На 32 годишен хрват во вторникот полицијата му измерила дури 4,57 промили алкохол во крвта. Возачот бил запрен од полицијата откако поминал на црвено светло.
Полицијата известува дека запрела автомобил околку 2:15 часот во вировитичката градска населба Чемерница, а освен што возачот бил пијан, неговиот автомобил имал уште многу недостатоци.
По медицинскиот преглед, возачот е задржан во полициска станица.
Спрема медицинските тврдења, концентрацијата од 4 промили алкохол во крвта и повеќе, може да доведе до смрт поради престанување на дишењето, многу низок притисок или гушење при повраќање.
Сопругата на претседателот на Северна Кореја, Ри Сол-ју со месеци се нема појавено во јавност, што предизвика шпекулации дека првата дама е или трудна или во немилост на одредени луѓе.
Експертите кои се упатени во ситуацијата во Пјонјанг се сомневаат дека Ри Сол-ју, која е претствена како прва дама 2012 година, веројатно паднала во немилост на помладата сестра на Ким Џонг, Ким Јо-јонг, која е најмоќна личност зад диктаторот.
Ким Јо-јонг е главна личност задолжена за пропагандната активност на Северна Кореја и многу неблагодарна должност – величање на ликот и делото на Ким Џонг-ун.
Од друга страна Ри последен пат е видена во јавност на 28 март во посета на здравствен комплекс во Пјонгјанг.Токму затоа некои сметаат дека причината за изостанувањето од јавниот живот на Ри може да биде и бременост или пак е под строга заштита поради безбедносни причини.
Кривична пријава е поднесена против седумнаесетгодишник од Битола за силување. Во декември 2015 година кога малолетникот бил во Прилеп. имал договорено средба со четиринаесетгодишно девојче од Прилеп.
Откако се сретнале заедно заминале во Битола во домот на пријавениот каде истиот имал полови дејствија со девојчето.
Додека вчера пред камера говореше како нема да брка луѓе од работа, опозицискиот лидер Зоран Заев кога не е пред медиумите, на партиски состаноци и меѓу членовите на СДСМ ги храбри дека живи луѓе има да јадат и кога СДСМ ќе дојде на власт ќе брка од чистачка до министер.
Заев вчера во изјава пред камера им порача на административците да бидат спокојни, бидејќи отпуштања во администрацијата немало да има, а кој го говорел спротивното тоа го правел од политички, лични или други причини.
-Ве уверувам, завршува времето на реваншизми и делење на народот по партиски списоци. Работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија, рече Заев.
Ваквата изјава на Заев е крајно понижувачка за граѓаните, ако се земат во предвид неговите јавни изјави дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе брка од работа од чистачка до министер, ќе јадат живи луѓе и вработувањата ќе бидат исклучиво партиски, како и постапките на СДСМ како ја практикува власта откако успеа да влезе во дел од институциите согласно Пржинскиот договор.
Во декември 2010-та година, Заев беше снимен во партиско-канибалистички напад. Струмичкиот градоначалник тогаш од функција на потпретседател на СДСМ најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ.
-Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече Заев.
Истиот оној Заев кој сега порачува дека „работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија“, тогаш тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.
– Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отварање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, вели Заев.
Дека ова е вистинското лице на СДСМ и Заев јавноста знае веќе од поодамна, а истото тоа и се потврди изминатиов период, кога социјалдемократите парцијално добија одредени ресори и можност да управуваат со одредени институции согласно договорот од Пржино и истите започнаа брутално да ги партизираат.
Само во првиот мандат како техниучки министер во МВР, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски смени 450 кадри во МВР. Спасовски го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ги чинеше над 10.000 евра месечно. Неодамна, јавноста беше запознаена и дека Спасовски спротивно на Законот и системот за кариера во МВР, разместил 17 актуелни старешини во единицата Алфи, а на нивно место донел 36 партиски кадри со двојни решенија.
