дома блог страница 3392

Груевски на Фејсбук се огласи за Билјана Беличанец

–Билјана Беличанец ја познавав како пријатна личност и одличен актер во драмскиот театар во Скопје, но најмногу ја запознав како градоначалник на општината Кисела Вода. Беше одличен и исклучително одговорен градоначалник на оваа општина која не располага ни приближно со доволно финасии колку што има реални потреби. Не е лесно човек да води таква општина со толку многу проблеми и очекувања од граѓаните а со толку малку финасиски ресурси. Се бореше за општината како за свој дом.

Соработувајки со градот, владата, странските донатори, компаниите, граѓаните и правилно распоредувајќи ги средствата на општината, со голем ангажман и посветеност, заврши многу проекти за општината и остави свој белег и пример како може во една таква општина со многу проблеми а малку сопствени приходи успешно да се менаџира.

Билјана имаше чесен приод кон работата, многу внимаваше да не направи грешка, сакаше секому да помогне и излезе во пресрет, да ги исполни дадените ветувања пред граѓаните и да си замине од функцијата со чист образ, како што и се случи. Не дозволи да и се случи ниту една афера или гаф иако влезе со многу мало искуство на оваа функција.

Се грижеше за секој детал и за секој кој и бара некаква помош. Не се колебаше да побара помош за предизвици со кои неможеше самата да се справи и соработуваше со сите во интерес на зацртаните цели за општината и граѓаните. Одлично менаџираше. Многу чувствителна кон луѓето и со љубов кон работата. Тешко ги примаше неправдите но се трудеше да не го покаже тоа. Со изразено чуство на одговорност кон обврските, како ретко кој.

Многу внимаваше некого да не повреди, да не создаде болка некому. Не сакаше кандидатура за втор мандат. Чувствуваше замор од преголемиот ангажман. Не се штедеше во работата.

,,Сакам само чесно да си го одработам овој мандат и со крената глава и чиста совест да си заминам. За следните избори нека добие шанса некој друг, а дотогаш ќе работам до последениот мој атом,, – беа нејзините зборови уште најмалку една година пред истекот на мандатот кои потоа неколкупати ми ги повтори. Сакаше и се врати на театарот.

Но, за жал не за долго. Нејзиното прерано заминување освен за нејзините блиски е голема загуба и за сите кои ја познаваа, соработуваа или на било кој начин беа во контакт со неа.
Театарската публика загуби исклучително талентиран и искусен актер.

Ќе ја паметиме по добро, бидејќи пред се, Билјана Беличанец беше добар човек. Почивај во мир Билјана, напиша Груевски.

РК Прилеп тоне, а тренерите не се појавуваат на утакмица? Прилеп ќе добие двајца второлигаши?

Фото/vardarfans.mk

Викендов се одигра редовно коло во македонската Супер лига. Во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, РК ПРИЛЕП играше против Вардар јуниор, млада екипа која е во долниот дел од плеј аут табелата.

Љубителите на ракометот во Прилеп потајно се надеваа дека токму на овој натпревар во дресот на РК Прилеп ќе се појават некои од поискусните играчи и ќе помогнат да се спаси клубот од испаѓање.

Но, за жал, ниту Бозароски, нити Ангеловски, ни Јанески и Шокоски, ниту пак тренерите Вељаноски и Димоски и за жал ниту некој од управата на клубот, кои своевремено бурно најавуваа дека ќе го “вратат” ракометот во градот под Марковите Кули, не се појавија на натпреварот.

Па така ги оставија на милост и немилост голобрадите момчиња волонтери од кадетскиот тим, кои го загубија мечот со убедливи 10 голови разлика, 25 – 35.

После овај епилог, РК Прилеп се закова на 5-то место од плеј аут лигата, или 11-то во македонската Супер лига кое води во бараж меч на неутрален терен со второпласираниот од Првата македонска лига, а во моментов се поизвесно е дека тоа ќе биде екипата на Јуниор Кисела вода од Скопје, кој покажува големи амбиции да игра во Супер лигата.

Тој меч ќе се одигра на почетокот во месец јуни. Му ја посакуваме цела среќа на кадетите на РК Прилеп и се надеваме дека нема да ги снајде судбината на ФК Победа, а Прилеп заедно во пакет да добие статус на второлигаши на своите два спортски бренда, фудбалот и ракометот.

Уловен еден од најголемите питони- змија долга пет метри, која може да голтне и елен (ФОТО)

Група истражувачи од Флорида уловиле женка питон долга 5,2 метри и тешка 140 килограми, која според зоолозите, е доволно цврстa и силна за да голтне и елен.

Змијата подолга од еден кат на куќа, истражувачите ја уловиле користејќи мажјаци со радиопредаватели на нив, за време на сезоната на парење. Според нив, тоа е еден од најголемите питони што го виделе во живо во нивната кариера

– Екипата не само што ги собира грабливите змии, туку прибира податоци и за научни истражувања, изработува нови алати за нивно отстранување и открива како питоните се размножуваат, изјави еден член на тимот.

Змијата имала 73 јајца. Овие влекачи не се соочуваат со грабливци посилни од нив во природната средина во Флорида и затоа нивното размножување оди доста брзо, па тие самите стануваат „голема закана за тамошната дива природа”, оценуваат истражувачите.

