Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божиќ.
Цветовите на Божиќната ѕвезда, всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението, кои можат да бидат во најразлични бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем.
Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божиќ, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.
Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло.
Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус.
На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.
Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето.
Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.
Божиќната ѕвезда е совршена за подарок, а со своите прекрасни цветови го разубавува секој простор за време на празниците.
СДС успеа за само една година и пол, да ја врати Македонија наназад 30 години. Освен црнила, пораз на сите полиња, најлош животен стандард од осамостојувањето на Македонија, уназадување на економијата, ниту една странска инвестиција, катастрофално здравство, образование, и најбитно, распродажба на националните интереси, нема што да им понудат друго на граѓаните, истакна Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
-За година и пол, имаме огромно секојдневно задолжување, а нема ниту еден значаен реализиран проект! Иако ветуваа брда и долини, повисоки плати, нови инвестиции, нови вработувања, ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, засега ништо од тоа! И со секој изминат ден, не само што покажуваат дека не прават нешто корисно, туку напротив, го урнисаа и она што беше изградено во наше време. Јавноста мора и треба да знае на што се трошат парите! Падот на скалата на ДУИНГ Бизнис се должи токму на нивната неспособност. Сите оние статистики и статии во кои Македонија се рангира како најлошо, најмизерно место за живеење, со најмалку среќни граѓани, се должат директно на погубните политики на владата на СДС! Ветуваа и дека ќе ги вратат парите кај граѓаните, уште едно од низата лажни ветувања, кои се покажаа како ветувања за ситни политички поени, рече Ристески и додаде:
„И наместо да имаме подобри услови за живот, имаме воведување на нови даноци, дополнително буричкање во џебот на народот, полнење на буџетот со нови давачки на маката на обичниот работник, за накрај да не се знае трагата на тие пари. Кога ветија дека ќе донесат живот, сигурно мислеа на животот за своите најблиски роднини, пријатели и партиски активисти. И додека секојдневно сведочиме за гол популизам од невиден размер, за непотизам, вдомување на високи позиции на деца, пријатели на високи партиски функционери од редот на СДС, земјоделецот и понатаму едвај врзува крај со крај. Ќарат на неговата мака, на неговиот залуден труд, ќарат на катастрофалната откупна цена на јаболката, и непреземањето одговорност за нешто да променат. Нема 500 евра плата. Нема 100.000 денари плата за лекарите. Нема нови инвестиции. Нема нови работни места за обичниот народ. Она што го има е црнила, распродажба на светото име и идентитет, понижување на Македонецот“.
Токму поради сето ова, потенцираше тој, ве повикувам во сабота, со почеток од 13 часот, пред Театарот Војдан Чернодрински во Прилеп, да ни се придружите на протестен марш, каде сите заедно ќе и порачаме едно големо НЕ на оваа ненародна и предавничка власт.
-Сите заедно ќе се спротивставиме на неправдата направена на секој еден граѓанин, ќе се спротивставиме на ова црно време во кое живееме! Затоа што секој изминат ден власт на СДС, е залудно потрошено време кое остава катастрофални последици. Само така заедно, сплотени, ќе успееме да го осветлиме патот, патот по кој Македонија мора да продолжи да чекори напред!
Јапонските научници во презреаните банани пронајдоа една интересна состојка…
Колку повеќе темни дамки има бананата на себе, толку е позрела, а таквите банани се најздрави за подобрување на имунитетот, бидејќи содржат TNF (Tumor Necrosis Factor), супстанца која се бори против абнормалните клетки.
Јапонските научници открија дека TNF од бананите помага во лекувањето на рак токму поради зголемувањето на имунитетот. Сосема е извесно дека консумирањето на вакви зрели банани може да послужи како превентива од одредени болести и тумори.
Во текот на ова истражување е откриено дека и содржината на овошјето се менува со тек на време кога овошјето станува позрело. Зрелата банана станува пожолта, има потемни дамки и и се зголемува нивото на антиоксиданти.
TNF, освен зголемувањето на имунитетот, го зголемува и бројот на белите крвни зрнца. Ако сакате да имате посилен имунитет, кој ви е особено неопходен во овој период од годината, јадете една до две зрели банани со дамки.
Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавува ново, значително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба на следната корекција закажана за во понеделник.
Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари.
Тоа е речиси 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.
Тогаш, регулаторот ја намали цената на бензините за 1,5 а а дизелот за 2,5 денари.
Доколку трендот на намалување продолжи со ова темпо, за очекување е во понеделник да имаме уште една надолна корекција која би се движела во рамките од последното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Неколку дена откако беа извлечени паровите за осмина финалето во фудбалската Лига на шампиони, Хорхе Рамос, новинар во уругвајското ЕSPN, изнесе тешки обвинувања на сметка на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Рамос среде ТВ преносот рекол дека од лица блиски до Перез добил порака во која пишувало дека газдата на Реал пет дена пред жребот започнал со притисок на УЕФА за Реал да го добие Ајакс. На крајот токму тоа се случи.
Ова не е прв пат Реал да се поврзува со челните луѓе на УЕФА. Последните неколку години многумина тврдеа дека Реал има голема помош од судските организации во нокаут фазите во Лигата на шампиони, а последните сериозни обвинувања на сметка на Перез и неговото влијание во европската куќа на фудбалот го изнесе Златан Ибрахимовиќ, коментирајќи ја Златната топка за Модриќ.
“Сега знаеме дека Перез бил тој кој се борел со Меси за Златната топка, а не Роналдо”, рече Златан имплицирајќи дека Роналдо и Модриќ ја освоиле наградата затоа што зад себе го имале Флорентино Перез и силното лоби на Реал Мадрид.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија зборуваше на денешната седница на Собранието по Дополнетиот предлог на Буџетот за 2019 година.
Стевананџија појасни дека пред неколку недели биле на средба со Светска Банка и навистина како пратеник очите да ти капат од срам. Другите се срамеа што ни го пренесуваа тоа што е лошо за македонската економија и како оваа држава се развива. Се срамеа дека во Република Македонија за овие две години стагнира буквално се.
Тој го потенцира масовното задолжување на државата, потенцирајќи дека Македонија во 2018 година се задолжи за милијарда евра, а во 2019 година се планираат нови задолжувања во висина од 800 милиони евра.
Пратеникот од Прилеп додаде и дека прилепчани и жителите од Пелагонија останаа скратени за ветените проекти од градоначалниците и оваа Влада.
Стевананџија посочи дека во индустриските зони нема нови странски инвестиции изминатите година ипол. Единствените инвестиции на оваа влада рече дека се сендвичарата на КФЦ во “Сити мол”, бензиската во Трубарево и музиката за отварањето на тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица.