дома блог страница 5097

Специјална едиција со копии од документи по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија – „8 Септември“, Државниот архив публикува серија копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство.

1

 

– Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден – 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 година, соопшти денеска Државиот архив на РМ.

Ексклузивната серија, изработена на „фабијано“ хартија, е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, се вели во соопштението.

Шефот на политичко-економската секција при амбасадата на САД во РМ во посета на општина Прилеп

1111

Шефот на политичко-економската секција при амбасадата на САД во Република Македонија, денеска ја посети Општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Ова е нивна прва посета на општината и градот. На денешната средба стана збор за тековните проекти, активности и настани, а гостите беа запознаени и со проектите кои треба да бидат реализирани во иднина.

За прв пат трите населени места Мало и Големо Коњари и Канатларци ќе добијат канализационен систем

3

Градоначалникот Ристески ги посети овие населени места каде во тек се активностите околу доизградбата на канализационите мрежи.
Во Мало Коњари комплетно е изградена примарната канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески истакна дека со дополнителни 120 илјади евра средства од ИПА програмата ќе се работи на секундарната мрежа а ќе се направи и пречистителна и препумпна станица.
Исто така во фаза на изградба е канализациона мрежа и пречистителната станица во населеното места Големо Коњари за чија изведба обезбедени се 260 илјади евра од Министерството за транспорт и врски. Планирано е во ова населено место оваа година да биде асфалтирана и една од најфрекфентните улици „Албанија“, изградба на плоштад и отворање на нова градинка, истакна во својата изјава градоначалникот Ристески.
Во тек се градежните активности околу изградба на канализациона мрежа и во населеното место Канатларци каде еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со одведување на фекалните води.
Градоначалникот Ристески истакна дека Општина Прилеп посветено работи на изработка на проекти за изградба на канализација со кои би аплицирала за добивање на средства од расположливите фондови и за останатите населени места.

[Best_Wordpress_Gallery id=”29″ gal_title=”Неколку населени места ќе добијат канализација”]

Евробаскет 2015 со најмногу НБА играчи во историјата

4

Евробаскетот во четири држави почнува овој викенд, а на ова натпреварување ќе бидат срушени многу рекорди.

Ова ќе биде 40-издание на најголемото натпреварување на стариот континент, а интересно е што на овој Евробаскет ќе играат најголем број на НБА играчи во историјата.

Во Хрватска, Германија, Франција и Летонија ќе има вкупно 28 играчи кои играат во најсилната кошаркарска лига во светот, односно еден повеќе од пред две години во Словенија.

Франција има најмногу, поточно седум, следуваат Германија, Хрватска, Грција и Италија со по тројца НБА играчи. Клубови кои имаат најмногу играчи на Евробаскет 2015 се Сакраменто и Денвер по три.

Македонија се наоѓа во Група Ц, заедно со селекциите на Хрватска, Грција, Холандија, Словенија и Грузија, а првиот меч нашите кошаркари го играат во сабота против нашиот јужен сосед со почеток во 18:00 часот.

Градоначалникот Марјан Ристески во посета на семејствата со социјален ризик

5599-gradonacalnikot-marjan-risteski-vo-poseta-na-semejstvata-so-socijalen-rizik-960x600-15

Градоначалникот Марјан Ристески денеска посети повеќе семејства во градот и населените места кои се со социјален ризик по повод почетокот на учебната година. Градоначалникот на децата им подари училишни ранци полни со училишен прибор, а воедно им посака и многу здравје и успеси во новата учебна година. Исто така посочи и дека Локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции во образованието и подобрување на образовната инфраструктура.

[Best_Wordpress_Gallery id=”26″ gal_title=”Градоначалникот Марјан Ристески во посета на семејствата со социјален ризик”]

 

Откриена масовна гробница со над 30 илјада жртви на наркокартели во Мексико

12

Во мексиканската сојузна држава Нуево-Леон во североисточниот дел на земјата, во близина на границата со САД е откриена масовна гробница со околу 31 илјада човечки жртви, соопшти обвинителството на државата, пренесува ТАСС, пишува МИА.

Гробницата е пронајдена на територија на ранч во регионот Салинас-Викторија, по поројните дождови во областа. Се претпоставува дека останките се на жртви на наркокартелите.

Останките се нафрлани и измешани, така што е тешко да се утврди точниот број на луѓе, што се закопани во гробнивата, изјави претставник на невладината организација „Граѓани за човечки права“, пренесува весникот „Екселсиор“.

Експерти од обвинителството вршат истражувања и анализи за утврдување на идентитетот на жртвите.

МОН: Распределбата на леглата во студентските домови се одвива максимално транспарентно

1234

Министерството за образование и наука реагира и категорично го демантира изнесеното во прилогот со наслов “Фиктивни студенти им го земаат креветот на реалните“, објавен на интернет порталот Либертас, каде меѓу другото е пренесена и изјава од Членот на Комисијата за образование на СДСМ Митко Костадинов, кој тврди дека на “конкурсот за распределба на леглата во студентските домови, одбиени се студенти кои максимално ги исполнуваат условите, но не биле партиски подобни“.

-Во интерес на вистината, би сакале да информираме дека во 2013 година, за прв пат, по цели 14 години Владата на Република Македонија изготви и усвои нов Закон за студентскиот стандард, кој подоцна беше поддржан и изгласан од сите пратеници во Собранието и кој обезбеди транспарентна распределба на леглата во државните студентски домови и на стипендиите кои ги доделува Министерството за образование и наука, со предност на студентите кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, односно на студентите кои навистина имаат потреба од помош и поддршка од државата, реагираат од МОН.

Во законот, додаваат од МОН, прецизно се објаснети критериумите врз основа на кои се врши распределбата на леглата, како и доделувањето на стипендиите и целиот процес се одвива максимално транспарентно.

-Секој апликант за сместување во студентски дом, доколку е одбиен може да поднесе приговор, на кој, во законските рокови ќе добие соодветен одговор и образложение за причините поради кои е одбиен. Така што, во оваа прилика апелираме до Митко Костадинов кој обвинува за нерегуларности во процесот, да се обрати до Министерството за образование и наука и прецизно, со име и презиме да ги наведе студентите за кои се сомнева дека и покрај тоа што ги исполнуваат условите за сместување, не добиле легло поради “фиктивни“ студенти, а министерството се обврзува да му даде одговор и образложение за причините поради кои е одбиен секој од посочените студенти, стои во реакцијата од Министерството за образование и наука.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

2

Аутомакедонија овластениот увозник, дистрибутер и сервисер за Македонија на комерцијални возила во Петок со свои претставници ќе присуствува во Кривогаштани, каде пред бизнис секторот од општината ќе одржи јавна презенатација на комерцијалните возилата ISUZU D-MAX за карактеристиките како и поволностите за набавка на истите. По тој повод Ве покануваме да присуствувате на јавната презентација што ќе се одржи во Петок на 04.09.2015 во 11:00 часот во просториите на Клубот на пензионери во Кривогаштани.

Здравствен Дом Прилеп

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/