Буфон: Не победуваат секогаш парите

Капитенот на Јувентус Џанлуиџи Буфон рече дека одлуката на Пол Погба да остане во италијанскиот клуб е исклучително важна, како за екипата така и за фудбалот во целина.

gigi-500

Голем интерес за Погба ова лето покажаа клубовите Манчестер Сити, Челзи и Барселона.

„Манчестер Сити е еден од трите или четирите клуба кои може да се издвојат, како што велам јас, „луда сума на пари“ за Погба“, вели Буфон.

„Природно е да се заинтересирани за него. Одлуката да остане во Јувентус е значајна за нас, но и за фудбалот. Се покажа дека парите не секогаш победуваат“, рече Буфон за „Дејли Мирор“.

Фудбалерот во Јувентус пристигна од Манчестер Јунатед во 2012-та година и до сега за „Старата дама“ запиша 133 настапи и 2 погодока.

Со торинскиот клуб освои три титули шампиони, еден куп и три Суперкупа на Италија.

Настапи во финалето на Лигата на шампиони во кое Јувентус со 3:1 беше поразен од Барселона.

Фудбалерите на Јувентус на стартот на Лигата на шампиони со 2:1 славеа токму против Манчестер Сити во Англија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.