дома блог страница 3272

Погледнете како изгледа зимска идила на Марс: Прекрасни фотографии од “Црвената планета”

Новооткиената фотографија на Европската вселенска агенција (ЕСА) на која се гледа кратер исполнет со мраз, ги воодушеви луѓето ширум светот.

Научниците од ЕСА споделија фотографија од кратерот Колорев, кој е со должина од 82 километри и е исполнет со мраз кој достигнува длабочина од 3 километри.

Кој вид на уред може да ја создаде оваа фотографија? Во овој момент единствени кои ја истражуваат Црвената планета се роверите со ограничен географски распон.

Хуманитарен стенд ап со Бојан Велевски во “Оnyx Cafe” во Прилеп: Сите средства ќе бидат наменети за семејството Соколоски

По пауза од точно три години, Бојан Велевски повторно во Прилеп! Каде на друго место, ако не во новоотворениот ONYX Cafe & Bar!

Овој предновогодишен стенд-ап настан ќе има една поинаква димензија. Имено, во организација на ONYX, а поддржано од Stand-up Macedonia и Бојан Велевски, сите средства (пијачки/донации) од овој настан ќе одат за семејството Соколоски од Прилеп!

“Се радувам што конечно, после три години имаме клуб во Прилеп кој сака да направи различен настан од сите останати во градот. Јас потекнувам од Прилеп. Затоа со големо задоволство ја прифатив поканата и иницијативата на дечките од ONYX за овој настап со хумана димензија.”– вели, Бојан.

Настанот е закажан за 23-ти декември (НЕДЕЛА). Резервациите се отвораат во 21ч, а почнуваме веднаш штом удобно ќе ве сместиме. Контакт: 075/930-300

Викендов стабилно и суво, од понеделник повторно снег во Македонија

Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минусни температури (-4) утрово се измерени во Тетово, Битола, Прилеп, Скопје (мерна станица Петровец), Штип и Демир Капија, -3 степени во Крива Паланка и Гевгелија, -2 Скопје (мерна станица Зајчев рид) и Куманово и -1 степен во Виница. Во Дојран се измерени 0 степени, 3 во Крушево, 4 во Претор и 6 степени во Охрид.

Во Маврови Анови има седум сантиметри снег, во Берово 3 и во Крива Паланка два сантиметра снежна покривка.

Во котлините преку ноќта и утринава има појава на магла. На запад и особено на повисоко дува умерен западен ветер. На северот и на југозападот има зголемена облачност.

УХМР информира дека по котлините претпладне ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено. Преку денот сончево особено на повисоко и со мала до умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно и магливо, преку денот маглата краткотрајно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 2 степена.

За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Прилеп! Маршот започнува во 13 часот!

Продолжуваат протестните маршови на опозицијата. Денеска со почеток од 13 часот, од пред театарот “Војдан Чернодрински”, ќе се одржи нов протестен марш, против како што велат “Црнилата на оваа Влада”.

СДСМ ја зацрни државата. Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје. На фреквентни локации вооружени банди се пресметуваат, инцидентите завршуваат најчесто со жртви, а жртва може да биде секој еден граѓанин – случаен минувач, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски не презема ништо во насока на одржување на јавниот ред и мир. Откако тој управува со МВР има десетици нерасчистени убиства, а убијците се шетаат слободно. Се пука по улиците, а истовремено неказнето завршуваат стотици грабежи и опожарувања на автомобили. Наместо решавање на вистинските проблеми Спасовски се фокусираше на делење сомнителни милионски бизниси, лиценци за центрите за возачки испити на фирми формирани неколку дена пред да се распише огласот и целосна партизација на МВР. Граѓаните сакаат ред и поредок, сакаат безбедност за нив и за нивните деца, родители, браќа и сестри и комшии, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека наместо тоа добија насилтво, тепање и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски се вршат претреси по домовите и се малтретираат луѓе кои протестираат.

-Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција! ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани кои се против оваа однародена власт да се приклучат на протестниот марш денес во Прилеп со почеток 13 часот, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Сугарески попушти: Унгарски “Визер” конечно доби државни субвенции

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска одржа прес-конференција на којашто информираше дека е успешен Јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании и дека единствена компанија која што е пријавена е „Визер“. Во исто време, министерот Сугарески ги образложи и критериумите кои треба да ги исполни оваа авиокомпанија за да добие финансиска поддршка.

Во продолжение следи интегрален текст од обраќањето на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески:

„Владата на Република Македонија е силно посветена на развојот на авиосообраќајот преку создавање на услови за влез на авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани.

