дома блог страница 5051

ФОТО+ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата откако е пуштена на слобода оваа запоставена мечка која 30 години живеела во ‘рѓосан кафез

Мечката по  име Фифи чекаше долги 30 години пред да биде конечно пуштена на слобода.

 

fifi3-640x359

Оваа запоставена мечка првите десет години од својот живот ги има поминато во зоолошката во Пелнсилванија, но откако во зоолошката се случува експлозија таа била заробена во мал ‘рѓосан кавез цели 30 години.

Освен мечката Фифи во кафезот биле заробени и две други мечки, тие биле сосема заглавени во кафезот и не можеле да пливаат ниту пак слободно да се движат.

2 3 4

Но минатото лето по три децении во заробеништво мечката Фифи била спасена и пуштена на слобода, еве ја нејзината реакција по отварањето на кафезот:

 

 

“БЕШЕ СТРАШНО, КАКО ДА ЗАПОЧНА ВОЈНА”: Џиновски објект паднал од небото, никој не знае што е и од каде дојде

misteriozni-objekat-dzinovski-objekat-foto-printscreen-yt-1478970209-1033853-1

Предметот личи на цевка а долг е 4,5 метри и широк 1,2 метри. За среќа, предметот кој падна од небото никој не повреди.

Некои сметаат дека предметот е поврзан со лансирањето на експерименталниот кинески сателит. Тој на себе имал натпис со кинески букви.

Ф.Г.

ОРИГИНАЛНО ВИДЕО ВО БЕЛАТА КУЌА: Кошаркарите на Кливленд и Мишел Обама се главни актери

lebron

Овогодинешните шампиони во најсилната кошаркарска лига во светот “NBA” беа на прием во Белата Куќа.

Леброн Џејмс и другарите, средбата ја завршија со неверојатно видео во кое улога има и првата дама на САД, Мишел Обама.

Иако Леброн е единствениот кој можеби потфрли во улогата, сепак тој е “најдобриот” па не можеме да му замериме.

Ф.Г.

Младата прилепчанка Александра Трајческа повторно го маѓепса жирито на “Пинкови ѕвездички”

aleksandra

Дванаесет годишната прилепчанка повторно ги освои срцата на сите членови на жирито и доби 5 гласови.

– Почна сирово, влезе во песната онака бум, трас. Но потоа убаво испеа и се беше многу убаво. И до крајот тоа беше петка. Продолжи само така – рече Јелена Томашевиќ.

– Вистинска бајка. Си ја пуштила и косата, изгледаш поразлично од минатиот пат. Доликува за оваа прилика, вистинска принцеза си. Твојата боја на глас е убава и се беше убаво – рече Сале Тропико.

Ф.Г.

СЕ ОТКАЖА ОД ГОЛЕМИ ПАРИ: Трамп ќе биде третиот американски претседател кој одбил да зема плата

Ќе ја одбијам претседателската плата. Тоа за мене не е голема работа, изјави Трамп

donald

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ја одби претседателската плата од 400.000 долари годишно, пренесе денеска Н1.

На собирот на 17 септември во Њу Хемпшир, Трамп кажа дека во случај да биде избран, ќе ја одбие претседателската плата.

– Првата работа која ќе ја направам кога ќе станам претседател? Ќе ја одбијам платата на претседател. Тоа за мене не е голема работа – рече тогаш Трамп.

Кога на Твитер му го упатија истото прашање Трамп го потврди својот став за тоа.

„Што се однесува до платата нема да земам ниту еден единствен долар. Се откажувам од својата плата ако станам претседател“, напиша Трамп на Твитер.

Тој напомена дека ќе земе одредени ситници на кои претседателот има право според американскиот закон.

Претседателот на САД има право на вкупна плата од 400.000 долари годишно.

Освен тоа, има право и на покривање на дополнителните трошоци во износ од 50.000 долари.

Инаку, Трамп ќе биде само третиот претседател на САД кој ја одбил претседателската плата, по Херберт Хувер (избран во 1929) и Џон Ф. Кенеди (1961) кои своите плати ги донирале во хуманитарни цели.

