дома блог страница 3273

После студеното време, следува промена – метеоролозите соопштија кога ќе затопли

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ, во текот на овој викенд како и на самиот почеток од следната недела, температурите во државава значително ќе се покачат и ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Истите ќе бидат повисоки дури и за околу десетина степени, па така особено во недела и во понеделник, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Меѓутоа и покрај ова по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, па токму на местата со магла температурите на воздухот ќе останат нешто пониски.

Времето ќе биде претежно сончево, повремено со умерена облачност, а особено на запад ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Брз продор на влажен и студен бран очекуваме ноќта кон понеделник, кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, а токму ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец и значителен пад на температурите на воздухот.

Се откри долго чувана тајна: Саша бил со легендарната пејачка, нив никој не би ги поврзал

Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди на југословенската музика, а не зборува често за својот приватен живот. Сепак, се открија детали за младоста и за нејзината врска со Саша Поповиќ, директорот на Гранд.

Како што пишува „Глоси“, во текот на 80-тите, Неда била во врска со Саша Поповиќ.

Попович тогаш “жарел и палел” ширум Југославија како член на групата “Сладок грев” со Лепа Брена.

Неда и сегашниот директор на „Гранд“ биле во врска по нејзиниот развод, за потоа тој да почне врска со Злата Петровиќ, пред да се ожени со Сузана Јовановиќ.

Започнаа нокаут фазите на турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2018”: Викендов се најинтересните натпревари

На турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2018”, започнаа нокаут фазите. Вчера на програмата се играа осминафинални натпревари во категоријата сениори и четвртфинални кај ветераните.

Лашкоска: “Градоначалникот го уништува Прилеп? Глумците нема да добијаат театар иако им вети?” (Видео)

На денешната расправа во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска истакна дека буџетот за 2019-та година е најмегаломански буџет во Република Македонија, а истовремено е популистички неразвиен буџет во кој нема ниту еден нов капитален проект на оваа влада.

-Слободно може да се каже дека Прилеп во 2019-та нема да постои за оваа власт. Во најмегаломанскиот буџет на оваа влада, Прилеп речиси не е споменат. После повеќе години за прв пат Прилеп го нема во буџетот на државата, освен во дел од здраството каде се планира реконструкција на дел од веќе реконструираната градска болница, рече пратеничката Лашкоска.

Таа до пратениците од СДСМ порача дека Прилеп и прилепчани не заслужуваат ваков игноратски однос од власта.

-Токму заради ова поднесовме повеќе амандмани. Амандмани за проекти потребни за граѓаните на Прилеп, проекти кои дел ги вети ВМРО-ДПМНЕ и за кои сметаме дека сеуште се исклучително потреби за граѓаните на Прилеп, а дел се ветувања на СДСМ. Ветувања коишто беа изнесени на парламентарните избори во 2016-та, а тие лажни ветувања беа потврдени на локалните избори 2017 година, потенцираше пратеничката Лашкоска.

Жител од прилепско заработи кри вична пријава за кражба

Надворешната канцеларија за криминалистички Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Т.(25) од село Црнилиште, прилепско за сторено кривично дело „кражба“.

На 15.09.2018 година во село Ропотово, на излезот кон село Пешталево, од страна на полициски службеници, било забележано паркирано товарно моторно возило „Застава 650“, сопственост на пријавениот, во кое биле пронајдени и одземени дабови дрва, без соодветна документација и обележување.

Црквата крстена Благовештение по благата вест

Иконостас, еден од ретките во земјата, владички стол, икони, столот на Аџи Христо Логотет, богат фрескоживопис, ракописен прилепски антиминис, престолните евангелија, псалтир и богослужбени книги.

Тоа е дел од богатото наследство што го има црквата Свето Благовештение, собирано со години наназад, од осветувањето пред 180 години.

Верскиот објект им овозможил на граѓаните да добијат духовен храм во кој ќе ги изразуваат своите верски чувства и ќе можат да се молат.

Како прилепчани издејствувале да се изгради овој божји храм?

Ферман за градба на храмот

Прилеп, пред 1838 година, иако имал долга свештеничка традиција, немал грандиозен верски објект. Условите за градба созревале полека. Иницијативата за изградба на црква ја покренале угледни личности – чорбаџии и занаетчии, сакајќи да ја остварат вековната желба за божји дом.

Голема улога во заложбите за добивање на документ за изградба на црквата одиграле еснафите, особено тутунџискиот. Според свештениците, клучната улога и одговорна задача била остварена преку тутунски трговец – Аџи Христо Дамјанов.

Тој бил еминентна личност кој имал храброст да ги изнесе желбите на своите сограѓани и со умешност, способност и тактичност, да ги достигне своите цели пред османлиската власт.

Бил исклучително надарен и влијателен трговец. Титулата “логотет” веројатно ја стекнал во Смирна, во тамошниот тутунски магацин каде работел како писар, зашто зборот значи писар, писател, брзописец, висок чиновник.

