Една компанија покрена натпревар на кој може да се освојат 100.000 долари. Единствен услов е цела година да не се користи паметен телефон.
Пријавите се вршат преку хаштагот #nophoneforayear на вашиот Твитер или Инстаграм профил, со опис како би изгледала вашата година без телефон.
Пријавите траат до 8 јануари, а компанијата на 22. ќе објави кој е одбран за натпреварот. Се уште не се знае како компанијата точно ќе го контролира натпреварувачот, односно проверува дали користел паметен телефон.
Но се знае дека на крајот од годината ќе мора да оди на детектор за лаги. Ако издржи цела година, натпреварувачот го освојува целиот износ, а ако издржи шест месеци, на неговата сметка ќе легнат 10.000 долари. Се помалку од 6 месеци нема да се наградува.
Сепак, натпреварувачат нема да биде сосема без телефон.
На користење ќе ја добие добрата стара Нокиа 3310 за повици и пораки.
Кабинетот на шеф на српската држава денеска го објави писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до Александар Вучиќ, кое е речиси идентиочно со писмото испратено и до косовскиот претседател Хашим Тачи.
Трамп во писмото до Вучиќ изразува задоволство од средбата во Париз за време на прославата на Денот на примирјето.
– САД го ценат вашето лидерство, особено во обезбедувањето целосна нормализација на односите со Косово. Со оглед на тоа што влегувате во последната фаза на договорот со Косово, што ќе доведе до долго посакуваниот мир во регионот, јас ве охрабруваме да го искористите предностите на овој момент и да го употребите вашето политичко лидерство за донесување одлуки кои ќе ги задоволат интересите на двете земји. Би била голема штета да ја пропуштајте оваа единствена можност за мир, безбедност и економски раст, се посочува во писмото на американскиот до српскиот претседател.
Трамп апелира до двете страни да постигнат договор за нормализација што е можно побрзо.
– Мирните и продуктивни односи меѓу Србија и Косово ќе бидат пресвртница за регионот. САД се подготвени да помогнат во тоа, наведува Трамп.
Писмото завршува со пораката дека „Таквиот договор е на дофат на раката. Ќе ми биде драго да ве угостам, Вас и претседателот Хашим Тачи во Белата куќа за да го прославиме она што претставува историски договор“.
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес-конференција)
“Продолжува распадот на Република Македонија, со секој изминат ден власт на СДСМ.
Она што го напоменавме на минатиот прес дека освен распродажба на национални интересни, непотизам и вдомување на партиски кадри на нови работни места, СДС нема што да им понуди на граѓаните.
Здравството во Република Македонија и официјално го допре дното! И наместо да се вработуваат професионалци, високо квалификувани кадри, на работни позиции, кои ќе придонесат за подобрување на услугите за сите нас, се вработуваат партиски послушници кои се дрзнуваат без трошка срам, јавно да се пофалат за новите вработувања.
Имено, неколку интернет портали, излегоа со вест, како активист на СДС од Прилеп, јавно на фејсбук, изразува благодарност до градоначалникот Јованоски, претседателот на совет Миле Талески, директорот на прилепската болница Др-Драге Богојески, за вработувањето, или како што тој наведува во својата објава, дека му било осигурано животното прашање!
А што ќе се случи со оние професионалци, кои немаа партиска книшка од СДС, а целиот живот инвестирале во своето образование, за накрај да бидат одбиени на огласите со смешен изговор дека дел од нив биле премногу квалификувани за работното место. Па нели СДС ќе воведуваше професионалност во работата, и токму професионалците ќе беа тие кои ќе бидат носители на подобрите промени на напредок?
Ова е невиден скандал, кој уште толку ќе го поттикне масовното иселување на докторите и останатиот медицински персонал во странство, затоа што за вистинските професионалци, очигледно нема место во здравствените установи.
Како резултат на катастрофалните политики, здравствениот систем тоне, како и се останато во оваа држава. 100.000 денари плата за лекарите, зголемување на капитациониот бод за матичните лекари и стоматолозите, подобри договори за лекарите, решавање на проблемот со специјалистите, ќе останат само празни ветувања.
Почитувани,
Оваа власт досега покажа дека работи строго за интересите на неколку фамилии, додека останатите се принудени едвај да врзуваат крај со крај. Затоа мора што поскоро да си замине оваа влада, за доброто на сите граѓани, за доброто на Република Македонија. Затоа што пустошот кој го направија во овие година и пол власт, ќе остави трајни последици за нас и генерациите по нас”.
“Па, тоа се две различни прашања. А вие оженети сте? Ете, оженет е и сега сака да ми биде и мене како што му е нему. Добро тогаш, сметам дека ви одговорив на вашето прашање”, рекол рускиот претседател.
Седницата на албанскиот парламент денеска на кратко беше прекината откако пратеникот од опозициската Демократска партија, Ендри Хаша го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама.
Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница.
Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.
Во меѓувреме пред Собранието протести на студентите:
Рама и претходно оваа година беше гаѓан, а тогаш покрај јајцата доби и брашно.
Австралијанката Ирина О’Шеја на возраст од 102 години официјално стана најстариот скајдајвер во светот.
Под скајдајвинг се подразбира спортско падобранство, со слободен пад до активација на падобранот.
Беше многу чисто тука горе и времето беше добро, но беше многу студено, рече Ирина.
Ирина, минатиот викенд скокнала со падобран на височина повеќе од 4000 метри преку небото над Австралија, со една јасна цел: Да собере пари за добротворни цели, а остатокот од нас да изгледаме како еден куп мрзливци во процесот, објавува „ABC News“, а пренесува НетПрес.
Но, оваа авантура на Ирина не и била прво искуство. Оваа супер бабичка, која ја опишале како ноншалантна и храбра, го извела првиот падобрански лет за својот 100 ти роденден и смело се одлучила повторно да го повтори.
Само што, овој пат таа постави светски рекорд и ја искористи можноста да и’ се слушне зборот за Здружението за заболувања на моторните функции (Motor Neurone Disease Association) во Јужна Австралија, добротворно истражување на АЛС и други невродегенеративни нарушувања, кои го земале животот на ќерката на О’Шеа.
Ирина стана најстар скокач во светот на 102 години и 194 дена и помогна за подигање на свеста кај луѓето и собра пари за MND во Јужна Австралија за да се најде лек за болеста на моторните функции, напишаа на YouTube, „СА Скајдајвинг”, компанија која го координираше нејзиниот скок.
Уживајте во видеото и честитки до оваа неверојатна жена!
ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 19 часот го организира нов протестен марш.
Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.