дома блог страница 5005

Пет намирници за помала болка во мускулите по вежбање

hrana1-500x396

Колку пати ви се случило по интензивно вежбање да ве мачи болка во мускулите? Тешко ви е да станете, седнете и со денови пиете нешто против болки во мускулите…

Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат да се смири воспалението на мускулите и кои ќе ви дадат енергија.

Боровинки

По тренингот изедете овошна салата богата со боровинки. Не само што се вкусни, туку се и моќен антиоксиданс кој ја намалува болката и го поттикнува закрепнувањето на воспалените мускули.

Ананас

Ова овошје е богат извор на ензимот бромелин. Бромелинот е природна состојка која го смирува воспалението на мускулите кое може да настане по сериозниот тренинг.

Грав

Нивото на калиум во телото по исцрпниот тренинг може одеднаш да опадне и да предизвика слаби рефлекси, како и негативно да влијае на нервите и движењето на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк по вежбањето.

Млеко

За да ја надоместите течноста која сте ја загубиле за време на вежбањето најдобар начин тоа да го направите е да испиете чаша млеко која содржи доза натриум и калиум многу повеќе од било кој енергетски пијалок.

Кељ и спанаќ

Зелениот зеленчук, како спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум и е перфектна опција доколку имате воспаление на мускулите.

Еве како е урнат рускиот авион над Сирија (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин во врска со инцидентот рече: Турција и’ забоде нож во грбот на Русија со соборувањето на рускиот авион кој трагаше по терористи.

Avion-620x350

Руските медиуми објавија снимка од реконструкција на соборување на рускиот авион Су-24, кој над Сирија го урнаа турски авиони Ф-16.Рускиот претседател Владимир Путин во врска со инцидентот рече: Турција и’ забоде нож во грбот на Русија со соборувањето на рускиот авион кој трагаше по терористи.По овој повод се огласи и Пентагон соопштувајќи дека денешниот упад на рускиот авион претставува самостоен чин на Анкара, а не делување на коалицијата на која и’ припаѓа САД.

Турција денеска го собори рускот авион на границата со Сирија, затоа што, како што тврди турската војска, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција, иако повеќе пати бил предупреден за тоа. Од друга страна, руското министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Погледнете како е соборен рускиот авион:

СЕ ОДРЖА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

krivogastani

Синоќа во спортската сала на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани се одржа четвртата форумска сесија од програмата форуми во заедницата, каде се заокружи една целина со сите предлози за реализација на повеќе проекти. Се она што досега беше сработено на сите четири форумски сесии, се она што го предложија жителите на општината во наредната петта сесија ќе биде ставено на гласање, односно секој присутен граѓанин кој што присуствувал на најмалку три форумски сесии има право на глас, глас со кој ќе даде приоритет на реализација на одреден проект во рамките на општина Кривогаштани, со што ќе се заокружи една целина од форумскиот процес која веќе на шестата и последна сесија која ќе се одржи наредната 2016 година ќе биде разгледан и оценет во зависност од се она што е реализирано а предвидено низ целокупниот форумски процес кој го реализираше општината.

Се очекуваат обилни врнежи од дожд, еве ги препораките

dozhd-500

Кооринативното тело за управување со кризи информира (според информаците добиени од УХМР) дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2. Пообилни врнежи се очекува во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.

Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до ЕЛС и Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

-градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
-градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
-градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
-градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
-континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
-ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
-сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
-припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
-возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
-апел до месното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

Одличен 7, квалитетно осигурување за квалитетен живот, од ЕВРОИНС

KLSelfie

ОДЛИЧЕН 7 – Семеен пакет од Евроинс

Осигурување на станбен објект или куќа од масивна градба

Предмет на осигурувањето се:

1. Станбен објект и куќа од масивна градба со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење како и предмети во станбениот објект (ТВ и други електронски и технички уреди,бела техника, мебел,…)
2. Готови пари и накит
3. Прозорски стакла
4. Одговорност кон трети лица
5. Одговорност од трети лица
6. Трошоци за нужно сместување
7. ЗЕМЈОТРЕС

Осигурени опасности (ризици)

1. пожар;
2. удар на гром;
3. експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација;
4. луња
5. град;
6. манифестација и демонстрација;
7. паѓање на воздушни летала;
8. излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и уреди и цевки за толловодни инсталации;
9. одговорност за штети причинети од трети лица
10. одговорност за штети причинети кон трети лица
11. провална кражба и разбојништво – причинетите штети на предметите од злонамерни дејствија на трети лица при провална кражба и разбојништво
12. трошоци за нужно сместување – кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење
13. кршење на прозорски стакла – кршење од атмосферски непогоди и од злонамерни дејствија на трети лица
14. земјотрес

Осигурување на членови на семејството од последици на несреќен случај (незгода)

– Смрт како последица на несреќен случај
– Траен инвалидитет како последица од несреќен случај

Патничко семејно осигурување за членовите на семејството

– Територијално покритие: СИТЕ ЗЕМЈИ
– Важност: 365 дена
– Осигурани денови: 15
– Учество во штета(франшиза): нема

За повеќе информации може да се обратите кај вашиот продажен агент.

