дома блог

5 од 6 за прилепски Мега Баскет – Победа со 31 поен разлика на гостувањето во Скопје

Кошаркарите на прилепски Мега баскет стигнаа и до петтата сезонска победа од шест одиграни натпревари. Овојпат на гостувањето кај Младинец, прилепчани славеа со високи 57:88.

Со овој триумф Мега баскет го задржа второто место на табелата во Првата лига, и е на само еден бод заостанок зад Вардар – екипа која единствено досега успеа да ги победи прилепчани.

Дечките по којзнае кој пат докажаа дека Прилеп е гладен за спорт и дека ја сака кошарката. За својата пожртвуваност и игра ја заслужуваат целата поддршка, како од бизнис секторот, така и од општинските власти.

Потпишан договор за прекугранична соработка – Крушево и Елбасан ќе се поврзат преку заеднички проект поддржан од ЕУ

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со евроамбасадорот, Михалис Рокас, Еридана Чано, генерален директор на SASPAC, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, во Охрид го означија почетокот на два нови прекугранични проекти со Албанија, одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III програмата.

Вкупна вредност на двата проекта: 1.629.204 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува 15% национално кофинансирање за:

-Проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ кој е во рамките на тематски приоритет 1 – Заштита на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот, и

-Проектот „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“ кој е во рамките на тематски приоритет 2 – Развој на одржлив туризам и заштита на природното и културното наследство.

Покрај тоа, потпишан е Договорот за техничка помош за Програмата за прекугранична соработка со Албанија во висина од 500.000 евра.

На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, кој истакна дека проектот што го потпиша во име на општина Крушево, ќе придонесе за развој на природниот и авантуристичкиот туризам и зајакнување на соработката меѓу Крушево и Елбасан.

Почеток на зимската after work приказна во “Порта” – Петок “Тајфата” ќе пејат два пати, а сабота ново попладневно уживање со Тиана и Дани

Бендот од Прилеп што ги обединува сите генерации и за кои секогаш се бара маса повеќе – легендарните „Тајфата“ – овој петок ја отвора зимската After Work сезона во Ресторан Порта., a тоа ќе биде само загревање за она што следува.

Ќе ве дочекаат во 15:30 часот на after work и одлично опуштање после напорните работни обврски, а забавата ќе се претвори во вистинско музичко загревање за викендот. Енергија, градско чувство и звук што не старее – „Тајфата“ ве враќа во ритамот уште пред да падне ноќта.

А за оние што сакаат да продолжат… приказната продолжува и вечерта, со нивниот втор настап од 20:30 часот! На вас е што ќе одберете, она што само “Порта” го нуди е двојна доза уживање, ист ден, исто место, исто незаменливо музичко друштво.

Aко веќе го пропуштите петокот, не грижете се, саботата во “ПОРТА” ќе биде исто толку распеана. Девојките кои и’ дадоа нов живот на прилепската чаршија во сабота попладне, ja продолжуваат својата мисија да создаваат незаборавни спомени исполнети со насмевки, љубов и нежност. Тиана и Дани ве чекаат на ново музичко уживање со почеток од 14:00часот.

Саботната вечер пак викендот ќе го заокружат маестралните кавадарчани од “Акустико Лајт”.

Понесете само убаво друштво и добро расположение, за се останато оставете да се погрижат од најдобриот ресторан во Прилеп.

Резервации на тел. бр. 078 368 111

Ученици од Битола се првите средношколци милионери – нивната бизнис идеја најдобра помеѓу 470 (ФОТО)

Во организација на Бреинстер синоќа заврши првото издание на „Средношколец Милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија. Натпреварот започна со визија да создаде национална платформа која ќе ги препознае, охрабри и поддржи младите луѓе со претприемачки дух. По повеќемесечна подготовка, селекции и менторства, финалето ја потврди огромната енергија и талент кај новата генерација иноватори.

Главната награда од 1.000.000 денари ја освои тимот Stay BE со нивната бизнис-идеја „Систем 4“. Наградата е донација од основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски, кој со сопствен пример сака да ја продолжи поддршката што и самиот ја добил како млад претприемач.

