Евробаскет 2015 со најмногу НБА играчи во историјата

4

Евробаскетот во четири држави почнува овој викенд, а на ова натпреварување ќе бидат срушени многу рекорди.

Ова ќе биде 40-издание на најголемото натпреварување на стариот континент, а интересно е што на овој Евробаскет ќе играат најголем број на НБА играчи во историјата.

Во Хрватска, Германија, Франција и Летонија ќе има вкупно 28 играчи кои играат во најсилната кошаркарска лига во светот, односно еден повеќе од пред две години во Словенија.

Франција има најмногу, поточно седум, следуваат Германија, Хрватска, Грција и Италија со по тројца НБА играчи. Клубови кои имаат најмногу играчи на Евробаскет 2015 се Сакраменто и Денвер по три.

Македонија се наоѓа во Група Ц, заедно со селекциите на Хрватска, Грција, Холандија, Словенија и Грузија, а првиот меч нашите кошаркари го играат во сабота против нашиот јужен сосед со почеток во 18:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.