Новина во прилепскиот моден етер: Прилепчани го добија шопинг центарот “Charli Outlet Exclusive”

Успешната бизнис сторија на семејството Боризоски од Прилеп продолжува да да испишува нови страници. Нивната  долгогодишна традиција на постојано внесување тренд и свежина во прилепската чаршија, како и пулсирањето во моден ритам,  ги прави одговорни за градењето на модниот пулс и имиџ на градот под Марковите Кули.

[Best_Wordpress_Gallery id=”400″ gal_title=”Carli1″]

Излозите на нивните втори домови, бутиците Charli, Charli Trend и Charli Outlet, од секогаш биле како кутивче спакувани, а со тоa и примамливи за купувачите, кои  никогаш не останале разочарани.

dsc_0148 dsc_0149

Круна на нивната постојана работа и следење на желбите и потребите на своите купувачи е новиот шопинг центар “Charli Outlet Exclusive”, што претставува една новина во секојдневието на прилепчани и нешто што нуди многу, но за малку пари.

Маркукуле.мк присуствуваше на отварањето на овој шопинг центар и со свои очи се уверивме во она што од денес им е ставено на располагање на сите оние кои сакаат да ги наполнат кесите, а притоа да не го расплачат ќесето.

[Best_Wordpress_Gallery id=”401″ gal_title=”Charli2″]

Сместени се во новиот автентичен објект на цветната улица во старата прилепска чаршија, наспроти градската бања.

Она што го воочивме е модерен и пријатен амбиент за шопинг, прекрасен прием и услужен персонал.

На голема површина на два ката, ќе сретнете разновидна брендирана роба, и тоа од познатите марки: Еsprit, H&M, Tom Tailor, Tomy Hilfinger, St. Oliver, Benetton, Polo, Zarа, а вљубениците во снегот и зимските спортови, тука ќе пронајдат скијачка опрема од асортиманот на Salomon, Brugi I Bench.

Долги години сме во овој бизнис, работиме и ги следиме сите забелешки и барања на нашите купувачи. Прилепчани, осoбено младите, важат за луѓе кои го следат модниот тренд и постојано го бараат најдоброто. Се надевам дека и овој пат ќе понудиме нешто што ќе го привлече вниманието на сите, нешто што е модерно, а чини малку”, посочи младиот сопственик Aндрија Боризоски.

dsc_0163

 “Charli Outlet Exclusive” е свежина во секоја смисла на зборот, нешто што недостигаше во нашиот град, пред се поради големата слобода при купувањето, ниските цени и квалитетната брендирана облека од познати производители.

dsc_0200

 

На сопствениците им посакуваме успеси, многу купувачи и ширење на бизнисот и во иднина, а вам ви препорачуваме час поскоро да ги посетите и да го споделите нашето искуство.

СЕ ПОЈАВИЈА ШОКАНТНИ СНИМКИ ОД АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Поради ова може да го изгуби старателството

andelina-dzoli-sa-decom-foto-profimedia-1478865996-1033037

Анџелина Џоли барала старателство над своите деца, но нејзиниот план да биде единствен старател доведен е во прашање поради појавувањето на шокантните видеа.

Аудио снимките би можеле да ја посрамотат актерката и да му помогнат на Бред Пит да го добие старателството.

“Постојат аудио снимки кои би биле динамит за Ан џелина доколку се објават . Никој не сака да игра валкано, но Анџелина и нејзиниот тим се цврсто решени да го дискредитираат Бред” изјави изворот близок на актерскиот пар.

Бред Пит до неодамна беше под истрага на социјалните служби, поради наводно семејно насилство.Денес тој е ослободен од сите оптужувања а се шпекулира дека Анџелина ја предложила истрагата.

andelina-dzoli-sa-decom-foto-profimedia-1478865912-1033035

 

Во Прилеп одбележан „Денот на примирјето од Првата светска војна“

_mg_9995

По повод „Денот на народната жалост“ и „Денот на примирјето од Првата светска војна“ денеска на германските воени гробишта во Прилеп, амбасадорите на Германија и Франција, Кристине Д. Алтхаузер и Кристиан Тимоние, со положување на цвеќе и поздравни говори им оддадоа почит на жртвите од тоа време.

