дома блог страница 3271

Каракачанов: Никакво востание немало во Прилеп – Бугарија не е окупатор, туку ослободител на Македонија

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е добро направен, но Скопје не го почитува, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во изјава за бугарски „Фокус“.

“Право на секој граѓанин на Македонија е да се чувствува како Македонец или Бугарин. Оној кој се чувствува како Македонец од никого не бил принудуван да се чувствува како Бугарин.

Но, тој кој се чувствува дека е Бугарин, е во костец со властите во Македонија кои го принудуваат да си ја смени бугарската свест и да се пише Македонец.

Македонската држава, наспроти договорот за добрососедство, продолжува да ја фалсификува бугарската историја, да создава омраза во своето општество против Бугарија, и тоа не можам да го премолчам.

А кој е фактот? Фактот е дека по една година откако го потпишавме договорот, го празнуваат 11 октомври – Ден на востанието против „бугарскиот окупатор“.

Никакво востание немало. Во градот Прилеп, четворица хулигани убиваат полицаец пред полициска станица, а самиот полицаец е нивен сограѓанин од Прилеп, и татко на четири деца.

Тоа ли е востанието против бугарскиот окупатор?, прашува Каракачанов.

Според него Бугарија не е окупатор на Македонија, туку нејзин ослободител.

-Нашата земја мора да се грижи за кражбата на историјата. Ако Македонија продолжи со овие активности, ќе остане во чекалната на НАТО и ЕУ – додаде лидерот на „ВМРО – Бугарско национално движење“.

Одлуката донесена во Прилеп: На 16-ти февруари на конвенција ќе се бира претседателски кандидат – 10 дена трае огласот за пријавување!

Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Прилеп, веднаш по протестот на опозицијата на која се донесени повеќе одлуки, меѓу кои и онаа за одржување на партиска конвенција на која ќе се бира кандидатот за претседател на Р.Македонија

„На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година.“ – стои во соопштението на партијата.

Заклучокот донесен на Извршниот комитет на партијата ќе биде ставен на гласање пред членовите на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да ја донесе и конечната одлука за одржувањето на конвенцијата.

Огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои што ќе ја бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за следните претседателски избори, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образлагање на визијата како иден претседател на Република Македонија за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ средби со граѓани и така натаму, а потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат односно кандидатот кој ќе ја добие подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, на избори кои што имајќи ја во предвид актуелната политичка ситуација во државата но и новите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира во периодот кој што следи очекуваме сериозна победа и победа која што ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. – рече Мицкоски во изјава веднаш по завршувањето на седницата.

(Фото) Привезоци од 100.000 фунти, бицикл од злато, ледена вила и што ли уште не: Што добиваат за Божиќ децата на милијардерите

Родителите милијардери често за празниците имаат “големи проблеми”, а тоа е што да им поклонат на своите деца ако веќе ги поседуваат најквалитетните, најскапите и најубави играчки и гардероба.

Нив не им е проблем да издвојат дебели пари за да ги израдуваат своите најмили кога ќе дојде Нова година и Божиќ.

Во емисијата “Бебе милијардер за Божиќ”, едно двегодишно девојче од своите родители добила привезок вреден 100.000 фунти. Привезокот во себе содржи редок син дијамант, а како дел од поклонот добила и тематка забава во духот на зимата, нешто за што родителите одвоиле дополнителни 15.000 фунти.

Друго девојче добило прстен вреден 40.000 фунти, на кој е вградено розево злато, дијамант и ретки бисери во розева боја.

Прославата на Божиќ во домот на Валентина, 20 месечно дете, чинела приближно 200.000 фунти, а како што рекла нејзината мајка, не штеделе на пари за нивната миленичка да ужива како принцеза.

Тие својата семејна вила ја претвориле во леден замок, додека Дедо Мраз поклоните ги донел со хеликоптер.

