дома блог страница 5067

ПИВО ОД НЕБОТО – Во Шкотска направено е пиво со вода од облаците

107187_fil-6425_ff

Зошто за правење на пивото да користиме вода од земјата кога можеме од небото?  Можеби ова прашање ја испровоцирало компанијата “Innis & Gunn” да ја реализира идеата да направи единствен производ- ПИВО ОД НЕБОТО.

Пиварата креирала воздушен уред кој  е опремен со турбина и кондензатор кој ја впива влагата од облаците пред да се претвори во вода.

untitled

Ф.Г.

 

ФРАПАНТНО ВИДЕО: Алфите и криминалците на СДСМ во потера по Диме Спасов

СДСМ соработува со подземјето и користи  криминалци за свои политички цели.  Ексклузивните снимки кои денеска ги објави Сител ја откриваат целата вистина за случајот со сообраќајката на заменик министерот Диме Спасов.

video-s

Сител телевизија во ДНЕВНИКОТ во 16 часот објави фрапантно видео, на кое се гледа како СДСМ се обидоа со подземјето да изведат физички напад на сегашен заменик министер и доскорешен министер.

Сител излезе со ексклузивно видео на кое е снимена бркотницата и нападот со оружје врз заменик министерот за труд Диме Спасов.  Од снимките кои денеска ексклузивно ги објави телевизијата, може да се види дека Спасов бил нападнат од група насилници кои му се заканувале со пиштол а потоа, истата група, заедно со лица кои се претставиле како полицајци му впериле пиштол.

Група од Серава, место кое е особено познато по криминални ликови, пресретнува џип во кој се вози Спасов. Наводно имало судар, а на снимката се уште има кал на возилото кое го возат момците од серава, потоа го бркаат, го запираат, го удираат возилото и ставаат раце во џебови од каде вадат пиштоли.

ВИДЕО: Украде полициски автомобил а бегството го прикажа во живо на фејсбук

screenshot_6-3

Момче украде полициски автомобил и полицијата се обидуваше да го фати повеќе од половина час. Сето ова тој го пренесуваше во живо на фејсбук со телефонот на еден од полицајците чие возило го украде.

На крајот заврши со лисици на рацете.

” Зад мене е полицијата” рече во еден момент 25 годишниот Џон Пинеј од Тулса, Оклахома. Тој сними вкупно 4 видеа, а во еден момен ја пушти и сирената на полициското возило.

Ф.Г.

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Роналдо се сретна со детенцето кое се разбуди по три месеци од кома по негов даден гол!

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо имаше емотивна средба со полскиот тинејџер Давид Павлачик, кој помина три месеци во кома, а се разбудил во моментите кога португалскиот голгетер постигнал погодок.

 

ronaldo-640x419

Роналдо се сретнал со семејството на малиот Павлачик и сите тие му беа специјални гости на дуелот против Легија.

Тинејџерот кобната несреќа ја имало во 2013 година, кога возејќи велосипед, бил удрен од автомобил. Давид тогаш паднал во кома и цели три месеци не се разбудил, се додека не слушнал коментарот како реагира на гол кој го дал Португалецот.

Сега Давид имаше можност и во живо да се запознае со својот фудбалски идол.

 

 

Подгответе се за сезоната на грипот: Направете го најсилниот природен антибиотик!

hh

Овој рецепт едноставно мора да го запамтите бидејќи  сезоната на грипот и настинките веќе ни “тропа на врата”.

Овој природен антибиотик има силно антивоспалително дејство кое освен што го зајакнува имунитетот, ги убива и бактериите. За разлика од синтетичките антибиотици кои можете да ги купите во аптеките, овој лек не предизвикува несакани реакции. Тој е целосно сигурен за употреба.

Со конзумирање на куркума и мед го подобрувате варењето и го зголемувате бројот  на добрите бактерии во цревата.

Потребни состојки:

-100 грама непреработен мед

– Една лажица куркума во прав

Измешајте ги двете состојки за целосно да се соединат.

Како да се користи овој лек ?

Штом ги забележите првите симптоми на настинка или грип земајте го на следиов начин:

  • Првиот ден земете пола лажица од лекот на секој час.
  • Вториот ден по пола лажица на секои два часа.
  • Третиот ден по пола лажица, три пати дневно.

Ф.Г.

Прилеп го одбележува “Денот на ослободувањето” – 3-ти Ноември

_mg_7888

По повод одбележувањето 3-ти Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, делегации од Локалната самоуправа на Општина Прилеп, Советот, АРМ и Сојузот на борци од Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот кај Песјобрдце. На истите локации по повод 3-ти Ноември свежо цвеќе положија и претсавници од останатите политички структури и група граѓани. Во рамки на одбележувањето на празникот во центарот на Прилеп, се приклучи и Ротари клубот кој организираше хуманитарен хепенинг.

