дома блог страница 5055

Со Трамп Македонците без визи во САД

omd1

Во име на македонските Американци, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку телеграма до Доналд Трамп изрази искрени честитки за историската победа на изборите за 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави.

-Половина милион Американци имаат македонско потекло. Охајо, Мичиген, Илионис, Индијана, Пенсилванија, Њу Јорк и Њу Џерси се дом на значителен број на македонско-американски заедници. Се надеваме и очекуваме соработка со Вас, г-дине Трамп, со идниот потпретседател Мајк Пенц и Вашата администрација во целост со цел проширување и продлабочување на врските помеѓу САД и Република Македонија… Се надеваме дека во иднина Македонија ќе биде вклучена во безвизната програма на САД., се вели во телеграмата.

ОМД од Трамп побара и да се заложи за прогласување на преговорите за името за ништовни и влез на Македонија во НАТО.

-Пред 12 години, претседателот Буш ја призна Македонија под нејзиното уставно име и ние длабоко се надеваме дека со Вашата помош и лидерство, Обединетите нации конечно ќе ги прогласат таканаречените напори за „преговори за името” како ништовни и неважечки. Исто така ние имаме голема надеж дека Вие ќе помогнете во обезбедувањето на членство на Македонија во НАТО и ќе поддржите еднакви човечки и верски права и слободи на малцинствата во Грција, вклучувајќи ги Македонците и лицата од македонска православна вера, стои во телеграмата.

Улогата на семејството во потикнувањето и развојот на надарените (деца) ученици: Интервју со Магистер Гоце Бумбароски

Развојот и негувањето на надареноста и талентот кај децата (учениците) е нешто на што треба да се работи, да се поттикнува и да се развива. Тука пред се улога играат родителите, како и педагозите, наставниците во училиштата. За тоа кога за прв пат се воочува надареноста кај децата, како истата да се третира, каква е улогата на училиштето и наставниците, релацијата семејство-училиште, разговараме со Магистер Гоце Бумбароски, наставник во ООУ “Кочо Рацин”-Прилеп. Целта на овој разговор е да откриеме како детето правилно да се насочи и на вистински начин да ја унапредува својата талентираност и дарба.

111

 

Што е надареност?

Феноменот на надареноста различно е дефиниран  не само во различни епохи на цивилизацискиот развој, туку и различно во одделни периоди од развојот на психологијата.

Така, на пример, во првобитната заедница надарен бил оној поединец што бил успешен ловец, во древна Грција оној што бил добар говорник, вешт воин или олимписки шампион, а пак во 20 век за кој што е карактеристичен брзиот развој на науката и техниката, тоа бил научникот или пронаоѓачот.

 Кои се надарени деца?

Надарени се оние деца кои уште во раното детство се поактивни и позаинтересирани за својата средина во споредба со другите деца: многу рано почнуваат да зборуваат, имаат добро помтење, сакаат да ги истражуваат работите околу нив и да манипулираат со нив, подобро логички резонираат, брзо разбираат и го применуваат тоа што го слушнале, имаат многу развиена фантазија. Подоцна, во училиштето лесно учат, брзо сваќаат нови односи, не чекаат готови поими и информации од други.  За новите вештини потребни им се помалку објаснувања во споредба со другите ученици.  Постигнуваат подобри резултати во јазиците, природните и општествените науки, математиката, а некои се истакнуваат и во некои области од уметноста.

Уживаат во решавањето проблеми и чувствуваат потреба да проверуваат и да бараат нови одговори. Од аспект на креативноста, надарените ученици поставуваат необични прашања, наведуваат неочекувани идеи, имаат желба за истражување на нови области, имаат жива фантазија, широки интереси и различни видови на хоби. Покажуваат успех во активностите за планирање и организирање, социјално се добро прилагодени и често стануваат водачи на формални и неформални групи.  Развојот на нивните емотивни карактерни особини зависи од нивното разбирање и прифаќање од страна на наставниците и соучениците

Кој може да направи идентификација на надареноста?