Ова е наша Програмска определба и Ве уверувам дека во натамошниот период во рамките на нашите надлежности ќе овозможиме многу нови дестинации.

Сакам да Ве информирам дека денеска заврши Јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании.

На Јавниот повик, до Министерството за транспорт и врски пристигна само едно барање за финансиска поддршка и од тоа од страна на авиокомпанијата „Визер“. По утврдената евалуација на понудата од страна на Комисијата надлежна за спроведување на овој Јавен повик, утврдено е дека авиокомпанијата „Визер“ ги исполнува сите услови и критериуми наведени во повикот.

Денеска со задоволство можам да објавам дека Јавниот повик е успешен.

Согласно критериумите, авиокомпанијата „Визер“ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и тоа: првите две до 26 март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на Договорот и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка.

Авиокомпанијата „Визер“ исто така има обврска да воспостави и две нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје до 26 март 2019 година и истите да ги опслужува најмалку две години.

Во однос на финансиските средства, предвидени се вкупно 312 милиони денари или околу 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година.

– за 2019 година предвидени се 86 милиони денари,
– за 2020 година предвидени се 104 милиони денари,
– за 2021 година се предвидени 104 милиони денари,
– а за 2022 година предвидени се 17 милиони денари.

Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

За секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ ќе се додели финансиска поддршка во износ од:

– 9 евра по патник во заминување во првата година од договорот,
– 8 евра по патник во заминување во втората година од договорот,
– 7 евра по патник во заминување во третата година од договорот

За секоја нова дестинација воведена од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе се додели финансиска поддршка во износ од:

– 13 евра по патник во заминување во првата година од договорот ,
– 12 евра по патник во заминување во втората година од договорот ,
– 11 евра по патник во заминување во третата година од договорот

Во оваа прилика сакам да и честитам на компанијата „Визер“. Тие и понатаму остануваат сериозен партнер на Владата во развој на авиосообраќајот во Република Македонија.

Ние како одговорна Влада ветивме дека ќе продолжиме со стимулирање на авиосообраќајот и тоа го остваривме.

Нашата цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај, а граѓаните да добијат што повеќе нови дестинации по поволни цени на авиобилетите“.

На прашањето “Каде се сега шарените?”, тие одговорија “Борете се сега и за нас, уморени сме”

На прашањето „Шарени, каде сте сега?“, кое редовно се поставува откако токму шарените му помогнаа на СДСМ да ја преземе власта во Република Македонија, одговара активистката Ирена Цветковиќ, една од поистакнатите учесници во Шарената револуција.

„Шарени, каде сте сега?“ е прашање упатено токму до најгласните и најшарените учесници на протестите органзирани во пролетта 2016 година, а се актуализира уште во првите месеци на владеењето на СДСМ, кога Владата на Зоран Заев, која се устоличи благодарение на шарените, не само што не започна со исполнување на ветувањата дадени кон оваа група, ами ги спроведува нивните антиподи во најлоша форма.

“Каде се Шарените сега?

Драги заинтересирани,

Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.

10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.

Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим.

Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.

Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.

Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.

Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас”, пишува Цветковиќ на Фејсбук.

Извор: “Република”

Приказна од скопските улици која ќе ви го растрепери срцето: “И пријдоа двајца „фраери“, едниот почна да вади 1000-ка, па 500-ка…”

Приказна од скопските улици која ќе ви го растрепери срцето:

“На бетонски столб покрај студентскиот Гоце Делчев, сабајлево седеше жена. Потемнета во лицето од валканици, избраздена со брчки од немаштија. На себе немаше јакна, туку неколку реда блузи врзани со врвка поради кои изгледаше надувано, а за кои сфаќаш дури кога ќе ги погледнеш неколкуте рабови во различна должина и бои.

На нозете носеше чизми. Ама не вистински, туку од оние топлинки – чизми со рамни ѓонови кои ги носиме за по дома. Околу неа имаше неколку кеси – врзопи, во кои жената го беше збрала сиот својот живот и сиот свој имот.

Џвакаше нешто што го држеше во раката, кога и пријдоа двајца „фраери“. Не смислено и плански, туку на поминување. Едниот од нив го извади новчаникот, почна да вади од парите, 1000-ка, па 500-ка, па 100-ка, па … „Да не имаш ситно да ми вратиш?“, со одвратно кикотење ѝ се обрати на жената.

