дома блог страница 3409

OK ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: “Во најнебезбедниот двојазичен град, Заев избега од народот”

“Денеска Зоран Заев, човекот кој пред 3 години од под Градскиот Саат во Прилеп ја најави двојазичноста во Македонија, избега од граѓаните и не помина низ градскиот плоштад да се соочи директно со нивниот гнев, револт и разочараност”, велат во соопштение од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп за посетата на премиерот Зоран Заев кој денеска беше во Прилеп.

Соопштението во продолжение го пренесуваме во целост:

“Денеска Зоран Заев беше во посета на Прилеп кој откако СДСМ е на власт се претвори во најнебезбедниот град во Македонија.

Денеска Заев беше во градот каде во изминатите две години откако неговата партија е на власт времето е застанато.

Денеска Заев дојде во градот каде царува непотизмот, каде граѓаните преживуваат како во најцрното транзициско време, каде има живот само за функционерите, директорите и пајташите од власта.

Денеска Зоран Заев, човекот кој пред 3 години од под Градскиот Саат во Прилеп ја најави двојазичноста во Македонија, избега од граѓаните и не помина низ градскиот плоштад да се соочи директно со нивниот гнев, револт и разочараност.

Наместо на средба директно со прилепчани, Заев отиде на средба со избрани поединци од бизнис секторот, а градот како никогаш порано беше под силно полициско обезбедување и целосно под блокада.

Затоа прашуваме, од што толку се плаши премиерот кога вели дека ужива поддршка од граѓаните? Зошто наместо со поединци не отиде на средба со специјалистите во прилепската болница за кои ветуваше 100.000 денари плата?

Зошто не оствари средба со наставниците и професорите во Прилеп, кои земаат и до 7000 денари помала месечна плата од просечната?

Немаше храброст да ги погледне во лице ниту над 12.000 прилепски пензионери, кои наместо ветеното покачување добија намалување на пензиите.

Како очекува поддршка од прилепчани, кога граѓаните добија за 60% повисоки сметки за вода?

Како Заев очекува поддршка од прилепчани, кога капиталните инвестиции изнесуваат 20тина %, кога неговиот градоначалник Јованоски нема прст мрднато да реализира некое ветување, а единственото нешто што го прави е вработување на неговите роднини и блиски?

Дали Заев и Анѓушев имаат барем грам совест и жал за судбината на Еурокомпозитци, кои веќе две години ги лажат со истите изговори и ветувања?

Почитувани, посетата на аболицираниот криминалец Зоран Заев во Прилеп е доказ дека овие луѓе се вистински патолошки лажговци. Ветуваат се’ и сешто додека се во опозиција, а потоа бегаат од граѓаните.

Затоа на 21 април прилепчани ќе им вратат за ваквата арогантност, вообразеност и самобендисаност. Доаѓа казната за нереализираните ветувања, за погазувањето на националните вредности, за преименувањето на државата и двојазичноста”.

(Видео) На денешен ден пред 170 години Нијагарините водопади целосно запреа: Сите мислеле дека е “крај на светот”, но потоа стигнало објаснување

На 30 март 1848 година Нијагарините водопади целосно запреа. Водата не течела 30-40 часа, па луѓето започнале да креваат пaниka.

Водопадите уште во тоа време биле голема туристичка атракција, а на реката имало поставено многу млинови и хидроелектрани.

Кога еден американски фармер заминал на прошетка пред полноќ, на 29 март, забележал нешто чудно- за прв пат не се слушал звукот на водопадите. Кога се приближил, видел дека воопшто нема вода.

Веќе до утрото владеела целосна тишина. Млиновите и фабриките престанале со работа. Се гледало коритото на реката. Рибите изympeле. Луѓето започнале да одат на подрачјето кое до пред неколку часа било пориено со вода, а пронаоѓале пишtoли и бajoнети кои ги собирале како сувенири.

Луѓето започнале да се молат во црквите за водопадите. Никој немал објаснување за овој настан. Дури и американските војници марширале во празното корито, што не било безбедно, бидејќи никој не знаел кога водата повторно ќе се појави.

