дома блог страница 3266

Мицкоски на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во црквата “Пресвето Срце Исусово”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски вечерва (24.12.2018) присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Мицкоски на Светата литургија по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ беше придружуван од членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

“Вечерва заедно со членот на Извршниот комитет Владимир Ѓорчев, присуствувавме на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Се подготвува голем договор помеѓу Реал и Интер

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да го пушти освојувачот на „Златната топка“ за 2018-та, Лука Модриќ во Интер во зима.

За таа цел, италијанскиот гигант мора да исполни одредени услови, наметнати од „белите“.

Тимот од Мадрид е подготвен да го ослободи 33-годишниот Хрват, но за возврат го сака напаѓачот на „нероазурите“, Мауро Икарди и дефанзивецот Милан Шкринијар, пишуваат медиумите во Италија.

Интер сакаше да го привлече Модриќ летото, но до зделка така и не дојде.

Остана уште една недела: УЈП со апел до граѓаните

Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок бидејќи крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.

Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.

Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии. Вонредниот возен ред на овој Мобилен даночен шалтер може да се најде на линкот

http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400

За некои бракот никогаш не бил опција: Две кучиња кои ќе ве насмеат до бесвест (Видео)

Видео кое е апсолутен хит на социјалните мрежи изминатиот период.

Две кучиња кои се караат во стилот на двајца закрвени брачни другари, ќе ве насмеат до бесвест.

Коментарот под видеото вели дека логичното објаснување е дека се кучињата се во брак…

Погледнете:

Oбјавена Новогодишната програма за Прилеп: Еве што ќе слушаат прилепчани на градскиот плоштад

Oпштина Прилеп ја објави Новогодишната програма која прилепчани ќе имаат можност да ја проследат на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, низ центарот на градот и во киното “Мис Стон”.

25-30 декември 2018 година
11:00 / 13:00 Детска претстава „Новогодишна бајка“, кино „Мис Стон“
11:00 / 18:00 Новогодишен креативен базар и активни креативни работилници, плоштад „Методија Андонов Ченто“

13:00–18:00 Детски перформанс „Работилница во Лапонија“, плоштад „Методија Андонов Ченто“

26 декември 2018 година

19:00 Концерт на класична музика „Предновогодишно со звуците на хармониката“, голема сала НУЦК „Марко Цепенков“

31 декември 2018 година, плоштад „Методија Андонов Ченто“

– ДЕНСКА ПРОГРАМА –

11:00 Почувствувајте ја новогодишната магија со вовчето на Дедо Мраз и пријателите низ улиците на Прилеп
13:00 Новогодишно дружење со Дедо Мраз и пријателите и многу изненадувања за најмладите
14:00 Концерт на групата The Four

“Во Скопје поставена сцената за најновото продолжение на “Пиратите од Карибите”?!” (Фото)

Твитерџиите се пошегуваа со загаденоста во главниот град, па сликата од замагленото Скопје со галијата во Вардар ги потсети на филмот “Пиратите од Карибите”.

Фотографијата која го промени светот: Пред точно 50 години космонаут од Месечината ја заврти камерата кон Земјата и еве што сними

Пред точно 50 години на 24 декември 1968 година, снимена е една од најважните фотографии во историјата на човештвото.

Имено, тогаш космонаутот Вилијам Андерс во склоп на мисијата “Аполо 8” беше на Месечината и ја насочи камерата кон Земјата.

Фотографијата која ја создаде е наречена “Earthrise”.

(Видео) Македонија е омилена земја на оваа млада Американка: И покрај промената на името, таа вели дека за нејзе секогаш ќе биде Македонија

Блогерката Нвандо од САД, која живее во Белград, во едно од најновите видеа на својот Јутјуб канал кажува за шестте причини зошто ја сака Македонија.

Таа на почетокот од видеото кажува дека досега ја има посетено нашата земја 4 пати и дека е една од нејзините најомилени дестинации.

Девојката вели дека иако името на нашата земја наскоро можеби ќе биде променето, за нејзе таа ќе остане Македонија.

Ова се шесте нејзини причини зошто таа ја сака Македонија:

1.Македонија е убава земја, за пешачење, планинарење, прошетки со природни убавини кои го плениле срцето на оваа Американка

2.Луѓето во Македонија се прекрасни. Особено за луѓе кои патуваат сами. “Овде во Македонија луѓето ги третираат посетителите како личности.” Од искуството што го имала со посета на над 40 земји тоа не било случај.