Природно е првите проценувачи на надареноста на детето да бидат родителите, бидејќи тие од најраната возраст имаат објективна можност да го перцепираат развојот на своето дете и неговите реакции во различни ситуации. Сметам дека родителите можат успешно да ги забележат општите способности или посебните дарби кај своите деца.

Која е улогата на семејството?

Семејството претставува централно место во животот на секое дете. Тое е прва емоционална и социокултурна средина во која што се развива детето.   Родителите можат континуирано да ги следат сите реакции и манифестации на однесувањето на детето во најразлични ситуации.

Понекогаш родителот е склон да верува дека има надарено дете. Можеби нема?! Но родителите можат да им помогнат на децата да постигнат максимален успех со нивната дарба. За да го реализираат тоа, тие мора подобро да ја разберат надареноста, бидејќи тие можат да придонесат најмногу за стимулирање на надареноста кај децата, без да им одземат дел од нивното детство.

Мора да се признае дека во практиката не е секогаш така. Посветувањето на надареното дете бара од родителите ангажирање, нова обврска, создавање стимулативна клима, која ќе го ослободи уште повеќе да го искаже својот потенцијал.  Родителите имаат пресудно значење за општиот развој на ученикот, а посебно за препознавањето и развојот на надарениот ученик.

%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8

Дали е потребна соработката помеѓу семејството и училиштето?

Тргнувањето на детето во училиште претставува важен настан во неговиот живот и во животот на неговите родители. Со самото тоа  родителите му го доверуваат детето на наставникот т.е. на училиштето и заедно  започнуваат да ги делат обврските: нова средина,  училница,  наставник/чка,  наставни предмети,  учебници,  распоред на часови,  одење и враќање од училиште,  домашни задачи,  оценки.

Родителите постојано треба да бидат информирани за местото и средината во која што ќе престојува нивното дете: каква е училницата, хигиената,  осветлувањето,  загревањето,  клупите,  столчињата и се друго бидејќи сето тоа може да влијае на здравјето и расположението на детето и  на неговата желба за учење.

Ако родителите навреме утврдат дека нивното дете е надарено, ако им се реални очекувањата, ако му создадат соодветни услови за работа и ако во границите на нивните можности го потикнуваат неговиот развој, ако редовно соработуваат со училиштето тогаш тоа е среќно, зашто постојат елементарни услови надареноста да дојде до израз и надареното дете да успее.

Голем број на родители имаат негативен став кон училиштето и наставниците, што многу често е резултат на сопственото негативно искуство, и најчесто тие родители ја одбегнуваат соработката со наставниците. Во такви ситуации наставниците треба да се потрудат да им ја повратат довербата на родителите во училиштето како воспитно-образовна институција и да ги заинтересираат за што поголема соработка.

Наставниците средбите со родителите никогаш не треба да ги започнуваат со критикување на ученикот, туку треба да ги посочат позитивните страни на нивното дете, неговата заинтересираност кон одредени наставни предмети и сл.

Секој наставник треба да располага со основните податоци за родителите,  да завземе емпатичен став,  да покаже голема доверба и да знае да ги чува тајните кои што ќе му ги доверат родителите.

%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b811

Која е улогата на наставникот?

Наставникот ја има единствената можност да создаде услови потеnцијално надареното дете да стане позитивен и полезен член на општеството. Тој треба да биде свесен дека на некои надарени деца им недостига синхронизираност со нивните врсници, семејството и со времето во кое живеат. Затоа, неопходно е наставникот да ги разбере чувствата на фрустрираност и изолираност кај овие деца, кои можат да се појават, бидејќи нивниот интелектуален развој е побрз од емоционалниот и физичкиот .

Тој треба да биде свесен за евентуалното несовпаѓање на интелектуалните и социјалните потреби, како, на пример: потребите за сигурност и социјално прифаќање.