Покрај главната награда, победниците добија и понуда од инвеститори за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за Brainster NEXT и НУ Академијата за талентирани средношколци.

Честитки на сите, бевте фантастични. Не беше лесно да се избере победник, но она што го видовме е дека вие сте подготвени и иднината останува во ваши раце, буквално. Продолжете да создавате, да пробувате, да се обидувате. Сите ние се потпираме на вас“, порача Петар Ниновски обраќајќи се до финалистите.

Победничката идеја „Систем 4“ – AI решенија за хотели и ресторани низ светот

Тимот Stay BE – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, средношколци од три битолски училишта, ја освоија титулата „Средношколец Милионер“ со идеја која таргетира глобален пазар.

Нивното решение „Систем 4“ користи напредни алатки со вештачка интелигенција за автоматска анализа на проблеми во хотелско-угостителскиот сектор и понуда на три вида дигитални системи:

  • AI чат-асистент за веб-страниците на рестораните и хотелите
  • AI телефонски агент за комуникација со клиенти
  • Брза изработка или надградба на веб-страници со AI алатки

Системот автоматски идентификува потенцијални клиенти, испраќа персонализирани пораки и во некои случаи дури и бесплатна демо-верзија за да се зголеми довербата.

Очекувавме победа од самиот почеток. Нашата идеја мисли за иднината и носи реална вредност. Милионот денари нема да го трошиме за одмор и забава, туку ќе ги вложиме во развој на бизнисот. Од денес нема одмор за нас“, велат Јован, Иван и Марио.

Второ место – „ПаметПакет“ и уште една понуда за инвестиција

Со само пет поени разлика зад победниците, второто место го освоија тимот од Академија Разлика со својот иновативен концепт „ПаметПакет“. И тие добија понуда од инвеститорите за финансирање, како и вредносни ваучери за програмите на Brainster. Третопласирани беа ЈКЦ Милионерс и идејата DWear.

Сите тимови од ТОП 10 беа наградени со дополнителни едукативни ваучери како поддршка за нивниот понатамошен развој.

Бреинстер: Градиме генерација која создава, а не само следи

Организаторот вели дека остануваат посветени на развивање на образовен и претприемачки екосистем кој ги подготвува младите за реалните предизвици на иднината, преку практична настава, работа со ментори, реални проекти и директна поддршка од компании.

„Ова прво издание на „Средношколец Милионер“ ја потврди најважната лекција: талент во Македонија има, потребна е само вистинска шанса за да блесне. Честитки за сите учесници и гледаме напред кон следната, уште поголема, креативна и инспиративна шанса за младите!“, велат од Бреинстер групацијата.

На натпреварот кој беше отворен за сите средношколци од Македонија беа пријавени повеќе од 470 идеи кои во повеќе фази се натпреваруваа се до финалниот викенд. Повеќе од 34.000 луѓе гласаа за идеите онлајн, а конечниот избор на првите 10 и победниците беше направен викендов во просториите на организаторот на натпреварот.

Голем ден за прилепската болница: За прв пат изведена операција на рбетен столб, нешто што досега се правеше во Охрид и Скопје (ФОТО)

Во прилепската болница денеска за прв пат беше успешно изведена сложена хируршка интервенција на рбетниот столб. Операцијата конкретно беше изведена на конкретно на лумбалниот сегмент, и ова е прва ваква операција изведена надвор од Скопје и Охрид, што претставува значаен исчекор за нашиот регион.

Операцијата беше изведена од Д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРЛИУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при прилепската болница, како и анестезиолозите Д-р Маргарита Пирганоска и Д-р Александар Димитровски. Интервенцијата помина успешно, уредно и без компликации, а на пациентот му посакуваме брзо и целосно закрепнување.

-Со дисперзијата на здравствените услуги од терциерно кон секундарно ниво, ја зајакнуваме децентрализацијата и ја враќаме довербата во здравствениот систем. Овој значаен потег овозможува пациентите да ја добијат потребната нега во својата матична установа, со што се намалува времето на чекање во другите болници и се редуцираат финансиските трошоци и товарот за пациентите. Нашата визија е ваквите интервенции да станат редовна и стандардизирана практика во нашето Одделение за ортопедија и трауматологија. Со тоа не само што ги растеретуваме клиниките во Скопје, туку и активно придонесуваме кон развојот на регионалните центри и поголема достапност на квалитетни здравствени услуги за сите граѓани. Искрено им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во организацијата и реализацијата на овој значаен оперативен зафат. На пациентот му посакуваме брза рехабилитација, а на нашиот тим – уште многу идни успеси и бројни задоволни пациенти – стои во соопштението од болницата “Борка Талески” Прилеп.

