дома блог страница 5052

ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СО ВИСОКИ ПОСТИГАЊА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И МАТЕМАТИКА

4756-o.o.u-goce-delcev-dobi-novi-vlezni-skali-960x600-2

ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп е едно од 103 училишта во Р. Македонија кои се вклучени во проектот „Со читање до лидерство“ спроведуван од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
Преку стандардизирани инструменти за процена на јазичната и математичката писменост тестиран е примерок на ученици и избран по случаен избор во две учебни години (во второ и трето одделение) и споредени се постигањата на учениците со државните постигања. Учениците од ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп постигнаа повисоки резултати од оние на државно ниво. Сите задачи во инструментите се базираат на сеопфатни истражувања што пакажале дека резултатите на учениците на овие задачи се добар показател за нивната успешност по читање и решавање математички задачи подоцна во животот.

Untitled

 

 

Овој викенд по 5-ти пат во Прилеп ќе се одржи планинскиот маратон Krali Marko Trails

123

На 26 и 27 септември, односно во сабота и недела, со почеток во 8 часот по 5-ти пат ќе се одржи меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ – Krali Marko Trails. Оваа година има предвидено 3 патеки, со должини од 65 км., 31 км. и 16 км. Двете подолги трки, оние од 65 км. и 31 км. ќе се одржат во сабота. Поаѓањето е од амфитеатарот во населбата Варош од каде се тргнува за Трескавец, потоа се оди кон село Дабница, Прилепското езеро, потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Потоа учесниците слегуваат кон село Крстец, манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп. Ова се точките кои треба да се поминат доколку учествувате на најдолгата патека од 65 км.

1234

„Пријавени се за учество 170 луѓе, од 7 различни држави : Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД и Британија. Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и овој викенд да се приклучат на настанот. Инаку ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки, и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, истакна Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон Krali Marko Trails.

12345

На двете големи трки може да учествуваат сите со возраст од 16 години па нагоре. За оние од 16 до 18 години потребна е согласност и на родителите, а за помалата трка која ќе биде во неделата, чија должина изнесува 16 км. може да учествува секој со возраст од 12 години па нагоре. Најмалиот учесник оваа година кој е пријавен има 13 години.

123456

„Покрај ултра маратонот Прилеп има неколку екстремни спортови кои ги негува во последните неколку години. Секоја година имаме се повеќе учесници од странство, а тоа придонесува за развојот на тој т.н. алтернативен или спортски туризам. Покрај ултра планинскиот маратон имаме и болдеринг, светски куп во параглајдинг и секако мото крос трката која не очекува кон крајот на овој месец“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Победниците на овие трки ќе добијат медаљи, плакета и спортска опрема.

1234567

ФА го суспендираше Диего Коста

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста е казнет со три натпревари суспензија заради насилоното однесување на мечот со Арсенал.

diego-kosta-500

ФА соопшти дека после прегледувањето на снимките се одлучилe на ваков чекор иако за време на натпреварот со Арсенал, Коста не доби црвен картон туку само жолт, а по негова вина беше исклучен противничкиот играч Габриел Паулиста.

– Фудбалската асоцијација го казни Диего Коста заради насилничко однесување коешто судијата не го забележа во текот на мечот. Напаѓачот на Челзи заради ова ќе отслужи стандардна казна од три меча суспензија, се вели во соопштението од ФА.

Претходно ФА го укина црвениот картон на Габриел Паулиста. Челзи го доби мечот со Арсенал 2:0.

Започнува новата театарска младинска сезона

Ognen pred maladite

НУЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп

Во четврток 24 септември 2015 од 20.00 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,, Младинското драмско студио – Театар чин 4 – сцена 5, премиерно ќе ја прикаже претставата ,,Огнен,,.

,,Огнен,, од Горјан Милошевски, во режија на Марио Стојаноски е новата претстава на Младинското драмско студио – Театар чин 4 – сцена 5, при ЦК ,,Марко Цепенков,, што премиерно ќе биде прикажана во големата сала, со што се започнува новата театарска младинска сезона.
Се работи за современа експлозивна претстава во која играат Давид Папазоски, Борче Василески, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Виктор Мирчески.
– Текстот е брз, експлозивен, енергичен, каков што е и младиот човек, нели? Го избрав пред се заради моменталната состојба во која се наоѓа младиот човек и не само тој, туку човекот воопшто. Текстот проектира една силна натуралистичка слика на општеството како такво, пред се на македонското. Младиот човек се наоѓа во една транзициска транзиција, еден голем егзистенцијален прашалник, кој, настрана од материјалните работи, стои исправен пред духовните. Станува збор за лажни односи, родителски грешки, користољубивост, но од друга страна и чисти чувства и емоции, кои човекот се стреми да ги минимизира, ако веќе не може да ги уништи. Младиот човек пробува да заборави на своите проблеми наместо да ги реши, гледа да ги избегне колку што може. Дали ќе успее да ги заборави или ќе го демнат и во понатамошниот раст во зрела личност, останува да се види во претставата – вели режисерот Марио Стојаноски.
Сценографијата е на Марин Димески и Давид Јованоски, костимите на Марија Попоска, додека изборот на музиката го направи режисерот.