Родителите на трите деца, Хуго (5 години) и близнаците Алберт и Руперт кои имаат по 4 години, одлучиле на своите момци да им приредат празнична забава за паметење. Всушност, газдата на фудбалскиот клуб Мајнсфилд и неговата сопруга, потрошиле речиси 60.000 фунти на преуредување на својата вила во огромна градина со божиќни елки и божиќни венци.

Масел Кнобил, консултант на куќа која се занимава со луксузни поклони, вели дека нивната компанија на родителите им помага да го изберат најдоброто за своите деца, па така во својата понуда имаат боенка која чини 24.000 фунти и бицикл BMX изработен од 24 каратно злато.

Сите ја паметат како мало слатко девојче- во меѓувреме се омажи, а сега победи на музичко шоу со изведба која вреди да се слушне (ВИДЕО)

Илма Карахмет е победничката на хрватското музичко шоу „Ѕвезди“, а во финалето ги импресионираше сите со својот глас.

Имено малото девојче кое имаше само 13 години кога на сите им стана познато по учеството во Х-Фактор, прерасна во 19 годишна девојка која со изведба на песната „Молитва“ од Марија Шерифовиќ победи и освои 13 илјади евра.

Таа беше пофалена и од самата Марија Шерифовиќ која на својот Инстаграм профил го објави видеото од нејзиниот настап.

Инаку Илма во меѓувреме се омажи, а кум на прославата и беше познатиот пејач исто така од Х- Фактор Алекса Перовиќ.

(Видео) Се качил на елка пред Белата куќа и не сакал да се симне цел час

Полицијата го уапси мажот, кој се качи на ,,Националната божиќна елка” во близина на Белата куќа.

Мажот безбедно се спушти од елката, за веднаш потоа да биде уапсен и пренесен во психијатрисаката болница во Вашингтон на испитување.

Полицијата во обидот да го симне мажот, повикала и двајца преговарачи, кои се обидувале да го наговорат веднаш да се симне од елката.

Човекот бил качен на Националната елка цел час , пред самиот да реши да се симне.

Се верува дека имал емоционални проблеми. Пешачката зона во близина на Белата куќа од вчеравечер беше затворена и се очекува денеска да се отвори.

Мицкоски oд Прилеп: Имаме лопови на власт, договараат тендери во хотел

Ветуваа, многу ветуваа се сеќавам и овде во Прилеп дека најмалку 5 проценти ќе растела економијата на годишно ниво, помина речиси половина мандат, ни половина од тие 5 проценти не успеаја да испорачаат раст на бруто домашниот производ, а кој е тој БДП?, тоа се оние пари кои што ветуваа дека ќе завршат кај граѓаните, ова денеска од протесниот марш во Прилеп го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку од ден на ден, се повеќе завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците и го полнат буџетот. Го укинаа советот за јавни набавки за да може да им врват тендерите во четири очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој граѓанин знае дека се движат од 5 до 15 проценти, а местото на исплата и тоа се знае, еден ресторан и хотел во источна Македонија и не ги интересира дали даноците се зголемени затоа што кај нив игра само „ќешот“ и ништо повеќе „лопови“ и ништо повеќе не се од тоа тие луѓе, потенцира Мицкоски.

Прилепчани со огромна поддршка на маршот од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Прилеп одржа масовен про тестен марш на кој им се приклучија повеќе илјади граѓани. Маршот го предводеше лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој одржа говор пред општинската зграда.

Мицкоски потсети на сите нереализирани ветувања од актуелната власт, но и од градоначалникот на Прилеп, кој го нарече најнеспособниот во цела Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за зголемувањето на даноците, тешката економска состојба и изгубената перспектива во државата.

Тој одново ги испорача шестте барања кон власта, меѓу кои и оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а побара и власта да ја почитува одлуката на граѓаните од одржаниот референдум на 30-ти септември.

Прилепчани го поздравуваа со овации и бараа оставка од Владата.

