дома блог страница 5056

Претставен проектот за „Теретана во природа“

5615-pretstaven-proektot-za-teretana-vo-priroda-960x600-3

Претставници од И.О. “ФЕНИКС“ – Прилеп, остварија средба со Градоначалникот и беше претставен проектот за „Теретана во природа“ од програмата „Зајакнување на младинското учество’’ на која работеа околу дваесетина млади од повеќе невладини организации: „ Црвен крст“, „Go green“ и други невладини организации како и млади индивидуи.
Оваа програма е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

5615-pretstaven-proektot-za-teretana-vo-priroda-960x600-7

Буфон: Не победуваат секогаш парите

Капитенот на Јувентус Џанлуиџи Буфон рече дека одлуката на Пол Погба да остане во италијанскиот клуб е исклучително важна, како за екипата така и за фудбалот во целина.

gigi-500

Голем интерес за Погба ова лето покажаа клубовите Манчестер Сити, Челзи и Барселона.

„Манчестер Сити е еден од трите или четирите клуба кои може да се издвојат, како што велам јас, „луда сума на пари“ за Погба“, вели Буфон.

„Природно е да се заинтересирани за него. Одлуката да остане во Јувентус е значајна за нас, но и за фудбалот. Се покажа дека парите не секогаш победуваат“, рече Буфон за „Дејли Мирор“.

Фудбалерот во Јувентус пристигна од Манчестер Јунатед во 2012-та година и до сега за „Старата дама“ запиша 133 настапи и 2 погодока.

Со торинскиот клуб освои три титули шампиони, еден куп и три Суперкупа на Италија.

Настапи во финалето на Лигата на шампиони во кое Јувентус со 3:1 беше поразен од Барселона.

Фудбалерите на Јувентус на стартот на Лигата на шампиони со 2:1 славеа токму против Манчестер Сити во Англија.

Кери со трет разговор во последните 10 дена со Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери разговарал со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, трет пат во последните 10 дена, пренесоа американските медиуми.

keri-lavrov

Кери побарал да го разгледаат сирискиот конфликт, информира американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби, информира дека Кери го побарал својот риски колега и додаде дека Лавров ја подвлекол неопходноста од единствен фронт за борба со терористичките групи во Сирија.

Државниот секретар Кери подвлекол дека „континуираната руска поддршка за претседателот Башар ал-Асад ризикува да доведе до заострување и продолжување на конфликтот и да ја поткопа нашата заедничка цел за борба со екстремизмот, доколку не продолжиме да бараме решение за конфликтот во Сирија преку вистински политички преод кон нова власт“, беше соопштено во писмената изјава на Стејт депатментот.

Освен тоа, Кери изјавил дека САД се одлучни да се борат против терористичката група Исламска држава, заедно со повеќе од 60 земји, кои се вклучија во коалицијата формирана од Вашингтон.

Американскиот државен секретар подвлекол дека Асад никогаш не би можел да ја добие довербата на оваа коалиција.

Истовремено, Кери забележал дека САД ќе го поздрават конструктивното учество на Русија во напорите за борба против Исламска држава. Освен тоа, Кери подвлекол дека конфликтот во Сирија не може да се реши по воен пат, туку само со политичко пренесување на власта врз нова Влада во Дамаск.

Американските медиуми јавуваат дека Кери побарал објаснување за целта поради која Москва го засилува своето воено присуство во Сирија.

Американски владини претставници минатата недела изјавија дека Русија го засилува своето воено присуство во Сирија и изразија стравувања дека Москва ја засилува поддршката за режимот на Башар ал-Асад, потсетуваат британските медиуми. Тие додаваат дека, според соопштение од сајтот на руското Министерство за надворешни работи, Кери и Лавров разговарале и за украинската криза и чекорите за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

СЕ РЕШИ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО СЛАВЕЈ

PRATENICI SLAVEJ

Жителите на населено месо Славеј веќе децении наназад се соочуваа со огромни проблеми поврзани со земјоделското државно земјиште кое што го обработуваат, но се до денес не беа во можност да добијат документ што ќе можат да го употребат во институциите.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање под закуп земјоделско земјиште за временски период од 15 години. Подготовките за доставување на документацијата за овој јавен повик ги презентираше Градоначалникот на Општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски и пратениците Димитар Стевананџија и Ане Лашкоска, кои излегоа во пресрет за прашањата и проблемите на граѓаните во ова населено место. Со овој повик на жителите на населеното место Славеј ќе им се доделат по 10 декари земјоделско земјиште за кое по изработката за елаборатот за истото ќе добијат документ за корисничко право. Граѓаните го поздравија решавањето на овој долгогодишен проблем и се заблагодарија за заложбата за решавањето на истиот како на Општината Кривогаштани така и на Владата на РМ.