ВИДЕО: Милан се буди

Фудбалерите на Милан го забележаа третиот триумф оваа сезона, откако синоќа во Удине со 3:2 беа поуспешни од домаќинот Удинезе.

milan-500

Победникот на овој дуел беше решен уште по првото полувреме по кое „росо-нерите“ обезбедија водство од 3:0 со головите на Марио Балотели, Џакомо Бонавентура и Кристијан Запата. Домаќините во вториот дел успеаја само да намалат, но не и да направат целосен пресврт. Головите за Удинезе ги постигнаа Емануел Баду и Дуван Запата.

Осум средби од 5.коло во Италијанското првенство се играат вечер од 20:45 часот:

Карпи – Наполи,
Киево – Торино,
Фиорентина – Болоња,
Интер – Верона,
Јувентус – Фросионе,
Лацио – Џенова,
Палермо – Сасуоло,
Сампдорија – Рома.

Колото утре ќе го комплетираат Емполи и Сампдорија.

Табела: Интер 12 бодови, Торино, 10, Фиорентина 9, Милан 9, Рома 8, Сасуоло 8, …

„ДОСИЕ-ВИСТИНА“

123

СЕ ОДЛУЧИВ ДА ПИШУВАМ ЗА ЗАГАДЕНИОТ МЕДИУМСКИ ПРОСТОР, БИДЕЈЌИ ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ ИЗЛОЖЕНИ СМЕ НА МЕДИУМСКИ МОБИНГ ОД РАЗНИ ЕКСПЕРТИ – СЕЗНАЈКОВЦИ!! И ТОА ОД РАЗЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЛОШ СОН, УРОЦИ, ИСПУШЕН “КЕЦ”, ЛЕКАРСКО СО МНОГУ “ТОЧКИ”, ФРУСТРАЦИЈА, ЗГРЕШЕНА ПРОФЕСИЈА… И ШТО ОД ТОА… НАШУМОГЛАВЕН НАРОД КОЈ НЕМА ФИЛТЕР ЗА ТОЧНА ИЛИ ГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА, ЗА ВИСТИНА ИЛИ ЛАГА, ЗА КОМПЛЕКС ИЛИ ФРУСТРАЦИЈА. ПОМОДАРСТВО ЛИ Е, ТРЕНДИ ЛИ Е, ОД ПСИХАТА ЛИ Е, НО ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ НОВИНАРИ И КОЛУМНИСТИ. ПОЗИЦИЈА – ОПОЗИЦИЈА, СОРОС – ПАВЕЛ ШАТЕВ, ЕРЕТИЦИ – ВЕРНИЦИ, БИТНО СЕКОЈ МОЖЕ ДА ТИ СЕРВИРА ТОА ШТО МУ ТЕКНАЛО ВО МОМЕНТОТ ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ЛЕКСИЧКИОТ ТЕРМИН -КОЛУМНА!!! И ДА СИ ВЕТЕРИНАР И ДА СИ МАШИНОБРАВАР И ДА СИ ЕЛЕКТРОНИЧАР ИЛИ СПОРТИСТ ДЕНЕС Е МОДЕРНИ СЕКУНДАРНО ДА СИ КОЛУМНИСТ! ЗА 5,25 ИЛИ 500 ЛАЈКОВИ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕШ И ОД ФАМИЛИЈАТА, АМА БИТНО ДА БИДЕШ АНАЛИТИЧАР… ШТЕТА!!! ЌЕ ПИШИВАМ НА ОВОЈ ПОРТАЛ САМО ТОА ШТО Е ВИСТИНА!!! СО ДОКАЗИ, ДОКУМЕНТИ И ФАКТИ!!! ОБЈАВЕНИ, ИСПЕЧАТЕНИ И ПРИЛОЖЕНИ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМ Е МЕСТОТО!! БИДЕЈЌИ САМО ОВДЕ “ВИСТИНАТА ВИ Е НА ДЛАНКА”!!! РЕГИОНОВ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ПРОМОВИРАН, ФОРСИРАН И ОДБРАНЕТ ОД СИТЕ ЗЛИ НАЛИВИ!!!

