дома блог страница 3313

Му стигнала казна за брзо возење, па решил да се одмазди и да ја плати на овој начин (ВИДЕО)

Берт Сандерс од Тексас неодамна го прекршил законот со брзо возење на автопат и тоа за девет милји од дозволеното.

Поради таа причина на домашна адреса му пристигнала казна , па кога се појавил на суд и кажал дека се работи за само неколку милји судот не сакал да слуша, па решил казната од 212 долари да ја плати на овој начин.

Тој дошол со две канти полни со најситни монети за да ја плати казната.

– Ова за мене е облик на протест. Се работи за тоа што е правилно што не е , никого не повредив нити загрозив нечија безбедност, раскажал за НБЦ откако направил видео од исплаќање на казната и истото го споделил на интернет.

Некои велат дека неговата постапка е сосема оправдана, додека друг не се сложуваат со него.

Конечно една добра вест за љубителите на ракометот во Прилеп: Прилепчани ќе му се оддолжат на ракометните великани Таста и Лара

Прилепските љубители на ракометот конечно имаат една пријатна вест и моменти за задоволство. Во организација на „ЗС Млади ветерани“ од Прилеп од 31 мај до 2 јуни 2019 година ќе се одржи првиот Меморијален меѓународен ракометен турнир за ветерани „Таста – Лара“ во чест на две големи имиња на прилепскиот ракомет.

Имено, Петар Кузманоски-Таста и Влатко Коруноски-Лара починаа минатата година, а ЗС „Млади ветерани“ во нивна чест организира оригинален турнир за ветерани на отворено, кој секоја година ќе ги собира поранешните големи имиња од Македонија и останатите европски земји.

Организацијата започна неколку месеци пред одржувањето на тридневниот турнир кој ќе се игра на отворено во спортскиот центар “Сонце”, на герфлор подлога и со многу заедничко дружење меѓу ракометарите и ракометните работници.

Кузманоски беше дел од „златната“ генерација на Тутунски комбинат и еден од најзаслужните за подемот на клубот во кој и ја заврши кариерата.

Цела една деценија го носеше дресот на Тутунски комбинат, важеше за еден од најборбените ракометари и подеднакво важен и во одбраната и во нападот.

По завршувањето на кариерата започна тренерска кариера и најнапред со најмладите, а потоа и со ракометарките оствари одлични резултати. По неговите стапки тргна синот Горан Кузманоски, кој настапуваше за националната репрезентација, има зад себе завидна интернационална кариера, а денес го носи дресот на Еурофарм Работник.

Влатко Коруноски беше дел од репрезентацијата на Македонија, беше голем талент и препознатлив беше по специјалитот – гол од „мртов агол“.

Уредникот на порталот “Народен глас” од Прилеп, Рубин Иваноски, распали по локалното раководство на СДСМ

Уредникот на порталот “Народен глас”, Рубин Иваноски, кој во јавноста важи за долгогодишен поборник на СДСМ и човек кој на локално ниво носеше голем дел од товарот додека партијата беше во опозиција, на својот Фејсбук профил упати јавни критики кон актуелното локално раководство во Прилеп.

“Премиере и претседателе Заев, во Прилеп треба и други да јадат леб, неможе некој да прават 100.000 денари приход по фамилија, да прават бизниси преку ноќ а некој да моли и коли за основни средства за нормално функционирање.

Ваков клиентелизам во СДСМ, ароганција и вакво хоштаплерење немало ни во времето на Бранко Црвенковски во времето на транзиција и на Боки Бургија”, напиша Иваноски.

Ова не е прв пат некој од истакнатите членови, активисти и симпатизери на владеачката партија да го критукува локалното раководство на партијата, а сега таква критика доаѓа и од острото перо Рубин Иваноски.

Една година од легендарната изјава за ДИЗЕЛОТ на пратеничката Мира (ВИДЕО)

Tвитерџиите потсетуваат на легендарната изјава на пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, околу зголемувањето на цената на акцизата за горива.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, изјави на овој ден пред една година пратеничката Стојчевска.

Осветена црквата Св. Петка: Прилепско Ново Лагово доби нов храм (ФОТО)

Во прилепското село Ново Лагово денеска беше осветена црквата Св. Петка.

Со чинот на осветувањето на црквата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Инаку, темелите на црквата во ова населено место беа поставени и осветени во 2001 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Синоќа пак, во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Ирина и споменот на Светите Мартин и Ираклиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба.

Нестороски во Црвена Ѕвезда ?!