Вториот „фраер“ на тоа се згази од смеење… „А бе брат, ти си луд!“ му вика на другаров. „Фраериве“ инаку као нешто ја зезаа женава која збунета си ја повлече раката со загризана корка леб кога сфати дека овие со неа се мајтапат.

Се засрами. Можеби и се исплаши од нив, си помисли да не ја задеваат дополнително. Па одмолча. Проголта се што почувствува во тој момент. И со наведната глава почна да буричка во една од кесите барајќи си некое заборавено парче од животот.

„Фраерите“, инаку дечишта тинејџери, се одалечија смеејќи се уште позаразно. Најверојатно горди на себе и на својата досетливост што им текнало на необичен и несекојдневен начин да се забавуваат. Најверојатно несвесни што направиле. Уште помалку свесни за тоа во какви луѓе ќе израснат.

Тогаш, некој ден во иднина, кога ќе ви го збере сиот живот и сиот имот во само едно врзопче, ќе се сетите можеби на денешниот ден и ќе ја погледнете истата жена уште еднаш… со поинакви очи!”, пишува на својот Фејсбук профил Калина Коси.

(ВИДЕО) НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 127 ГОДИНИ НАСТАНА НАЈДОБРАТА ИГРА ВО ИСТОРИЈАТА: Еве како започна се’ и кој е најзаслужен за развојот на овој спорт

На денешен ден пред 127 години е родена најубавата игра во светот – кошарката.

Кошарката е замислена како спортска игра меѓу две екипи со по 12 играчи, од кои во играта учествуваат само пет. За време на целата утакмица, која трае два пати по 20 минути ефективна игра, дозволено е неограничено заменување на играчи.

Првото американско првенство во кошарка е одржано во 1897 година, а првата меѓународна утакмица во Европа е одиграна во 1919 година, меѓу Франција и Италија.

Ученици за секоја пофалба! Патронатот на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” одбележан со еден куп активности и натпревари (Фото)

Од 14 – 21 декември во средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко“ се одржа “Промотивна недела на Ричко“ по повод патрониот празник на училиштето кој е на 21 декември.

На оваа Промотивна недела учество зедоа средните училишта: СОУ “Орде Чопела“, СОУ “Ѓорче Петров“ и СОУ “Кузман Јосифоски – Питу“, и невладините организации: Инфо Фронт и Младински совет Прилеп.

Овој настан беше организиран од Младинската Организација на Ристе Ристески – Ричко, под раководство на Илија Биноски и Игор Моцаноски.

Се одржаа следните активности:

Натпревар во најдобра фотографија – 14 – 19ти декември.

1во место освои: Андреј Златаноски од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“, 2ро место освои: Мери Трајкоска од СОУ “Орде Чопела“, 3то место освои: Емилија Димоска од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

Натпревар во Шах – 17ти декември:

1во место овои тимот на: СОУ “Ѓорче Петров“, 2ро место овови тимот на: СОУ“Ристе Ристески – Ричко“, 3то место освои тимот на: Младински Совет Прилеп

Натпревар во Историја – 18ти декември:

1во место овови: Валентин Димитриоски од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу“, 2ро место освои: Бошко Бошев од СОУ “Ѓорче Петров“, 3то место освои: Филип Јошески од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

Натпревар во Дебата – 20ти декември:

1во место: СОУ “Орде Чопела“
На огромно задоволство, на сите натпревари зедоа учество голем број учесници, кои покажаа солидни знаења. Исто така на 20-ти декември беше одржана и работилница на тема: “Говор на омраза“.

Самото училиште по повод патрониот празник организира повеќе активности, односно:

На 20ти декември организира:

Литературно читање, спортски натпревар во ракомет и кошарка и натпревар во шах помеѓу професори.

Беше положено цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, а потоа и на споменикот на Ристе Ристески – Ричко на Могилата на непобедените.

Денеска прославувањето на патрониот празник продолжи во народниот театар “Војдан Чернодрински“, каде учениците имаа припремето повеќе активности.

Кога ќе видите што прави овој поштар пред вратата, убаво ќе се изнасмеете (ВИДЕО)

Вработен во американската служба за достава УПС стана вистински хит по точката што ја изведе пред безбедносната камера.

Поштарот забележал дека пред куќата каде доставувал пакети има безбедносна камера, па решил да направи шоу. Поштарот од Индијана почна да танцува пред вратата, а танцувањето за само неколку часа се имитира меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Сопственичката на куќата, Бетани Оут добила нотификација на мобилниот дека има некој пред нејзината врата. Го видела на безбедносната камера и едноставно морала да го сподели видеото, вели за телевизијата КУТВ.