Автор: ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Денеска почнува есента

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

esen.jpg-500

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно и потопло време со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 28 степени.

Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 секунди кога настапува зимата.

Златното момче на Прилеп за кое на големо се зборува

Давид Нешкоски е млад уметник, изведувач кој полека но сигурно гази кон интернационална кариера. Од ден на ден се гради како личност и артист и полека го освојува срцето и вниманието на голема публика. Преку “Crossroad blues band” и својот бенд “Давид Нешкоски трио”, стигна до Америка каде соработува со големи музички имиња и нижи успеси. Го замоливме да одвои дел од своето време и да одговори на неколку прашања.

 
Кажи ни нешто повеќе за тебе, твоето место на раѓање, школување, твоето опкужување, начин на живот, хоби?

Јас сум роден во градот под Марковите Кули, во музичка фамилија и тоа е местото каде завршив основно и средно образование (гимназија). Официјално музичко образование немам, но мојот начин на живот ми овозможи да се образувам музички со текот на времето. Долг период од мојот живот настапував со бендот на мојот татко Crossroad Blues Band каде и го добив основното музичко образување.
Потоа почнав да работам со мој бенд, трио, со коj снимив два авторски албуми и имав многубројни настапи во и надвор од границите на Македонија.
Мое хоби е само музиката. Сето тоа се спои во едно и прерасна во професионална определба која ја продолжувам до ден денес.

Кога се роди љубовта кон музиката, кога заплови по музичките води и колку време до сега трае таа опсесија?

На многу рана возраст се запишав во основно музичко училиште каде го изучував клавирот, но тоа прерасна во друга форма на музицирање, гитара, на која се задржав и продолжив да се продлабочувам во нејзините убавини. Потоа како што кажав станав дел од “Crossroad Blues Band”. Би ве корегирал, музиката не е моја опсесија, туку е цел мој живот, најубавото нешто што ми се случило. Тоа трае повеќе од 15 години, а јас имам 22 години.

Ги следиме твоите достигнувања и видовме дека си го променил местото на живеење. Како дојде со тоа и со која цел?

Благодарам. Знаете, секој прогрес во една конкретна работа доаѓа со своја одговорност и жртва. Ако целта е да се прави прогрес и да се оди нагоре во конкретната дејност, мора да се биде во средина која го овозможува токму тоа. Македонија ми е дома, секогаш ќе ми биде, но моја цел е да го работам ова на некое врвно ниво, и ако имам доволно среќа се надевам дека ќе се случи и тоа.

Дали еден наш млад уметник како што си ти може да успее, да опстои и да гради интернационална кариера во Америка?

Зошто да не. Не е важно од каде сте дошле, битно е каде одите. Најважно е дали верувате во таа цел, дали сте сигурни дека имате доволно голема желба за успех и колку сте спремни да дадете за да добиете една конкретна работа. Јас се трудам да направам што е можно повеќе и да го остварам тоа што го замислив. Не е воопшто лесно да дојдете во туѓа земја и да имате просперитет со нешто толку деликатно како музика, но благодарение на непокорливата желба и љубов кон музиката, верувам дека ништо не е невозможно ако доволно се сака и се работи кон остварување на целта.

Кој е твојот духовен музички водич, чии тонови и ноти се обидуваш да ги достигнеш?

Ако ме прашувате за моите музички учители ги имам повеќе. Јас пораснав со музиката на Stevie Ray Voughan, Eric Clapton, Jimi Hendrix, BB King, Albert King, John Mayer, Joe Bonamassa и ред други, луѓе кои поминале низ неверојатно тешки приказни , некои далеку потешки од мојата за да добијат една работа, така да може да се случи се. Двата мои авторски албуми се снимени на англиски така да јас ги следам нивните чекори и постапки и се трудам да се доближам што е можно повеќе до тој нестареечки звук.

Го издаде својот прв албум, како истиот е прифатен од публиката и какви коментари добиваш за истиот?