Во 1826 година се вратил и станал епитроп на црквата Св. Димитрија во Варош. Тогаш во Прилеп имало 11 парохиски свештеници кои богослужеле во варошките цркви. Аџи Христо ја осетил нивната желба да имаат нова црква.

Познантството со Рушид – Паша го искористил да го запознае со долгогодишната желба на граѓаните да добијат црква, во која ќе се пее и богослужи на мајчин јазик.

Напишал молба до Падишахот, барајќи да се подигне црква. Отишол во Цариград, најпрвин на средба со патријархот Григориј, а потоа со Рушид – Паша.

Така успеал да влезе во дворецот на главниот секретар на султанот, каде ја раскажал маката на прилепчани, потребата од божји храм каде ќе се молат за здравје на султанот и патријархот.

Му одговориле дека треба да чекаат неколку месеци. Ферманот за градење на црквата бил добиен во 1835 година.

Веста за ферманот за градба на црквата пристигнала уште пред аџијата да се врати дома. Локацијата била одбрана. Најдобро место било на баба Мита од семејството Миџовци. Таа го дала имотот за црквата. Сите еснафи се согласиле да дадат материјал побрзо да се изгради црквата.

Биле ангажирани прочуените мајстори Коста Лауцот и Ристо Тасламиче. Пред градбата се поставило прашањето на кој светител да му биде посветена црквата.

Се решило да биде посветена на празникот Св. Благовештение, зашто дотогаш пристигнала благата и најубава вест.

Мајсторите почнале да ја градат црквата долга 32 метри, широка 26, а висока 9 метри. Ја ѕидале со бигорлив делкан варовник, со многу колони од северната, западната и јужната страна. На источната страна е изграден широкиот олтарен простор со апсидата.

Наосот на црквата го сочинуваат три кораби формирани од два реда масивни колони. Централниот кораб е полукружно засводен и се издига повисоко од страничните кораби.

Кон западната страна на црквата е т.н. женска црква. Галериите се на јужната и северната страна на црквата, во горниот дел на тремовите. Заедно со црквата се градела и камбанаријата, во бароктен стил. Еден од најзаслужните за камбанаријата бил чифликџијата Аџи Ангеле Илиев.

Најрадосниот ден за сите прилепчани бил четврток 1838 година, на празникот раѓањето на Пресвета Богородица. Ден кога црковната општина решила да се освети црквата за да се служат светите богослужби и сите свети тајни и обреди.

Осветувањето го извршил митрополитот Пелагониски Герасим, кој на тронот дошол 1833 година и тука останал до 1840 година. На чинот на осветувањето присуствувале сите свештеници и речиси целиот град. На чело бил Аџи Поп Костадин Динка, првиот архиерејски намесник во Прилеп, а сослужувале свештениците Христо Икономовски, Ангеле Смичковски, Константин Пантов и други.

Само 14 дена по осветувањето на црквата за свештеник бил ракоположен Димитриј Икономоски. Со осветувањето на црквата, прилепчани до денес присуствуваат на редовен литургиски и богослужбен живот.

Набрзо по осветувањето на црквата почнала градбата на иконостасот. Подоцна се изработени владичкиот стол, амвонот и троделниот стол на аџи Христо.

Богат ентериер и дрворезбарски уметнички дела

Храмот располага со извонредни дрворезбарски дела кои пленат со својата убавина. Тие се одраз на карактерите на двајцата мајстори – предводници на своите тајфи, Петре Филипоски – Гарката и неговиот зет, Димитар Станишев. Посебено впечатливи се иконостасот, владичкиот стол, амвонот, столот на аџи Христо, фрескоживописот, иконите.

Особено нагласена е уметничката вредност на иконостасот сочуван во изворна состојба и владичкиот трон. Иконостасот долг е 16 метри, висок 6,2 метри, а во својата основа е праволиниски. Изработен е од ореово дрво. Гарката го работел во делови три години во куќата на браќата Мисиркови.

Чинел околу 1000 турски лири. Деловите подоцна биле составувани во црквата. Иконостасот е на два ката поделени на неколку појаси.

Првиот кат има китабиња, фриз и колони со престолни икони. Над престолните икони има фриз работен во длабока резба со растителна орнаментика. Корнизот е граница меѓу двата ката. Потоа се празничните икони поместени во горниот дел.

Особено вредно ремек дело на мајсторот Гарката е владичкиот стол. Тој е едно од неговите последни уметнички дела. Владичкиот стол е единствен од таков вид во земјава.

Висок е 5 метри, широк 92 сантиметри, а длабок 86 сантиметри. Во долниот дел има два лава во лежечка положба, а пред нив змии кои го каснуваат. На предната страна има два лава, а над нив два феникса со раширени крилја и подигнати глави.

На задната страна е поставена икона на која е насликан Господ Исус Христос, како цар заедно со четворица евангелисти.

Иконата е од непознат автор. Страните се исполнети со растителна орнаментика, има човечки и животински фигури.

