дома блог страница 5074

Вработени во УЈП злоупотребиле 8.442.509 денари државни пари

133409698

За вкупно 8.442.509 денари е оштетен државниот буџет од страна на Е.Ј.Д (53), Д.Ѓ. (63), О.Н. (57), С.П. (57), М.Д. (58), сите од Скопје, и Ј.К. (40) од Свети Николе кои, како вработени во Управата за јавни приходи на раководни функции, ја злоупотребиле службената положба, соопшти МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“, СВР Скопје поднесе кривична пријава против овие лица.

Според МВР, иако знаеле дека даночното побарување за даночен долг во вкупен износ од 90.752.102 денари од даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје по основ на Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Персонален данок од доход и по други основи е доспеано врз основа на издадени решенија за задолжување, пријавените, со искористување на својата службена положба и со неизвршување на службената должност, свесно го попречиле, пролонгирале и оневозможиле спроведувањето на постапката за присилна наплата на доспеаниот даночен долг од даночниот должник.

Сите пријавени, секој во својата област на постапување, не презеле активности за обезбедување на даночното побарување со воспоставување на залог, односно со запишување на заложно право во регистарот на заложни права со што на одговорното лице на „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ му овозможиле во временскиот период од околу три години да го искористи за пренесување на дел од своите побарувања во вкупен износ од 5.084.059 денари на фирмата „ЗБ ИПП ДООЕЛ“ Скопје. Оваа фирма, во која основач е нејзиниот сопруг , а управител е нејзината ќерка, со склучување на договори за цесии и компензации во кои правното лице “ЗД ИПП ДООЕЛ“ Скопје е во улога на цесионер, е искористена за пренесување на целокупните залихи, средства за работа и ситен инвентар во вкупна вредност од 3.358.450 денари со кои располагал даночниот должник “ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“.

На тој начин, поради неизвршување на службената должност од страна на пријавените, даночниот должник останал без имот и средства од кои во постапка за присилна наплата на даночниот долг би можело да биде наплатен доспеаниот даночен долг.

Груевски: 1.040 семејства го решиле станбеното прашање со владините проекти

kukaaa-jpg-500

Дел од лицата што склучиле договор, додаде, веќе ги повлекле парите од субвенциите и градат куќа, а некои се на почеток со постапката.

– Вкупно склучените 1.040 договори за двата проекта, се голем успех. Тоа се 1.040 семејства што го решиле станбеното прашање и ова е директен начин на помагање да се дојде до сопствен дом не само на оние кои се во најтешка финансиска состојба, туку и на оние кои се вработени, но со заработувачката не се во можност да дојдат до сопствено живеалиште, рече Груевски

Тој рече дека верува оти со интензивирањето на зоните за локации за куќи, ќе се зголеми бројот на лицата кои ќе го користат проектот „Купи куќа за млади’“ затоа што во интензивна фаза е подготовката за изградба на комунална инфраструктура на поголем број локации низ Македонија каде ќе може да се градат поголем број куќи, 100, 200, па и 500-тини. Со тоа, наведе, ќе се овозможи на многу локации почетна цена од евро за метар квадратен за многу млади брачни парови кои ќе можат да изградат сопствена куќа со огромна поддршка на државата или во делот на ратите или во учеството.

– Работите одат добро. Овој проект го планиравме за после изборите, но со оглед дека се пролонгира два пати, решивме да ја почнеме работата веднаш за да видат луѓето дека она што сме го ветиле за после избори го исполнуваме уште и пред изборите, затоа што тоа е наш стил на работење, изјави Груевски.

ФОТО: Оваа македонска фолкерка има најсекси деколте на Балканот

Позната е како кралица на ноќните свирки, а покрај гарантирана добра атмосфера, македонската фолкерка речиси секогаш ги чести посетителите и со провокативен стајлинг.

sani2-1

Бујните гради се препознатлив знак на Сања Петковска Сани, а таа ги истакнува со избор на креации со длабоко деколте.

sani-2

sani2

sani1

 

Со меѓусебна помош и почит до спортски височини: Чатлески се заблагодари на своите поддржувачи

14875159_10209461020313896_477687033_n

После успесите на “FIGHTERS GLORY” во Холандија, каде на натпреварите во таи бокс, борците на кик-бокс клубот “Шампион” остварија голем успех, тренерот Чатлески на достоинствен начин им се оддолжи на своите поддржувачи и промотори на неговиот и успехот на неговите ученици.