Првиот албум го издадов во Хрватска, исто така и во цела Европа. Наиде на промоција и на голем број на светски медиуми ( радија, телевизии и интернет). Направив промоција во Скопје. Добивав и сеуште добивам критики, коментари и предлози за нови остварувања. Да бидам искрен сите не можат да бидат позитивни, но јас сум благодарен за секоја критика, затоа што ми ги отцртува недостатоците и нештата на кои треба да се работи, а такви никогаш нема да престане да има.

Кој е твојот омилен музички настап и со кои познати музички имиња до сега имаш настапувано?

Не би можел да одделам таков, затоа што ја сум среќен што сум на бина и имам можност да му направам на другите да се чувствуваат убаво, чувство што со пари не се доплаќа. Сум настапувал со голем број интернационални артисти од блуз-рок водите. Некои од нив се Henrik Freishlader, Virgil and The Accelerators, Elias Zaikos, Ana Popovic и ред други. Од македонските изведувачи со Дамјан Пејчиновски, Венко Серафимов, Браќата Тавитијан, Влатко Стефановски и голем број други, што се надевам нема да ми се налутат ако не сум ги спомнал.

Кои се идните планови во твојата музичка кариера?

Мојот план е многу едноставен. Да продолжам тоа што го правам да го правам на се повисоко и попрофесионално ниво, со што е можно подобри музичари и артисти.

Со што моментално се занимаваш, дали подготвуваш нешто ново, песна, спот или можеби нов албум?

Третиот албум е готов, четвртиот е прикрај, се создаваат песни, се работи на подобрување на секое поле во музиката. Се надевам до крајот на оваа година ќе биде објавен третиот албум, а здравје за наредната ќе се оди на следното чедо. Спотови секако дека ќе има, сите што се заинтересирани за најнови информации ги поканувам да го посетуваат сајтот davidneskoski.com како и на социјалните мрежи, каде секојдневно ги објавувам новостите и настаните кои ќе се случуваат.

Како Давид Нешкоски го поминува слободното време?

Давид Нешкоски нема слободно време. Тоа подразбира и кога нема што да се прави се пишуваат песни, се средуваат нови аранжмани, се спрема нов проект. Морам да признаам уживам во откривањето на нови музички артисти од сите страни на светот, уживам во слушање нова музика, но покрај тоа и филмовите ми се голем составен дел од секојдневието. Тие понекогаш ми претставуваат и извор на инспирација и мотивација.

Ти благодариме за одвоеното време .

Ви благодарам за интересот и ви посакувам успешна работа во иднина.

[Best_Wordpress_Gallery id=”44″ gal_title=”Златното момче на Прилеп за кое на големо се зборува”]

Подготви: Александар Георгиоски

Одбележан настанот „Европска недела на мобилност“

Градот Прилеп во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, го одбележа настанот 22 Септември по повод „Европската недела на мобилност“. На велосипедско-пешачкото дефиле, учество земаа околу 200 ученици од средните училишта, претставници на невладините организации и граѓаните. Претседателот на Совет Никола Димески ги поздрави присутните и порача дека возењето на велосипед како алтернативно превозно средство, има голем број на позитивни продобивки – еколошки, здравствени и финансиски. Оваа манифестација беше одбележана во сите поголеми европски градови, а има за цел да го поттикне пешачењето и движењето со алтернативни видови на превоз, со што би се намалил сообраќајот и загадувањето на животната средина.

[Best_Wordpress_Gallery id=”43″ gal_title=”Одбележан настанот „Европска недела на мобилност“”]

Оддржан координативен состанок – Општински стратегии за справување со климатските промени

Денеска во просториите на Општина Прилеп беше оддржан координативен состанок за проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, кој ќе биде спроведен од страна на Милиеуконтакт Македонија. На состанокот земаа учество претставници од локалната самоуправа, центарот за граѓанска иницијатива, јавните претпријатија и претставник од страна на Милиеуконтакт Македонија кои разговараа за натамошно дејствување на стратегија за климатски промени. Овој проект во земјава и во градот Прилеп ќе биде финансиски поддржан од УСАИД и владата на САД, а досега осум општини имаат изработено стратегија за климатски промени: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница, Прилеп и Делчево. Центарот за граѓанска иницијатива заедно со општина Прилеп, ги исполнија сите зададени критериуми од Повикот за здруженија на граѓани и општини кој беше објавен од страна на Милиеуконтакт Македонија, и со тоа беа избрани за учество во активностите на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, односно за учество во развивање на локални Стратегии за справување со климатските промени. Проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија, е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти.

[Best_Wordpress_Gallery id=”42″ gal_title=”Оддржан координативен состанок – Општински стратегии за справување со климатските промени”]