_mg_8231

_mg_8069

_mg_8084

_mg_8189

 

 

 

_mg_8241

_mg_8246

_mg_7941

Патеката на славните по повод празникот ќе биде збогатена со имиња како што се: Блаже Алексоски, Љубен Димкароски и Петар Башески.
Вечерва во 19.00 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, на свечена седница ќе бидат доделени плакети и дипломи на овогодинешните добитници за 3-ти Ноември.

 

Демократски Сојуз се распаѓа! Советникот од Прилеп премина во ВМРО-ДПМНЕ

2

ПОГУБНАТА ПОЛИТИКА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ И СЛЕДЕЊЕТО НА ЧЕКОРИТЕ ОД СДСМ ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА И ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ДРЖАВАТА, БЕА ПРИЧИНА ЗА ДЕНЕС СОВЕТНИКОТ НА ДС ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, БЛАГОЈА КАРЕСКИ, ПРЕМИНЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ, СТОИ ВО НЕГОВАТА ДЕНЕШНА ИЗЈАВА ПРЕД МЕДИУМИТЕ.

“ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ! ПОГУБНАТА ПОЛИТИКА НА МОЈОТ ДОВЧЕРАШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, МЕ ПОТТИКНА ОД ДЕНЕС ДА БИДАМ ДЕЛ ОД ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ. ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ СТАНА ИНСТРУМЕНТ ВО РАЦЕТЕ НА СДСМ ПРЕКУ КОИ СЕ НАВЕСТУВААТ ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

НЕ Е ЗАМИСЛИВО ВО СИТУАЦИЈА НА НАЈАВА ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА,ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ И УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ДА ОСТАНЕ НЕМ СВЕДОК! ДРУШТВОТО СО ХАРМОНИКАШОТ ЈОВЕ КЕКЕНОСКИ И ЛИЧНИТЕ АМБИЦИИ ДОЈДОЈА ДО ИЗРАЗ И СЕ ПРЕПОЗНАТИ КАЈ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДС КОИ МАСОВНО ПРЕМИНУВААТ ВО ВМРО-ДПМНЕ! ЧЛЕНОВИТЕ НА ДС САКААТ ПРОСПЕРИТЕТНА ТАТКОВИНА, ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК, СУБВЕНЦИИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПЕНЗИИ И СИГУРНИ ПЛАТИ И СОЦИЈАЛНИ НАДОМЕСТОЦИ! ЗАРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ ДС ОСТАНА БЕЗ ЧЛЕНОВИ ПОСЛЕДНАВА НЕДЕЛА. ВИ БЛАГОДАРАМ!”, ИСТАКНА КАРЕСКИ БЛАГОЈА ДОВЧЕРАШЕН СОВЕТНИК ОД ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП.

 

Знаци кои покажуваат дека вашиот црн дроб е полн со отрови

Доколку се прашувате во каква состојба е вашиот црн дроб, можеби би требало да проверите дали патите од некои симптоми кои би можеле да укажуваат на проблеми?

crndrob

Постојат повеќе знаци дека вашиот црн дроб е полн со токсини..

Прочитајте кои се и обидете се да се присетите дали патите од некои од овие симптоми:

Хроничен замор
Негативни емоции
Исцрпеност
Мигрена
Хронична болка во зглобовите
Ексцесивно потење
Проблем во варењето на мастите
Алергии
Акни и проблематична кожа
Гасови, надуеност, болки во стомакот, запек, дијареа
Хормоналната нерамнотежа

Проверете ги и овие знаци:

Анксиозност и депресија
Хемиска чувствителност
Хронично лош здив
Необјаснето зголемување на телесната тежина

 

ВИДЕО: Крокодил ги нападна во базен- момчето избега, девојката се бореше сама

Романтичното ноќно капење на млад пар во Зимбабве за малку ќе се претвореше во трагедија со тешки последици, кога во водата влезе опасен непоканет гостин. Момчето и девојката беа интимни еден со друг, кога во базенот им влезе млад крокодил.

krokodil_-_03-640x435

Влекачот прво се прикраде, за потоа веднаш да се упати во лов кон момчето и девојката. Момчето прво забележа дека животите им се во опасност и без многу двоумење скокна од водата оставајќи ја својата девојка сама да се снаоѓа како знае и умее.

Девојката, откако остана сама, се обиде да дојде до другата страна од базенот и да излезе од водата. Сепак, младиот крокодил ја напада. За среќа таа успеа да го одби неговиот прв напад. Но, тоа уште повеќе го разбесни влекачот кој ѝ се нафрли повторно и уште побесно.

Дојде до кратка борба во која девојката, иако се здоби со повеќе гребаници, успеа да излезе од водата.

Момчето, како што објави „The Sun“ имало 27 години и како што објаснило потоа, избегало од базенот водејќи се од својот инстинкт. Девојката била 22-годишна. Таа, според пишувањата, иако доживеала трауматична ситуација, не пуштила ниту солза.

