дома блог страница 5068

Етнолошки поставки

Во тек е реализација на проектот ’’Етнолошки поставки’’ во Општина Кривогаштани финансирана од Министерството за култура. По тој повод се замолуваат жителите на општината, доколку поседуваат стари предмети од покуќнина, носии, накит, орудија и слично  и истите сакаат да ги донираат, да се јават во просториите на Општина Кривогаштани или на тел. 048/471-280 и 070/404-159. Притоа ќе бидат запазени сите законски прописи кои се однесуваат на донираните предмети и за истите ќе биде издадена соодветна потврда од Општина Кривогаштани.

Привршува изградбата на социјалните станови во „Точила“

Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76 – те социјални станови во населбата „Точила“.Површината на која се протега објектот е 3.220 метри квадратни, и е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Според градоначалникот Ристески, со реализацијата на овој проект кој наскоро и официјално ќе биде ставен во употреба се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат своето станбеното прашање. Распределбата на становите ќе ја врши Министерството за транспорт и врски по електронски пат.
Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”6″ gal_title=”Привршува изградбата на социјалните станови во „Точила“”]

Заврши 13-тиот фестивал на пиво и скара

Со големи овации, со скандирања, пеење на неговите хитови и со спектакуларниот настап на ѕвездата на вечерта Дино Мерлин, заврши овогодинешниот фестивал на пиво и скара. Неколкупати беше враќан на бис, со што покажа дека навистина е миленик на публиката, не само на повозрасната туку и на помладата. Публиката уживаше и во настапите на Гоца Тржан и Ален Хасановиќ кои во еден здив ги пееја заедно со нив многубројните хитови. Поминаа одлични четири дена во кои беа срушени сите рекорди на испиено пиво и изедена скара.

[Best_Wordpress_Gallery id=”7″ gal_title=”Заврши 13-тиот фестивал на пиво и скара”]

Слаткаристика и Љубојна го отворија овогодинешниот ПивоФест

Најуспешен прв ден на 13-тиот по ред Фестивал на пивото и скарата во Прилеп. Организаторите на денешната средба со новинарите излегоа со најава за рушење на рекордите. Десетици илјади граѓани сношти пристигнаа во Прилеп. Слаткаристика и Љубојна го отворија овогодинешниот ПивоФест, а потоа следуваше ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ.
Денеска и во наредните два дена ќе бидат срушени сите рекорди кои ги поставивме на претходниот Фестивал на пивото, посочи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Синоќа посетителите, меѓу кои имаше и доста иселеници од странство кои годишниот одмор го користат во татковината, пријатно изненадени и со пофални зборови за Пивофестот.

Вечерва посетителите ќе ги забавуваат: Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.

[Best_Wordpress_Gallery id=”8″ gal_title=”Слаткаристика и Љубојна го отворија овогодинешниот ПивоФест”]

Градежни активности во индустриска зона СЛАВЕЈ

Индустриската зона Славеј во Општина Кривогаштани, наскоро ќе го добие и третиот стопански капацитет. Градежната оператива започна со тампонирање на парцелата во непосредна близина на регионалниот пат Прилеп – Крушево, предвидена за изградба на фабрика за откуп и преработка на земјоделски производи. Индустрискиот капацитет е наменет за производство на смрзнат зеленчук и овошје што во соработка со партнерите ќе се пласира на странските пазари.

„Покрај првата фаза за преработка на зеленчук и објектите во подготовка на сточарската фарма, Индустриската зона кај селото Славеј ќе добие стопански капацитет за откуп, преработка и производство на замрзнат зеленчук и овошје. Започна тампонирање на парцелата и подготвителните работи за подигнување на објектите. Оваа нова домашна инвестиција ќе обезбеди сигурен пласман на градинарските производи и овошје.- Изјава на Градоначалникот Тони Заткоски.

Инвестицијата е вредна блиску еден милион и петстотини илјади евра треба да обезбеди преработка и производство на замрзнати пиперки, кромид, тиквици, вишни, јаболка и друг зеленчук и овошје. – изјава Рубинчо Благадушоски –инвеститор.

Индустрискиот капацитет ќе се простира на површина од 6 000 метри квадратни. На годишно ниво фабриката ќе преработува и пласира 5 илјада тони готов производ на американскиот пазар. Проекциите на инвеститорите се дека на стартот ќе бидат потребни 50 тина вработувања. Индирекно овај индустриски капацитет ќе овозможи сигурен пласман на земјоделски производи на над 1 500 семејства што е од исклучително значење за целиот регион.