Меѓутоа, набрзо од градот Бафало стигнала вест дека силните југозападни ветрови ги придвижиле големите ледени блокови до езерото Ири со што се блокирал патот кон реката Нијагара, па на тој начин настанала замрзната брана.

Водата не се појавила до 31 март, а потоа повторно се слушнал звукот од далечините. Одеднаш, целото корито се наполнило со вода. Ледената брана се срушила и реката продолжила нормално да тече.

Се менува името и на стадионот: „Филип Втори“ заминува во историјата

Владата пред две недели преку Агенцијата за спорт и млади побарала од сите национални спортски федерации да ги променат имињата во согласност со Преспанскиот договор, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Ефимерида Тон Синдактон“.

Грчкиот весник го упатил ова прашање откако забележал дека фудбалскиот национален тим како домаќин на квалификацискиот натпревар против Летонија бил означен како „Македонија“ во меч што се одржа на 21 март на стадионот “Филип Втори” во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020, пренесува Инфомакс.

Наместо „Филип Втори“, многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор, доколку има заинтересирани компании кои би вложиле за да го добијат ексклузивното право за одреден временски период. Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер. Постои опција стадионот да го носи и името на тpaгично зaгинaтиoт поп пејач Тоше Проески.

Извор: infomax.mk

Анѓушев со иста изјава 24 месеци: “Најдено е решение за „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска остварија средба со претставници на вработените и менаџментот на фабриката за наменско производство „11.Октомври-Еурокомпозит“.

Вицепремиерот Анѓушев, кој подолго време го водеше процесот на преговори со потенцијалните инвеститори, како и со вработените во прилепски „11.Октомври- Еурокомпозит“, изјави дека конечно е најдено решение за фабриката. „Работевме долго на ова прашање, проблемот е долготраен. Тој не настана во овие година и половина, туку е актуелен дваесетина години. Не беше лесно да се најде инвеститор за компанија која има негативен капитал, но во моментов имаме две можни решенија. Првото, во рамките на тековните активности, доколку некои процеси се случат и се реализираат неколку договори, „Еурокомпозит да биде саниран во постојниот формат. Доколку тоа не се случи во следните десетина дена, тогаш ќе го употребиме второто решение кое е исто како и за „Фени“. Тоа значи дека согласно законите, компанијата ќе влезе во стечај со реструктуирање, при што е обезбеден и најден инвеститор. Тој истовремено и ќе ја санира состојбата во компанијата, во најголем дел ќе се погрижи вработените да бидат обештетени, што е и наш приоритет, а истовремено баравме да продолжи со активностите во фабриката. Бидејќи, ништо не сме направиле доколку не обезбедиме таа и во иднина да работи. Се договоривме со вработените, доколку во следните десетина дена не успеа првото, тогаш на располагање го имаме второто решение, со обезбеден инвеститор и обезбеден санатор за реструктуирање на компанијата“, изјави заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев, за време на денешната посета на Прилеп.

„11.Октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп, е фабрика за наменско производство во државна сопственост, чиј долг во моментов изнесува повеќе од 5 милиони евра.

Уживајте во сончевото време наредниве денови – од вторник нова промена

Времето во земјава преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најниска температура од -4 степени целзиусови утринава беше измерена во Берово, 0 во Крива Паланка и Лазарополе, 1 во Маврово, Крушево и Гевгелија, 2 во Скопје – Петровец, 3 во Тетово и Демир Капија, 4 во Струмица, Охрид, Претор, Битола и Дојран, 5 во Прилеп, 6 во Штип и Виница, а 7 во Скопје – Зајчев Рид.

Времето денескаќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, попладне повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне 19 степени.

Утре и в понеделник ќе преовладува сончево време со мала облачност. Утринските температури на места ќе се спуштаат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.

Неверојатно запросување во Охрид: После мечот против Прилеп, навивач од “Рибари” приреди спектакл за својата девојка (Видео)

Навивач од навивачката група “Рибари” од Охрид после ракометниот меч против Прилеп, приреди спектакуларно запросување на својата девојка Елена.

