дома блог страница 3253

Прилепчанецот кој во 2018 година го оствари својот сон и со свои раце создаде теренски ѕвер (Фото)

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Пасијата на Игор Трајкоски

Моќната машина предизвикува возбуда не само да се создаде, туку да се ужива во нејзината сила при совладувањето на дивината

Триесети и осум годишниот Игор Трајковски го претвори сонот во јаве со својата глава, вештите раце, трпеливоста и со мала поддршка на мајстори за механика и автоелектрика. Авантуристичкиотм дух да се допре недопреното, да се мерат силите со природата, да се трага по недостижното, го натера младиот човек во потрага до неможното за македонски прилики.

За својата душа и пасија фантазирана од детството, креира теренско возило, Змота. Тоа е новосоздаден моќен теренец, џип, за совладување на тешки препрерки на нагорнини, камења на надолните.

Комбинацијата на машината и шасијата уриваат снежни наноси, излегуваат од длабока кал, совладуваат некскротливи води, бијат мегдан со моќта на карпите во планината.

Едноставно, Трајковски создаде џин од џип со погон на сите четири тркала, налик на вселенско возило, кому му недостигаат уште крила да лета за да ја предизвикува природата.

Сопственикот има амбиции да учествува на македонски и на балкански релиа на теренци. Возилото ги дава предвидените ефекти и ги задоволува перформансите на категоријата и во зимски услови во ноќен амбиент.

Речиси секој викенд дваесетина членови на клубот OFF road Prilep се дружат, уживајќи во возбудата на снагата на машините на непристапните терени во околината на градот.

Главнината на теренецот е креирана според шеми од интернет чија изработка се вршела во неговата работилница, Игопер. Нема вградено инженерски ум како за новите модели на возила.

Сосема сам, со инвенција и желба, произведен е џип на кој му застанува здивот не само на прилепчани или граѓаните на земјава, туку предизвикува восхит и кај неговите колеги од клубот Off road Prilep. Авантуристичкиот карактер го дизајнира џипот до совршенство во неговата класа.

Станува збор за дел од кабина на БМВ 735 со бензински мотор од 3500 кубни сантиметри со снага од 211 коњски сили и менувачот од БМВ.

Има туѓ редуктор, најиздржлив пренос, кардани и подвозјето од Нисан Патрол. Адаптиран е со најквалитетни специјални германски амортизери кои се прилагодуваат според конфигурацијата на теренот.

Ако предното тркало е високо, амортизерот се спушта, а ако задното е високо, автоматски се прилагодува, 4 линк. Без соодветни специјални гуми, и на силниот теренец не ќе му оди добро низ брда и ридови. Затоа е опремен со најквалитетни гуми и бандаши.

Односно, сите делови се најквалитетни да се спречат потенцијални дефекти. Ентериерот на внатрешноста е небаре луксузен двосед од БМВ, со удобни седишта и елегантна прегледна табла.

На дофат се редукторите и останатата опрема за теренец од Змота ранг. Опремен е со две макари за влечење, една хидроулична и една електрична. Регистриран е како БМВ.

Надворешната метална конструкција е креирана да ги задоволи безбедносните предизвици. Возачот и совозачот се сосема заштитени од непредвидливи последици.

Тешко може да се преврти, а и ако се случи тоа, екипажот ќе остане неповреден, доколку џипот се истркала на покривот или странично неколкупати.

-Секогаш сум бил загреан. Првин е потребна волја, да те влече, да те трга нешто од внатре, да се направи современ теренец.

И пари, секако. Макар што не е сé во парите. Некогаш задоволството не се плаќа со пари. Ќеф. Мојата зараза веќе му ја пренесов на мојот син, иако е мал.

Или како што ми велат, ако сакаш синот да не биде наркоман, купи му возило Off road и никогаш нема да има пари за дрога.

И на брат ми му влезе чивијата. Тој првин ме осудуваше, но се ,,крастоса,, веќе неколку години. ,,Запален,, е до таа мера што за неколк години смени три теренци. При подготовката гледавме од интернет, но браварските работи ми се занает и го исползував искуството.

Инаку, Змотата ја направив за три месеца од две возила. Задоволен сум. Очекуваното го постигнав. Тоа што го барав за адреналин, го имам на располагање – потенцира Трајковски.

Тој учествувал на трките со претходното возило Нисан Патрол во Кичево, Охрид… Сега е комплетно опремен за балкански трки. И тука не стивнуваат аспирациите. Понатаму мечтае да создаде возило, полесно, но со помоќен агрегат, што е најбитно.