Село Сливје во општина Долнени во 21 век отсечено од светот, политичарите се сеќаваат дека и таму постојат луѓе само пред избори (Фото галерија)

Селото Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле во Општина Долнени. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м., a oд Прилеп е оддалечено 29 км. Според последниот попис во селото се запишани 23 жители, но има многу повеќе кои селото го посетуваат во викенди, за празници, кои се’ уште ги одржуваат своите наследени огништа.

Селото во 21 век е отсечено од светот, затоа што патот што води до него е во катастрофална состојба, прооден само за трактори и теренски возила.

Вода за пиење жителите користат од селски бунар, за која не е проверена здравствената исправност. Пред повеќе од 10 години бил започнат проект за приклучок на регионалниот водовод “Студенчица”, но од проектот останати се само главните цевки за довод на водата во близина на селото.

Конечното Решение за патот и водата, селаните го слушаат само во предизборните кампањи, а потоа пак по старо, сите забораваат на ова македонско село кое некогаш броело и до 200 жители.

Дали ќе дојде денот кога овие ветувања ќе станат реалност?
Дали жителите ќе добијат услови за достоинствен живот?

Исчезната е 72-годишна прилепчанка – семејството моли за помош

Исчезната е 72-годишна прилепчанка, семејството моли за помош на социјалните мрежи.

-Исчезната е мајка ми Лилјана (72 години). Излезена е денес од дома околу 9 часот (во Прилеп). Последно е видена на автобуска станица во Велес, Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира на 077540068.Ве молам споделете – пишува на ФБ нејзината ќерка

Благоја Милевски повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација

Македонската фудбалска федерација предмалку на социјалните мрежи објави дека Благоја Милевски повеќе нема да биде селектор на сениорската фудбалска репрезентација.

-Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера – напишаа во краткото соопштение од ФФМ.

Ламбе Алабакоски за Нова година во Крушево

Едно од најголемите естрадни имиња во моментов, Ламбе Алабакоски, ќе ги забавува крушевчани и сите посетители на највисокиот град на Балканот за Новогодишната ноќ.

Од општина Крушево подготвуваат богата празнична програма и многу изнанадувања, а сите туристичките капацитети во градот ќе бидат подготвени да ги примат гостите, кои сакаат празниците да ги поминат во нашиот планински бисер.

Посетете го Крушево!

Прилепските гимназијалци на „Месецот на науката“ освоија три први места по експериментална хемија

На 29.11.2025 год. на ПМФ, Институт за Хемија-Скопје по деветти пат се одржа настанот за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“.

На настанот учество зедоа ученици од повеќе средни училишта во Македонија кои имаа можност да проследат инспиративни предавања, да учествуваат во интерактивни едукативни работилници и да се натпреваруваат во изведување и објаснување на експерименти.
Од прилепската гимназија “Мирче Ацев” во областа на хемијата се натпреваруваа 5 ученици и сите освоија први места.

Под менторство на проф. Блаже Димески, успешни во експериментирањето беа два тима со по двајца ученици:

-Димитар Илијески и Ена Беличанец со експериментот „Carina Nebula“ го освоија првото место
-Ева Стеваноска и Марко Кузевски со експериментот „Термитна реакција“ исто така освоија прво место

Под менторство на проф. Ружа Ангелска, ученикот од четврта година, Георги Николоски, освои прво место

Учениците и нивните ментори и организатори, преку своите експерименти покажаа дека е потребно доволно волја и желба практично да докажат дека науката е најинтересна кога се применува во лабораторија или надвор од неа.

“Ако не знаеш што е животот и сѐ во него, УЧИ ХЕМИЈА”

БРАВО ЗА УЧЕНИЦИТЕ И ЗА МЕНТОРИТЕ!