Палермо е исфрлен во Серија Ц, па иако изгледа целосно неповрзано, оваа ситуација најмногу и одговара на Црвена Ѕвезда. Причината е македонскиот бисер, Илија Нестороски, пишува espreso.rs.

Не е тајна дека Нестороски минатото лето беше голема желба на шампионот на Србија, но тогаш главна пречка беше преголемото милионско обештетување.

Меѓутоа, по исфрлањето на клубот од Сицилија во третиот ранг на италијанското натпреварување, доаѓа до пресврт и Нестороски ќе го напушти клубот, пишуваат српските медиуми.

Локвенец: “Можеби Миле Талески директно управува со злосторничкото здружение во градот??” (ВИДЕО)

Она што го зборувавме во изминатиот период излезе на виделина. Дури и оние кои најмалку веруваа сега го видоа грдото лице на оваа криминална, аздисана и лакома власт на СДСМ. Вчерашното сведоштво на наш сограѓанин, е доказ дека лакомите раце на одредени функционери на власт, сакаат за себе да го зграпчат секој метар квадратен во прилепската Стара чаршија и дополнително да го зголемат хаосот кој и така владее и го отежнува движењето на граѓаните. – истакна на вчерашната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Дали конечно Основното јавно обвинителство ќе се одважи и ќе покрене постапка по допрен глас, за злосторничкото здужување кое го спомна истакнат активист на СДСМ пред премиерот Заев, како и за вчерашните наводи дека политички и полициски структури изнудуваат рекет во Прилеп?

Kaде се и зошто се кријат првите луѓе на власта во Прилеп, Илија Јованоски и Миле Талески, или пак можеби тие се луѓето кои директно управуваат со злосторничкото здружение кое пустоши во градот?
До кога ќе трае овој терор и има ли нешто што конечно ќе ги засити апетитите на владеачките структури и нивните извршители?

Од друга страна на виделина излезе и најголемиот проблем кој го прават овие огромни летни бавчи, а тоа е загрозување на животот на граѓаните. Пред неколку дена граѓаните беа сведоци како возило на брзата помош беше принудено да заобиколува за да пристигне во срцето на чаршијата и да интервенира. За тоа ви приложуваме и фотографии.

Почитувани,

Како политичка партија која со отворени очи ги следи ваквите немили случувања, можеме да констатираме дека градот ни е под целосна окупација и само прашање на време е кога револтот на граѓаните целосно ќе исплива на површина.

Ниту високиот пораз кој СДСМ го доби во Прилеп на претседателските избори, ниту најавената метла на Зоран Заев не ги опаметува овие луѓе.

Сепак, одговорност кога тогаш мора да има и ќе има. Разбеснетите и нервозни властодршци и нивните пулени ќе се соочат со правдата и делата кои ги извршиле.

Нивните денови се избројани, нивната намера е прочитана и граѓаните ги проценија колку вредат”.

(Видео) ЛЕГЕНДАТА ВЛЕЗЕ И ВО МУЗИЧКИ СПОТ: Столе Стоилов се појави на музичкиот спот на рап група

Капитенот на Вардар, македонскиот репрезентативец, Столе Стоилов, доби улога во музичкиот спот за песната „Ќе биде“ на раперот Ненад Ставровски Нешо, каде се појавува и младата пејачка Валери.

Пораката на песната е да се научи по нешто од секој животен пораз и да се оди напред, а во приказната на спотот, во финишот, одлично се вклопува и Стоилов.

Вистински xaoc на старата патарина кај Градско: Сканија удрила во бетонски ѕид (ВИДЕО)

На 17.05.2019 година во 22.15 часот на Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки и полуприколка „Гоша“, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот – информираат од МВР.

Во незгодата со повpeди се здобил возачот и со возило на Итна медицинcka помош бил пренесен во болницата во Велес, каде му била укажана леkapcka помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Наш читател ни испрати видео од местото на нecpeќата каде сеуште се наоѓа превртената сканија.

Прилепчанец изработува холивудски видеа: Новото дело на Пресилски инспирирано од епската филмска приказна “Невозможна мисија” (ВИДЕО)

Maртин Пресилски од Прилеп, кој на јавноста и стана познат по неговите прекрасно изработени видеа за нашите спортски легенди, сега изработи едно поинакво видео.

Инспириран од филмските достигнувања на Том Круз во епскиот филмски серијал “Невозможна мисија” (Mission impossible), Пресилски направи трајлер за најновото продолжение на филмскиот наслов кое ќе излезе во 2021 година.

Изработката на видеото наликува на оние од Холивуд, а вештината на Мартин уште еднаш можеме да ја погледнеме на дело.

Уживајте:

Повеќе видеа погледнете ТУКА