Мицкоски потенцираше дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе излези со својата понуда пред граѓаните, како и тоа дека првиот пораз на СДСМ на престојните претседателски избори, ќе значи и чекор кон предвремени парламентарни избори.

Макрон ја искористи тактиката на Тито! Дали и “жолтите елеци” ќе паднат во замката на Јосип Броз

Францускиот претседател Емануел Макрон им одговори на “Жолтите елеци” – “Во право сте”. Во петицијата на демонстантите тие бараат намалување на цената на горивата, а потпишана е од еден милион луѓе.

“Драги мои, зголемувањто на цената на горивата го доживеавте како голем удар и одлучивте да реагирате. Ја слушнав вашата порака и директно ви одговарам:” Во право сте”, одговори Макрон на петицијата која е потпишана од 1.15 милиони луѓе, а која е емитувана на сајтот Change.org.

Maкедонецот Борјан Зафировски го пропатувал половина свет на само 32-години: Ова се неговите искуства

Во светот постојат 195 држави, а Македонецот Борјан Зафировски до својата триесет и две годишна возраст успеал да посети и прошета речиси половината, односно дури 88 од нив.

Полн со интересни впечатоци и импресии, тој одлучи да сподели со НетПрес неколку од неговите омилени доживувања. Борјан успеа да ни го отвори прозорецот кон најнедостапните пустински места, а и да не’ запознае со најголемите планински вериги. Но, дали е ова најпрошетаниот Македонец, одлучете вие…

Кина – Одлична за живеење и најбезбедна држава во светот

Скопјанецот Борјан, живее во Кина повеќе од четири години и вели дека е презадоволен. Живеел и во Италија, Германија и Австралија, но се пофали дека во Кина дефинитивно му е најпогодено и според него таму најубаво се живее.

„Кинеската храна е превкусна, а Кина како држава би можел да кажам дека е една од најбезбедните во светов. Кинескиот јазик е неверојатно тежок , но сепак успеав да стигнам до ’флуент левел’.

Инаку, во 2017-та година, Борјан се оженил со Кинескиња и среќно живеат во главниот град, Пекинг.

Секој викенд во парковите низ цела Кина се собираат постари лица, чии деца сеуште не се мажени/женети (а им е време) и носат ливчиња на кои пишува краток опис за сопственото дете и на тој начин наоѓаат компатибилен сопатник. Токму на овие места може често да се случи да се договорат бракови меѓу две фамилии.

Ако некој од Македонија сака да си ја проба среќата со Кинескиња, слободно може таму да ја бара“, се пошегува Борјан.

Африка – Вистинско место за природа и средба со животните

Борјан ја избра Африка како омилена дестинација во последните години наназад.

Се работи за многу интересен континент, и освен средба со необични култури и начин на живот на луѓето, Африка пред се’ нуди прекрасна природа, пејсажи и сафари, односно можност за средба со различни диви животни и адреналински доживувања, раскажува Борјан.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Во оваа земја се цени вашата работа, сиромашни нема: Улчителите земаат 7.000 евра плата, а пекарите 3.800

Швајцарија е земјата на мед и млеко велат многумина. Таму се работи напорно, но и многу се заработува

Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници.

Колку во просек заработуваат некои професии може да проверите на следната листа (1 CHF = 54 денари):

Фризер – 2.601 CHF, Цвеќар – 3.800 CHF, Графички дизајнер– 3.800 CHF, Столар – 4.018 CHF, Работник во пошта– 4.031 CHF, Пекар – 4.051 CHF, Автомеханичар – 4.450 CHF, Кондуктер во воз – 4.558 CHF, Софтвер девелопер – 4.608 CHF, Возач на автобус – 4.858 CHF, Новинар – 5.551 CHF, Социјален работник – 6.246 CHF, Учител – 7.398 CHF, Офицер во војска – 8.142 CHF, Јавен обвинител – 10.400 CHF, Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF

А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал.

Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август.

Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.