Синоќа во ресторанот “Че Плетвар”, преку заеничка дружба, од клубот ни ги пренесоа впечатоците од големиот настан во Драхтен Холандија и ни ги кажаа идните планови.

Тренерот Дарко Чатлески својата благодарност до медиумите и спонзорите ја искажа преку доделување на благодарници. Па така благодарница беше доделена на порталот Маркукуле, портал ИПОН, ТВ Канал Визија, Телевизија Лажани, Пицерија Happy, како и на сопственикот на ресторанот “Че Плетвар”.

14872628_10209461019953887_1124515989_n

14875347_10209461019673880_741504808_n

14937049_10209461019753882_326069038_n

14877095_10209461020233894_2059117966_n

14885734_10209461020033889_803834049_n

Наредна дестинација за “Чатлески Тим” е Белгија, каде на почетокот од декември ќе ја продолжат низата на спортски успеси.

Маркукуле.мк останува силен поддржувач на прилепскиот бокс и кик-бокс и силно веруваме во посветеноста на тренерот Чатлески и неговите млади борци.

14915087_10209461328761607_1273469078_n

 

ГЕШОСКИ ЈА ЗАМОЛКНА АРЕНАТА ФИЛИП ВТОРИ: ПОБЕДА ВОДИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ВАРДАР!

untitled

На огромно задоволство на околу 200 навивачи од навивачката група Мајмуни, кои присуствуваат на арената “Филип Втори” каде во тек е мечот од 12-то коло помеѓу Вардар и Победа, Благојче Гешоски во 25-та минута постигна погодок и донесе водство за прилепскиот состав,

Натпреварот е во тек, а голот на Гешоски ги замолкна повеќебројните Комити кои својот револт од примениот погодок го изразија со запалени бакли, кои ги фрлаа на атлетската стаза од теренот.

Победа е рамноправен противник и одлично до сега  се спротивставува на шампионот Вардар.

 

ВИДЕО: Педофил во автобус допираше 15 годишна тинејџерка, а потоа еден од патниците убаво го претепа

1

Педофил во САД најпрво навредувал а потоа се обидел да допира по телото 15 годишно девојче.

За среќа во автобусот се појави ова момче кое спречи да се случи нешто многу полошо. Ова видео многу брзо се споделува низ целиот  свет.

Полицијата веднаш го уапси педофилот.

 

ВИДЕО: ГРОМ УДРИЛ ВО НЛО НАД АВСТРИЈА: Граѓаните на Виена панично повикувале полиција

nlo-bec-foto-youtube-1477761375-1023671

Непознат летечки објект забележан и снимен е над Грац а по 10 минути и над Виена.

Австриските медиуми пишуваат дека оваа појава ги вознемирила граѓаните и дека полицијата добила десетици повици од растревожени луѓе.

Од австриската полиција јавуваат дека ќе го истражат овој случај, бидеќи според видео снимката не се работи за авион или за метеоролошки феномен.

Ф.Г.

Заев излажа и за бројот на гласачи во избирачкиот список (ФОТО+ВИДЕО)

ДИК потврди дека Заев лажел и две години ја држи земјата во заложништво со измислени фантоми. Според најновиот прес на ДИК : Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6. Во последниот список од 2014 имало 1.780.128 гласачи, што значи дека со последните бројки на ДИК, станува збор за само 3000 гласачи повеќе. Со оваа паднаа во вода лагите за 500.000 фантоми.

 

301020-dogovor-za-dik-i-izbirachki-spisok-kavga-za-dijasporata-640x426

Како кула од карти се срушија сите конструкции на СДСМ за бројот на гласачи во избирачкиот список. ДИК  после сите спроведени проверки и прочистувања го утврди она кое што сите го знаеја, дека бројот на гласачи во избирачкиот список денес е идентичен со  бројот на гласачи во избирачкиот список пред предвремените парламентарни и претседателски избори во 2014 година.

