дома блог страница 3391

Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Битола контролирани 1206 возила, а caнкционирани биле 90

Изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…

Притоа, контролирани се вкупно 1206 возила и возачи и било констатирано дека 33 возачи ја надминале дозволената брзина, 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила, пет возачи не користеле сигурносен појас, а шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило – информираат од МВР.

Силјановска од Прилеп: “Koга јас учев основно и средно, за Ченто не учевме, не смееме да се срамиме од хероите” (Видео)

Дојдов во Прилеп да положам цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, всушност првиот претседател на Македонија, Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот. Истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, при денешната посета на Прилеп.

„Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна, што знали уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас.

Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеле.

Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија“, истакна Силјановска Давкова.

МВР со детали за сообраќајката која утрово се случи на патот Прилеп-Градско

Денеска околу 07 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(53) од Скопје и автобус марка „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(58) од Крушево.

Во незгодата со тешки телecни пoвpeди се здобил возачот на товарното возило кој е пренесeн во бoлницaтa во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот – стои во соопштението на полицискиот билтен на МВР.

Ексклузивно од Катар: Еве како ќе изгледаат стадионите на Светското првенство во фудбал во 2022 година (Фото галерија)

Светското првенство во фудбал 2022 година ќе биде 22-ро Светско фудбалско првенство, кое ќе се одржи во Катар. Планирано е Светскиот куп да биде одржан во јуни и јули, иако има предлози купот да се одржи во зима. На натпреварот ќе има 32 национални тимови, вклучувајќи го и домаќинот, Катар.

Маркукуле ексклузивно од Катар ви ги претставува макетите на стадионите од кои може да се види дека Светскиот куп во 2022 година ќе биде навистина посебен.

Репертоар на народниот театар „Војдан Чернодрински” Прилеп

Во ЧЕТВРТОК, 11.04.2019, со почеток од 19.30 часот – „Демократија“, во режија на Кирил Петрески

Во ПЕТОК, 12.04.2019, со почеток од 20.00 часот – „Пиреј“, во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Влезници на билетарницата од театарот. резервации на 076 442 378

Предизвикува и cтpaв и восхит: За жената родена во овој знак може да се напише книга

Ја нарекуваат „опасна“ и страсна. Некои дури и се плашат од неа, па велат дека уништува сѐ што ќе допре. Но, реалноста е многу поинаква. Еднаш кога ќе ја запознаете, нема да можете да престанете да ѝ се восхитувате на жената родена во овој знак.

Станува збор за единствената Шкорпија!

Во продолжение, дознајте кои се најсилните страни на жената Шкорпија…

Лојалност

Ова е една од клучните особини на жените родени во знакот Шкорпија. Без разлика дали се работи за нивните пријатели или за партнерот, тие многу добро знаат колку е важна лојалноста за опстанокот на врската. Слободно можете слепо да им верувате на Шкорпиите. Тие не веруваат во лажни ветувања и лојални се до самиот крај!

Независност

На жените родени во овој знак не им треба човек кој постојано ќе се грижи за нив и ќе ги чува. Можеби ви делуваат мали и тивки како глувчиња, но тие се всушност силни и храбри како лавици. Токму поради тие карактеристики, Шкорпиите можат да се грижат сами за себе. Тие ја обожуваат својата слобода и мразат кога некој им кажува што да прават. Припадничките на овој знак ги прават работите што сметаат дека се правилни и никогаш не ги слушаат другите.

Остроумна моќ за набљудување

Жените родени во овој знак се остроумни набљудувачи. Тие секогаш ги разгледуваат најситните детали кога станува збор за некој проблем или личност и никогаш ништо не може да им побегне. Шкорпиите ги воочуваат работите кои другите луѓе не можат да ги видат. Благодарение на таквите способности, овие жени многу добро знаат да ги проценуваат работите и ситуациите.

Одлучност и непоколебливост

Жените родени во знакот Шкорпија се одлучни, некршливи и непоколебливи. Тие многу добро знаат што сакаат и секогаш работат на остварувањето на нивните цели. Сѐ друго оставаат на страна, додека не го остварат она што го „зацртале“. Ништо не може да им застане на патот!

Неспоредлива страст

Вреди да се напише книга за страста на жената Шкорпија. Кога припадничките на овој знак љубат, подготвени се да сторат сѐ за да ги направат саканите среќни и задоволни. Од друга страна, пак, кога не сакаат некого, можат да направат сѐ за да му го загорчат животот. Тие секогаш одат до екстремни граници. Без разлика дали станува збор за образование, кариера или хоби, Шкорпиите дејствуваат со огромна страст и жар.

