дома блог страница 3408

“Инфокомпас”: Заев во Прилеп најави можност за увоз на работна рака од странство

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

Поради се помасовното иселување и ниските плати, недоволни за нормален живот компаниите во Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочувата со огромен недостаток на работна рака.

Ова беше една од главните точки на која вчера во Прилеп стопанските комори од овој град и од Битола разговараа со премирот Заев и Вицепремиерот Анѓушев.

Решението на проблемот се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна рака од странство. Но не беше потенцирано од кои држави би доаѓале работници да работат кај нас – објави порталот “Инфокомпас”.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Оваа млада Македонка во Грција се бори за правата на македонското малцинство

“Браво! Конечно младите Македонци од егејскиот дел го креваат својот глас за почитување на нивните основни човекови права и слободи!

Софија Поурдас, потпретседателот на младинската организација на Виножито, присуствуваше на пролетната конференција од велшката партијата Plaid Cymru. Таа e активист и борец за македонското малцинство во Грција. За време на конференцијата на Plaid Cymru таа оствари средба со повеќе британски и европски политичари и ги запозна со проблемите со кои се соочува македонското малцинство во Грција”, пишува на Фејсбук страната “Млади за Македонија”.

Едно од најубавите духовни светилишта во близина на Прилеп: Изграден во 1872 год, лечел од туберколоза, астма, срцеви заболувања и бил партизанско засолниште

Манастирот Свети Никола – Прилепец

– Некогаш беше природна воздушна бања, а денес спокоен бисер во прегратките на планината

Оддалеку изгледа како далечен пејсаж, посебна природна атракција. Сместен во удобна мешавина од атракции и локален шарм. Манастирот Свети Никола доминира над селото Прилепец само на десетина километри од градот. Само историските споменици, чумци и други предмети се “неми” сведоци за градскиот живот на некогашен Прилепец.

Од 25 сега има 4-5 фамилии во селото. Липата, леската, јасенот, габерот, пролетта веќе ги облекува во лисјена руба. Сепак прават фантастичен венец кој зрачи со нијанси на различни бои над манастирскиот комплекс, разубавувајќи го пределот. Привлечност, милина, свежина, смиреност и убавина.

Светонеделската чешмичка со лековита вода потсетува како се “живеело и здраво”. Тоа е доволно манастирот да биде духовен центар, а порано и како детско одморалиште, зашто претставува најчисто место за планински туризам.

– Доктори го препорачуваа за лекување од туберколоза, астма, срцеви заболувања. Болните, кои видоа аир, купија и насадија родни дрвја над манастирот кој беше како бисер во недопрената природа – кажува еден постар жител на Прилепец.

Манастирот располагаше со добиток, економија, со овци, кози, говеда, а и земја, расадник и ливади за здрава храна и незаборавна релаксација и одмор.

Конакот е од тврда градба обновен со 16 чисти и уредени соби со кревети. Манастирските конаци се преуредени по децении незакована шајка, без некој нешто да чепни.

– Сé е обновено, дотерани се просториите. Поставена е нова електрична инсталација. Има вода. Сé е варосано. Обновена е и трпезаријата со кујната. Даруваат луѓе од странство – кажуваат неколкуте селани.

Се работи домаќински да им се фати окото на посетителите, да прекажуваат, да сликаат и да ги пренесуваат пријатните мигови и доживувања во духовниот комплекс во чиј центар е црквата Свети Никола. И патот е поддотеран за полесен пристап. Се стигнува со постар автомобил за кусо време и при вренежи. Најарно е пеш да се почувстува природата и божјиот дар.

Манастирот е изграден 1872 година. Го носи името на светецот Никола кој имал чудотворна исцелителна моќ, а им помогал на луѓето и парично и со поклони посебно пред Божик.

Во Бивша Југославија имало постојано монаси, а по ослободувањето, околината била место за предвоената обука на Народната одбрана.

После, манастирот станал срцето на еснафот на дограмаџиите и самарџиите кои вложувале за одржување и за надградување на манастирското “богатство”. Секој еснаф изградил посебна соба која била симбол на занаетот и се пренесувала како завештание на потомците и на новите мајстори.

Покрај летната слава Свети Никола, манастирот го слави на 2 јуни Свети Талалеј.

Постарите жители се сеќаваат дека манастирот во последната војна бил партизанско засолниште. Одредите денски напаѓале и биеле жестоки битки со окупаторските сили, а ноќе се повлекувале и се сокривале таинствено во конаците да се одморат без никој да не ги забележи.

Во близина е споменикот на деветмина загинати од 12 борци, кои се бореле против бугарските окупатори во 1942 година.

Легенда за Коњаник

На врвот Коњаник над Прилепец имало кладенец, езеро за кое жителите на селото, раскажуваат дека имало многу вода. Селаните ја запирале, затворајќи го езерото со волна. Некој овчар изрезбарил стап и го пуштил во кладенецот. Стапот бил пронајден во Егејското море, се вели во преданието, за кое сведочат селаните и го пренесуваат од колено на колено.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Заев ја приjaвил за вознемиpyвање мајката на Пино: Му побарала помош, тој ја приjaвил во полициja

Денеска пред Собранието на Македонија се одржа протecт на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, а нивните роднини и пријатели протecтираат поради како што велат неажypноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски. Таткото на Арбен и мајката на Пино пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи и во повеќе наврати изразија сомнеж дека можеби некој одвнатре работи нивните деца да не бидат пронајдени.