 

Конструкциите на СДСМ за бегство од избори , кои самите ги бараа по 2 годишната криза во која ги втурнаа државата и граѓаните, почнаа со лагата дека во избирачкиот список имало  фантоми , т.е. непостоечки гласачи, па се свртеа  200.000 , па 300,000 , па 150.000 на фантоми и така ги свртеа сите бројки од 100.000 до 500.000 мислејќи дека ќе ја збунат јавноста со лагите и манипулациите од кујната за интриги на Бихаќка.

sdsm-soopstenie-622x1280

Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од Сорос се погрижија манипулацијата на СДСМ максимално да ја покријат на нивните портали и дневни весници, па така новинарот Бранко Героски, главен уредник на дневниот весник „Слободен печат“ пишуваше цели „анализи“ за да ја поткрепи лагата на СДСМ.

geroski-sloboden-pecat-1-640x1224

Во целиот изминат период тие во јавноста изнесуваа манипулации дека во Македонија нема повеќе од 1.600.000 жители, за подоцна да ја надградат манипулацијата дека бројот на гласачи не е поголем од 1.500.000, во таа насока објавуваа и партиски соопштенија со кои сакаа да внесат дополнителна конфузност кај граѓаните.

По одреден период зачестија настапите на Дамјан Манчевски и Оливер Спасовски каде координирано се обидоа да ја манипулираат јавноста дека во Македонија нема повеќе од 1,500,000 гласачи, конструкција која се покажа како целосно неточна.

Сите конструкции дефинитивно им се потопија во вода, а ги потопи ДИК, чиј што Претседател Александар Чичаковски е предложен од самиот СДСМ. ДИК на  вчерашната јавна седница официјално потврди дека бројката на запишани гласачи во избирачкиот список на Р.М. за претстојните предвремени парламентарни избори изнесува 1 783 715 гласачи, што е за нијанса повеќе од бројот на гласачи во 2014 година кога бројот на гласачи изнесуваше 1.779.572. Доказ дека ниту имало ниту има фантоми во избирачкиот список и дека се било само манипулација  на Зоран Заев и СДСМ кои очајно се обидуваат да избегнат избори.

 

Портпаролката на ДИК по вчерашната јавна седница, околу бројот на спорни записи изјави:

„Сите 29.858 граѓани на Р.М. чии што записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има не совпаѓање на податоците во избирачкиот список , а кои не се пријавија во периодот од 26 Јули до 19 Август ќе можат да се пријават во избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид од 28 Октомври до 11 Ноември. “

Имено во „спорните“за ДИК гласачи се најдоа познати и помалку познати личности, сите вистински , а не фантомски гласачи како што СДСМ се обидуваше да претстави, помеѓу нив ги има имињата на : Активистот на „Шарената револуција“  на СДСМ Мирјана Најчевска, музичарот Коста Бургов, академик Зузана Топоњинска, адвокатот Игнат Панчевски.

Граѓаните се изморени од сите лаги и манипулации кои СДСМ сакаше да им ги продаде како вистина, граѓаните сакаат чесен пристап , а не обиди за замајување и кризирање на државата, поради тоа повеќе од јасно е дека ваквиот манипулантски пристап на СДСМ ќе биде казнет од граѓаните на претстојните избори.

Извор:КУРИР

 

Посветеност, упорност и одлична координација, гарант за беспрекорна образовна клима: Интервју со Трајче Каралиоски директор на ООУ “Гоце Делчев”

Основното општинско училиште “Гоце Делчев” од Прилеп  е еден дел од успешната приказна што значи 10 милиони евра вложување во образованието во Општина Прилеп во изминатите 10 години. Од запоставено, без инвестиции, училишната зграда беше во постојано пропаѓање и влошување, а образовната клима за учениците и вработените беше неповолна. Со доаѓањето на раководната позиција на директорот Трајче Каралиоски и успешната соработка со Локалната самоуправа на Општина Прилеп, како и беспрекорната координација на вработениот наставен кадар, но и соработката со родителите и учениците, училиштето доби нов лик и нов елан за работа. Низ разговор со директорот дознаваме што се е вложено во училиштето и кои се идните планови и приоритети.

13012703_10201754842549984_2312583720635215042_n

Пред вашето назначување како директор, работевте како наставник од прво до четврто одделение и бевте ценет помеѓу учениците, пофален  кај родителите и одличен педагог. Во изминатите 10 години имате чест да го водите ООУ ”Гоце Делчев”, што се измени и што доби училиштето во изминатата деценија?

Како наставник ме исполнуваше работата со учениците , исто така имав прекрасна соработка со родителите, со колегите, со стручната служба. Раководењето со училиштето ми беше голем предизвик, пред да ја превземам функцијата директор уште како наставник со успех го положив менаџерскиот испит за директор кој ми беше солидна основа во справувањето со предизвиците во работата. Секако многу ми значеше и сеуште ми значи и ми е од голема помош соработката со стручната служба и воопшто тимската работа со сите вработени во училиштето.Поддршката од родителите ја имав од првиот ден, па се до ден денес. Кога на тоа ќе му ја додадеме безрезервната поддршка од Локалната самоуправа, градоначалникот, советникот за образование, советниците и службите во општината , тоа е клучот на успехот. Денес, училиштето е целосно реновирано, реанимиран е и продолжениот престој, условите за учење и настава претставуваат стимулативна средина која овозможува да се реализираат цели на современ воспитно-образовен процес, кој вклучува голем број на наставни и воннаставни активности.