Пасијата кон теренските возила првин ја тестирал со Лада Нива. Од оштетен, создал пристоен џип. Страста кон теренците ја изразил со втора Нива, која ја дотерал и прилагодил според можностите. Пред Змотата, уживал во Нисан.

Извор: “Неделник Зенит”

Автомобил утрово излетал од патот Битола – Прилеп

Денеска (31.12.) околу 06,45 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, помеѓу село Тополчани и село Алинци К.Ј.(23) од село Секирци, управувајќи патничко моторно возило „Сеад Ибица“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот и починал на местото на настанот. Извршен е увид. Се работи на расчистување на случајот.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Има 92 години, никогаш не посетил лекар и 30 години им помага на луѓето и ги лекува со збор

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Ако патот низ Прилеп не води кон улица ,,Крушевска,,, на самиот влез оддесно, сигурно прв лик што ќе го сретнеме е Трајче Јованоски, седнат на каменот пред својата порта.

Мало човече, со наочари. Многу жилаво, вредно и здраво. Има 92 години и не се жали од ништо.

Како да не постојат болести за него. Болестите како да се измислени за други. Во 21 век лесно е да најдеш болен човек, а со фенер да бараш како нашиов јунак завлезен во десеттата деценија од животот.

-Болен никогаш не сум бил . Не сум бил на доктор никогаш од раѓање. Сите на доктор одат, само јас – не. Немам потреба. Пред многу години бев еднаш-двапати за наочари да земам упат. Требаше нешто да снимам: крв, незнам што беше. Ми дадоа апче, го испив и стомак ме скина. Го исфрлив цело пакетче и продолжив по старо. Ни апче ми треба, ни доктор – вели Трајче.

Трајче на годините не бара доктор и помош, тој нуди помош за разните неволи што ги снаоѓаат луѓето. Може да се нарече исцелување, совети или баење, сеедно.

Вaжно дека може, сака и помага, а луѓето ја потврдуваат ползата. Пробале сешто, биле секаде и не нашле лек. Така решиле да пробаат кај добриот човек, Трајче. Секогаш со насмевка, никого не одбива и секого срдечно го прима.

-Сé живо лекувам, жени, мажи, деца, добиток – сé. Почнав со лекувањево откако ми умре жената пред повеќе од 30 години. На сон ми дојде план за баење, за лекување, како да ми дојде како некоја потреба да им помагам на луѓето. Еден сон и почнав да баам, да помагам. Од наредниот ден таа сила се виде дека дава чаре – смета стариот лекувач.

Така над 30 години, до ден-денешен. Доаѓаат по чаре во неговиот дом од секаде речиси секој ден. Разни случаи има, болести, стравови. Им бае, им кажува што да направат и чудо – поминува.

Досега се нашло чаре за многумина. Секого прибира, за секаква мака има илач. Како делува лекот не може да опише. Официјалната медицина работи со нешто конкретно и видливо, материјално, апчиња, вакцини, ножеви. А овде? Ништо не се гледа, нешто невидливо дејствува. Некаква чудна енергија – добрина.

-Разни луѓе – разни табиети и разни маки. Неженети доаѓаат да се женат, немажени за да се мажат. Им баам на сите да успеат. Има со постојани караници во бракот.

По баењето, ако се за оставање, ќе се остават, ако се за земање – ќе се земат. Најважно што ќе се смират кавгите. Нема да биде како дотогаш – раскажува Јованоски.

Лек за овој човек е зборот. Користи масло, вода, брашно, киселина, сол… Но, најважни се советите. Тоа што ќе им го каже на несреќните луѓе, само тоа може да им помогне. Сите го слушаат со верба.

Таа во него, во себе и во Господа била најважна да ,,фати,, лекот. Само ако човек верува дека може да оздрави, само тогаш може да се излечи. Вербата е најважна.

-Доаѓаат оние кои страдаат од уплав од коли, од тепачки, од темнина. Им баам со брашно. Ч ести се жените без пород. Идат невести дури од Кичево, само деца да имаат.

Им баам и имало чаре. А, немале деца по 10, 15, 20 години. И на жената и баам, и на мажот. Кој да дојди му баам за да успее, да имаат деца – порачува Трајче.

Посетата на луѓето е добредојдена за Трајче, кој живее сам во старата куќа. Така е повеќе од 30 години, по умирањето на сопругата од Долнени.

Вели дека умрела млада од инфаркт, на 60 години, само за три дена на болница. Убаво и сложно го врвел животот. Без неа стегнал заби и нема предавање. Сам живее. Не му е тешко да готви и пере.