Амбициозност

Тие секогаш „коваат“ планови за да ги достигнат највисоките ѕвезди. Тоа не значи дека не стојат цврсто на земја, туку дека се многу амбициозни и дека веруваат во своите соништа. Шкорпиите се сосема свесни дека ги поседуваат вештините што им се потребни за го добијат она што го сакаат.

Интуитивна моќ

Кој не би сакал да има моќна интуиција? Меѓутоа, ретки се луѓето што ја поседуваат оваа дарба. Шкорпиите се природно благословени со оваа корисна особина. Нивните емоции се длабоки и имаат големо разбирање за другите луѓе. Тие се експерти кога станува збор за „предвидување“ идни настани. Како резултат на тоа, никогаш нема да можете да ги фатите жените Шкорпии неподготвени.

Мудро донесување одлуки

Сите знаеме колку е важно да се донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Меѓутоа, честопати заглавуваме во мрежата на проблемите што се јавуваат како последица од донесувањето избрзани или глупави одлуки. Тука Шкорпиите се издвојуваат од останатите. Тие се познати по нивната моќ за мудро одлучување. Жените родени во овој знак внимателно ги набљудуваат и анализираат сите ситуации пред да го направат првиот чекор. Благодарение на тоа, повеќето нивни одлуки се вредни за пофалба.

Мистериозна и интересна природа

Нема да можете да ги прочитате жените Шкорпии како отворени книги, без разлика колку се трудите. Дури и да ги познавате многу долго време, секогаш ќе дознавате по нешто ново за нивниот карактер. Шкорпиите се многу мистериозни, што ги прави уште поинтересни и повозбудливи.

Признание за Витаминка за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Витаминка од Владата доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

Признанието го прими Претседателот на одборот на директори, Симон Наумоски кој истакна дека ова, пред сè е заслуга на Генералниот извршен директор и младиот менаџерски тим во компанијата. Тој уште дополни дека во Витаминка се воведуваат и други новини со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности.

„Витаминка е предводник во создавање подобри услови за сопствените вработени. Со последните одлуки и иницијативи, покрај скратеното работно време во период од три месеци за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, Витаминка уште воведе и надоместок за трето дете, што претставува уште една мерка со која се подобрува статусот на вработените и се поттикнуваат семејните вредности и успешното родителство“, истакна Наумоски.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на доделувањето истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски. Таа порача оваа иницијатива да биде инспирација и пример за сите останати компании.

Неодамна компанијата со цел заштита на здравјето на вработените и будење на свеста за рана детекција на ракот на дојка, организираше бесплатни ехо прегледи на дојка како и предавања на истата тема.

Специјалци ги извлекувале кошаркарите на Тетекс од Чаир?!

Вчера во рамките на 22-то коло од Втората македонската кошаркарска лига, во спортската сала во Чаир се сретнале екипите на “Чаир 2030” и “Тетекс”.

Натпреварот завршил со победа на домаќинот од 81:74, но гостинската екипа од Тетово на социјалните мрежи се пожали дека нивните играчи биле линчувани, плукани и гаѓани со лименки на теренот.

“….КАТАСТРОФА ВО ЧАИР….
Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, присуство од 50 полицајци+специјалци така бевмо и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир, навивачите не пцуеја на секаква основа пљукани, гаѓани со лименке плус играчите во терен удираја со све живо и диво по нас, КАТАСТРОФА … БРУКА е ЧАИР воопшто да играат кошарка, и дали Чаир е во Македонија е прашање големо,мие се осетивмо како да не сме во Македонија .. ЖАЛНО …црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА”, напишаа од Кошаркарскиот клуб “Тетекс” на нивната Фејсбук фан страна.

(Фото галерија) Сообраќајка на патот Прилеп – Градско: Камион излета под мост

Меѓу с.Раец и с.Дренови тешка сообрајќајка. Се удриле камион и комбе со патници. Камионот паднал од мостот. Возачот заглавен, заглавени нозете неможат да го извадат од кабината.

Утрово на потегот помеѓу селата Раец и Дреновци на патот Прилеп-Градско, се случила сообраќајна несреќа во која се судриле камион и комбе.

Од ударот камионот паднал од мостот, а возачот долго време бил заглавен во кабината.

Како што информираше порталот “Плус инфо”, припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат пoвpeдeниoт возач.

Денеска е Собор на свети архангел Гаврил

Свети архангел Гаврил е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога“. Неговото име Гаврил значи маж Бог.

Зборувајќи за Благовештение, Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.