И додека Заев лажно говори за нереваншизам и порачува администрацијата да била спокојна, фактите говорат дека согласно сценариото кое го обелодени Заев за бркање од чистачка до министер, неговата министерка Фросина Ременски остави без работа 44 лица. Поради нивни тесни партиски интереси, 44 семејства останаа без егзистенција.
Со нејзина најнова одлука 44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Ременски го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти- членови на СДСМ.
Денеска околу 11:30 часот се случи тешка сообраќајна незгода на раскрсницата Чумовчанец во Прилеп.
Според информациите и фотографиите кои ги добивме од очевидци, се работи за судир на камион Волво шлепер и велосипедист, при што велосипедот завршил под тркалата на камионот, а повреден е велосипедистот.
Полицијата е на лице место и работи на утврдување на точните причини за настанување на сообраќајната незгода.
Од вчера започна аплицирањето за бесплатна зелена карта со која се овозможува легален престој во САД.
Аплицирањето за зелена карта е бесплатно, без плаќање за некаква административна такса, а граѓаните тоа можат да го сторат на страницата www.dvlottery.state.gov каде се достапни сите потребни информации и инструкции.
Сите апликанти потврдата треба да ја чуваат најмалку до 30 септември 2018 година, додека самите ќе можат да проверат дали се избрани на лотаријата на 2 мај 2017 година.
Синоќешниот натпревар од НБА лигата, кој Мајами го играше на домашен терен против екипата на Сакраменто, го доби после едно продолжение со резултат 108:96.
Но, она што за нас остави впечаток беше паузата за време на двете четвртини, кога на џамботронот се појави Словенецот Горан Драгиќ кој се најде во улога да избере караоке песна и ја одбра “Чија си” од нашиот Тоше Проески.
Сето тоа го сними Боби Лекоски и го пренесе на социјалните мрежи.
Во четврток 3 ноември 2016 г. во 18.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на слики ,,Космички пејзажи 2,, од Дејан Иванов Маргуш. Уметникот ќе се претстави со 13 дела.
Податоци за Дејан Иванов
Дејан Иванов –роден 03.12.1979 година во Скопје
Дипломира на Факултет за ликовни уметности 2005година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин.Работи исто витражи и мозаици.Член на ДЛУМ од 2005год.
САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ
Младински културен центар. Скопје – 2006год.
Дом на култура Антон Панов. Струмица – 2006год.
Салон Петрико. Белград – 2007год.
Дом на култура Марко Цепенков. Прилеп – 2008год.
Музеј Куманово.- 2009год.
Кафе Галерија 8. Скопје -2012год.
Кафе Галерија 8. Скопје -2014год.
Национална галерија на Македонија –обијект Мала Станица -2014год
9.Национална галерија Тетово –Амам 2016год.
ГРУПНИ ПРЕТСТАВУВАЊА
2005год. Дипломирани студенти во Чифте Амам.
2006год.Зимски Салон ДЛУМ. Музеј на современа уметност Скопје.
2007год. Музеј на град Скопје. Скопско лето.
2007год. Њујорк од колекцијата на Тихо Кондев.
2008год. 107 уметници во Париз на ДЛУМ.
2008год. Остров Раб Хрвтска
2016год. Плзењ-Прага.
2016год. Фокушима-мегународена патувачка изложба.
Учесник на сите изложби на ДЛУМ од 2005година се до денеска.
НАГРАДИ
Награда –Димитар Пандилов 2012год.За Мал Формат од ДЛУМ.
КОЛОНИИ
Учесник на повеке колонии во земјава и странство.
Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник не е фигуративен исто како и неговиот ликовен свет. Тој е апстрактен и неговата експресија е речиси целосно одраз на спонтан несвесен ониризам на битието. Овој наш сликар повеќе сака да насетува отколку да дефинира. На свој начин ониризмот како специфичен слој е присутен и кај последните дела. Тој е инстинктивно импулсивен и колористички афективен. Овој импулсивен имагинациски ритам на експресионистичка апстракција овде е скротен и доведен до еден кристализиран, речиси трансцендентен спокој. Сликите се целосно потопени во флуидот на една благо нагласена метафизичка атмосфера. Асоцијативниот свет на овие дела е постојан, духовно прочистен и ликовно рафиниран. Интересен лиризам што сугерира тишина и нурнатост во чувството помеѓу мигот и вечноста. Раководејќи се од композициските аспекти на авторот, може слободно да кажеме дека основна тема се просторот и пејзажот. Нагласената концептуалност сугерира статичност во еден просторно-временски исечок, но статичноста на ликовниот свет на делата на нашиот сликар е само привидна. Таа е суптилно ритмизирана од фината игра на светлото и на сенките, кои сугерираат не само статичен физички, туку и жив онтолошки простор, кој е мобилен одвнатре. Токму тоа е значајното бидејќи така сликите на Дејан Иванов – Маргуш не се експеримент на гол конструктивизам, туку добиваат една семантична длабочина што ги симболизира тивката радост и спокојот на битието што го интегрира просторот- времето во себе. Морам да нагласам дека овде не станува збор за произволна опсервација. Ако повнимателно се загледаме, ќе забележиме дека мотивот на сликите на Иванов е композициски така поставен што сугерира некаков засолнат простор во кој едвај трепери како стивнат одблесок играта на светлото во миг издвоен од брзиот временски тек на минливоста. Намерно или случајно, во херметизмот на сликите на Дејан Иванов – Маргуш го препознаваме императивот што Маларме го поставуваше на поезијата, а кој важи за секој вид херметичка уметност, односно да се сугерира место да се именува. Токму сликите на Иванов ја следат интуитивно поетиката на тој императив.
Сликите се изработени со техничка и занаетска рафинираност. Неговите пејзажи претставуваат сосема индивидуални светови. Земјата. водата, воздухот, светлоста, во пејзажите, стануваат елементарно доживување. Овозможуваат набљудувачот да открива нови хоризонти на различни начини и претставуаат постојано нова авантура. Овие дела покажуваат колку се сензитивни и егзактни во исто време приодот кон природата, нејзината драматика и моќта за фасцинација.
Сонот на секој патник е да ужива во удобноста и да се чувствува што е можно повеќе безбеден горе над облаците, па така за таа цел една авионска компанија се одлучила да ги направи нивните летови незаборавни за секој патник.
Компанијата откако го откупила авионот ербас А380 буквално го претворила во приватен луксузен авион во кој може секој да го закаже својот лет.
Компанијата се надева дека еден ден и оние што највеќе се плашат од височина и летање ќе им бидат нивни патници.
Ербасот е на два ката, со четири класи на седишта почнувајќи од економската класа, бизнис класата, првата класа како и апартманите за престој кои се наоѓаат на горниот кат од авионот.
Доколку сте заинтересирани за приватниот престој вашиот спокој е загарантиран во 12-те квадратни метри кои се поделени на три соби: една дневна соба, една спална соба и еден тоалет.
Патниците доколку се одлучат за овој лет можат да бидат сигурни дека ќе бидат згрижени од страна на вработени лица кои завршиле специјализиран курс за работење со патници.
Сепак доколку сакате да закажете лет за наредната година тоа не е возможно бидејќи веќе однапред се резервирани картите, кои за информација чинат близу 21.000 долари по лице.
Оваа година од 19 до 22 отомври во Охрид во хотелот „Метропол“ се одржа 5ти Меѓународен Конгрес на еколози. Во рамките на Конгресот беше организиран и фотоконкурс за Екофотографија. Учениците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп под менторство на наставниците Наташа Ристеска и Павлина Темелкоска Ристеска зедоа активно учество на истиот. Користејќи ја својата фантазија, паметни телефони и фотоапарати, учениците фотографираа и испратија фотографии на конкурсот на кој беа прикажани уникатни пејзажи од нашата татковина, домашни и ендемични видови на животни и растенија. Фотографиите беа изложени на изложбата и за истите сите учениците-учесници ќе добијат благодарници и пофалници за својот труд.