(Видео) Македонија е омилена земја на оваа млада Американка: И покрај промената на името, таа вели дека за нејзе секогаш ќе биде Македонија

Блогерката Нвандо од САД, која живее во Белград, во едно од најновите видеа на својот Јутјуб канал кажува за шестте причини зошто ја сака Македонија.

Таа на почетокот од видеото кажува дека досега ја има посетено нашата земја 4 пати и дека е една од нејзините најомилени дестинации.

Девојката вели дека иако името на нашата земја наскоро можеби ќе биде променето, за нејзе таа ќе остане Македонија.

Ова се шесте нејзини причини зошто таа ја сака Македонија:

1.Македонија е убава земја, за пешачење, планинарење, прошетки со природни убавини кои го плениле срцето на оваа Американка

2.Луѓето во Македонија се прекрасни. Особено за луѓе кои патуваат сами. “Овде во Македонија луѓето ги третираат посетителите како личности.” Од искуството што го имала со посета на над 40 земји тоа не било случај.

3.Друга причина зошто ја сака Македонија е затоа што луѓето не се зафркаваат со Кирилицата како азбука. Сите знаци, сите билборди, сите натписи на продавници се на кирилица, што за некој странец е вчудоневидувачко, но она што треба да го направи истиот тој посетител е тоа да го прифати, вели таа.

4.Македонија е особено интересна земја со богато културно, етничко и разновидно богатство.

5.Цените во Македонија кои се евтини за сечиј стандард и вкус.

На крајот како шлаг на тортата ја спомнува храната, која според Нвандо е најдобрата која ја пробала во животот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.