Му стигнала казна за брзо возење, па решил да се одмазди и да ја плати на овој начин (ВИДЕО)

Берт Сандерс од Тексас неодамна го прекршил законот со брзо возење на автопат и тоа за девет милји од дозволеното.

Поради таа причина на домашна адреса му пристигнала казна , па кога се појавил на суд и кажал дека се работи за само неколку милји судот не сакал да слуша, па решил казната од 212 долари да ја плати на овој начин.

Тој дошол со две канти полни со најситни монети за да ја плати казната.

– Ова за мене е облик на протест. Се работи за тоа што е правилно што не е , никого не повредив нити загрозив нечија безбедност, раскажал за НБЦ откако направил видео од исплаќање на казната и истото го споделил на интернет.

Некои велат дека неговата постапка е сосема оправдана, додека друг не се сложуваат со него.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.