дома блог страница 3270

(Видео) Цел свет зборува за потегот на познатиот голгетер: Вакво изведување на пенал до сега немате видено

Искусниот фудбалер на Атлетико Билбао, Арик Адуриз, на несекојдневен начин изведепенал против екипата на Ваљадолид.

37-годишниот центарфор во 45та минута му донесе предност на својот тим со голот од белата точка, а начинот на кој го изведе пеналот го воодушеви фудбалскиот свет.

Денес сончево со умерена облачно, а од утре очекувајте снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 12 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Стојанче Ангелов пак кршел ќерамиди, овој пат со глава (Видео)

На Твитер се појави ново видео од генералот Стојанче Ангелов како крши ќерамиди, но овој пат со глава.

Погледнете:

Доаѓањето на Роналдо полн погодок! Јувентус потпиша договор со кој ќе добие 400 милиони евра

Јувентус договори нова соработка со техничкиот спонзор “Адидас” до лето 2027 година. Договорот ќе вреди минимално 408 милиони евра.

Според новиот договор “Адидас” на Јуве ќе му дава по 51 милион евра годишно, со тоа што бонусите не се пресметани во таа сума.

Зависно од спортските успеси, но и маркетиншкиот дел, “бјанконерите” ќе можат да заработат уште повеќе.

Само до крајот на 2018, “Адидас” на старата дама ќе и даде околу 15 милиони евра бонуси за одличните резултати оваа година и поради големиот раст на клубскиот бренд.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо се покажа како полн погодок.

Како да привлечете пари во Новата година

Фенг шуи ве советува како годината да ви биде побогата. Црвената боја ќе биде таа која треба да ви донесе среќа и просперитетна година.

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примите ново богатство во Новата година (како материјално така и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Фенг шуи советите гласат дека на новогодишната вечер треба да носите црвено. Тоа не значи дека облеката мора да е црвена, туку барем еден детаљ на вас.

Црвени обувки

Обувките се поврзани со одењето кон подобри ситуации, затоа со ваквиот модел бидете сигурни дека ќе зачекорите кон подобро утре.

Златен накит

Носете барем некој дискретен златен накит, тој привлекува пари, затоа во новата година не заборавајте на и овој златен детаљ.

Нов часовник

Часовникот симболизира дека се движите напред, затоа со купувањето на нов часовник ќе привлечете и нова позитивна енергија. Макар тоа да биде и најобичниот и најевтиниот.

Голема чанта

Чантата симболизира дека очекувате добри нешта, затоа е потребна голема чанта во која би ги сместиле сите благодети на овој свет.

Ваков погодок не се гледа секој ден: Андер Ерера ја скина мрежата на Кардиф (Видео)

Манчестер Јунајтед конечно стигна до победа и тоа висока. На гостински терен “црвените ѓаволи” сега предводени од поранешната ѕвезда на клубот, Оле Гунар Солскјер, го поразија Кардиф со 1:5.

Победата на Јунајтед му ја донесоа Рашфорд, Ерера, Марсијал и Лингард со два погодоци, а за истакнување е бомбата на Андер Ерера во 29-та минута од натпреварот за 0:2.

Шпанецот го постигна можеби погодокот на својата кариера, кога од огромна далечина испрати удар што ја “скина” мрежата на Кардиф.

Погледнете:

Кирацоски: “Прилепската чаршија и дуќанџиите се презадоволни од политиките на СДСМ?!” (Видео)

Денеска во посета на прилепската чаршија беше генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој заедно со партиското раководство од Прилеп и градоначалникот Јованоски прошета низ центарот на Прилеп.

Еве што изјави пред медиумите:

Апасиев до СДСМ: “Кога ќе паднете уште 100 години нема да дојдете на власт, а ние децата на стечајците ќе придонесеме вашиот пад да биде поизвесен”

(Фејсбук статус на Универзитетскиот професор Димитар Апасиев)

“СДСМ ТРАНЗИЦИСКА – проширена и надградена 🙁

p.s. Ова е личната приказна и на моите РОДИТЕЛИ, а верувам и на безброј луѓе од нивната „пропадната генерација“ во транзицијата, која буквално се оболе школувајќи ги децата со ич пари, додека беа оставени на патот од страна на комуњарските директори кои си ги приватизираа фирмите благодарејќи на законот кој го донесе СДСМ.

p.p.s. Затоа, ко ќе паднете, уше 100 години нема пак да дојдете на власт! А ние, децата на СТЕЧАЈЦИТЕ, и те како ќе придонесеме вашиот пад да биде поизвесен.

#СоцијалнаПравда”, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Нова година, стари обичаи: Не правете ги овие работи, за да не ве бие малер

Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко- сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година.

Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица удирајќи во тапани и други инструменти.

Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии.

Бразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир. Ѕвоната во Јапонија се огласуваат 108 пати за да ги избрка исто толкавиот број на човечки слабости. По ова сите мора да се смеат за да ги избркаат злите духови.

Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник.

Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.

А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија.

Никако немојте:

-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот.

-Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми.

-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

–Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

-Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна.

-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.

(Дрон Видео) Како изгледаше маршот на Вмро-Дпмне во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа масовен протестен марш во Прилеп.

“Македонија браќа и сестри ја започнува својата битка, не е ова крајот за Македонија. Македонија ја има во библијата и таму нема договор што може да ја избрише. И таму ќе остане запишано името Македонија, нашиот аманет е тоа име да го чуваме и гордо да го изговараме сега и во иднина, а на нашите потомци да им го предаваме од колено на колено. Нас во историјата како нација и како држава не покорувале многу освојувачи, многу војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш како нација сме се реорганизрале и сме застанувале пред нив и сме ја извојувале нашата слобода за да ја градиме нашата држава Македонија! Зората браќа и сестри ќе дојде за секој еден од нас, ќе ја донесеме зората, а зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин! Да ни е жива и здрава и вековита Македонија!
#МакедонијоНапред ??
#МакедонијаЌеПобеди ??” – напиша Мицкоски на Фејсбук.