_mg_9687

Свежо цвеќе положија и повеќе делегации на дипломатскиот кор од земјава, делегација на Собранието на РМ, делегација од кабинетот на Претседателот на РМ, општина Прилеп, Генералштабот и припадници на АРМ, како и други здруженија.

_mg_9689

Пораката која денеска беше упатена од Прилеп е никогаш повеќе да не се повтори еден ваков братоубиствен судир во кој учествуваа голем број на европски нации.

_mg_9761

„Така низ победи и порази оваа ужасна војна конечно заврши со Примирјето од 1918 година што го одбележуваме денес, а посебно помислуваме на цивилното население што живеело на Македонскиот фронт и која беше прва колатерна жртва на еден конфликт помеѓу европските народи кои денес се помирени“, истакна Кристиан  Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.

_mg_9781

Германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер истакна дека ова помирување помеѓу Германија и Франција треба да биде пример, особено за Балканските народи, како се надминуваат конфликтите и проблемите.

_mg_9785

„Германија и Франција со векови наназад си причинуваа страдања и болки едни на други, и конечно во овој век започнаа да соработуваат и еве веќе 50 години тие се помирени и заеднички работат на европското дело. Таа соработка не е само помеѓу Владите на овие држави, туку помеѓу самите граѓани, а најмногу помеѓу младите луѓе. Моментално во создавње е една регионална младинска организација од земјите од Западен Балкан и мислам дека тоа е придобивката и тоа што можеше да се научи од гермнаско-француското пријателство и соработката на ова поле. Станува збор за соработка која ќе ги надминува границите, иако тие веќе и не постојат во ЕУ“, потенцираше Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Германија во Македонија. _mg_9677

_mg_9899

_mg_9938

_mg_9830

_mg_9801

 

Огромна поддршка за акцијата „Од народот за народот“

_mg_8735

Со несмалено темпо продолжува еколошко-хуманитарната акција „Од народот за народот“ која општина Прилеп ја спроведува веќе од декември 2012 година.

Од тогаш па се до денес акцијата наиде на огромна заинтересираност и поддршка од страна на граѓаните. Денеска акцијата се одвиваше во УЗ „Општина“ и УЗ „Центар“ каде голем број на граѓани донираа облека и покуќнина која потоа ќе биде наменета за социјално ранливите категории.

_mg_0033

„Јас и моето семејство ја поддржуваме оваа хуманирна акција, ние денеска одделивме облека која не ја користиме, а која се надевам дека би им помогнала на некои други семејства. Апелирам до сите прилепчани да се приклучат во оваа акција да помогнат, затоа што хуманоста е доблест на големите луѓе“, рече Робертино Илиоски, жител на УЗ „Центар“.

_mg_0032

Хуманите граѓани од Прилеп за овие 4 години откако трае акцијата донираа огромен број на облека, обувки, електронски апарати, мебел и друг вид на покуќнина, која што не ја употребуваат, но е функционална и неа можат да ја употребат припадниците на социјално ранливите категории. Досега преку оваа акција им се има помогнато на околу 50 социјално ранливи семејства да добијат покуќнина, облека и разни апарати што до тогаш неможеле да ги имаат. Целта на акцијата е, наместо на депонија, граѓаните од подрумите и гаражите да го отстранат она што не го употребуваат и него да го донираат на оние на кои навистина тоа им е потребно, а неможат да си го дозволат.

_mg_8733

„Ние како Урбана заедница „Општина“ постојано, секоја година учествуваме во оваа акција и собираме доста работи кои им се потребни на социјално ранливите категории. Апелирам до сите Урбани заедници каде досега се нема организирано оваа акција да се приклучат кон неа и да го донираат она што не им треба, а може да им биде од корист на голем број семејства“, кажа Васе Крстеска координатор на акцијата во УЗ „Општина“.

_mg_0034

Ноќен живот во Прилеп: Тhe Gallery House Pub & Caffe Virus – 11.11.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”399″ gal_title=”NoemvriNoken3″]