дома блог страница 3494

Какви се овие чудни вредности? Министерка од Шведска го осуди Орбан дека се залагал за зголемување на наталитетот?

Либералката Софиа Нербранд, која пишува за шведскиот весник “Sydsvenskan”, тврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан “требало да се срами” поради тоа како што сака да го зголеми наталитетот во Унгарија. Истовремено кон нејзиниот став се приклучила и министерката Аника Штрандал.

Во текстот за весникот, Софија пишува: “Виктор Орбан изјави дека целта му е да се зголеми унгарскиот народ, но со унгарски деца од чисти Унгарци, а не од мигранти”. Иако Орбан не споменал белци или бела боја на кожа, Швеѓанката го напишала и тој дел.

После тоа, 45-годишната либералка се насочила и кон сите други државници кои својот народ го ставаат на право место.

“Реториката и политиката која го наградува сопствениот народ, а со тоа исклучувајќи ги останатите не би смеела да има место во денешна Европа”, напишала Нербранд.

Нејзиниот став го поддржала министерката за социјална заштита Аника Штрандал од Социјалдемократската партија.

“Она што се случува во Унгарија е алармантно. Орбан сега сака повеќе раѓања на “вистински” унгарски деца”, напишала меѓу другото министерката на Твитер.

Костадинов: “Економија, инвестиции, нови работни места, тоа е Северна …пак да не поддржите …?” (Видео)

Прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов:

(Фото) Сите се запрепастија од нејзиниот изглед – Карлеуша се држеше за глава додека оваа девојка пееше

Кандидатката чиј ментор е Јелена Карлеуша, Драгана Сремац, доживеа тотално фијаско во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Јелена се држеше за глава гледајќи го нејзиниот настап, кој се чини дека беше навистина дерградирачи за кандидатката.

Девојката се претстави со песната „Зора је“ и „Направи се луд“, а жирито ја гледаше со жалење, додека ЈК се засрами од „својот резултат“.

Карлеуша се извини за нејзиниот настап, бидејќи поради свои приватни проблеми (секс-скандалот со Врањеш), не билас во можност да работи со својата кандидатка и ја препуштила во рацете на пејачката Ивана од групата „Негатив“, која очигледно избрала лоши песни за неа.

Погледнете како изгледаше:

(Видео) Рибар појде да го провери уловот и доживеа изненадување: Во мрежата имаше “чудовиште” од 4 метри

Тајланѓанецот Чалерм Нукаев (34), како и секое утро, заминал да провери колку краби завршиле во неговата мрежа.

Меѓутоа, кога ја извлече мрежата, виде дека нешто не е како што треба и во неа здогледа огромен питон.

Змијата беше долга 4 метри. Набрзо дојдоа и обучени лица кои ја земаа змијата и ја пуштија назад во дивината.

“Со години ловам овде и никогаш не сум фатил змија. Бев изненаден, но мило ми е што нема последици”, рече рибарот.

Временска прогноза за цела недела: Уживајте во сонцето, од петок нов пад на температурите

Времето до петок ќе биде претежно сончево и потопло, но веќе в сабота, како што најави УХМР, се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.

Од утре до петок утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 5 до 17 степени. В сабота дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 7 степени.

Видео: Ова е последната снимка на Шабан Шаулиќ

Светот остана без кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, која ја доживеа после настап во ноќен клуб.

Ова е последна снимка од неговиот настап.

Мицкоски со Иванов и Силјановска во Охрид: “Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме”

“Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот.

Ова е битка на нашата генерација, на оние кои влеговме во политиката не за да добиеме нешто, туку за да го дадеме најдоброто. Не е повеќе опција седењето настрана, и немото набљудување на пропаста во нашето општество.

Сите ние имаме можност и обврска да влијаеме пред да биде вистински предоцна. Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме. На Македонија и требаат честити луѓе и луѓе кои го знаат патот. Ќе го мобилизираме најдоброто од нашата земја, ќе подадеме рака на секого, бидејќи нашата цел е честита и силна Македонија” – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Над 2.000 производители на јаболка го блокираа патот Битола-Ресен: Нема пласман, цените не се ниту за преживување (Фото/Видео)

Над 2000 производители на јаболка од Преспанскиот регион над два часа го блокираа патниот правец Битола-Ресен.

Одгледувачите на јаболка од овој регион бараат субвенционирање на индустриските јаболка со по 3 денари за килограм и решавање на слабиот пласман.

Тие побараа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според овоштарите, нивната состојба е многу тешка. Се работи за бројка од над 50.000 тони неоткупени јаболка, за кои цената е премногу ниска.

Според нив нема пласман ниту на индустриското, ниту на трпезното јаболко.

Видео од протестот погледнете ТУКА

Балканот жали за Шабан: Не напушти и кралот на народната музика

Кралот на народната музика Шабан Шаулич загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијални информации, бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во близина на Билефелд.

Шабан итно бил префрлен во болница, каде и починал.

(Фото) Берлускони има 83 години, а се чувствува како момче – „Во огледало не гледам старец“

Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој оваа година полни 83 години, изјавил дека кога ќе се погледне во огледало не гледа старец и дека и понатаму ќе биде во политиката, за Западот со помош на Русија да ѝ даде отпор на Кина, но дека нема да се враќа во Владата на Италија.

Тој меѓу другото одговорил и на прашањето како човек се чувствува кога ќе остаре.

-Кога ќе остарам, ќе ви одговорам на тоа прашање. Иако сум свесен дека пред себе немам многу време, се надевам дека не е ни малку, не чувствувам дека стареам кога се гледам во огледало и размислувам за работите кои треба да се напрват. Староста уште не влегла во мене – рекол Берлускони и додал дека сите негови другари од гимназија сега се пропаднати старци, освен тој.