Локалната самоуправа на општина Прилеп постојано вложува во образованието и квалитетот на наставата во училиштата. Како се одвива вашата соработка со општинските власти и на какво разбирање наоѓате кога се работи за приоритетите од  интерес за училиштето?

Со превземањето на училиштата од страна на општината, училиштата се препородија. Бевме посетувани од градоначалникот Марјан Ристески, советникот за образование Марјан Матракоски со несебичната помош на одделенијата во општината, не советуваа и ни излегоа во пресрет на многу наши барања кои се однесуваа на поголем квалитет во образованието. Со реализација на голем број инфраструктурни проекти и проекти за континуирано професионално усовршување на наставниот кадар преку МОН на Р.Македонија и БРО. Исто така беа реализирани и проекти со кои се опремија училиштата со дидактички помагала и материјали за изведување една современа настава.

Реализирани се поголем број развојни цели кои произлегуваа од самоевалуацијата на училиштето и тоа:

  • Осовременување на наставно-воспитниот процес
  • Перманентно стручно доусовршувањена наставниот кадар
  • Унапредување на соработката со родителите
  • Подобрување na инфраструктурните услови за работа на училиштето
  • Преземени се голем број на активности за реализација на целите. Би истакнал некои од нив :
  • Опремување на училиштето со инвентар за потребите на активна настава-интерактивно учење
  • Унапредување на условите за примена на ИКТ во наставата
  • Збогатување на наставата со современи дидактички средства и помагала
  • Збогатување на училишната библиотека со книги и друга стручна литература
  • Збогатување на нагледноста во наставата за деца со посебни образовни потреби
  • Унапредување на услови во училницата за реализација на цели на проширена програм
  • Примена на современи пристапи и стратегии во наставата
  •  Ефективна примена на прашања со различни нивоа на сложеност во наставата
  • Унапредување на сознанија за изготвување на тестови на знаења
  • Унапредување на диференцираниот приод во наставата
  • Унапредување на читањето со разбирање
  • Унапредување на планирањето и оценувањето
  • Учење преку проектни активности
  • Унапредување на вклучување на учениците во воннаставни активности
  •  Индивидуален образовен план – унапредување на планирањето на работа со деца со посебни образовни потреби
  • Идентификација и педагошко водење на надарени деца
  • Унапредување на процесот на примена на ИКТ во наставниот процес
  •  Интегрирани планирања и активности
  •  Унапредување на вештини за интеракција и комуникација
  • Унапредување на услови и активности на ученици со различни способности,едукативно и социјално минато
  • Унапредување на комуникацијата на учениците преку почитување на различноста
  • Зголемување на учеството на родителите во процесот на планирање и реализација на воспитно-образовни цели
  • Збогатување на формите на информирање на родителите за напредокот и постигањата на учениците
  • Унапредување на комуникацијата семејство-училиште
  • Реновирање на спортски терени во училишниот двор во матичното и подрачното училиште
  • Реновирање и опремување на матичното училиште (кинеска донација )која опфати:промена на столарија(врати и прозорци), подови, клупи и столчиња, табли, промена на олуци и комплетен молерај.
  • Реновирање на влезни скали преку ЛС Прилеп.
  • Реновирање на делови од подрачното училиште
  • Естетско доуредување на парк во училишниот двор
  • Отворање на тениско игралиште во училишниот двор
  • Балон сала

14800945_10202497281510494_1679374232_n

Кои  се моменталните потреби на училиштето и што се предвидува со програмата за работа на Општина Прилеп за понатамошно подобрување на условите  во ООУ “Гоце Делчев”?

Моментални потреби на училиштето се:

  • Подобрување на услови во санитарни јазли во матичното и подрачното училиште
  • Подготовка на училница во училишниот двор за потребите на одделенска настава
  • Изградба на ракометно игралиште во училишниот двор
  • Обезбедување на техничка вода во училишниот двор
  • Хортикултурно доуредување на училишниот двор
  • Унапредување на услови во училишната зграда за потреби на деца со ПОП
  • Збогатување со нагледност за потребите за реализација на програмите по Кембриџ од прво до деветто одделение.

