дома блог страница 3267

Узбуна во НАТО! Министерството за финансии на Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија со Косово и Италија! Ова се нивните имиња

Албанија, членка на НАТО, случајно на интернет објави тајни податоци за своите најдобри разузнавачи и тоа: имиња, нините автомобили, регистерски таблици, броеви на лични карти и пасоши, детаљи за патувања, па дури и нивните секојдневни навики, пишува Индепендент, а пренесува српски Курир.

Сите овие информации се објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии.

Сега цел свет знае каде точно работат најдобрите албански тајни агенти и колку заработуваат.

ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надворешноизвестувачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.

Ова се агентите чии податоци ги има на веб страната на министерството: Фердинанд Нуку, Кујтим Прифти, Роберт Тучи, Нестор Бамбето, Астрит Кинани, Невзат Шеху, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Браја.

Извор: Independent

За прв пат во Прилеп! Утре во Домот на културата “Оперска гала вечер”

Утре, 25.12.2018, со почеток од 19:00 часот, во Домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи Новогодишен гала концерт.

Концертот е во организација на Здружението на оперски уметници “Операти” на кое претседател е нашиот сограѓанин, првенецот на Македонската опера и балет, Марјан Јованоски.

Покрај Јованоски, на концертот ќе настапат и останатите членови на здружението, меѓу кои: Младиот тенор од Прилеп, Илија Белистојаноски, сопранот Злата Тошевска, тенорот Никола Стојчевски и сопранот Гонца Богоромова – Краповски.

Како пијанисти – корепетитори на концертот ќе настапат маестро Иван Еминовиќ и Милан Јанкуловски.

Ова е прва Новогодишна оперска гала од ваков тип во Прилеп.

Ваков културен перформанс прилепчани заслужуваат да го видат и чујат.

Пожар во куќа на улица “Митко Цветаноски” во Прилеп

На 23.12.2018 година околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.

Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад.

Извршен е увид на местото на настанот.

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната Комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата која важи од полноќ.

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,13%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.

Детски перпетум мобиле: Пронајдокот кој ги куртулил мајките од товарот во раце

Детскиот лезет асли абер го снашло. Перпертум мобиле од најнов модел се роди за новородените. Доста време мајките раце искинале од држење бебиња.

Ги исфрлиле и количките со дрвени колца. И, кој како се снашол. Ама ова детско чудо ти било сефте, шик количка, дотогаш непробана, а само во “светот” видена.

На четири тркала, чиниш мини комбе, како мал пајтон, или мини автомобил на мајчин погон.

Така се раатисале од “товарот” и родителите, и бабите и дедовците, и стрините и вујковците, но и браќата и сестрите.

Па и комшиите. А децата ќефосани. Се лулаат, се нишаат и лесно ги фаќа дремка низ треперењето на тркалата по градските калдрми.

Низ џамчињата, ко од автомобил, ѕиркаат детските очиња. И тие да фрлат опул на градот.

Плачеле за в количка да бидат војвани, небаре во лимузина.

Извор: “ЗЕНИТ”

Сиријците конечно слават Божиќ: Низ улиците се слави и пее, животот во државата се враќа во нормала (Фото+Видео)

Граѓаните на Сирија, кои оваа година дочекаа големи територии од нивната земја конечно да бидат ослободени од исламистите, го прославуваат Божиќ, со надеж дека војната се ближи до крајот.

Пред неколку дена во центарот на Дамаск било поставено и најголемото Божиќно дрво во дравата. Голем број луѓе се собрале, многумина облечени во божиќни костими, пееле и играле.

Божиќната елка е 30 метри висока, а целта на прославата била конечно на овие простори да се прошири малку љубов и среќа за сите – пренесува “Раша Тудеј”.

Во текот на 2018 година, главниот град на Сирија беше ослободен од џихадистичките милитанти. Откако животот во државата се врати во нормала, прославите стануваат се пошарени, речиси исти какви што беа пред почетокот на војната.

Денеска повторно сончево и потопло, промена следува вечер

Температурите денеска во Македонија ќе се движат од -2 утринските до плус 11 дневните. Кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури

Денеска нова цена на горивата – еве што може да се очекува

Пред скоро две недели Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Денеска, напладне се очекува нова одлука, односно промена на цените на бензините.

При последната промена дизелот поевтини за 2,5 денари, а бензините за денар и половина. Со тоа, ЕУРОСУПЕР 95 започна да се продава за 61,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 за 63,5 денари за еден литар.

Дизелот се точи по 58.5 денари за еден литар. Денеска се очекува ново поевтинување, со оглед на тоа се намали цената на суровата нафта на светските берзи.

Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари. Тоа е скоро 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.

Eве колку пари дополнително треба да ви исплати работодавецот доколку работите за новогодишните или божиќните празници

Како и секоја година така и оваа веројатно многумина македонски граѓани ќе работат за време на новогодишните и божиќните празници, па токму поради тоа мораат да бидат информирани за своите права.

Иако досега во пракса ретко кога тоа сме го виделе, но работата за време на празници и викенди треба да биде дополнително платено од страна на работодавачот.

Според законот во Македонија доколку одговорните лица во приватниот или државниот сектор ги задолжат на работа своите вработени за време на државни празници како што се новогодишните и божиќните тие треба тоа да го пријават во Трудовата инспекција и да им исплатат празнична дневница на вработените, односно работникот има право на дополнителен надоместок на плата, но зголемена за 50%.

Доколку работодавачот не го испочитува законот и не го исплати овој надоместок или ги присили подоцна да го вратат, а при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека е направен ваков пропуст, тогаш следат големи казни во висина од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.

Не ги голтајте мастиките: Доктор открива што се случува со нив кога ќе влезат во нашиот дигестивен тракт

На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано загрижуваат.

Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.

-Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато.

Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.

Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.