На повидок ново драстично поместување на цените на горивата во Македонија?!

Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавува ново, значително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба на следната корекција закажана за во понеделник.

Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари.

Тоа е речиси 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.

Тогаш, регулаторот ја намали цената на бензините за 1,5 а а дизелот за 2,5 денари.

Доколку трендот на намалување продолжи со ова темпо, за очекување е во понеделник да имаме уште една надолна корекција која би се движела во рамките од последното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Извор: “Пресс24”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.