Teшко ли е да е “диригира” со еден така поголем “оркестар” на вработени и како ја диктирате и координирате нивната работа?

Работата на директорот е комплексна со многу предизвици и да бидам реален не е воопшто лесна, меѓутоа правилното екипирање, отворениот и  искрен однос кон сите чинители на училишниот живот, вродуваат со плод . Со заеднички сили изградена е една визија која ја реализираат секојдневно учениците, наставниците,  родителите и сите вработени во училиштето, потпомогнати секако од Локалната самоуправа, МОН, БРО и ДПИ. Со постојана присутност во училиштето, без разлика дали е учебна година, или летен распуст, резултатите не изостануваат и тие даваат стимул за уште поголеми ангажирања.

 

14813718_10202497281750500_1784907871_n

Што е тоа што ве прави особено горди, а сте го постигнале со вашата работа и ангажман  на раководната позиција во училиштето?

Училиштето ја доби највисоката оценка на интегралната евалуација од страна на државниот просветен инспекторат,  од Локалната самоуправа Прилеп ја доби 3-то Ноемвриската награда и два пати беше избрано за “Најучилиште” преку локалниот весник „Зенит“.

14801058_10202497281150485_2081284789_n

Климата за работа во училиштето е многу позитивна како и мегусебната соработка и поддржување на сите вработени во училиштето

Бројот на добиени индивидуални и групни први, втори и трети места во последниве три години е скоро  100. Повеќе од 300 ученици да се радуваат на овие награди, е показател за успешен процес на поддржување на учењето на учениците. Бројот на освоени места на општински и регионални натпревари во истиот период е поголем. Забележливо е дека се зголемува бројот на наградени ученици од природната група предмети, а исто така и наградите на мегународен план.

Каква е бројката на запишани првачиња во училиштето и дали сте задоволни од истата, односно дали бројот на првачиња расте или опаѓа?

Самиот показател дека во последните три години во училиштето, во согласност со бројот на запишаните ученици, продолжува започнатиот тренд запишување на 96 деца или  4  паралелки, укажува на тоа дека училиштето има стабилна уписна политика. Бројот на првачињата последните три години е константен и се движи по нагорна линија.

14797408_10202497284390566_1563770161_n

Кои се вашите лични желби, како би сакале некогаш да го оставите  училиштето?

Моите лични желби во однос на иднината на училиштето: би сакал како и досега ученикот да биде во центарот на збиднувањата во училиштето и сите активности што се превземаат и што би се превземале секогаш да бидат во интерес на учениците. Да имаме убаво естетски дотерано училиште, опремено со современи наставни помагала, добро одржани и максимално искористени спортски објекти, опремени кабинети, убаво среден училишен двор, наставен кадар кој секојдневно се надоградува, со тимска работа и посветеност заедно со стручната служба секогаш и максимално ги користи сите расположиви ресурси и реализира една современа настава во интерес на учениците.

Освен директорската функција, се занимавате и со музика, како ве држи таа опсесија и дали сеуште наоѓате време за настапи, нови песни, снимање….?

Музиката од секогаш беше и е мој сопатник во животот, позитивната енергија ја црпам од неа, ми причинува задоволство кога пеам и гледам расположени и распеани луѓе по било кој повод. Ги слушам сите жанрови од сериозна до изворна народна музика и поддеднакво уживам во неа. Предизвик ми е препевањето на изворни народни песни на мој начин.

Училишната химна е  моја идеја и од мои зборови е напишан текстот и музиката со помош на професионалци. Химната  е стимул за постигања на високи резултати во ВОП, стимул за градење почит кон патронот, развивање на патриотски чувства, како и чувство на припадност кон институцијата.

За крај една порака до вашите ученици и до вработените во ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп.

Достојно  да го носиме името на патронот Гоце Делчев, да продолжиме како и  досега по патот на успехот. На нашите ученици нивните остварувања во училиштето да им бидат силна основа за понатамошно образование и изградување во одговорни и успешни граѓани, да бидат гордост на нивните семејства и нивните наставници и идни градители на нашиот град и нашата држава Р.Македонија.

14798817_10202497280870478_90253152_n

14801193_10202497280510469_79242296_n

Подготви: Александар Георгиоски

 

 

Ноќен живот во Прилеп: Club Calypso – 29.10.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”395″ gal_title=”OktomvriNoken8″]