 

Ново пророштво на наследничката на Баба Ванѓа: Светот ќе остане без…

jhngshfdgsdfg-640x335

Таа е најавена од самата Ванѓа, а руските медиуми пишуваа дека нејзината наследничка ќе се појави повторно, за малото девојче долго време се тврдеше дека починала, но вистината е сосема поинаква.

Девојката се вика Каеда Убер и живее во Монпелие. За неверојатните сличности помеѓу неа и Ванѓа се раскажува во обемната репортажа на руската телевизија НТВ.

Сличностите меѓу Ванѓа и Каеда се во голем број. И француското девојче како Баба Ванѓа почнува да губи видот. Малата Каеда дури ги има и истите гестови како Ванѓа.

Таа може да ги лекува другите, но не и себе. По примерот на македонската пророчица и девојчето гледа духови, но има страв од темнината, бидејќи ноќе нејзините визии се најсилни.

За девојчето се тврди дека ја наследи дарбата на Ванѓа. За Каеда се зборуваше уште во 2011 година, кога таа имаше само 7 години.

Дури и специјалисти се зафатиле со проекти да научат повеќе за феноменот на Каеда. Се вршеле понатамошни испитувања во Русија за паранормални нешта и да се открие дали навистина таа контактирала во сон со Ванѓа, како што тврдела смата. Година подоцна беше соопштено дека девојчето загинало во сообраќајна несреќа.

Но, во јануари од руската телевизија успеваат да го пронајдат детето и да направат долга репортажа за него. Според руските медиуми, едно од пророштвата на Ванѓа е дека таа ќе ја предаде нејзината дарба на жена од Франција. Русите се 100% убедени дека тоа е токму Каеда.

Сличностите меѓу Французинката и Ванѓа се застрашувачки. Исто како Ванѓа, и детето покажува со прст кога ги искажува своите предвидувања. Си ги допира слепоочниците на ист начин, а веќе треба да носи очила, бидејќи видот ѝ се влошува и постои опасност да го изгуби.

За визите на Ванѓа велела: „Тоа не можеш да го исклучиш како радио.“

И Каеда гледа ноќе различни духови – мажи и жени. Таа најмногу се плаши од црн маж кој ѝ се јавува. Тука Русите пак прават паралела со баба Ванѓа, за која велат дека се плашела од еден маж. Тој доаѓал кај неа и тогаш таа паѓала во транс.

-Таа ќе гледа во иднината, како што гледам и јас, предвидела Ванѓа.

Така се случува и со Каеда. Девојчето се плаши страшно многу од бегалците. Нив веќе насекаде ги гледа и вели дека некои од нив се добри, но чувствува и закана.

Според неа, масакрот во Париз е трагедија која ќе се повтори.

Најчудните нешта околу Каеда почнале да се случуваат уште кога нејзината мајка забременила со неа. Жената сонувала чудни работи, без да знае дека чека дете. Ѝ се јавиле две девојчиња во сон за да ѝ пренесат дека е бремена.

Отишла на гинеколог и тој го потврдил тоа, но таа не сакала да го дознае полот на детето. По некое време, сонила нов сон со девојчињата кои ѝ пренеле дека ќе има ќерка.

Меѓу најчудните случки со Каеда од детството е една играчка на Дедо Мраз. Иако во неа немало батерии, штом детето влегло во собата играчката почнала сама од себе да работи. Тогаш Каеда им рекла на своите блиски дека некој сака да се поврзе со неа.

dsjdshrjrjerekjer

Во друг случај, нејзината мајка се разбудила од кошмар и слушнала дека Каеда вреска и дека некој го мрда нејзиниот кревет. Се покажало дека навистина креветот се движи без очигледна причина. Каеда повторно објаснила дека некој сака да контактира со неа.

Детето често ја предупредува својата мајка дека им претстојат проблеми, најмногу за здравјето. Така, Каеда во една ситуација го спасила својот дедо. Рекла дека треба веднаш да се слушнат со него за да видат како е.

Почнала да вика: „Јавете му се на дедо! Смрт! Смрт! Смрт!“

Мајката му се јавила и се испоставило дека тој доживеал мозочен удар. Лекарите брзо реагирале и дедото бил спасен. Така, роднините на девојчето навикнале дека штом таа ќе каже „смрт“, треба брзо да реагираат.

Исто како и Ванѓа, детето може да лекува со рацете други луѓе, но не и себе. Во 2013 година добила конвулзии. Штом ја крстиле во црква, Каеда закрепнала. Девојчето објаснува дека кога ќе се појави „магија“ во нејзините раце, може да лекува болести.

Според неа, наскоро водата за пиење на планетата ќе исчезне. Едно од пророштвата на Ванѓа вели дека еден ден водата за пиење ќе стане поскапа од златото.