-Баш денеска перев две кебиња на раце и кладов да се сушат. Машината се расипа и не ја поправив. Кога можам сам, што ќе ми е машина. Секој ден пијам ракија или пиво.

По чаша-две, кога како. Си знам колку ми треба и никогаш не сум бил пијан. Да се опијам – никако. За јадење си готвам, си купувам конзерви, паштети. Некогаш грав си варам, компири со месо.

Што ми сака душата, тоа готвам. Готвам разни јадења. Јадам трипати дневно. На ден цел леб и пак не сум здебелен. Слаб сум од дете и таков останав. Не сум сакал да бидам дебел и така терам досега – прикажува Трајче.

Роден во Ореовец, 1926 година, а во Прилеп дошол 1938, пред војната. Завршил четири одделенија. Учел на српски во Кралството Југославија. Во градов научил занает за ковач.

Потоа заминува во војска при крајот од Втората светска војна. Германците уште давале отпор на Сремскиот фронт во 1945 година, а партизаните се собирале од цела Југославија да ја одбранат земјата. Меѓу бранителите бил и Трајче.

-Бев во 42-та дивизија. Гранати паѓаа и една цврста грутка што се исфрли ме удри в нога. Десет дена лежев на болница во Љубљана. Помина, Господ ме сакал. – се присетува

По војската работел во Мермерен комбинат, ЗИК, по лозјето, во државни фирми. Потоа се зафатил со тутун и со крави. На дете од село не му била тешка работата во полето или со 15-16 крави. Бил неразделен секој ден, и зиме и лето.

-Ги водев на пасење до Баба Планина над Езерото. Имав таму имот. Сабајлето тргнував, вечерта си идев. Околу четири километри е патот. Одев со маска и шпедитер. Не ми беше тешко.

И сега да имам потреба, ќе појдам. Сега одам до чаршија, до пошта, до касарната, каде што имам потреба да свршам некоја работа – неуморен е Трајче.

Среќен е што има три ќерки. Две се мажени во Прилеп, третата е во Струга. Често ги посетува. И тие доаѓаат кај него со внуците. Големо семејство создал.

Иако е сам, не се чувствува осамен, ами како дел од тоа големо семејство. Трајче е скромен. Не бара многу материјални нешта од животот. Зема пензија скромна и не се жали.

-Не е голема, ама доволна. Не ми треба многу. Имам телевизија и радио. Гледам вести, слушам песни. Што ќе кажат – тоа. Друга разонода немам и не сум имал никогаш.

Некои оделе по фудбали, комари и такви работи – јас не. Си ја гледав работата и тоа ме интересираше најмногу -објаснува стариот сограѓанин.

Со Трајче ќе разговараме долго, но дојде млада мајка со дете в раце. Замоли за помош. Трајче рипна од каменот на кој седеше како да се ,,пердув,, 92 години на неговите плеќи. Тргна да бара ново чаре.

Еден на светов е главен

Муабетите за болестите и здравјето немаат крај. Зошто млади се разболуваат, а стари немаат гајле? Има ли некакви неоткриени тајни тука? Можеби вечно ќе останат мистерии?

– Тоа е од Господа. Тој е главен и над сите. Од Него посилен нема – вели Трајче.

Го видов Тито

-Војска служев 38 месеци. Од Прилеп ме преместија во Битола, потоа на Сремски фронт, Корчула на Јадранско Море, Љубљана, Блед. На Бледско Езеро го видов Тито одблиску.

Беше на посета околу проблемот со Трст со Италија. За малку се избегна војна. Тогаш го дадоа Трст да има мир. Оти при сила нема правдина.

Извор: “Неделник Зенит”

Предупредувања кои ви ги испраќа телото, а можат да ви го спасат животот

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар.

За жал, кога ќе сфатите дека имате срцев напад, може веќе да биде доцна да се спречи смрт или трајно оштетување на срцето.

Непријатно чувство во градниот кош

Кај поголемиот дел од случаите на срцев удар, нападот започнува со непријатно чувство во градниот кош и истото трае малку подолго од неколку секунди или се повторува неколку пати. Пациентите чувствуваат голем притисок и болка.

Непријатно чувство во горниот дел од телото

Симптомите можат да вклучуваат болка и непријатно чувство и во едната или кај двете раце, грбот, вратот, вилицата и желудникот. Болката во грбот и во вилицата почесто се јавуваат кај жените.

Задишаност

Овој симптом може да се појави самостојно или да биде надополнување на гореспоменатите симптоми, а станува збор за појава почеста кај припадничките на понежниот пол.

