дома блог страница 3417

(Видео) Можно ли е?! Химната на Јужна Африка ја пуштаа од мобилен телефон, а потоа телефонот заѕвони

Бизapна сцена на утакмицата на Афричкиот куп на нации меѓу Либија и Јужноафриканската Република.

Утакмицата се играше во Сфакс, Тунис, а на тој стадион за време на интонирањето на химната се случи сериозна грешка.

Организаторите ја пуштаа химната од мобилен телефон, а во еден момент телефонот заѕвони.

Одлична реклама за Хуавеи.

Нема повеќе летно и зимско сметање на времето! Европскиот парламент го укина променувањето на сказалките

Европа ќе ја укине праксата за промена на сказалките на часовниците откако Европскиот Парламент гласаше за укинување на зимското и летното сметање на времето.

Сега мора да се пронајде компромис со секоја држава членка на ЕУ.

Евроспкиот парламент во вторникот со големо мнозинство гласаше за прекинување на оваа пракса од 2021 година.

Според предложениот амандман, земјите кои планираат трајно да останат на летно сметање на времето, би требало сказалките на часовниците за последен пат да ги променат во последната недела од март 2021 година, додека оние кои сакаат да останат на “зимско време” промената ќе ја направат во последната недела од октомври 2011 година.

За 12 часа над 100.000 прегледи! “Некст Тајм” рушат рекорди!

Музичкото дуо “Некст Тајм” синоќа во Драмскиот театар ја промовираа својата најнова преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо”.

Песната која доцна синоќа беше објавена на официјалниот канал на “Некст Тајм” доживува невидена популарност, па за нешто повеќе од 12 часа, песната забележа 111.000 прегледи, нешто што ретко некому му успева на македонската музичка сцена.

Во продолжение уживајте уште еднаш во ова вистинско ремек дело на Мартин и Стефан:

Урнебесно фото: “Вакво веце има само во македонска двојазична институција во Прилеп?”

Веце со две веце школки има во прилепскиот Катастар, вели наш читател кој ни ја испрати фотографијата.

Исто вакво веце имаше и на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, кога целиот свет се смееше на фотографијата од олимпиското село.

И ова дете заслужува безгрижно детство: Родителите на Борјан бараат помош од хуманите граѓани

Трајанчо и Ане Гигови од Скопје апелираат до хуманите граѓани за помош за нивниот шестгодишен син, Борјан, кој треба да замине на лекување во Германија.

Малиот Борјан има повеќе дијагнози – аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот.

Со цел за подобрување на неговата здравствена состојба, веќе е договорен третман со матични клетки, што чини 23.000 евра.

Родителите не се во можност да ја обезбедат оваа сума, затоа апелираат до граѓаните, доколку можат да донираат на следните донациски броеви:

143 177 – за корисниците на Телеком

143 471 – за корисниците на ВИП

“Вечерва ТВ дуел за сигурна победа на опозицијата на 21-ви aприл??”

Вечерва со почеток од 18:30 часот, во емисијата “Само вистина” на “Канал 5”, во ТВ дуел пред јавноста ќе се соочат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.

Мицкоски во пресрет на соочувањето со Заев, на Фејсбук напиша:

“За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја.
Следете ме на ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија во 18:30 часот”

РУСКА ФОЛК ГРУПА ЈА ОТПЕА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА „ОЈ, ЈАНО, ЈАНО“: Изведбата е вистинско воодушевување! (Видео)

Tamburitzans е познат руски фолк ансамбл кој на 7. април ја почнува турнејата во Америка и ќе има концерти во повеќе градови во САД…

Но, тие едно сончево попладне во Сенкт Петерсбург го искористиле за да ја испеат „Јано мори“, македонската народна песна…

Присутните во одморалиштето Sunset Vistas биле воодушевени од изведбата, песната но и гласовите на младите девојки што можете да видите подолу во видеото:

Попладнево дожд, а еве какво ќе биде времето до крајот на неделата

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за уште 3 до 4 степени во однос на денешната. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст

БУРА ОД ЕМОЦИИ: „Нешто ќе те питам бабо“ и спот кој ги наежи Македонците (Видео)

Браќата Стефан и Мартин од „Некст тајм“ се надминаа себеси.

Со фантастична преработка на песната „Нешто ќе те питам бабо“ ги разбудија емоциите кај сите Македонци.

Нивниот видео запис е парче историја, кое никогаш нема да се заборави.

Промоцијата беше синоќа, а социјалните мрежи вријат од позитивни коментари.

Почитувани читатели, уживајте:

Пешак тешko повpeден во Прилеп

На 25.03.2019 околу 06:50 часот на улица „Марксова“ во Прилеп, патничко возило „Фолксфаген Венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(48) од село Дреновци, прилепско, удрило во пешакот А.С.(44) од Прилеп.

Од ударот А.С. се здобил со тешки телесни повpeди и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Изршен бил увид на местото.