Бројот на питони во САД денес повторно се приближува до рекордните 300.000, иако америка

Овие браќа и сестри не се ниту стоka ниту сypaти!

Мицкоски пред присутните синоќа во Струмица посочи дека на овие избори се одлучува за иднината на Македонија, и се нудат два различни концепти, едниот на СДСМ каде власта се богати на грбот на граѓаните и другиот на ВМРО-ДПМНЕ за богати граѓани и достоинствена, принципиелна и честита Република Македонија.

Вие нудите иднина откажувајќи сте од минатото, кое што како сидро ве влече не давајќи ни да мрднете милиметар кон иднина, за нас минатото, нашата традиција и обичаи се наша гордост и заедно со нив ќе грабиме кон вистинска европска иднина, нашето минато е нашето едно. Ние со граѓаните комуницираме на начин со тоа што им се обраќаме со браќа и сестри, со добри луѓе, а вие заедно со Стево најпрвин ги нарековте стока, а потоа ги нарековте сурати, истакна Мицкоски.

Извор: republika.mk

Метеоролозите со лоши вести за времето на стартот на работната недела

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од 10 до 16 степени.

Вакво време ќе се задржи до утре.

(Видео) Ако не победиме не ми излегувајте пред очи: Пендаровски им се зakaни на поддржувачите?

Стево Пендаровски, ќе биде запишан во историјата по бројот на гафови во една политичка кампања. Дополнителен коментар не е потребен.

Извор: infomax.mk

Природата го возврати ударот: Ловоkpaдец го изгазиле слонови, а потоа го изедoa лавови

Неименуван ловоkpaдец го загуби животот во националниот парк “Кругер”, Јужна Африка, откако го прегазиле слонови, а потоа го изедоа лавови, соопштено е од паркот.

Овој човек бил на neлегален лов со група луѓе во наведениот резерват кога бил прегазен од слоновите.

Остатокот од групата- четворица ловци се yaпceни откако признале што се случило. Имено, како што известуваат од полицијата тие биле во потрага по носорози.

За инцидентот се дознало откако од семејството на ловецот ги контактирале лицата задолжени за чување на резерватот и им признале дека тој исчезнал.

Силјановска: На 21 април ќе стигне демократската пресуда на народот

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова, од Радовиш говорејќи за однесувањето на владата вели дека не ќе може веќе вака после 21 април, особено не ќе може после 5 мај, затоа што тогаш ќе стигне демократската пресуда на народот.

Таа потенцира дека власта не прави разлика помеѓу инвестиција и реинвестиција.

-Власта зборува колку пари ние ќе сме добиеле кога ќе сме ги почнеле преговорите, па си додаваат нули и си веруваат во бројките. Веројатно веруваат дека е нулата е број, но тие се во голема илузија и знаат дека уште еднаш ќе изгубат, рече Силјановска и додаде:

„Деновиве кога разговарам со граѓаните од една страна сум пресреќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, меѓутоа од друга страна сум толку тажна кога ќе чујам што се не е решено во овие два ипол години, а ветено, а со што се се китат“.

Професорката потенцираше дека се обиделе да ги измамат граѓаните со живот, меѓутоа не само што не донеле живот, туку и им го загрозиле животот на граѓаните.

-Тие се во некој политички сон, знаат дека уште малку им преостанува, па затоа гледаат сите можни средства да ги употребат. Па не убедуваат дека НАТО е на прагот дека тоа ќе биде крај на безбедносните промени, но не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата, далеку сме од тоа за тоа треба силна работа, треба да станеме силни стратешки, економски, за да водиме евроатланска регионална политика.

Силјановска истакна дека е голем цинизам и хипокризија она што го говори СДСМ дека ќе сме биле четвртата Македонска Република, кога според членот 7 од Договорот придавката македонска не може да стои пред републиката.

Анџелина Џоли ќе се соочи со Tpaмп на претседателските избори ?!

Актерката, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли е подготвена да влезе во политика и планира да се кандидира за некоја од јавните функции.

Таа моментално е многу ангажирана како амбасадор на Обединетите нации и Комесаријатот за бегалци на ОН. Иако не наведе точно за која функција е заинтересирана, се шпекулира дека тоа би можело да биде местото претседател на САД, каде авентуално би можела да го замени Доналд Трамп.

– „Никогаш не вели никогаш. Не ја ислучувам таа можност во иднина. Но засега на другите им ја препуштам улогата на водач“, рече Анџелина Џоли.

Таа не би била прва холивудска ѕвезда која се обидела во високата политика на САД. Роналд Реган стигна до Белата куќа, а Арнолд Шварценегер до гувернерското место во Калифорнија.

Победа одново декласирана: Втора лига се поизвесна

Во рамките на 27-то коло од Првата фудбалска лига, победашите нанижаа уште еден пораз.

Овој пат на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, Победа загуби со 3:0 (1:0 на полувремето).

На 10 кола до крајот од сезоната, црвено-белите се наоѓаат заковани на дното од табелата со само 19 освоени бодови.

Пред Победа е Беласица на 9-то место со 23 бода, Силекс на 8-то место со 28 и Шкупи на 7-та позиција со 33 бода.

Во наредното коло Победа и гостува на Беласица каде единствено три освоени бода ќе значат успех.