ВИДЕО: Се обиде да сомеле часовник на Епл – погледнете што се случи

На популарниот YouTube канал на американската компанија Blendtec, која е познат производител на блендери, беше објавено  видеово.

applewatch

Ликот кој е познат низ светот по тоа што во блендер ги става најновите гаџети кои излегуваат на пазарот, овој пат го презентираше резултатот од мелењето на новиот Apple iWatch.

Погледнете го видеото и обидете се да погодите што ќе се случи со часовникот на Епл.

Почнува она вистинското, почнува Лигата на шампионите

Конечно, почнува групната фаза од Лигата на шампионите, најелитното фудбалско натпреварување.

ls-500

Љубителите на фудбалот од утре повторно ќе уживаат во мајсториите на најдобрите фудбалери и екипи на стариот континент. Почнува групната фаза од Лигата на шампионите, а уште во првото коло вистинско дерби.

Дуелот кој привлекува најмногу внимание од првото коло е оној помеѓу Манчестер Сити и Јувентус. Премиерлигашот ќе биде домаќин на шампионот на Италија, кој по три кола во Серие А сезонава има само еден бод.

Парови за вторник:

ПСЖ – Малме

Реал Мадрид – Шахтјор

Волфсбург – ЦСКА Москва

ПСВ – Манчестер Јунајтед

Галатасарај – Атлетико Мадрид

Бенфика – Астана

Манчестер Сити – Јувентус

Севиља – Борусија Мехенгладбах

Парови за среда:

Баер Леверкузен – БАТЕ Борисов

Рома – Барселона

Динамо Загреб – Арсенал

Олимпијакос – Баерн Минхен

Динамо Киев – Порто

Челзи – Макаби Тел Авив

Валенсија – Зенит

Гент – Лион

ФОТО: Американски војници со камиони крадат злато од Ирак!

Триесет трилиони нафта и 20 милијарди злато се украдени од Ирак, по инвазијата врз режимот на Садам. Информацијата вртоглаво се шири низ социјанмата мрежа Facebook. Кружат фотографии како војници на САД, ставаат злато во камиони.

zlato.jpg-n500

Се сеќавате ли на Садам, кој немал оружје за масовно уништување и не бил вклучен во настаните од 9/11/2001 година.

Но, земјите и нивното богатство исчезнало. Тоа е ограбено.

zlato-2.jpg-500

Илиевски на Фејсбук: Горд сум што играв за Македонија

Доскорешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски со настапот на Евробаскет 2015 ја заврши својата репрезентативна кариера.

vlado-500

Тој на емотивен начин го доживеа крајот на натпреварот со Словенија последен за него во националниот дрес и по тој повод до македонските навивачи се обрати преку Фејсбук каде напиша дека со гордост играше за Македонија.

– Голема благодарност до моите фанови, пријатели и сите вие кои што ме поддржувавте додека играв за националниот тим. Ми беше голема чест и горд сум што ја претставува мојата земја, на крајот и како нејзин капитен. Иако завршив со играњето за мојата држава, се надевам дека ќе бидам дел од македонската кошарката во иднина. Да живее Македонија, напиша Владо.

Илиевски ќе остане дел од историјата на македонската кошарка со тројката постигната на ЕП 2011 во Литванија кога Македонија го победи домаќинот на шампионатот и влезе во полуфиналето.

Нов оглас за професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните дека е објавен јавен оглас за прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.

mak-vojska

Идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе биде потребно да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас. Министерството за одбрана ќе продолжи со ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија.

Неодамна во редовите на Армијата беа примени 125 професионални војници. Со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Можноста за пријавување на Огласот е до 27.09.2015

Јавниот оглас е објавен на веб страната на Министерството за одбрана на следниов линк:

http://www.morm.gov.mk/?objavuvanje=јавен-оглас-за-прием-на-125-професионалн&lang=mk

ФК „Питу Гули“ Крушево се враќа на фудбалската карта

Благодарение на ентузијазмот на група луѓе, вљубеници во спортот но и на финансиската помош на локалната самоуправа и граѓани на Крушево, после 3 годишна пауза повторно стартуваше со натпревари ФК „Питу Гули“ Крушево.

Со цел сите заедно да се вклучиме во опстанокот на фудбалскиот клуб а воедно и да го помогнеме развојот на спортот во Крушево во продажба се пуштени годишни карти по цена од 100 денари.

Фото галерија од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Питу Гули“ – ФК „Ново Црнилиште“.

1 (1)