Вртоглавица и мачнина

Жените често имаат неспецифични симптоми, проследени со необјаснив умор.

Новата година пристигна во Австралија: Небото над Сиднеј го обои спектакуларен огномет (Видео)

Австралија ја дочека Новата година , која прва пристигна на островите во Тихиот Океан, на Карибати , Самоа и Фиџи. Австралијанците овој дочек ќе го паметат и по силните дождови и невремето , кое ја зафати земјата на неколку часа пред дочекот на 2019.

Илјадници се собраа на спектаклот во Сиднеј , каде традиционално од мостот во пристаништето беше испукан прекрасен огномет.

Во прашање било доведено дури и организирањето на аспектакуларниот огномет во Сиднеј , кој бил зафатен од силно невреме со молњи и грмотевици.

Казните се огромни – денеска е последен ден, проверете ги сметките

Работодавците од приватниот сектор имаат уште само еден ден, понеделник, за да им исплатат К-15 на своите вработени и да избегнат казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа. Законодавецот предвидел и казна затвор од една година за газдите кои ќе поделат К-15, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.

Вакви казни се предвидени за работодавците кои на секој вработен кој кај нив работел најмалку шест месеци непрекинато во текот на оваа календарска година до Нова година нема да му исплатат најмалку 9.610 денари како регрес за годишен одмор. Тоа е 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци. Максималната сума за К-15 утврдена со закон и со Колективен договор е пресметана на истиот начин, но од бруто-платата и изнесува 14.190 денари. Но, од пред две години, Колективниот договор дава можност работодавците со претходна согласност од работниците да исплатат и помалку од законски утврдениот минимум, ако фирмата има финансиски проблеми.

Ни доаѓаат сибирски температури: Што не чека за новогодишната ноќ и во наредните денови

На последниот ден од оваа година ќе имаме повеќе облаци, а ќе има и повремени послаби локални врнежи претежно од снег, иако на некои од пониските места има услови за дожд и снег. Ќе започне да дува и умерен, на моменти засилен ветер од северен правец, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава – пишува познатиот македонски метеоролог Славчо Поповски.

За време на новогодишната ноќ локално ќе има слаби врнежи од снег додека температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -5 до 1 степен.

Сибирски бран нашата држава ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.

Maкедонскиот борец Алекс Велики гази! Шеста победа по ред по само 4 минути борба (Видео)

Борецот роден во Австралија кој има македонско потекло и е гордост на сите наши иселеници на седмиот континент, Алекс Велики Волкановски дојде до шестата победа по ред во најпрестижната ултимејт фајт-серија (УФЦ), откако во епизодата 232 го совлада Чад Мендес по четири минути од борбата со технички нокаут.

Ова беше дуел од перолесна категорија, по кој Алекс се етаблира меѓу најсериозните кандидати дури и за борба за шампионскиот појас. Битката беше жестока и двајцата борци имаа свои шанси, но Волкановски прв дојде до можност за финиширање и успеа во тоа.

„Само сакав да победам и да се искаќам на ранг-листата борци во мојата категорија. Ова беше борба што ја посакував иако бев свесен дека Мендес е најтешкиот противник во мојата дивизија. Тој е фантастичен, но јас сум Александар Велики и никој не ми може ништо“, изјави Волкановски по дуелот.

Македонецот од Австралија, кој синоќа заработи дополнителни 50.000 долари по изборот за најдобра борба на вечерта на УФЦ 232, сега има скор од 19 победи и еден пораз во мешани боречки вештини (ММА), односно ова беше негов 16-ти триумф по ред.

“Инфомакс.мк”

Писмото кое Јане Ченто го испрати до неговиот син за Нова година: “Tи си Ченто, а Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини”

„Писмото за среќна нова 2019 година од Јане Ченто до неговиот син Методиј Ченто испратен преку неговиот адвокат, морав да го споделам со Вас драги и искрени поддржувачи на Јане Ченто, бидејќи солзи ми дојдоа додека го читав.“ – напиша Јасмина, сестра на Јане Ченто.

Мил мој сине Методиј,
втора година како ќе ја дочекаш без твојот татко да биде покрај тебе и да се радува на дочек на новата година.

Сега си мал и нема да можеш да го сфатиш сето ова што ми се случува мене и на нашата фамилија, но кога ќе пораснеш ќе сфатиш која жртва ја дал твојот татко, а то е за да го зачува достоинството и честа на нашата фамилија.