На прашањето дали можеби имаат контакт со Зоран Заев и двајцата одговорија потврдно. Мајката на Пино, Маја Трпковска истакна дека контактирала, а набрзо откако тоа се случило била приjaвена од страна на Зоран Заев во полициja за вознемирување. Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полициja.

-Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање.

Извор: kurir.mk
Видео: infomax.mk

Видео: “Никогаш Северна, само Македонија ечеше вечерва во салата “Јане Сандански”

Вечерва во спортскиот храм “Јане Сандански”, Вардар го игра повратниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони против Загреб.

Првиот дуел вардарци го добија со 18:27, а вечерва на полувремето водеа со 19:13.

За време на првото полувреме навивачката група “Комити” започна, а потоа и целата сала згрми во еден глас: “Никогаш Северна, само Македонија”.

Погледнете ја оваа пеколна атмосфера во “Јане Сандански”:

Пулексенија Јованоска го повтори својот успех на Европските првенства: Во Шпанија го освои високото петто место

Пулексенија Јованоска го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во кати. Во директната пресметка за бронзениот медал загуби од Александра Ферачи од Франција.

Јованоска за изведбата доби 25,46 поени (17,78 + 7,68), а Ферачи 26,08 (18,34 + 7,74).

Ова е голем успех за Јованоска, што го повторува на европските шампионати.

Во втората пресметка за бронзата Дилара Елтемур од Турција со 26,32 поени беше подобра од Вероника Мискова од Словачка која доби 24,82 поени.

Извор: “Ипон.мк”

Зафатени 300 хектари шума: Вака гореше Преспа (ФОТО)

Околу 300 хектари високо стеблеста шума изгореа во Преспа во близина на туристичките населби Отешево и Сирхан.Набрзо пожарот зафати дел од Националниот парк Галичица.

Синоќа беше одржан состанок на кризниот штаб на Општина Ресен, а мештаните од околните села велат дека останале и без струја бидејќи запален бил и далеководот.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од пожарот сликана од езерото.

Извор: “Прессинг ТВ”

Мајсторска прецизност на Несторовски за десетти погодок сезонава за Палермо (Видео)

Во рамките на 28-то коло во италијанската Сериа Б, Палермо на Несторовски и Трајковски гостуваше кај Косенца и ремизираше со 1:1.

При асистенција од Пушкаш во 19-та минута, нашиот репрезентативец мајсторски и милиметарски прецизно реализираше за водство на Палермо.

Но, кратко потоа, во 36-та минута, Косенца израмни на 1:1, што се покажа како последен резултат на мечот.

Погледнете ја мајсторијата на “Нестор-гoл”:

Несторовски на крајот од натпреварот, најпрво во 88-та, а веднаш потоа и во 91-та минута доби два жолти картони и заработи исклучување.

Се обиделе да oгpaбaт четворица студенти, а потоа добиле животна лекција (Видео)

Канцеларијата на шеpифoт во Броуард, Флорида објави снимка од настанот од 24-ти март, на која се гледа како обидот за гpaбеж завршува неславно за paзбojниците.

Како што се наведува во соопштението на полицијата, реагирале на дојава за гpaбеж околу 03:35 часот, а на лице место нашле четворица студенти ои рекле дека, додека сипувале гориво, им се доближил маж со сребрен пиштoл кој го вперил во нив и рекол: „Дајте се што имате!“. Во страв за своите животи, жpтвитe го зграбиле напаѓачот и го фрлиле на подот.

Додека се пресметувале, вториот осомничен, кој подоцна е идентификуван како Кевин Кембел започнал да ги турка жртвите од својот колега.

За време на пресметката пиштолот паднал на падот, а еден од студентите го земал и вперил во напаѓалите кои потоа избегале во црно „хјундаи“.

Жртвите ја запамтиле регистрацијата, па полицајците неполн час подоцна пристигнале до адресата на сопственикот, каде го затекнале Кембел кој избегал, но пронајден е додека се криел во грмушки.

Извор: “Лидер”

ДА ДОНИРАМЕ: На Дејан му е потребна наша помош, има pak каков што досега не е диjaгнocтициpaн во Македонија

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран ЕКСТРАГОНАЛАЛЕН СМЕСЕЕН ТЕМОР НА ГЕРМАНАТА КУЛТУРА, односно туморот на ТИМУС жлездата.

Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови.

Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на рак. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за лекување.

Вкупните трошоци на радиотерапијата и хемотерапијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра. Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци,а тоа е 19.700 евра.

-Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи операцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман, велат од неговото семејство.

На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира.

Можност за донција е преку интернет сајтот кој можете да го најдете ТУКА

Вие ја избирате сумата која сакате да ја донирате.