Оддржан координативен состанок – Општински стратегии за справување со климатските промени

Денеска во просториите на Општина Прилеп беше оддржан координативен состанок за проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, кој ќе биде спроведен од страна на Милиеуконтакт Македонија. На состанокот земаа учество претставници од локалната самоуправа, центарот за граѓанска иницијатива, јавните претпријатија и претставник од страна на Милиеуконтакт Македонија кои разговараа за натамошно дејствување на стратегија за климатски промени. Овој проект во земјава и во градот Прилеп ќе биде финансиски поддржан од УСАИД и владата на САД, а досега осум општини имаат изработено стратегија за климатски промени: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница, Прилеп и Делчево. Центарот за граѓанска иницијатива заедно со општина Прилеп, ги исполнија сите зададени критериуми од Повикот за здруженија на граѓани и општини кој беше објавен од страна на Милиеуконтакт Македонија, и со тоа беа избрани за учество во активностите на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, односно за учество во развивање на локални Стратегии за справување со климатските промени. Проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија, е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.