Euroins_Odlicen_7_700x373_Web_baner

Тикет на денот – 24.11.2015

Порто – Динамо Киев 1
Лион – Гент 1
Баерн Минхен – Олимпијакос 4+
Арсенал – Динамо Загреб 4+
Макаби Тел Авив – Челзи 2

Оддржана презентација на тема одржлива енергија

1

Во рамките на проектот „Енерџинет“ финансиран од европската унија, денеска во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, се оддржа презентација за одржлива енергетска тематска мрежа на прекуграничните власти. Овие презентации се дел од проектот „Тематската мрежа на одржлива енергија на прекуграничните локални власти – ЕНЕРГИНЕТ“ кој се имплементира во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

2

Тие имаат за цел да ги запознаат учениците со концептот на одржлива енергија и енергетска ефикасност. Презентациите се реализирани од страна на Грчкиот партнер, со поддршка на Општина Прилеп и средните училишта.

3

Во проектот се вклучени 5 општини од прекуграничниот регион, и тоа од македонска страна општините Прилеп и Велес, а од страна на Грција општините Лерин, Ираклија и Визалтија. Вкупниот буџет од овој проект кој е наменет за Општина Прилеп изнесува околу 120.000 евра и опфаќа повеќе различни активности.
Во наредните два дена средните училишта во Прилеп: СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и Гимназијата „Мирче Ацев“ ќе бидат домаќини на проектот за одржлива енергија.

4

5

6

7

8

ПУТИН ИЗЛЕЗЕ СО ОФИЦИЈАЛНА РЕАКЦИЈА: Турција која соработува со ИСИС, нема да остане неказнета!

putin_turcija_avion-30clz3bpw95qnh955qiz28

Турција и зари нож во грб на Русија со соборувањето на Рускиот воен авион и се однесува како соработник на терористите, изјави Рускиот претседател Владимир Путин.

“Овој инцидент отскокнува од вообичаената борба против тероризмот. Нашите трупи се борат херојски против терористите, ризикувајќи ги нивните животи. Но, загубата која ја доживеавме денес дојде како нож во грбот од страна на соработници на терористите” – изјави Путин.

Путин рекол дека авионот бил соборен од страна на Турски воен авион додека бил на висина од 6.000 метри и околу еден километар од Турската граница. Бил погоден со ракета воздух-воздух лансирана од Турски Ф-16 ловец. Местото на падот е на четири километри од границата. Авионот не бил никаква закана кон Турската национална безбедност, потенцира Путин.

Тој објасни дека авионот целел кон терористи во Латакија, терористи кои биле дојдени од Русија да се борат во Сирија.

Русија забележува дека текот на нафтата од Сириска територија под контрола на терористите патува кон Турција, додава Путин.

Очигледно, ИСИС не добива пари само од шверц со нафта, но исто така добива и заштита од цела национална армија, рекол Путин. Ова може и да го објасни фактот зошто терористите се толку храбри при преземањето на терористички активности низ светот, потенцирал претседателот.

Овој инцидент ќе има елиминирачки консеквенци за Руско-Турските релации, предупреди Путин.

Фактот што Турција не се обиде да ја контактира Русија веднаш по инцидентот, и избрза да се јави кај НАТО за да свика состанок е загрижувачки. Изгледа како НАТО да сака да слугува на интересите на ИСИС – вели Путин.

Путин изјавил дека Русија ги почитува регионалните интереси на останатите држави, но предупреди дека овој грозоморен акт на Турција нема да помине неказнето.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Џихадистите го убиваат едниот руски пилот

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот Су-24 е соборен на границата меѓу Турција и Сирија.


Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случило со нив. На интернет се појави видео снимка, на која според пишувањата е еден од руските пилоти убиен од исламисти кои извикуваат „Алах Акбар“.

Автентичноста не е потврдена.

Исчистен дел од градска река

1

Троскот, шамак, коприва и висока трева се исчистени на проблематичните делови од градската река. Чистењето на дел од реката „Оревоечка“ во должина од 350 метри, го овозможи протокот на патот од Маркова Чешма кон Поводеници да стане прооден.

2

За овој потег, на терен работеа екипите од Водостопанство „Прилепско Поле“, посочи директорката Гордана Тошеска која исто така посочи дека со чистење на овој дел од Градска река ќе се овозможи не поплавување на викендиците и обработливите површини на земјоделците во овој реон.
Водостопанство „Прилепско Поле“ ќе продолжи со тековно чистење на каналите и речните корита кој се однесува на прилепскиот регион.

3

4