%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8

 Според Вас што треба да поседуваат наставниците кои работат со надарени и талентирани ученици?

Според мене наставниците, покрај знаењата од сопствените предмети, треба:

  1. Да ги разбираат надарените и талентираните
  2. Да имаат смисла за хумор
  3. Да можат да го направат учењето забавно
  4. Да се весели
  5. Да ги подржуваат и да ги почитуваат надарените и талентираните
  6. Да се интелигентни
  7. Да се трпеливи
  8. Да се флексибилни
  9. Да ги објаснуваат внимателно нештата
  10. Да се вешти во групните активности

mathegenie-14132679

Што значи да се биде наставник на надарени ученици?

Задачата на наставникот е да инспирира и да ослободува. На надарените ученици најмногу можат да им помогнат тие наставници, кај кои постои комбинација на две карактеристики. Прво, тие треба многу да знаат и постојано да го збогатуваат своето знаење со актуелните постигнувања во предметот што го предаваат. Второ, тие мора да имаат вонредна вештина за комуникација.

За надарените ученици креативен е оној наставник, кој има верба во младите луѓе и ги сака учениците, кој е љубезен, демократичен и полн со разбирање. Ваквите наставници веруваат дека сите човечки суштества се по природа добри и имаат потенцијали. Насочуван на такви вредности, ученикот може – да избере стил на живеење и поглед на светот – исто како и секојдневни избори, за кои повеќето луѓе не се свесни.

Треба да признаеме дека надарените деца уште од мали се способни да увидуваат значајни нешта и нашата задача, како наставници е важно да го извлечеме креативното од нив и да им дозволиме да бидат таму каде што можат да го откријат тоа што, всушност, веќе го знаат.

nadareni-deca

За крај, што би им препорачале на семејствата за односот кон надарените?

Забележувајте ги првите знаци уште во првата година од животот на детето, карактеристичните облици на однесување: како тоа се однесува на одреден звук, како воспоставува контакт, што во одредена социјална ситуација е за него карактеристично, што за детето претставува посебен интерес, како него го манифестира и сака да го задоволи и друго.

Вие не ги создавате надарените деца, туку создавате атмосфера во која детето може да ја изрази својата надареност. Сето друго е издигнување на детето

Мора јасно да ја дефинирате надареноста и да разберете како таа се развива.

Раната идентификација на надарените деца го означува најдрагоценото богатство на секој народ .

Посветувањето на надареното дете бара од Вас  ангажирање, нова обврска, создавање стимулативна клима, која ќе го ослободи уште повеќе да го искаже својот потенцијал.

Охрабрувајте го и на секој начин потикнувајте ја самостојноста во акција (од хранење, преку основната хигиена до сложени моторички и останати вештини) со јасно изразен позитивен став – ти тоа го можеш.

Помогнете му да го урамнотежи погледот на големите вредности во своето врсничко опкружување.

Барајте и најдете активност во која детето може да ужива заедно со другите деца: на игралиште, во парк, во возење велосипед итн.

Помогнете му да пронајде деца со слични интереси. Важно е да сфатите како Вие ќе го пронајдете и иницирате таквото пријателство

Пофалете го своето дете, но и другите деца за нивните позитивни акции. Вниманието на детето само на неговите способности води до фрустрација

Многу надарени деца мислат дека се сакани само и/или пред се за своите способности и за се она што го прават совршено, а не поради себеси и се плашат дека нема да бидат сакани ако постојано не ги искажуваат тие способности

Покажете му на детето дека го вреднувате и цените она што е добро во него и она што знае добро да го прави.

ВИДЕО: Нешто неверојатно и се случи на оваа жена – Ќе се наежите

surf-surfovanje-delfini-foto-youtube-1478454311-1028971

Кога ќе го изгледате видеото, ќе ви стане јасно зошто има повеќе од 17 милиони прегледи.

