дома блог страница 5098

Во среда е тежок празник, никаде не се оди и никако не правете го ова…

de2fwerokgeorh

Православните верници го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.

Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.

 

Театарот “Војдан Чернодрински” гостува во Тетово со урнебесна комедија

dscn3807

Театарот  “Војдан Чернодрински” со претставата “Премиера во сабота” вечерва гостува на фестивал во Тетово. Таму ќе ја изведе оваа претстава чиј автор на текстот, а воедно и режисер е добро познатиот мајстор на комедии Коле Ангеловски.

Публиката во Тетово ќе има убава можност да ја проследи оваа урнебесна комедија на ситуации, во која освен што играат, актерите исто така пеат.

Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, Томе Темелковски се погрижи за музиката, а за кореографијата Кире Миладиноски.

Договорена соработка на Победа и Партизан

14718624_10210900586094643_4307726489374037155_n

Неодамна спортскиот директор на Победа Јовица Обрадовиќ престојуваше во работна посета на главниот град на Србија Белград. На средбата со колегата спортски директор на црно-белите Ивица Илиев, договорена е начелна соработка во повеќе области. Тема на разговор меѓу другото биле и можностите за позајмување на играчи од Партизан на Победа, овозможување играчи од Победа, за кои повеќекратниот југословенски и српски шампион би бил заинтересиран, да бидат тестирани од тренерите на Партизан….Разговарано е и за испраќање на наши тренери на стручно усовршување во школите на Партизан и остварување на поблиска соработка со една од најдобрите школи во Европа. Овие први разговори отвораат можности за воспоставување на идна плодна соработка на двата клуба од која Победа би извлекла повеќестран бенефит. Првите резултати од воспоставените контакти на највисоко ниво, со остварување на нови средби и разговори, треба да се очекуваат во најскоро време, со можност да се договори и одигрување на пријателски натпревар на двата клуба.

14725620_10210900586134644_5288465396745049448_n

Младинската организација при СОУ “Ѓорче Петров” организираше забава во чест на Тоше Проески – ГАЛЕРИЈА

dsc_0006-copy

Младинската организација при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп синоќа организираше настан во чест на нашиот ангел Тоше Проески.

Настанот се одржа во Кафе Вирус, каде беа изведувани песни од Тоше од страна на ученици музичари од училиштето.

“Сите ние израснавме со неговите песни, секоја негова песна си има свое место во нашите сеќавања, секоја негова песна не потсеќа на некој настан од нашиот живот, секоја негова песна си има своја приказна… Вечно ќе ги памтиме истите тие песни бидејќи беа испеани со љубов од Тоше, а љубовта е вечна. На овој ден, 16ти Октомври пред 9 години, Тоше загина во сообраќајна несреќа, но тој има само датум на раѓање и засекогаш ќе остани во нашите срца. За крај мојот краток говор ќе го завршам со зборовите што тој обожаваше да ги изговара. Ве сакам сите!”, го започна настанот Андреј Ристески, еден од организаторите на забавата.

[Best_Wordpress_Gallery id=”389″ gal_title=”ЗабаваТоше”]

Александар ја запроси својата девојка за време на Пелагониското дерби

14570317_1779727152294371_1714407670875332101_n

Првото полувреме на вчерашното Пелагониско дерби не донесе многу возбудувања на теренот, но затоа на паузата се случи нешто што речиси никогаш не е видено на фудбалските терени кај нас.

Александар Илиоски, член на навивачката група “Мајмуни” се одлучи на несекојдневен и уникатен начин да ја запроси својата девојка Марте.

Во неговата идеа му помогнаа резервните фудбалери на Победа, кои држеа транспарент на кој пишуваше: “Марте, омажи се за мене!”

Секоја чест за храброста и нека им е со среќа!

14570401_1832829196953974_6710534477434537273_n

 

Адреналинско шоу изминатиов викенд во Прилеп: Се одржа првиот „Macedonian trophy“ – ГАЛЕРИЈА

8

На полигонот кај прилепско Старо Лагово, викендов се одржа вториот и завршен ден на првото македонско рели со џипови насловено „Macedonian trophy“ што го организираше прилепскиот клуб „Off road“ во соработка со прилепската локална самоуправа. Околу 120 учесници од Бугарија, Србија, Холандија и од Македонија возеа на патеката на полигонот. Попладнето беа прогласени најдобрите и им беа доделени наградите и пехарите.

[Best_Wordpress_Gallery id=”388″ gal_title=”Мотори2016″]

 

 

Со 2 лажици дневно од овој сируп салото од стомакот ќе биде минато

Ренот е исклучителна намирница која има исклучителни антибактериски својства, не содржи холестерол, ниту незаситени масни киселини.

 

salo-640x336

Tој содржи изобилство витамини Б1, Б2, Б6, железо, витамин Ц, калиум, фосфор и магнезиум, оваа мешавина на никаков начин не може да го загрози вашето здравје, може само да го подобри и многу да направи за вашата линија.

Потребно е:

125 гр свеж рен

2 см корен од ѓумбир

3 лажици мед

4 лимони

2 лажички цимет

Начин на подготовка:

Во блендер иситнете го ренот и ѓумбирот па додадете го исцедениот сок од лимон. Продолжете да матите наредни 3 минути, па после тоа додадете мед и цимет. Продолжете да матите додека смесата не стане хомогена. Сирупот чувајте го во пластична тегла.

Начин на користење:

Два пати дневно, пред оброк, земајте по една лажица од сирупот. После 3 недели користење направете недела дена пауза.

ВИДЕО: Ја остави својата петгодишна ќерка да спие на температура под нулата

untitled

Татко ја оставил својата петгодишна ќерка пред кампусот во близина на Солт Лејк Сити да спие на подот. И рекол да молчи и да легне на под, а девојчето останало на температура под нулата плачејќи, пренесува Daily Mail.

Девојчето е пронајдено од страна на чуварот на кампусот кој два часа покасно повикал полиција. Целата ситуација е снимена од безбедносната камера. Нејзината мајка изјавила дека детето требало да биде кај поранешниот сопруг и неговото семејство.

МАРКУКУЛЕ.МК

ЛАГАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕМЕ: Шокантно видео кое ја открива вистината за човештвото

zemlja1-696x398

Авторот на видеото го критикува современото општество, отуѓеноста и одземената слобода на луѓето во општеството кое наводно напредува.

Погледнете го видеото кое има повеќе од 21.000.000 прегледи.

МАРКУКУЛЕ.МК

ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Станав машина, не можам повеќе вака – последното најискрено интервју на Тоше Проески еден ден пред смртта

tose-640x368

Макдонија денеска тагува , на овој кобен 16. октомври Македонија ја загуби најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Еден ден пред да загине Тоше Проески беше гостин во Вртелешка и таму го даде најискреното интервју, но за жал и последно…

Во продожение да се потсетиме на ова последно интервју…