-На 04.08.2025 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Житоше, општина Долнени, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.08.2025 сторил кривично дело “предизвикување на општа опасност”, односно неовластено пукал од огнено оружје. Од него биле одземени пиштол “Застава” калибар 7.62 x 25 мм, дозвола за поседување на оружје и една празна рамка за куршуми. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.
Измамена 26-годишна девојка од Прилеп – И’ зел 500 евра со ветување дека ќе и’ среди за виза
-На 04.08.2025 во ОВР Прилеп, 26-годишна жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 24.03.2025 до 24.07.2025, била измамена од едно лице за сума од 30.500 денари.
Според пријавеното, лицето кое се претставило дека е од Тетово ја довело во заблуда дека ќе и’ посредува за работна виза, а откако таа во повеќе наврати му ги уплатила парите, по што тој ја блокирал и прекинал комуникација со неа.
Се работи на расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.
И’ ги отсекле градите и јазикот, а потоа се случило чудо: Денеска се празнува Света маченичка Христина
На 6 август се празнува Светата маченичка Христина.
Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа.
До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, и го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа и беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина.
Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, и испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието.
Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко и . Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му.
Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија истизавањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство.
За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот. Неговиот наследник Јулијан и ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.
“Комфи Ангел” донираше комплетна постелнина за Невропсихијатриското одделение во прилепската болница
Компанијата “Комфи Ангел” со нова вредна донација за потребите на прилепската болница “Борка Талески” – oвојпат од компанијата донираа комплетна постелнина за Невропсихијатриското одделение.
-Овој хуман и значаен гест директно придонесува за подобри хигиенски услови, поголема грижа за пациентите и подобра работна средина за нашиот медицински персонал. Ваквите дела се доказ дека заедно можеме да чекориме кон похумано и посовремено здравство. Гордост за Прилеп и прилепчани – напишаа од болницата.
Голем број прилепчани го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на хепатитис и болести на црниот дроб (ФОТО)
По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, вчера во Прилеп се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје. Настанот беше дел од националната кампања и се реализираше во координација со Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, со поддршка од градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски, како и во партнерство со Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Центарот за јавно здравје – Прилеп и Хепар Центар Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот. Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски, кои лично ја посетија мобилната единица и ја поздравија оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата.
Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.
Прилепскиот лобист Бране, брутален кон јавниот обвинител (ВИДЕО)
Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност – истакна на денешната прес конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Прес конференцијата на Претрушевски во целост ја пренесуваме во продолжение:
-Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата.
Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени.
Единствено нешто кое што Коцевски го прави, е да се држи до СДС, кои мораа да ја напуштат глумата на мачка и глушец, и да се соголат целосно, јавно бранејќи го во Собрание.
Го прашуваме лично главниот обвинител Коцевски, нели се срами кога СДС мора да го бранат? Или тоа природно му доаѓа како контра услуга за сите функционери кои им ги спаси од кривична одговорност?
Како може Коцевски да продолжи да биде главен обвинител, кога знае дека ниту еден случај за кој во изминативе години имаше низа докази излезени во јавноста не обезбеди пресуда?
Дали за еден обвинител како Коцевски е поважно да биде потрчко на Заев и Филипче, отколку да работи за граѓаните?
Доколку Коцевски има грам доблест, ќе си даде оставка веднаш, затоа што кредибилитет одамна нема.
Михаилов: “Лисица со запалена опашка ни направи страшна работа во велешко, а постојат и вештачки бубачки што пренесуваат пожари”
Во текот на овие изминати месеци, јас видов се’ и сешто, од глувче кое што запалено ни пренесе пожар, до лисица со запалена опашка во велешко, ни направи страшна работа – истакна во синоќешното гостување во “Тема на денот” на “Сител ТВ”, заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.
Михаилов зборуваше и за изјавата на вработена во Национални шуми, дека запалени скакулци ги шират пожарите, па додаде дека имаат сознанија оти постојат и бубачки кои можат да го прошират огнот.
-Така да скакулците, би ги оставил да ги продискутираме. Во текот на таа изјава, која што беше дадена од нашите вработени, ми се јавија неколку професори, кои што кажаа дека постојат такви бубачки, вештачки, кои што навистина можат да пренесуваат пожари. Јас искрено се сомневав дека ќе треба да направиме добра анализа во тој дел, можеби и нешто такво има. Значи, со оглед на тоа што во Македонија изминатата година, се случија пожари во број, кој што ги немало досега, еве јули ако го земам за пример, ако лани имавме бројка од 620, овој јули имаме бројка од 550. Тоа се огромна бројка на пожари, истакна Заменик директорот на Национални шуми.
Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.
Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.
На средбата, исто така беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.
На средбата беа потенцирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.
На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е на добро ниво и дека истата дополнително може да се зацврстува особено во делот на економијата.
И оваа година литија со моштите на Св. Климент Охридски во Крушево – сите верници се поканети да учествуваат
Соопштение од црковниот храм “Свети Никола” во Крушево и покана до верниците да земат учество во традиционалната литија на 10.08.2025год:
Благочестиви христијани, на 10.08.2025 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.
После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.
Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!
На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован
Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.
“Нешто за што не ви пренесоа дека се случи во Битола” (ВИДЕО)
На 1 август, “Ракометното” во Битола беше претворено во сцена за едно навистина спектакуларно музичко доживување – браќата Стефан и Мартин од “Некст Тајм” уште еднаш ја потврдија својата титула на амбасадори на македонската песна.
Стотици обожаватели, со срце и душа, заедно со нив ги испеаја најубавите народни и современи македонски композиции, создавајќи атмосфера што ретко се гледа. И покрај тоа што дел од медиумите фокусот го насочија кон други концерти и настани во земјава, она што се случуваше во Битола зборуваше самo за себе – македонската публика знае кого сака и кого следи.
Со огромна енергија, емоции и препознатливиот патриотски набој во нивните интерпретации, Некст Тајм уште еднаш покажаа дека умеат да ги обединат сите генерации на едно место – во име на песната и татковината.
Гостин на концертот беше и Слаткаристика, што дополнително ја подгреа атмосферата:









































