дома блог страница 3265

Мистеријата за прстенот на Аркан: Забележан е неколку пати кај различни луѓе, а потоа му се губи секаква трага

Жељко Ражнатовиќ се до својата смрт не се одвојувал од прстен кој постојано го носел на себе. Бил златен и имал неверојатна вредност.

Но,по неговата смрт, прстенот мистериозно исчезнал. Многумина мислеле дека Цеца е виновна за неговото исчезнување, но по неколку години тој се појавил во Италија. Наводно, за време на полициската рација во Италија, бил фатен во рацете на еден од лидерите на сицилијанската толпа.

За време на апсењето, тој скокнал од зградата за да избега од полицијата и го скршил вратот. Прстенот бил предаден на италијанската полиција, но исчезнал од депото каде се чуваат доказите.

По неколку години прстенот бил виден кај еден руски бизнисмен. Следниот пат, прстенот беше виден во Русија, кога еден бизнисмен, а не да го каже мафијата, беше убиен кога го возеше својот Порше Кајен.

Прстенот бил вратен од страна на полицијата на неговото семејство, кои подоцна го продале на аукциска куќа. Антикварницата набрзо изгорела, а на прстенот му се губи секаква трага.

Извор: pressingtv.mk

После филмот, на режисерот Бојаџи му ја забраниле и претставата: “Ќе издржам во борбата само да ве видам напикани….”

Откако наиде на многу препреки со филмот „Ругање со Христос“, режисерот Јане Бојаџи повторно стана мета на власта.

Овој пат цензурата се случува во театарот. Претставата „Ревизор“ која ја работи со композиторот Горан Трајкоски и костимографот Невенка Тасева Петровиќ, во Народниот Театар „Ј.Х-К. Џинот“ во Велес, после речиси двомесечни игри и преписки со директорот на театарот Александар Ивановски, добиле известување дека го прекинуваат проектот и соработката со нив.

По која насока се одвивале случувањата, Бојаџи објасни на Фејсбук

“Драги мои, со вас не е можен ниту Мир – а камоли пак по-Мирување!

Навистина, ама навистина направив се за да погледнам внатре во себе си, да вдишам длабоко и да се преиспитам, дали навистина беше премногу кога пред четири месеци за прв пат јавно, на телевизија ве нареков фашисти!?

И, тогаш реков дека се плашам оти бесот и омразата ќе прераснат во исклучивост и реваншизам кој нема да се задоволи само со отфрлање од општеството на оние кои ви се спротиставуваат, туку ќе ескалира во нивно систематско стигматизирање, етикетирање, сегрегација, па дури и создавање на државен апартхејд со кој ќе ги изолираат неистомислениците во социјални и уметнички гета.

И еве, се случува: по филмот на ред сега дојде и театарот, каде што јас исто така творам како режисер.

Имено, претставата “Ревизор“ која јас и моите долгогодишни соработници – композиторот Горан Трајкоски и костимографот Невенка Тасева Петровиќ почнавме да ја работиме во Народниот Театар “Ј.Х-К. Џинот“ во Велес, после речиси двомесечни игри и преписки со директорот на театарот Александар Ивановски, ни дадоа Известување дека го ПРЕКИНУВААТ ПРОЕКТОТ И СОРАБОТКАТА СО НАС!

Типично за самобендисани и педантни административни егзекутори, ни испратија Известување по Мејл! Ниту еднаш не не повикаа на разговор во врска со проектот. Заеднички да побараме и најдеме решение за ситуацијата која самите си ја создадоа. Имено, тие, без наше знаење, без наша согласност, без воопшто да не прашат за тоа, средствата наменети за подготовка на театарската претстава, инаку светска драмска класика “Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ ги потрошиле ненаменски за друг, туѓ проект! Ама решиле од нас да бараат одговорност за тоа! И во преписките, типично за нив – кукавички инсинуираат вина врз мене! На ист начин на кој пред осумдесет години оние пред нив – ги обвинија Евреите. Виновни се само затоа што се Евреи! Така и ние: виновни сме затоа што сме тоа што сме. Луѓе кои решиле да бидат слуги на уметноста наместо на глупоста!

Драги мои арлекини, лесна и презрена беше вашата игра со нудење на услови кои беа понижувачки и недостојни за нас ем како за луѓе ем како на уметници: затоа ви рековме дека се согласуваме со сите ваши барања кои беа надвор од умот! И уживавме кога не знаејќи што и како да ни одговорите се повторувате, плеткавте и преглумувавте – “како актер беден кој час-два се препелка на сцена а потоа умира и никој не го гледа!“ – рекол поетот Вилјам Шекспир кој во тој момент кога го пишувал тоа сигурно ве имал вас на ум! Горевме од желба да видиме до каде ќе стасате. Сакавме да знаеме, колку ниско може да паднете шегувајќи се со вашите преписки со нас, па ги определувавме жанровски од вас цитираните форми на надзор, инспекции, одлуки и ревизии според кои вие имате право на се а ние на ништо!