 

 

Претседателот Иванов на ифтар во село Лажани

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов синоќа присуствуваше на втората, завршна вечер на фестивалот на народни инструменти и „Песни Пеце Атанасовски“ што се одржа на Рудина кај Долнени.
На покана од градоначалникот Боше Милошески и од месното население од муслиманска вероисповед во селото Лажани присуствуваше на ифтар, на вечера по зајдисонцето за време на постите.

Честитајќи им го светиот месец Рамазан на жителите од муслиманска вероисповед, од селата Црнилиште, Житоште, Десово, Дебреште и Лажани, Иванов на заедничка маса, им посака блискост во семејството и да помагаат секому кому му е потребна помош.

– Да си помагате, да бидете блиски. На тие што им е потребна помош, дадете им ја, а ако им треба утеха, пружете им ја. Живејте во слога. Во овие времиња ни треба да си помагаме, да бидеме сплотени и единствени, порача Иванов.

Општина Долнени е мултинационална и единствената во која четири јазици се во официјална употреба: македонскиот, албанскиот, турскиот и бошњачкиот. Според градоначалникот Боше Милошески, соживотот во Македонија е многу битен.

– Соживотот е битен, зашто ако меѓусебе не се почитуваме, тогаш не ги почитуваме и другите. Ова е доказ дека претседателот Иванов е претседател на сите националности во Република Македонија, рече Милошески.

Заврши фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Со дефиле на сите учесници по булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, започна првата фестивалска вечер. Во Прилеп и на Рудина кај Долнени сите љубители на народниот мелос, имаа можност да присуствуваат на 41-виот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека овој фестивал плени со дела на нашите изворни корени. Традиција која преку народните инструменти им ја пренесуваме на нашите најмлади.

Според Илчо Јованов, претседател на Советот на фестивалот, новите генерации млади и студенти се вљубени во изворните инструменти: тапанот, гајдата, кемането.

Учесниците имаа можност да присуствуваат и на семинарот за изучување на македонскиот изворен мелос. Според уметичкиот директор на фестивалот Родна Величковска, фестивалот полни четири децении го негува традиционалниот македонски фолклор.
„Од 500 пријавени, селекционата комисија избра 300 учесници од сите краишта на Македонија, а 20-ина кои учествуваат на семинарот се од Русија и Србија. Задоволството е големо овие денови посебно што на семинарот гостите од странство го изучуваат македонскиот изворен мелос. Ансамблот „Волја“ од Вороњеж, Русија го изучува традиционалното пеење, а гостите од Србија народните инструменти, посочи Величковска.
Во просториите на киното „Мис Стон“ беше оддржана презентација на филмот за јубиленото 40 издание на Фестивалот, а во галеријата на Домот на културата „Марко Цепенков“ беше оддржана и трибина на тема: „Влијанието на фестивалот во зачувување на македонскиот изворен мелос во Македонија и надвор од неа“.

Досега, во четирите децении одржување на фестивалот учествувале преку 9.000 исполнители на народни инструменти и песни од земјава и од речиси сите континенти.

[Best_Wordpress_Gallery id=”9″ gal_title=”Заврши фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“”]

Гитарска работилница со Влатко Стефановски – галерија завршен ден

Успешно реализирана гитарската работилница  со Влатко Стефановски во просториите на спомен куќата на  Тоше Проески

[Best_Wordpress_Gallery id=”18″ gal_title=”Гитарска работилница со Влатко Стефановски – галерија завршен ден”]

