дома блог страница 5096

Емотивно и инспиративно: Девојче без раце, учи да јаде со нозе (ВИДЕО)

Иако е родено без раце, ова мало девојче од Русија го освои светот со својата упорност и решителност.

 

vasilina-640x350

Недостигот на горните екстеремитети не ја попречи во намерата сама да се нахрани.

Погледнете ја слатката Василина во емотивното, а воедно и инспиративното видео објавено на профилот на нејзината мајка.

Во рацете држеше две кобри, но добро подгответе се за она што следува – ВИДЕО

111

Најпознатата змија на светот е кралската кобра, а воедно и најотровната. Просечната должина е нешто помалку од четири метри, но често достигнуваат должина  и над пет метри.

Кобрата е многу агресивна и исклучително брза кога го напаѓа пленот, а при гризнување испушта   најмногу отров од сите змии. Нејзиниот отров може да усмрти човек за нешто помалку од 15 минути.

Токму поради тоа, видеото кое следи е особено фасцинантно. Всушност, човекот кој ќе го видите, очигледно поседува некој “трик” за кој само тој знае.

Заборавете на бетмен, супермен и остананатите суперјунаци, овој млад човек  е вистинското нешто:

 

 

Избори 2016: ВМРО-ДПМНЕ со 63 мандати, СДСМ 35 пратенички места

Симулацијата на анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите во декември ќе освојат 63 мандати.

anketa-5

Се очекува во законодавниот дом да влезат и БЕСА и Движењето за реформи на Зијадин Села. Според пресметката, СДСМ ќе освои 35 пратенички мандати, пренесува Пресс24.

ДУИ значително ќе го загуби влијанието и ќе освои 13 места во Собранието, а ДПА, 6.

Треба да се има предвид дека симулацијата е направена според Донтовиот модел, но пресметките се правени како Македонија да е една изборна единица, без никаков цензус.

Се очекува мала промена во бројките, особено кај партиите кои имаат помал број гласачи кога би се правела симулација по изборни единици.

Филмот “Златна петорка” во киното “Мис Стон”

14700870_1140901879323614_9002885438423979137_o

Најновото македонско филмско достигнување, филмот “Златна петорка” пристигнува во киното “Мис Стон” во Прилеп .

Проекциите се закажани за:

петок, 21.10, сабота, 22.10, понеделник 24.10 и вторник 25.10 со почеток од 20:00  часот.

Влезници на билетарницата до киното, по цена од 100 денари.

Влажен бран во Македонија: Подгответе се за многу дожд

Времето во Македонија  ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

rain-275317_960_720

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од  13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите од 10 до 17 степени.

Во среда претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.

Вељаноски денеска ќе ги распише превремените парламентарни избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Трајко Вељаноски денеска ќе оствари средба со првиот човек на ДИК, по што ќе биде потпишано решението за избори на 11-ти декември.

 

veljanoski-trajko-640x294

Како што информираат од неговиот кабинет, Вељаноски во 11.00 часот ќе оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

Во 12:00 часот ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Распишувањето на изборите е овозможено по вчерашното распуштање на македонскиот Парламент.

Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември, согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.

ВИДЕО: ДРАГАН ВУЧИЌ СЕ НАДМИНА СЕБЕ СИ : Овој потег ќе ве насмее до солзи

untitled

Водителот на емисијата “Среќни луѓе” Драган Вучиќ секојдневно ги изненадува гледачите во неговите јавни настапи. Но овој пат се надмина себе си. Тој јадеше колбас заедно со натпреварувачката која требаше да погоди што се наоѓа во стаклениот сад.

 

Неверојатни подводни апартмани кои може да се видат само во Дубаи (ФОТО)

dubai-apart

Можеби ова ви изгледа чудно но овие необични објекти се реални и се наоѓаат во Дубаи. Во последниве две децении Дубаи навистина знае да изненади со многу “чудни” градби а овие се едни од нив. Архитектурата е на највисоко можно ниво.

Погледнете за што станува збор.

dubai-apart-2 dubai-apart-3 dubai-apart-4 dubai-apart-6 dubai-apart-7 dubai-part-5

МАРКУКУЛЕ.МК

ГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКОТО ДЕВОЈЧЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА СВЕТСКИТЕ ПЕЈАЧИ – ВИДЕО

111

Во склоп на нејзината светска турнеа, Џош Стоун престојуваше и во Македонија, каде го запозна нашето македонско девојче, неодоливата Каролина Гочева.

Светски познатата пејачка била маѓепсана од извонредниот вокал на Каролина, па во градскиот парк во Скопје, во една идилична атмосфера, снимија заедничко видео за песната “Кој да ми запее”.

Џош Стоун одлично се снаоѓа со нашиот јазик, но гласот на Каролина сепак е главен.

Уживајте:

Откриени се најголемите тајни на светските магионичари – Еве како ги прават своите трикови (ФОТО)

trik11-649x330

Веројатно сте го виделе овој трик и сте се запрашале како уличните магионичари го прават. Па постои систем на поддршка на челикот кој поминува низ платформата на земјата, оди низ ракавот на магионичарот и тој седи на челичен столб а изгледа како да лебди во воздух.

trik1

Трикот со искривено тело. Ова воопшто не е лесен трик. Помошникот на магионичарот треба да биде добро истрениран за неговото тело да остане во таа положба. Кога кутиите се мрдаат тој го држи своето тело во истата положба.

trik2

Трикот со чашата која исчезнува. Се што помошникот треба да направи во овој трик е да изгледа убаво, бидеќи трикот е прилично едноставен. Постои дупка на масата и чашата паѓа низ неа, магионичарот го прави трикот и ја трга марамата.

trik3

Трикот со банкнота . Овој трик вклучува молив кој поминува низ банкнотата која не се кине на пола. Меѓутоа моливот е пресечен на пола и на секој крај се наоѓаат магнети. Така моливот се враќа во својата почетна положба.

trik5

Свитканата лажица. Ова вклучува магионичар кој држи монета, додека луѓето гледаат како тој ја витка лажицата.

trik6

 

МАРКУКУЛЕ.МК