“Вечерва ТВ дуел за сигурна победа на опозицијата на 21-ви aприл??”

Вечерва со почеток од 18:30 часот, во емисијата “Само вистина” на “Канал 5”, во ТВ дуел пред јавноста ќе се соочат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.

Мицкоски во пресрет на соочувањето со Заев, на Фејсбук напиша:

“За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја.
Следете ме на ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија во 18:30 часот”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.