дома блог страница 3252

Намирници кои помагаат полесно да се справите со мамурлакот

Дочекот на новата година, често знае да биде пропратена со неколку чашки од омилениот алкохол.

Оние што имаат мера, знаат кога да престанат со пиење, но за оние кои малку претерале, еве неколку совети како да се справите со главоболките и мачнините следното утро.

Иако нема да Ви се пие, потребно е уште од самото утро или подобро – уште од самата вечер, да внесете доволно количина на вода во организмот. Водата ја спречува мачнината и надуеноста и помага во одржување на хидратацијата која е важна кај консумирањето на алкохол.

Кога се борите со мамурлак, најдобро е да ги исфрлите сите токсини од телото од претходната вечер. Консумирајте свежо цедени сокови кои ќе Ви дадат енергија во текот на целиот ден и ќе ги спречат сите симптоми кои настануваат следното утро. Сокот од лимон и портокал помагаат да се чувствувате свежо, додека пак сокот од боровница и брусница му помагаат на телото побрзо да ги исфрли сите токсини од алкохолот.

Понекогаш е тешко да станете од кревет и да појадувате доколку сте мамурни, па затоа е најдобро да изедете банана која покрај тоа што ќе Ве засити, нејзината хранлива вредност ќе Ви ја врати енергијата.

Покрај овошјето можете да јадете и зеленчук, како на пример краставица која содржи многу вода.

Доколку се работи за сериозен мамурлак, тогаш е најверојатно дека нема да станете од кревет цел ден. Иако нема да имате апетит, најдобро е да не ги прескокнувате оброците, бидејќи на тој начин ќе Ви биде уште потешко да го излечите мамурлакот. Збогатете го ручекот со интегрален ориз кој е богат со витамин Б, за да се чувствувате подобро. Во текот на денот имајте помали оброци, но јадете почесто за да не го оптоварите желудникот. Можете да конзумирате бадеми или ореви кои се богати со протеини и витамин Е.

(Видео) Еве како беше дочекана Новата година во светските метрополи

Седум и пол милијарди луѓе ширум светот ја дочекаа Новата година со огномет и славје, но и со посебни мерки за безбедност.
Во 2019 година први влегоа жителите на островите Самоа и Кирибати.

Свечено беше и во Окланд, првиот поголем град на светот кој влегува во Новата година. Повеќе десетина илјади луѓе се собраа околу Скај тауер каде беше приреден огнометот.

Голем број жители на Њујорк и странски гости со часови му пркосеа на ладното време и дождот. На посетителите им беа делени големи шарени шешири додека се спушташе шарената кугла, а испукани беа дури 900 килограми конфети.

Во Лондон Новата година се дочека со отчукување на часовникот Биг Бен додека огнометот беше приреден кај Лондонското око на јужниот брег на реката Темза.

Во Париз повеќе од стотина илјади лица се собраа на Елисејските полиња, додека во Берлин имаше огромна улична забава.

Со огномет и визуелен спектакл на Бурџ Калифа, свечено беше дочекана Новата година во Дубаи.

Околу милион луѓе се собраа на преполното пристаниште во Сиднеј, веќе традиционално, за да уживаат во спектакуларниот огномет. Искористени беа 8.5 тони огномет и повеќе од 100.00 пиротехнички средства.

Шилегов исвиркан за Нова година на плоштадот Македонија? (ВИДЕО)

 

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на преминот од старата во новата година доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот Македонија беше жестоко исвиркан од гостите на новогодишната прослава на градот Скопје, објави порталот Експрес.

-Шилегов кој на една минута пред нова година го зеде микрофонот од пејачот на Парни Ваљак Аки Рахимовски и почна да зборува, доби свирежи и погрдни извици од кои најголем дел не се прикладни да се споменат овде, пишува порталот.

Свирежите продолжија и откако Шилегов по огнометот повторно го зеде микрофонот но вториот пат беше многу краток и само ја честиташе новата година на присутните.

ВИДЕО: ЕКСПРЕС.MK

Годината ќе ни биде бериќетна: Првото бебе во Прилеп е женско

Андријана Кедиоска од Прилеп е мајката на првото родено бебе во Прилеп во новата 2019 година. Бебето ќе се вика Ива. Ова е нејзино второ бебе. Бебето е родено во 00.05 часот, тешко е 4 кг. Општина Прилеп на бебето му подари штедна книшка со 15.000 денари – објави порталот “ИнфоКомпас”.

Majката Кедиоска изјави дека е пресреќна и дека е презадоволна од целиот тим на болницата. Поубав подарок за Новата година не можев да добијам – вели таа.

ФОТО: www.infokompas.com.mk

Очекувајте снег и ниски температури: Објавена дателана временска прогноза – каде ќе биде најстудено

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 3 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 3, Крива Паланка 2, Кавадарци 5, Прилеп 2, Берово 1, Дојран 7 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -4 во Маврово, 3 во Скопје и Охрид до 9 степени во Дојран.

Прогнозата за четврток и петок е студено време со врнежи од снег и засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -6 до 1 степен.

Првото новороденче во 2019 година е машко

Првото бебе во Македонија во 2019-та година се роди една минута по полноќ.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, утрово во 00:01 се роди првото бебе во 2019 година.

Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 940 грама и е долго 52 сантиметри.

Македонска песна на годината: Композиција без која не може да се замисли ниту една прослава (Видео)

Влатко Миладоноски од Кичево на овогодинешното издание на “Гоце Фест” ja освои првата награда од публиката “Војо Стојановски” со неговата композиција „Велат не нема“, како и уште две награди:

Песната е исполнета со патриотски чувства и веднаш влегува во глава.