Се според европските демократски стандарди, без правна поука, и без право на жалба!

Ама овие педантни известувања драги мои џелати, тие архивски заверки, уредби, потписи и печати, како и кај архинацистите ќе бидат доказите кои ќе ве издадат и ќе сведочат за тоа како денес уништувате, забранувате и укинувате творци, уметници и нивните дела! Тие во овој момент, само обични бирократски преписки ќе сведочат за вас “ариевците“ и за нас “чифутите“ со кои не сакате да си го валкате Рајхстагот и кабинетите со недостојни, на кои ионака ќе им се пресуди колективно – со ликвидации или бркање од земјата со која среќно ќе владеете Илјада Години!

Епа, драги мои, од Илјадагодишниот Рајх ви останаа уште 998 години! Првите две ги поторошивте.

Сега сме 1935 тата година, според аналогијата на историјата, која ќе ја повторите, овој пат како фарса! Пред вас се четири години до започнувањето на војната и уште пет години долго и мачно војување на многу фронтови. И се така до крајот, кога ќе се затрупате и црвјосате во урнатините кои ќе ги оставите зад себе!

Но во меѓувреме ќе предизвикате егзил од апокалиптични размери, ќе го разделите народот на кила и грамови. Брат на брат ќе крене рака. Син на татко. Мајка и ќерка ќе си плукнат во лице!

И ќе издржам во таа борба само за да ве видам напикани таму каде што сте се родиле, според Свети Августин: во измет и урина!

И пак се прашувам, исто како на почетокот. Да ве наречам Фашисти, праведно ли е? Не знам. Но знам дека првата работа што ја направиле вашите антиподи Национал социјалистите во Германија било на Евреите да им ги одземат работилниците и алатите за работа! И ги пуштиле да живеат! “Живејте“ -им говореле! “Слободни сте да живеете, ама не смеете да работите и да заработувате за живот “!

Ова драги мои го надминува Фашизмот и во историјата е познато како – Нацизам!

Ете така е денес со мене и моите соработници, драги мои егзекутори. Ми го одземате алатот за работа-режијата и работилницата-театарот и ми викате: “слободен си, оди и живеј слободно“!

И пак од почеток, прашувам?! Како да живееме во мир кога е сосема, ама сосема јасно дека од нашата земја правите тиранија на страв во која молчењето или егзилот ќе бидат единствениот избор на уметникот?

И пак?! Како ќе се помириме кога оние кои навистина го запалија Рајхстагот ќе бидат амнестирани и наградени а вината ќе биде фрлена на неколкумина мои колеги уметници кои ќе немаат ниту право на правда ниту право на глас?

Ама така почнува таа работа – со Уметниците а завршува со “Педерите“!

И со молчење!

И, знам дека во вој момент добриот Бертолд Брехт од високо го гледа овој “Eпски театар“ и ми вели: ти О Јани заборави на Постулатите!

Таман работа О Мајсторе, ги знам напамет:

“Да бидам храбар и да ја пишувам Вистината, иако таа се поттиснува насекаде.
Умот мора да ја препознае Вистината, иако таа ќе се прикрива насекаде.
Треба да бидам умен и Вистината да ја употребам како оружје и да ја дадам во рацете на тие што ќе знаат да го употребат.
И да бидам лукав за да ја проширам Вистината меѓу лукавите“!

Штом ви го кажувам ова, сосема е јасно дека не сум лукав! Но, вие О лукави, направете така како што рекол добриот Брехт, оти тој беше лукав.

Претпоставувајќи што ќе се случи, веднаш по доаѓањето на нацистите на власт во Германија Бертолд Брехт заедно со Макс Рајнхард заминува во Америка. Брехт во егзил ги напишал најдобрите пиеси. Рајнхарт во 1943 година умира во сиромаштија! Последно што знаеме за него е огласот во еден њујоршки весник дека “ефтино дава часови по актерство“. Брехт, се враќа во Источен, комунистички Берлин, во 1949 година. Таму го формира прославениот театар “Берлинер ансамбл“.

Сето останатото е историја на Убавото и Возвишеното.

Не грижете се, О драги мои мачители, иако сега панично го бркате, уплашени од тоа што се може да види во тапиите од вашето работење, еден ден ќе влезе “Ревизор“ и во вашата паланка! Е тогаш, како и секој друг лик од водвиљ смешно и невешто ќе се криете во сопствените пазуви, уплашени од историјата да не ве претстави од страната на Грдото и Ниското!

Иако ве има поприлично на број, О не грижете се, мене и да ме нема, секогаш ќе се најде некој Пушкин да ве смисли и некој Гогољ да ве запише. Ама се надевам и некој нов Нирнберг за да ви се суди за сето ова зло денес и целиот оној ужас што допрва ќе го направите! На сите! До еден. Од прв до последен! Е тогаш, ќе се помириме. Можеби?”