Група на делфини одлучи да се придружи на оваа жена додека сурфаше на вода. Вакво нешто се случува само еднаш во животот.

Ф.Г.

ФОТО: Џоли падна во прегратките на познатиот српски актер

Во чија прегратка падна Анџелина Џоли за време на разводот со Бред Пит?

g2dthg45tf4h5fy56j

Популарниот актер Раде Шербеџија, кој децении наназад својата кариера ја гради во Холивуд, каде што воедно се познава и се дружи со голем број познати ѕвезди, вклучувајќи ги и Бред Пит и Анџелина Џоли, со кои е и близок пријател, не сакаше за медиумите да ја открие вистинската причина за разводот на „Бранџелина“.

-И покрај тоа што ја знам причината, нема да ја откријам, затоа што ги сакам моите пријатели и не сакам да ја нарушам нивната интима, мистериозен е популарниот Раде.

rade-pit-640x363

Легендарниот Шербеџија открива дека неговите шансони не ги сакаат само Балканците, туку и светските ѕвезди.

Меѓу нив е и Анџелина Џоли, која поради разводот од Бред Пит, утеха бара во песните на Раде со кои полесно го надминува периодот.

– Досега повеќепати им пеев на колегите, како на сетови, така и приватно. Џоли ми призна дека многу ги сака моите песни и дека ги слуша многу често – изјавува Шербеџија за српските медиуми.

 

Снег во Македонија – какво време не очкува во наредните денови?

dwqfpoepogferk

– Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови засилен југозападен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните делови каде и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 11 до 18 степени.

Во сабота врнежите од дожд ќе продолжат и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Од недела следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.

 

Ја изгубил бурмата, а природата му ја вратила на најнеобичен начин

Еден 82-годишен Германец ја изгубил својата бурма додека копал во градината пред три години. Откако дал се од себе за да ја најде, кренал раце мислејќи дека споменот од венчавката е засекогаш изгубен.

 

orkov-prsten

Но, природата имала поинаков план, бидејќи венчалниот прстен му го вратила на најнеобичен можен начин.

Додека проверувал како напредуваат морковите, многу се изненадил кога видел како од едниот наѕира бурмата која ја изгубил пред три години. Морковот растел околу прстенот, а симболот на љубовта бил лесен да се воочи.

Покојната жена била убедена дека нејзиниот сопруг кога тогаш ќе ја пронајде изгубената бурма и се покажа дека таа била во право.

 

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Уапсен терорист во Арачиново, повратник од Сирија кој спремал терористички напад во Македонија!

Две лица на возраст од 23 и од 24 години од Скопје се уапсени поради инволвираност во подготвување извршување кривично дело „тероризам“ и за поврзаност со повратници од ИСИС, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

aracinovo-policija-1-blur

– Министерството за внатрешни работи како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот на 4 овој месец по претходно издадени наредби извршени два претреси од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново. За време на извршените претреси пронајдено е и обезбедено 24-годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово – рече Чавков на прес-конференција во МВР.

Посочи дека за лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичен законик на Република Македонија при што од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

– При претресите се пронајдени и со потврда одземени мобилни телефонски апарати со СИМ-картички, фотоапарати со микрокартички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација – рече Чавков.

Чавков, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека станува збор за лица за кои постоеле разузнавачки информации од претходно дека се припадници на исламски радикализам, како и дека имаат поврзаност со повратници од ИСИС, односно странски борци.

– Нивните цели беа преземање конкретни терористички акти на територијата на Македонија. Намерите и интенциите на оваа структура се осуетени со навремено добивање разузнавачки информации – рече директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

МУ ОТИДЕ ЛИ УМОТ: За Заев „грди се сите Македонци кои не сакаат двојазичност во Струмица и Прилеп“ (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа во интервју на ТВ 21 уште еднаш ја искористи приликата јасно и недвосмислено да ги каже своите планови и намери околу двојазичноста во Македонија – Заев сака да ја воведе.