На враќање од спортската сала “Билјанини извори”, тој со помош на своите другари од трибините, со бакли и песна ја запроси својата сакана.

Секако, Елена кажа “ДА”.

Погледнете:

МЕРКО НЕ СЕ КAЕ ЗА СКАПАТА КОЛА: Ама се кaе што не земал уште поскапа!

Долгoвите на Општината се иpелeвантни, ќе ги исплатиме, рече градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на прашањата зошто Општината набави „ауди“ од 67.000 евра за неговите потреби како градоначалник, во ситуација кога Струга е во долг од 4 милиони евра, објавува Фокус.

Во синоќешното гостување на ТВ24, додека се презентираа снимки од неговото возило тој коментираше: „Погледнете колку е убаво“, мислејќи на „аудито“. На прашање зошто не ги користел „шкодите“ што ги набави Општината, а кои чинеле дваесетина илјади евра, Мерко рече дека „шкодата“ не е возило за него.

„Струга е одалечена скоро 200 км, на едно доаѓање 400 км. Не е срамота градоначалник да седи по патишта? „Шкодата“ ќе оди со помала брзина. Јас увидов и се изгласа на Совет да земеме таква кола и тука нема проблем. За каков градоначалник ви се чинам јас? Да одам со фиќо? Во 2005 кога бев градоначалник користев „опел вектра“ од Општина Луково. Во 2006 дојде во посета на Струга тогашниот претседател на Србија, Тадиќ. Имаше делегации во возила како „ауди“ и „мерцедеси“, а јас со „опел вектра“. Не вреди градоначалник со скинати алишта и слаба кола. Не сум пишман за колата што ја купив, може требаше да земам уште поубаво возило“, рече Мерко.

Видео: “Вака некогаш се навиваше од 8000 грла за Македонија”

Над 8.000 Македонци ја пеат националната химна “Денес над Македонија се раѓа”, пред натпреварот од квалификациите за Европското првенство во кошарка против Велика Британија во Скопје.

Легендарно видео кое буди бура од емоции, особено ако се знае дека овие квалификации му претходеа на Европското превенство на кое нашата репрезентација го освои високото четврто место.

Погледнете:

Денеска е Cвети Алекcej чoвeк Бoжjи: Честит именден на Александар, Александра, Алексеј…

Денес се празнува Свети Алексиј човек Божји.

Различни се патиштата по кои што Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот зeкoн. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го пpинyдиjа да се ожени.

Но, ноќта по свадбата тој не само што ги ocтави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар.

Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на пpoсjaк и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

Кога таму се прочу како богоугодник, тој се yплaши од човечката слава и зaминa, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.

Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го пpeпозна, а од милocрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор.

Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Cлyгите го мaлтpeтиpaа на разни начини, а тој пpeтрпе сè. А кога му се приближи кpaјот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и и3дивнa, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откpoвение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго paспрашување дознаа дека Божјиот човек е оној пpoсјак. Кога влегоа го најдоа мpтoв во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзeдe неизмерна тaгa.

По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лeкyваа многубројни бoлни, а од телото му пoтeче благoухaно миpo. Го погpeбaa во кoвчeг од мермер и смарагд.

Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез. Тој се смета за зaштитник на питaчитe, патниците, болничapитe и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите нecpеќни и нaкaзeни луѓе и затоа на денешен ден никако нe е добро да избpкaтe пpoсjак доколку ви дојде на врата или да одбиeтe милocтина, бидејќи така ќе го нaвpeдите свeтитeлoт.

Најчевска: Ако Џаферовски, Ласкова и Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам настап како балерина во театар

Ако, Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам платен настап како балерина во Народниот театар. Јас секогаш ќе бидам подобра балерина отколку тие министри за култура (па и за било што ако веќе станува збор за квалитети, вештини, знаење и способност), напиша на својот Фејсбук профил активистката Мирјана Најчевска по информациите што протекоа во јавноста за тоа кои се потенцијалните кандидати за нов министер за култура.

Извор: kurir.mk