3.Друга причина зошто ја сака Македонија е затоа што луѓето не се зафркаваат со Кирилицата како азбука. Сите знаци, сите билборди, сите натписи на продавници се на кирилица, што за некој странец е вчудоневидувачко, но она што треба да го направи истиот тој посетител е тоа да го прифати, вели таа.

4.Македонија е особено интересна земја со богато културно, етничко и разновидно богатство.

5.Цените во Македонија кои се евтини за сечиј стандард и вкус.

На крајот како шлаг на тортата ја спомнува храната, која според Нвандо е најдобрата која ја пробала во животот.

ВМРО-ДПМНЕ: “Цветаат само кафеаните на функционерите од СДСМ во старата чаршија – Другите се молат овие црнила да завршат побрзо” (Видео)

Со кое лице Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски се појавува пред прилепчани, на истото место од каде што неговиот ментор Зоран Заев ја најави двојазичноста низ цела територија на Република Македонија и пропагираше смена на уставното име.

Кирацовски си дозволува да ги прави прилепчани при очи слепи, и да ги убедува дека цветаат рози и се живее раскошно, истакна Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Исто така прашуваме дали Кирацовски со локалните функционери ги посети дуќанџиите, занаетчиите, луѓето кои не се партиски послушници од редот на СДСМ, за да бидат експресно вработени на високи позиции во јавните установи за да ги праша како им е? Дали Кирацовски ја слушна маката и на пазарџиите, земјоделците, на сите овие луѓе кои секој ден водат тешка битка за заработувачка, кажувајќи како државата никогаш не била во полоша состојба, со најмизерен економски раст, со нула инвестиции, по сите светски анализи карактеризирана како најлошо место за живеење во Светот? И додека младите прилепчани секој ден се иселуваат се повеќе како никогаш порано и го бараат својот спас во странство, затоа што вие господа од СДСМ не сте способни да отворите ниту една фабрика, вие се занимавате се уште со ВМРО-ДПМНЕ како да сте опозиција, а не власт две години. Луѓето од вас чекаат резултати и испорачување на ветеното, а не гол популизам со веќе видена реторика, својствена за луѓе без идеи и желба за работа. Господа од СДСМ, она што досега успешно го сработивте е за задоволување на апетитите на неколкумина функционери на СДСМ, кои ја запоседнаа речиси целата стара прилепска чаршија со своите кафиќи и бизниси, додека останатите трпат за парче леб. Она што успешно го сработивте е вработувањето на вашите синови, ќерки, внуки, зетови, најблиски роднини и пријатели, покрај останатите луѓе професионалци кои се пријавија на огласите, а беа одбиени затоа што немаат партиска книшка од СДСМ, истакна тој.

Ристески посочува дека она што досега успешно го сработи власта е донесувањето црнила какви што Македонија досега не памети.

-Продажбата на нашето име, тргувањето со националните интереси, виткањето кичма пред Грција и Бугарија и склучувањето на катастрофални договори со нив. Благодарение на вас господа од СДСМ, Прилеп го изгуби сјајот и никогаш не бил во поочајна состојба. Спуштете се меѓу народот. Слушнете ја маката непосредно од истите засегнати и престанете да живеете во илузорен свет, затоа што сте смешни пред очите на јавноста. Прилепчани завчера преку масовно присуство на протестот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски ви порачаа едно големо „НЕ“ на вашите погубни политики. Со ова почнува и официјално падот на оваа ненародна и предавничка власт. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат, порача тој.

Узбуна во НАТО! Министерството за финансии на Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија со Косово и Италија! Ова се нивните имиња

Албанија, членка на НАТО, случајно на интернет објави тајни податоци за своите најдобри разузнавачи и тоа: имиња, нините автомобили, регистерски таблици, броеви на лични карти и пасоши, детаљи за патувања, па дури и нивните секојдневни навики, пишува Индепендент, а пренесува српски Курир.

Сите овие информации се објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии.

Сега цел свет знае каде точно работат најдобрите албански тајни агенти и колку заработуваат.

ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надворешноизвестувачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.

Ова се агентите чии податоци ги има на веб страната на министерството: Фердинанд Нуку, Кујтим Прифти, Роберт Тучи, Нестор Бамбето, Астрит Кинани, Невзат Шеху, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Браја.

Извор: Independent