Автор на музиката е Тоде Новачески, текстот на Крсте Наумовски, а аранжманот на Златко Миладиноски.

Откако песната излезе во етер, без истата не може да помине ниту една прослава. Па, токму затоа ова е нашиот предлог кој ќе ви ја збогати со расположение Новогодишната ноќ.

Во продолжение уживајте во оваа прекрасна композиција:

Неодамна Миладиновски песната ја изведе и во Пазар или на грчки Јаница, каде се одржа традиционално оро и дружење на нашинците.

Maркукуле спортисти на годината: Сестрите Маријана и Мишела Димоски заедно со Киријана Камческа се гордост на Прилеп за 2018 година (Фото)

Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа од Прилеп во оваа 2018 година станаа репрезентативки на Австралија и ги продолжија успесите на меѓународно ниво.

За нив ова беше исклучително успешна година со многу медали и успешни настапи на секое натпреварување.

Најпрво во месец февруари за репрезентативки беа повикани Маријана и Мишела кои беа избрани од Карате Федерацијата на Австралија да ја претставуваат државата на Карате Шампионатот Океанија 2018, кое се одржа од 18-20 мај оваа година во Окланд Нов Зеланд.

Сестрите беа избрани во два ранга на натпреварување:

-У21 женски ката тим

-Женски сениори ката

Од Карате Федерацијата на Австралија во писмото упатено до сестрите Димоски пишуваше дека со претставувањето на државата тие ќе бидат амбасадори на Австралија и нивниoт настап ќе овозможи Австралија да биде конкурентна на натпреварувањето.

Пред да започнат да ги бранат боите на Австралија, сестрите заедно со Киријана, настапија за Македонија на Балканскиот карате шампионат за сениори кој се одржа на 24 и 25 март во Истанбул.

Таму го освоија златото во ката тим, а на натпреварувањето настапија 314 каратисти од 11 земји.

Подоцна во Мишела и Маријана решаваа во меѓусебно финале на Државното првенство на Западна Австралија, кое се одржа на почетокот од април месец.

Мишела беше прва во У-21 и прва во сениорки, додека Маријана втора.

Следуваше Аустралија Опен 2018, каде сведоци бевме на две меѓусебни финалиња

Во јуниорска конкуренција Маријана беше прва, а Мишела втора, додека во сениорска конкуренција улогите ги заменија.

Во месец мај сестрите близначки добија и стипендии од Институтот за спорт на Австралија.

“Стипендијата се состои во помош од експерти за спорт и доктори специјалисти за спортска медицина и перформанси, конидциони, психолошка подготовка нутриционизам и друга грижа на врвни спортски експерти, вклучувајќи и лични советници за каквибило прашања поврзани со напредок на стипендистите, како и комплетна спортска опрема“, изјави тогаш нивниот тренер и татко Златко Димоски за “Ипон”.

Во мај следуваше споменатото првенството на Океанија, каде Маријана и Мишела се закитија со нови четири медали.

Тие освоија бронзи во сениорка конкуренција во кати и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21, исто така во кати.

Во месец август сестрите станаа јуниорски и сениорски шампиони на Австралија. На националното превнство на Австралија за сениори, Маријана Димоска беше подобра во кати, во финалето против нејзината сестра Мишела.

Тогаш во Австралија стигна и третиот член на ката тимот, Киријана Камческа, која е светски вице шампион и бронзен на Европското првенство, а многу пати балкански јуниорски и сениорски шампиони.

Успесите неминовно продолжија и со засилувањето во тимот, па така Ката тимот на Австралија во чиј состав се трите прилепчанки стигна до бронзениот медал на К1 Премиер Лигата 2018 за сениори во Шангај, натпреварување кое се одржа на почетокот од декември.

Девојките забележаа победа против Италија и тесен пораз за финале против Шпанија, а во мечот за трето место буквало го прегазија тимот на Грција со 5:0.

(Фото) Временска прогноза за цел јануари

Навлегуваме во една нова календарска година и нов месец.

Првите денови од новата година, не очекуваат претежно ниски, вистински зимски температури. Дневните температури се очекуваат да бидат минусни.

Температури во плус, се очекуваат од средината на месецот јануари.

Според метеоролозите овој месец не се очекува врнежи од снег.

Еве ја деталната временска прогноза според AccuWether:

Сите легенди за Дедо Мраз

Многу легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која Свети Никола пред Божик на децата им дели подароци. Современото секуларно сфаќање на Дедо Мраз се развило во втората половина на 19 век.

Ликот на старец со бела брада и црвен плашт го замислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).

Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да го поттикнат воениот морал и патриотизмот.

Ликот на божикниот волшебник со бела брада Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година среде американската граѓанска војна.

Подоцна, Наст направил повеќе илустрации за Дедо Мраз и тие почнале да стануваат дел од општата култура.

Но, Дедо Мраз кој денес го знаеме потекнал од реклами. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока-Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка компанија каде го промовирала ликот на Дедо Мраз во човечка големина кој и денес е препознатлив.

Иако само како заштитен знак на една од првите големи маркетиншки компании, Дедо Мраз од јунак на Кока Кола постери, станал глобален феномен.

Меѓутоа, во некои средини, пред се во тие земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен бидејќи претставува симбол на христијанската културна доминација.

За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално, тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божик Бата и слично.

Неговото име често е поврзано со Божикот, но уште почесто со Свети Никола, што е инаку религиозен празник кој претходи на новогодишната веселба.

Името Дедо Мраз, кое се користи кај нас, инаку е југословенски производ. Замислено е така да не фаворизира ниедна религиозна варијанта во поранешната заедничка држава на народите на Западен Балкан.