот претседател Џон Кенеди го одржал на 27-ми април 1961-ва година во познатиот хотел „Асторија“ во Њујорк, го платил со својот живот.

 

1

Две години после овој говор во кој американскиот претседател ги нападнал медиумите, уредниците и новинарите, но и открил кој владее со светот, бил извршен атентатот. Тоа беше на 22-ри ноември во Далас. Додека со претседателската лимузина го обиколуваше градот, три куршуми беа испукани кон Кенеди. Два го погодија и тоа беше доволно американскиот претседател да почине набрзо потоа.

Неколку часа после атентатот на Кенеди, беше уапсен Ли Харви Освалд по што беше поднесено обвинение за убиство на американскиот претседател. Освалд тврдеше дека не е виновен, но немаше шанса да го докаже тоа затоа што два дена подоцна беше убиен од Џек Руби, сопственик на клуб поврзан со организиран криминал.

Кенеди во тоа свое познато обраќање открил некои работи кои што се случуваат „зад кулисите“. На почетокот од својот говор, тој објаснил како функционираат медиумите и открил многу „интересни“ работи.

1962:  US statesman John F Kennedy, 35th president of the USA, making a speech.  (Photo by Central Press/Getty Images)

„Самиот збор тајност е спротивност на слободното и отворено општество. И ние како луѓе, по својата природа сме спротиставени на тајните организации, завети, тајните процедури. Одамна одлучивме дека опасноста од прекумерното и неовластено криење на одредени документи ја надминува опасноста ја што на стартот довела до такви мерки“, рекол Кенеди во далечната 1961-ва година.

„Тука е и смртната опасност од ситуацијата дека потребата за зголемена безбедност ќе биде злоупотребена од оние кои што нетрпеливо чекаат да ја зголемат до самата граница на цензура и прикривање. Тоа е нешто што јас немам намера да го дозволам“, рекол Кенеди и според многумина, две години подоцна, токму поради овие зборови бил убиен.

„Барам од секој издавач, уредник и новинар да ги преиспита своите стандарди и да ја препознае природата на опасноста која што е над нас“, рекол американскиот претседател.

„На глобален план сме спротиставени на монолитна и безобзирен заговор кој првенствено почива на прикриената намера да ја прошири својата сфера на влијание – на инфилтрација наместо инвазија, на субверзија наместо избор, на застрашување наместо слобода на избор, на герила во ноќта наместо војници на бел ден… тоа е систем кој врбува огромни материјални и човечки ресурси и создава конструкција на тесно поврзана ефикасна машина која ги обединува економските, воените, дипломатските, научните и политичките операции“.

„Нивните подготовки се тајни, а не јавни. Нивните грешки се сокриени, не можете да ги најдете на насловните страници. Тие кои што не се согласуваат со нив се замолчени, а не пофалени. Нема гласини, не се зборува за трошоци, ниту една тајна не се открива“, рекол Кенеди.

3

Всушност, после Џон Ф. Кенеди целата династија Кенеди била скршена. Нивниот семеен албум бил обоен во црно. После Џон, убиен бил и неговиот помлад брат Роберт, американски сенатор кој се кандидирал за претседател и тоа во екот на кампањата во 1968-ма година. Несреќната судбина ги снашла и неговите синови. Џо доживеал сообраќајна несреќа во која неговата сопатничка останала парализирана.

Другиот син на Роберт, Мајкл починал на 39 години откако удрил во стебло на скијачка патека во Аспен. Дејвид Ентони бил голем зависник од дрога од која што не успеал да се излечи, се предозирал и починал на 28 години.

Многу ветувал и синот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди помладиот. Примерен млад човек, кој бил зависник од адреналин, па настрадал во воздухопловна несреќа заедно со својата сопруга Лорен Гејл Басет.

Единствениот преостанат Кенеди, третиот брат Едвард починал во 2009-та година. После атентатите на Џон и Роберт, тој добивал смртни закани, а тоа се дознало откако ФБИ објавија тајни документи. Во април 1969-та годин тој рекол: „Го убија Џон, го убија Боби, а сега сакаат да ме убијат и мене“.

 

ФОТО: Падна првиот снег во Македонија

dndrbedgvsfg

Првиот снег ги забеле врвовите на Шар Планина. Иако не е чудо, сепак честа појава е во октомври па дури и септември да се формира тенок слој на снежна покривка на повисоките врвови на оваа планина.

Инаку утре, првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево време со умерена облачност во поголем дел од земјава со слаб до умерен северен ветер. Во утринските часови можни се слаб врнежи во западните и југозападните делови.

Максималната температура ќе достигне до 18 степени. Во Недела ќе преовладува сончево и малку потопло време.