Знам дека и ти и јас имаме голема празнина поради тоа што долго време не сме еден покрај друг, и премногу ми недостасуваш, но цената која треба да ја платам за нашето име и презиме е таа што ми се случува овие изминати 13-14 месеци.

Ти ќе растеш со високо дигната глава дека твојот татко се борел за Македонија во судбоносни моменти и дека не попуштил пред никого и по цена да бидеме разделени.

Кога ќе пораснеш ќе сфатиш што всушност значи оваа цена, на улица твоите другари нема да викаат дека потекнуваш од фамилија на кодоши, туку од фамилија на чесни и достоинствени предци, бидејќи нас во крвта ни тече тоа, да се бориме за правда.

Знам дека ти недостасувам многу и ти мене и знам дека никогаш нема да го вратам времето и да гледам како мојот син расте без својот татко, но тука е твојата мајка која ќе те воспита како што треба, да бидеш чесен, достоинствен и праведлив.

Не знам уште колку време ќе не држат разделени, но запомни дека татко ти еден ден ќе се врати дома со високо крената глава.

Идеалите по кои оделе нашите предци барале жртви.

Таа жртва што ја давам денес јас е за твое и твоите врсници подобро утро, борба во која ќе докажам дека вреди да се бориш за вредности и правда, а не да бидеш кукавица и да го избереш полесниот пат и да направиш предавство.

Сега тоа го нема, но нека ние бидеме последните жртви кои ќе ја платат цената за оваа држава кој е стекната со многу крв и труд на нашите претци.

Ти носиш славно име и презиме, дадено ти е по твојот прапрадедо Методија Андонов Ченто и секогаш ќе бидеш горд што сум те крстил Методиј Ченто во тоа сум уверен.

Многу луѓе сакаат да ја запрат директната крвна линија на Ченто, бидејќи сеуште им е страв од македонскиот народ кој го воскресна Ченто и неговата идеологија.

Тој беше невино осуден и одлежа долго време во затвор но правдата стигна еден ден и беше рехабилитиран и ослободен од сите обвиненија.

После толку време таа среќа или несреќа дојде на мои плеќи, да го понесам товарот на тоа, за мене свето презиме и таа света борба за Македонија.

Јас застанав на браникот на татковината кога беше потребно, но исто како и на Ченто ми е конструирано обвинение за тероризам.

Еден ден, без разлика како ќе заврши овој судски процес ти ветувам дека ќе се вратам и ќе го надополниме изгубеното време и сета љубов што требаше да ти ја дадам како татко додека беше мал а јас не бев покрај тебе.

Едниствено сум среќен во овие тешки моменти што знам дека твојата мајка е херој и ќе те одведе на вистинскиот пат бидејќи знам дека ќе те гледа како зеница во окото и дека ќе те воспита со сите морални вредности.

Извини што сега не можам да бидам покрај тебе ни на слава, прослави, нова година, родендени и слично, но…..
еден ден сине, еден ден ќе бидам покрај тебе.

Среќна нова 2019 година мил мој синко и се надевам дека за брзо ќе бидам покрај тебе и да бидеш јунак голем кога ќе пораснеш, бидејќи ти си Ченто, а Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини.

Те сака твојот татко
Јане Ченто

Прилепчанецот кој за 100 денари му “лапна” на “Моцарт” 40.000 евра

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Фото: sportmedia.mk

Прилепчанецот Владимир Ристески кон крајот на јануари оваа година стана милионер. Тој беше добитник на неверојатни 2.567.111 денари.

Владимир тогаш погоди тикет со 20 парови, а среќата му донесе 40.000 евра.

Кој игра, тој има шасни да добие. Ова е мотото на Владимир Ристески од Прилеп, барем кога се работи за играњето во обложувалница, објави тогаш порталот “Спорт Медиа“.

„Пред два месеци бркав да го добијам џипот кој го даваа во „Моцарт“, но не успеав. Сепак сега со оваа добивка ќе има пари и за џип. Во „Моцарт“ е одлично тоа што има големи бонуси. На тикетот бонусот беше 150 отсто, па затоа само од бонусот добив 1,7 милиони денари. Ова е најголемата добивка која ја имам освоено. Претходно најмногу имам фатено 60.000 денари. Продолжувам да играм во „Моцарт“ и се надевам на нови добивки“, вели Владимир, кој на крајот им порача на сите да играат во „Моцарт“, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се насмее среќата, бидејќи старото правило вели дека „Тој што игра – добива, тој што не игра не може да добие“, изјави тогаш Владимир за “Спорт Медиа“, а неговиот подвиг беше вреден за нас да го пренесеме уште еднаш, во последните мигови од годината која изминува.