Црвата е богата со над 180 икони. Дел се депонирани во Завод и Музеј, дел се изложени во галеријата на икони, изработени од извонредните мајстори Јован Атанасов – Прилепчанин и Адамче Најдов.

Црквата Св. Благовештение е духовен центар и расадник на свештеници. Годишно се крштеваат околу 300 нови христијани, се венчаваат околу 200 брачни двојки и се погребуваат повеќемина христијани.

Како вреден објект, таа е споменик на културата заштитен со закон. Ја посетуваат бројни верници, туристи, истражувачи, историчари и вљубеници во уметноста.

Ризница од предмети

Црквата поседува вредни историски предмети, како што се ракописниот прилепски антиминис, антиминисот од александриската патријаршија, престолните евангелија, прилепскиот поучителен зборник, гинамиевиот псалтир, богослужбените книги, административната книга – катастихот и други.

Платното на антиминисот е грубо, ленено, во основа ткаено со подебели ленени конци, а јатокот од потенки. Во средината на платното е патријаршискиот крст. Цртањето на крстови на антиминистот било во употреба во почетокот на христијанството.

Првите намесници во црквата

Можеби стотина старешини имало од осветувањето до денес. Први поставени парохиски свештеници биле Аџи Константин Дингов – прв старешина на црквата кој го викале, аџи попот.

Потоа отец Христо Икономоски, отец Ангеле Смичкоски, отец Андреј, отец Павле, отец Константин Пантов и првиот ракоположен свештеник во црквата Димитриј Икономоски.

Извор: Неделник Зенит

Секој има некое другарче кое живее на “Рид” во Прилеп: Видео посветено на маките на сите кои живеат таму

Кога ќе го погледнете видеото во продолжение ќе знаете на какви маки се вашите другарчиња кои живеат во населбата “Рид” во Прилеп.

Стрмните угорници и тесни улички се вистинска ноќна мора за жителите на оваа населба во зима, особено кога температурите се длабоко под нулата, а претходно наврнало снег.

Maкедонец херој! Здравко Дејановиќ е единствениот од Македонија со три освоени врва над 8.000 метри (ФОТО)

“Македонец на врвот на Хималаите. Здравко Дејановиќ е единствениот Македонец со три освоени врва над 8.000 метри. Здравко досега се искачи на трите најпрестижни врва на Хималаите.

Монт Еверест, К2 и Анапурна 1 кој е еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување. Македонскиот херој од Хималаите го развеа македонското знаме и жртвуваше два прста кои му замрзнаа и потоа му беа ампутирани, додека го вадеше македонското знаме на температура од минус 50 степени за да го развее на врвот Анапурна 1 – пишува на Фејсбук профилот на Македонското културно друштво од Љубљана, Словенија.

Сеќавање на некогаш најзастапениот автомобил во Прилеп: Koj полагал со Фиќо знае дека е шофер прва класа (ФОТО)

Пред 40-тина години, било привилегија да се поседува возило. А, изборот се сведувал на автомобилите од фабриката Застава – Фиќо, Стоеден или Југо.

Се најдувало и некое Рено 4, Лада и Фијат 1300, изработени по лиценца во Југославија.

Со сигурност најзастапено и најефтино било Фиќото. Моторот назад, резервоарот напред, резервна гума, сосема мал простор за багаж се карактеристиките на ова “работно магаре” на четири тркала.

Внатре место за возач, совозач и двајца патници стегнати како сардини во конзерва. Можеби задниот дел беше покомотен за две деца до 10 години.

Со наједноставна инструмент табла и копчиња за долго и средно светло, ги задоволувало минималните услови за сообраќај.

Неретко сопствениците купувале надворешни ретровизори, зашто фабрички немало. Едноставното возило било “измислено” за автошкола. Сиот возен парк на АМД тогаш бил од фиќовци.

За полагање на возачки испит имало полигон зад Синдикатот, а страв в коски влевало стрмоглавото место на Варош, природно направено за тестот со рачната кочница.

Безброј стари возачи ја добиле возачката дозвола преку ригорозното тестирање со Фиќо.

Фиќото “носеше” до Охрид, Скопје, до Претор. Похрабрите патуваа и до Грција и Бугарија. Оптимистите и до Белград и подалеку. Не ретко Фиќото беше арно и за до нивите со тутун. Тргаше приколка со два – три коша со тутун.

Од Крагуевац сега излегуваат модерни Фиќа од Фиат. Вредат минумум 15 илјади евра. Се пласираат дури и во Америка.

Некогаш најпосакуваниот маж во Турција го одврза ќесето: Даде три милиони евра за родителите од сопругата (ФОТО)

Кемал од Карасевда го одврза ќесето, па за своите баба и дедо, или мајката и таткото на убавата Фахрие која ќе му го роди првото дете, даде три милиони евра.

Тој им купил куќа, за нивното дете да има каде да си игра со нив и каде да седат кога се во Истанбул.

Кемал не штеди кога се работи за неговата сопруга.