Зимски распуст и за наставниците, на работа ќе одат само служителите и другиот технички кадар?!

Министерството за образование и наука ги извести директорите на основните и средните училишта со донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2 до 11 јануари со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

„Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, во согласност со надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.1.2019 до 11.1.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците“, се вели во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.

Ова препорака, како што велат од Министерството, е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се објаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.

Денеска екстремно студено: Еве какво време не очекува во Прилеп до крајот на годината

Како што информираат од УХМР, денеска ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура и расчистување на воздухот.

Времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од снег.

Наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински и дневни температури.

Температурата во Прилеп денеска ќе се движи од -7 до 1 степен, во среда од -8 до 2 степени, а во четврток од -6 до 4 степени целзиусови.

Малку повисоки температури се очекуваат за петок и сабота, кога температурите ќе се движат од -5 до 7 степени.

Во недела од -4 до 5 степени, а нов влажен бран се очекува на последниот ден од годината, кога се очекуваат и врнежи од снег.

Македонци добиле преку 70.000 бугарски пасоши: Нелегално издадените ќе се одземаат

„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши“, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства

Ваквта инфорамција беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.

Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори“ кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

„Лесно можете да станете бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло.“ – вели сведокот за БТВ.

Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.

Извор: “Инфомакс.мк”

(Видео) Како се пакува камион за 3 минути кога интервенира руски пајак

Руската пајак служба е можеби една од најсуровите…

Еве како се пакува камионче во приколка за 3 минути.

Погледнете:

Секој би го посакал за свое милениче: Бамби е вистински убавец, а живее во прекрасното село Белица (Видео)

Живописното село Белица е едно од најубавите во кичевско. Природните убавини и богатата флора и фауна се како магнет за секој вљубеник во природата.

Кога живеете во едно вакво место не е чудно да имате и вакви слатки посетители.

На Фејсбук страната на селото е објавено видео на кое може да се види како едно срнче престојува во домот на едно беличко семејство.

Домаќинката го храни милото животно со мандарина, а тоа се кроти и изгледа како мало дете.

Погледнете ја оваа убавина:

Цела Македонија, власта, опозицијата, eстрадата и светските медиуми на нозе: Го нема папагалот на Марјан Стојановски – најурнебесното видео на “Фчерашни Новости”

Исчезна папагалот на пејачот Марјан Стојановски. Целата земја се крена на нозе! Власта, опозицијата, министри, градоначалници, целата естрада и сите домашни и странски медиуми.

Томе веќе три дена го нема, а од него ниту трага ниту глас.

Повеќе погледнете во најурнебесното видео досега на “Фчерашни Новости”:

“Додека прилепските социјалдемократи чекаат вработување: “За плата од 600 евра, ќерката на Невзат Бејта минатата недела се вработила во МЕПСО?!”

Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, е вработена во државната компанија МЕПСО, каде што добива плата од 36.500 денари, потврдиле оттаму за Фокус. Информацијата вчера на својот фејсбук профил ја објавил новинарот Зоран Божиновски, кој напишал дека Фиторе потпишала договор минатата недела.

Од петокот во МЕПСО како нов референт за јавни набавки е вработена Фиторе Бејта Акику, ќерка на Невзат Бејта, напишал тој.

Од МЕПСО велат дека Фиторе била избрана на огласот за вработување како најдобар кандидат. Од таму додаваат дека договорот за вработување бил склучен во четвртокот.

Извор: “Курир”

Горан Милевски распали по СДСМ на “Фејсбук”: Владата и мнозинството во коалицијата погрешија

(Фејсбук статус на пратеникот во Собранието и претседател на ЛДП, Горан Милевски)

“Собранието денес без поддршка од ЛДП ги усвои измените во даночниот систем со воведување на прогресивен данок но и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

Оваа политика беше најавена во програмата на Владата, но е спротивна на долгогодишните програмски залагања на ЛДП за рамен данок и пониски даночни стапки.

Заедно со бизнис заедницата, со претприемачите, со информатичарите, со уметниците, со лекарите, со професорите, со креативните творци во нашето општество укажувавме дека ова е погрешен чекор. Мнозинство во коалицијата денес направи грешка.

Ќе продолжиме да се бориме за нашите либерални постулати. Македонија мора да биде конкурентна, Македонија мора да стимулира креативност, Македонија мора да биде привлечна за странски инвестиции. Не смееме да дозволиме одлевање на капиталот и инвестициите од Македонија, особено во соседните земји кои нудат поконкурентни услови.

Ќе ги следиме економските показатели и веќе наредната година кога ќе се увиди дека денешниот чекор е непродуктивен, ќе инсистираме, Собранието да ја врати политиката на рамен данок и на ниски оданочувања”, напиша Милевски на Фејсбук.