 

zaev

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа во интервју на ТВ 21 уште еднаш ја искористи приликата јасно и недвосмислено да ги каже своите планови и намери околу двојазичноста во Македонија – Заев сака да ја воведе.

Заев соопшти дека ќе го промени и уставот ако треба за да се регулира двојазичноста, па Албански да може официјално да го употребуваат и малите проценти на албанци во Берово, Пробиштип, Прилеп и другите градови каде процентот на Албанци е помалку од 2%.

Најскандалозна беше изјавата дека според него „грдото лице на Македонија“ се сите оние луѓе кои не се согласуваат со него.

Ваквото однесување на еден политичар кон својот народ, отварајќи теми кои никој не побарал да бидат отворени освен албанските националистички партии, е незабележано и незамисливо никаде во светот – покрај тоа што е тотално нелогично и нечуено во градови во кои има 1% и помалку од некое малцинство да се официјализира јазикот на малцинството.

Ова се премногу опасни тези на Заев бидејќи се јасна и отворена потврда за агендата на СДСМ која подразбира федерализација односно редефинирање на Македонија. Која е причината Заев да се однесува како поголем Албанец од Албанците и да работи на националистичките агенди на некои од албанските партии – останува нејаснотија. Иако веројатно многу летигимен одговор е содржан токму во насловот на оваа вест.

Извор: КУРИР

Важна вест за сите кои имаат кредит во банка

НБМ веќе испрати предупредување до банките потранспарентно да ги одредуваат каматните стапки за граѓаните да не се доведуваат во заблуда за висината на каматите што ги плаќаат на кредитите или ги добиваат за депонираните депозити.

222

Попрецизно одредување на каматните стапки на кредитите и на депозитите што банките им ги нудат на граѓаните и на фирмите ќе гарантира новиот Закон за облигациони односи чии измени веќе се подготвуваат.

Од Народната банка потврдуваат дека во тек е јавна расправа за измените на овој закон, но не се открива кога ќе биде изработен, пишува Дневник.

Практично овој закон ќе биде дел од новиот граѓански законик, кој исто така веќе е во подготовка. НБМ веќе испрати предупредување до банките потранспарентно да ги одредуваат каматните стапки за граѓаните да не се доведуваат во заблуда за висината на каматите што ги плаќаат на кредитите или ги добиваат за депонираните депозити.

Интензивно се работи на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

_mg_9529

Деновиве со забрзано темпо се работи на изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се асфалтираат улиците и се поплочуваат тротоарите со бекатон плочки. Инвестицијата е тешка 8 милиони денари, а парите се обезбедени како донација од Светска банка.

_mg_9603

_mg_9593

„Досега се асфалтирани 380 метри од улицата во оваа зона, се градат тротоарите од двете страни на коловозот, а ќе се постави и улично осветлување. Со ова на еден начин од 80 до 90 проценти ќе биде инфраструктурно завршена оваа зона. После отворањето на погоните, кои интензивно се градат тука, во оваа зона ќе може да се отворат од 1.500 до 2.000 нови вработувања и мислам дека ова ќе биде вистински пример во Македонија како треба да изгледа една современа индустриска зона“, истакна градоначалникот Марјан Ристески.

_mg_9591

_mg_9552

Напоредно со оваа зона во тек се тендерски постапки за продажба на локации во индустриската зона Прилеп 2, каде што е предвидено да има 15 локации, а 5 локации веќе се продадени. Со продажбата и на останатите 10 локации, што се очекува да се случи до крајот на оваа година, од 2017 година се планира и во оваа зона да се започне со изградба на инфраструктура.

_mg_9629

_mg_9622

_mg_9603

Со изградбата на овие две индустриски зони како и ТИРЗ Прилеп, овој град станува еден од најинтересните региони во Македонија за привлекувањето на домашни и странски инвеститори.