дома блог страница 3251

Денеска е Св.Игнат – каков ќе ви биде овој ден, таква ќе ви биде целата годината

Денес именден празнуваат Игнат, Иго, Игнатка

енеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија.

Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше.

Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.

Му ја зеде свеста! Диего Коста прави глупости насекаде – она што му го направи на својот брат ќе го памети додека е жив (Видео)

Диего Коста е познат по својот тврд карактер, кој го покажува на теренот, но со последниот потег се надмина себеси.

Коста на својот брат му стави неколку петарди во тенџере на креветот, каде што спиеше и ептен го исплаши.

Братот на напаѓачот на Атлетико Мадрид скокна од кревет и беше збунет што се случува, а Диего „прсна“ од смеење.

Прекрасно! Црковниот хор на децата од Велгошти ја пеат песната „Вечниот Бог“ со изведба каква досега не сте виделе (Видео)

Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од село Велгошти Охрид. Спотот е снимен во село Велгошти по повод бадниковата манифестација „Бадникови поворки“

Во описот на видеото стои благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти, до општина Охрид и посебна благодарност до покојниот градоначалник на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски.

Видеото, монтажата и режијата за видеото се дело на Љушев Томе и Љушев Кристијан.

Аранжманот е дело на Кристина Шокароска, тон мајстор: Александар Јосифовски.

Познатиот камионџија направи потег кој ги воодушеви сите (Видео)

Дарко Јефремов, се облече како Дедо Мраз и им делеше пакетчиња на случајни минувачи, деца, старци, бе3домници во Скопје.

Македонецот кој работи како камионџија во Америка, на јавноста ѝ стана познат откако преку видео на социјалните мрежи ги исмеа Сергеј Варошлија и Зоки Фаци. Тој за празниците е во Скопје, а неговото последно видео е тоа кајшто ги дели пакетчиња. Неговите следбеници го пофалија за хуманоста но и за идејата на непознати луѓе да им ги разубави празниците.

Tвит на денот: “Пронајдена мечката од Уставот?”

Tвит на денот во првиот ден од Новата година. Твитерџиите прават сеир со скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

(Видео) Луѓето веруваат дека огнениот столб на небото во Индонезија го најави “крајот на светот”

Шокантно видео од огнен столб кој исченува во воздух беше снимено на индонезискиот остров Сулавез.

Причината за овој феномен сеуште не е откриена, што ги наведе теоретичарите на заговор да го поврза ова со некакви библиски пророштва.

“Библијата вели дека ќе видиме необични знаци на небото. Не претпоставуваме дека тоа ќе го направи човек”, вели еден од нив.

Aлбанија ги забрани казината и кладилниците и воведе по 3000 евра за прво дете, 6000 за второ и 9000 за трето

Од денеска во Албанија стапуваат во сила важни одлуки кои не наишле на одобрување кај поголемиот број граѓани.

Во Албанија од денеска повеќе нема да има обложувалници и казина, затоа што нивната работа ќе биде забранета со закон.

Од Министерството за внатрешни работи на оваа држава изјавија дека секое казино или обложувалница кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцели со канабис.

Втората одлука која од Нова година ќе важи во Албанија е тоа што претпријатијата со годишен промет од осум до четиринаесет милиони евра, ќе плаќаат три пати поголем данок отколку досега.

Одклуката која била прифатена од граѓаните е намалувањето на школарината на половина, што е последица на студентските протести во државата.

Исто така од денеска Владата на Албанија ќе плаќа по 400.000 леки (3000 евра) за прво родено дете, 800.000 за второ (6000 евра) и дури милион и 200.000 леки за трето дете (9000 евра).

(Видео) Снимаше документарец за поларни мечки, но погледнете што се случи

Гордон Букенен, шкотскиот вљубеник во природата и дивите животни оствари контакт со поларна мечка, и тоа поблизок од што можеше да замисли.

Имено, додека ја снимаше, забележа како му се приближува, па поради заштита влезе во објектот кој има специјална намена.

“Тие имаа значително подобар мирис од нас. Сега стои и собира информации на чија основа ќе донесе одлука дали да се приближи”, објаснуваше Букенен само неколку моменти пред мечката да започне да се качува на кафезот и да удира по него.

Рама: “Ги бришеме границите и со Македонија, Грција и Црна Гора”

Албанскиот премиер Еди Рама во својата новогодишна порака рекол дека отварањето на границата со Косово е само почеток и дека се планира истата постапка со Црна Гора, Македонија и Грција – пренесува српски “Спутник”.

“Верувам дека на пролет границата помеѓу Албанија и Косово ќе биде по критериумите на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме по истиот принцип и модифицирање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција. Таквата пракса ќе ја продолжиме се до пристапувањето во ЕУ”, рекол Рама.

Не е ниту Меси, ниту Роналдо: Ова е најдобриот стрелец за 2018-та година (ВИДЕО)

Лионел Меси и Кристијано Роналдо во годината што измина заедно имаа постигнато вкупно 100 погодоци.

Календарската 2018 година Меси ја заврши со 51 погодок, додека Роналдо реализираше 49, но и двајцата не се најефикасните напаѓачи за годината што измина.

Најефикасен напаѓач за 2018 година и официјално е фудбалерот на Ал Сад, Багдад Бунедјах кој постигнал 59 голови на само 40 натпревари.

27 годишниот напаѓач на тимот во кој настапуваат Чави и Габи има импресивна статистика зад своето име и со право го привлече вниманието на неколку клубови од топ 5 лигите во Европа.