Откриена нова мермерна статуа на локалитетот „Стибера“

На античкиот локалитет Стибера кај Прилеп е пронајдена нова, мермерна статуа во природна големина која датира од 2 век од нашата ера. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, директорката на „Завод и Музеј“ Гордана Данаилоска Спиркоска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ денеска го посетија локалитетот и местото каде е пронајдена новата мермерна статуа која се смета за ексклузивен наод.
Според Гордана Данилоска Спироска, директор на „Завод и Музеј“ станува збор за мермерна статуа во природна големина, без глава, изработена со високостилизирани елементи.
Античкиот локалитет Стибера е најголемото наоѓалиште на антички мермерни статуи. Префинетата изработка на статуата во наметка со свиток во едната рака потврдува дека е посветена на некој значаен граѓанин на Стибера и е од вториот век од нашата ера.
Сега следува процесот на конзервација и чистење на статуата и најверојатно ќе биде изложена во археолошката поставка на прилепскиот музеј, изјави директорката Данилоска Спироска
Археолого, виш кустос, Душко Темелкоски истакна дека годинава на Стибера се изтражува на дел од градбите и се претпоставува дека станува збор за собранието на градот Стибера. Пронајдена е и камена плоча на која пишува дека Собранието на Стибера му дава полест на заслужен граѓанин на Стибера. Градбата е монумернтална, широка 17 метри. Се уште нема друга потврда за собранието, но статуата е репрезентативно откритие, вели Темелкоски.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која го посети локалитетот Стибера смета дека пронаоѓањето на овој ексклузивен наод е потврда за неговата големина и значајност, а ова е ексклузивен наод.
Она што дополнително би следело би било да се расчистат имотно – правните односи со околните жители кои имаат ниви и своја земја на која се простира локалитетот. Идниот петок тие ќе имаат средба со прилепскиот градоначалник за договор да се изврши екпропријација или да им се дадат во замена други ниви за да може истражувањата на локалитетот Стибера да продолжат. Тоа ќе доведе до ексклузивно претставување на локалитетот пред туристите, изјави министерката Канческа Милеска.
Градоначалникот Марјан Рисески истакна дека ќе се сретне со сопствениците на ниви за да се разговара за екпрпријација на земјиштето под кој е локалитетот или за замена за други ниви. Ристески нагласи дека општина Прилеп зафаќа огормна територија со значајни и бројни локалитети, а од античкиот период најголем е Стибера. Ова ќе ја зголеми туристичката понуда на градот кој по Скопје и Охрид, според статистиките има најголем број посетители и туристи.
Министерката Канческа Милеска во„ Завод и Музеј“ говореше и на другите проекти на кои работи заводот. Во јули ќе биде објавен тендерот за обнова на опожарените конаци на манастирот Трескавец, во септември ќе биде готов источниот конак на манастирот Архангел Михаил во Варош, а се обновени конаците во манастирот Зрзе.
Инаку, античкиот град Стибера бил голем, датира од вториот век пред до 4 век од нашата ера. Досега на локалитетот се пронајдени повеќе мермерни статуи.
Во рамките на денешната посета на министерката за култура Елизабета Канческа Милеска официјално беше ставена во употреба сувенирницата од каде што туристите за време на посетата и престојот во Прилеп ќе можат да понесат спомен од градот под Марковите Кули.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”10″ gal_title=”Откриена нова мермерна статуа на локалитетот „Стибера“”]

Заврши јубилејниот 50 МТФ ,,Војдан Чернодрински,,

Со доделувањето на наградите и со изведбата на претставата ,,Солунски патрдии,, во режија на Коле Ангеловски,, на Драмскиот театар, во чест на наградените, заврши јубилејниот 50 МТФ,, Војдан Чернодрински,,. Најдобра претстава во целина е ,,Електра,, во режија на Андриј Жолдак на МНТ од Скопје. Награди им беа доделени и на режисерот Андриј Жолдак за најдобар режисер. Дарја Ризова ја доби наградата за главна женска, додека наградата за најдобра женска споредна улога заминa во рацете на Ѕвездана Анегeловска за улогата на Клитеменестра. Наградата за најдобар млад актер ,,Трајко Чоревски,, ја доби Александар Ѓорѓиески за улогата на Орес во ,,Електра,,.
Наградата за главна машка улога замина во рацете на Адем Карага, додека Специјалната награда на фестивалот за колективна игра и осовременување на класиката за нашиот ансамбл ,,Војдан Чернодрински,, за претставата ,,Сон на летната ноќ,, во режија на Нела Витошевиќ.
Наградата за текст ја доби Благица Секуловска за текстот ,,Безљубни,, наградата за сценска драматизација на Деан Дамјановски, наградата за машка епизодна улога ,,Димче Трајковски,, ја доби Митко Апостолски, наградата за млада актерка ќе и се додели на Слаѓана Вујошевиќ.
Наградата за сценографија му припадна на Валентин, за костимографија на Благој Мицевски, за музика на Марјан Неќак, за кореографија и сценски движења на Елена Прокопиева, а за рекламен материјал на Бруно Јовановски.
И овој фестивал покажа дека е огледало на македонскиот театар и дека луѓето што го покренале пред 50 години, меѓу кои предводникот Илија Милчин, знаеле дека Прилеп е добра почва за театар.

[Best_Wordpress_Gallery id=”11″ gal_title=”Заврши јубилејниот 50 МТФ ,,Војдан Чернодрински,,”]